Сергеј е многу глупав Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sergej-e-mnogu-glupav/ За подобро да се разбереме Thu, 08 Jun 2023 07:40:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сергеј е многу глупав Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sergej-e-mnogu-glupav/ 32 32 Премиера на „Сергеј е многу глупав“ на Охридскиот народен театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-sergej-e-mnogu-glupav-na-ohridskiot-naroden-teatar/ Thu, 08 Jun 2023 07:40:22 +0000 https://republika.mk/?p=649044

Народниот театар Охрид в петок премиерно ќе ја изведе претставата „Сергеј е многу глупав“ од Дмитриј Данилов, а во режија на Дејана Николовска.

Претставата ќе биде изведена на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Во улогата на Сергеј игра Никола Тодороски, првиот курир е Стрезо Стаматовски, вториот курир го игра Горан Стојаноски, а третиот Филипи Кипровски, додека Елизабета Стефановска ќе се појави во улогата на Маша.

Сценографијата и костимографијата се на Енес Деари. Текстот, како што кажа режисерката Николовска, првпат се поставува во државата.

Според неа, се работи за многу популарен современ драмски текст.

Во претставата „Сергеј е многу глупав“ се разигрува ситуација во која се кршат границите на реалноста во животот на еден актуелен современ лик – компјутерски програмер, кој го игра Никола Тодороски.

Навидум едноставната животна состојба одеднаш се претвора во егзистенцијална.

Курири–доставувачи, неочекувано доаѓаат кај Сергеј и уште од прагот соопштуваат дека имаат намера да поминат точно еден час со него, по што ќе му дадат пратка со непозната содржина.

Од овој момент па натаму, почнува надреалистично шоу, кое го вовлекува гледачот во динамична игра во која дијалозите и хероите ги рушат сите очекувани театарски стереотипи и во која крајот за гледачите е целосно непредвидлив, открива Николовска.

Преку главниот лик е отсликан симптомот на денешницата, а тоа е дека многу често проблемите и ситуациите со кои треба да се соочиме ги изнесуваме надвор, ја пренесуваме одговорноста за многу важни прашања на други, додаде режисерката на претставата.

Актерот Никола Тодороски, вели дека по долго време како екипа на Народен театар Охрид имале можност да се позанимаваат со ваков убав процес.

Ликот што го играм е модерен тип на човек, кој успеал во животот и премногу му е комотно. Задоволен е од се тоа што му се случува како секојдневие. Но, еден ден драстично се му се менува. Мислам дека оваа претстава ќе го предизвика прашањето во публиката „Ако Сергеј е глупав, тогаш какви сме ние?“, истакна Тодороски.

Претставата „Сергеј е многу глупав“ е втора премиера на Охридскиот народен театар годинава поддржана преку програмата на Министерството за култура.

Ќе биде одиграна и во рамки на фестивалот „Охридско лето“.

 

The post Премиера на „Сергеј е многу глупав“ на Охридскиот народен театар appeared first on Република.

]]>

Народниот театар Охрид в петок премиерно ќе ја изведе претставата „Сергеј е многу глупав“ од Дмитриј Данилов, а во режија на Дејана Николовска. Претставата ќе биде изведена на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“. Во улогата на Сергеј игра Никола Тодороски, првиот курир е Стрезо Стаматовски, вториот курир го игра Горан Стојаноски, а третиот Филипи Кипровски, додека Елизабета Стефановска ќе се појави во улогата на Маша. Сценографијата и костимографијата се на Енес Деари. Текстот, како што кажа режисерката Николовска, првпат се поставува во државата. Според неа, се работи за многу популарен современ драмски текст.
Во претставата „Сергеј е многу глупав“ се разигрува ситуација во која се кршат границите на реалноста во животот на еден актуелен современ лик – компјутерски програмер, кој го игра Никола Тодороски.
Навидум едноставната животна состојба одеднаш се претвора во егзистенцијална. Курири–доставувачи, неочекувано доаѓаат кај Сергеј и уште од прагот соопштуваат дека имаат намера да поминат точно еден час со него, по што ќе му дадат пратка со непозната содржина.
Од овој момент па натаму, почнува надреалистично шоу, кое го вовлекува гледачот во динамична игра во која дијалозите и хероите ги рушат сите очекувани театарски стереотипи и во која крајот за гледачите е целосно непредвидлив, открива Николовска.
Преку главниот лик е отсликан симптомот на денешницата, а тоа е дека многу често проблемите и ситуациите со кои треба да се соочиме ги изнесуваме надвор, ја пренесуваме одговорноста за многу важни прашања на други, додаде режисерката на претставата. Актерот Никола Тодороски, вели дека по долго време како екипа на Народен театар Охрид имале можност да се позанимаваат со ваков убав процес.
Ликот што го играм е модерен тип на човек, кој успеал во животот и премногу му е комотно. Задоволен е од се тоа што му се случува како секојдневие. Но, еден ден драстично се му се менува. Мислам дека оваа претстава ќе го предизвика прашањето во публиката „Ако Сергеј е глупав, тогаш какви сме ние?“, истакна Тодороски.
Претставата „Сергеј е многу глупав“ е втора премиера на Охридскиот народен театар годинава поддржана преку програмата на Министерството за култура. Ќе биде одиграна и во рамки на фестивалот „Охридско лето“.  

The post Премиера на „Сергеј е многу глупав“ на Охридскиот народен театар appeared first on Република.

]]>