Сергеј Бубка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sergej-bubka/ За подобро да се разбереме Tue, 11 Jul 2023 10:18:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сергеј Бубка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sergej-bubka/ 32 32 Најуспешниот украински спортист на сите времиња Сергеј Бубка обвинет за предавство https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najuspeshniot-ukrainski-sportist-na-site-vremina-sergej-bubka-obvinet-za-predavstvo/ Tue, 11 Jul 2023 10:14:45 +0000 https://republika.mk/?p=659989

Сергеј Бубка, најуспешниот спортист во историјата на Украина, 35-кратен светски рекордер во скок со стап, повеќекратен европски и светски шампион и олимписки победник, од почетокот на руската агресија врз неговата земја, доставувал нафта за проруските силите во Донбас, се наведува во откритието кое ја шокира Украина.

Компанијата „Мон Блан“, која е во сопственост на Сергеј Бубка и на неговиот брат Василиј, работи на привремено окупираните територии и им продава гориво на „руските терористи“.Точно, не се работи за огромна сума на пари – се работи за 830.000 рубљи или околу 9.000 долари, но шок предизвика откритието дека токму славниот Бубка тргува со окупаторите на својата земја“, се наведува во истражувањето на порталот Бихус.инфо.

Новинарите откриваат дека неговата компанија се појавила во рускиот регистар на правни лица на почетокот на 2023 година и дека во мај оваа година склучила официјални договори во окупираниот Донбас за испорака на гориво за повеќе од 800 илјади рубли. Сите договори со окупаторите го носат потписот на Василиј Бубка како шеф на компанијата, за кој се вели дека е државјанин на Руската Федерација, додека Сергеј Бубка во истите документи е наведен како државјанин на Украина.

Семејната компанија на Бубка, исто така, има најмалку шест бензински пумпи кои се наоѓаат на украинските територии окупирани од Русија – четири се во Доњецк и по една во Макиевка и во близина на Волноваха.

Бубка и претходно беше критикуван во јавноста поради неговите проруски ставови. Познатиот спортист беше претставник на Партијата на регионите, предводена од Виктор Јанукович.

Имено, од почетокот на војната во Украина, иако беше претседател на Националниот олимписки комитет на Украина од 2005 година, Сергеј Бубка со недели воопшто не се огласуваше во јавноста. Кога, на крајот на февруари 2022 година, украинските спортисти испратија писмен апел до Меѓународниот олимписки комитет со повик да им се забрани настап на спортисти од Русија и Белорусија, на него немаше потпис од главниот спортист на Украина - Сергеј Бубка.

Според признанието на неговите соработници, никој не знаел каде се наоѓа Бубка, бидејќи тој не одговарал на повиците. Освен тоа, најголемиот украински спортист на сите времиња никогаш јавно не ја осудил руската агресија. Дури се претпоставуваше и дека на почетокот на војната Бубка инкогнито ја преминал границата на Украина и Унгарија и отишол во Монако, каде што поседува луксузни апартмани.

Тој ненадејно се појави во Киев на 15 април 2022 година, но предизвика бес кај Украинците откако едвај успеа да „исцеди“ само штуро соопштение за руската агресија во Украина. Малку порано, на почетокот на март, преку социјалните мрежи, тој накратко рече дека „дојде неволја во нашата земја“ и дека „Украинците се силни и непобедливи“, но не спомна дека тоа е акт на агресија. Украинските медиуми му забележуваат дека Бубка ниту ги именувал одговорните за војната, ниту ја осудил Русија како агресор, ниту пак побарал од раководството на МОК да ги отстрани Русите и нивните белоруски помагачи од сите меѓународни натпреварувања.

Украинскиот портал „Спорт“ во април минатата година го обвини Бубка дека се однесува „како што дува ветерот“ и дека само чека да стане јасно дали Украина или Русија ќе победи, за да заземе страна.

The post Најуспешниот украински спортист на сите времиња Сергеј Бубка обвинет за предавство appeared first on Република.

]]>

Сергеј Бубка, најуспешниот спортист во историјата на Украина, 35-кратен светски рекордер во скок со стап, повеќекратен европски и светски шампион и олимписки победник, од почетокот на руската агресија врз неговата земја, доставувал нафта за проруските силите во Донбас, се наведува во откритието кое ја шокира Украина.
Компанијата „Мон Блан“, која е во сопственост на Сергеј Бубка и на неговиот брат Василиј, работи на привремено окупираните територии и им продава гориво на „руските терористи“.Точно, не се работи за огромна сума на пари – се работи за 830.000 рубљи или околу 9.000 долари, но шок предизвика откритието дека токму славниот Бубка тргува со окупаторите на својата земја“, се наведува во истражувањето на порталот Бихус.инфо.
Новинарите откриваат дека неговата компанија се појавила во рускиот регистар на правни лица на почетокот на 2023 година и дека во мај оваа година склучила официјални договори во окупираниот Донбас за испорака на гориво за повеќе од 800 илјади рубли. Сите договори со окупаторите го носат потписот на Василиј Бубка како шеф на компанијата, за кој се вели дека е државјанин на Руската Федерација, додека Сергеј Бубка во истите документи е наведен како државјанин на Украина. Семејната компанија на Бубка, исто така, има најмалку шест бензински пумпи кои се наоѓаат на украинските територии окупирани од Русија – четири се во Доњецк и по една во Макиевка и во близина на Волноваха. Бубка и претходно беше критикуван во јавноста поради неговите проруски ставови. Познатиот спортист беше претставник на Партијата на регионите, предводена од Виктор Јанукович. Имено, од почетокот на војната во Украина, иако беше претседател на Националниот олимписки комитет на Украина од 2005 година, Сергеј Бубка со недели воопшто не се огласуваше во јавноста. Кога, на крајот на февруари 2022 година, украинските спортисти испратија писмен апел до Меѓународниот олимписки комитет со повик да им се забрани настап на спортисти од Русија и Белорусија, на него немаше потпис од главниот спортист на Украина - Сергеј Бубка. Според признанието на неговите соработници, никој не знаел каде се наоѓа Бубка, бидејќи тој не одговарал на повиците. Освен тоа, најголемиот украински спортист на сите времиња никогаш јавно не ја осудил руската агресија. Дури се претпоставуваше и дека на почетокот на војната Бубка инкогнито ја преминал границата на Украина и Унгарија и отишол во Монако, каде што поседува луксузни апартмани. Тој ненадејно се појави во Киев на 15 април 2022 година, но предизвика бес кај Украинците откако едвај успеа да „исцеди“ само штуро соопштение за руската агресија во Украина. Малку порано, на почетокот на март, преку социјалните мрежи, тој накратко рече дека „дојде неволја во нашата земја“ и дека „Украинците се силни и непобедливи“, но не спомна дека тоа е акт на агресија. Украинските медиуми му забележуваат дека Бубка ниту ги именувал одговорните за војната, ниту ја осудил Русија како агресор, ниту пак побарал од раководството на МОК да ги отстрани Русите и нивните белоруски помагачи од сите меѓународни натпреварувања. Украинскиот портал „Спорт“ во април минатата година го обвини Бубка дека се однесува „како што дува ветерот“ и дека само чека да стане јасно дали Украина или Русија ќе победи, за да заземе страна.

The post Најуспешниот украински спортист на сите времиња Сергеј Бубка обвинет за предавство appeared first on Република.

]]>
Се сеќавате на Сергеј Бубка: Вели дека Украина ќе победи https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/se-sekjavate-na-sergej-bubka-veli-deka-ukraina-kje-pobedi/ Sat, 05 Mar 2022 18:55:08 +0000 https://republika.mk/?p=468312

Легендарниот атлетичар во скок со стап и актуелен претседател на Украинскиот олимписки комитет Сергеј Бубка во својата прва реакција од почетокот на руската инвазија на неговата татковина се произнесе на Твитер со порака „Ќе победиме“.

– Ја сакам Украина со целото мое срце. Под нејзиното знаме ги освоив најголемите почести, напиша Бубка на социјалните мрежи. „Ќе победиме“, порача поранешниот светски рекордер, кој досега јавно не се експонираше.

Украинската легенда со писмо до претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Томас Бах, го овласти да ја координира хуманитарната помош за Украина од Лозана, каде се наоѓа седиштето на олимпиското семејство.

– Драги мои Украинци, олимпиското семејство не е рамнодушно на нашата болка. Како и секој Украинец, сега не можам да спијам. Својата земја ја бранам со сите средства, кои ми стојат на располагање, користејќи ги сите свои меѓународни врски, рече Бубка.

Првиот човек во историјата кој прескокна шест метри изрази благодарност за пораките со поддршка од целиот свет.

– Војната мора да престане, мирот и човечноста мора да надвладеат, додаде Бубка

The post Се сеќавате на Сергеј Бубка: Вели дека Украина ќе победи appeared first on Република.

]]>

Легендарниот атлетичар во скок со стап и актуелен претседател на Украинскиот олимписки комитет Сергеј Бубка во својата прва реакција од почетокот на руската инвазија на неговата татковина се произнесе на Твитер со порака „Ќе победиме“.
– Ја сакам Украина со целото мое срце. Под нејзиното знаме ги освоив најголемите почести, напиша Бубка на социјалните мрежи. „Ќе победиме“, порача поранешниот светски рекордер, кој досега јавно не се експонираше.
Украинската легенда со писмо до претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Томас Бах, го овласти да ја координира хуманитарната помош за Украина од Лозана, каде се наоѓа седиштето на олимпиското семејство. – Драги мои Украинци, олимпиското семејство не е рамнодушно на нашата болка. Како и секој Украинец, сега не можам да спијам. Својата земја ја бранам со сите средства, кои ми стојат на располагање, користејќи ги сите свои меѓународни врски, рече Бубка. Првиот човек во историјата кој прескокна шест метри изрази благодарност за пораките со поддршка од целиот свет.
– Војната мора да престане, мирот и човечноста мора да надвладеат, додаде Бубка

The post Се сеќавате на Сергеј Бубка: Вели дека Украина ќе победи appeared first on Република.

]]>