сергеј беседа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sergej-beseda/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Apr 2022 08:53:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сергеј беседа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sergej-beseda/ 32 32 Путин го стави во затвор шефот на сите руски шпиони: Обвинувањата за шефот на 5-та управа се многу сериозни https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-go-stavi-vo-zatvor-shefot-na-site-ruski-shpioni-obvinuvanjata-za-shefot-na-5-ta-uprava-se-mnogu-seriozni/ Tue, 12 Apr 2022 08:53:16 +0000 https://republika.mk/?p=487180

Неодамна разрешениот шеф на 5-та управа на руската разузнавачка служба на ФСБ, генерал-полковник Сергеј Беседа, е префрлен во најекслузивниот московски затвор Лефортово.

Ова на својот Твитер го објави рускиот истражувачки новинар Андреј Солдатов, а го објави независниот руски портал „Медуза“.

Андреј Солдатов вели дека поранешниот висок функционер на тајната служба на Путин, во затворот го држат под друго име, а истрагата против него ја води Главниот воен истражен оддел на Истражниот комитет на Русија.

Беседа е осомничен дека тој би можел да биде „американски крт“, односно соработник на ЦИА кој ги информирал Американците за руските воени и разузнавачки планови за нападот на Украина.

Имено, 5-та управа на ФСБ е задолжена за шпионска и разузнавачка мрежа и контрола над земјите од поранешниот СССР, особено Украина. Токму 5-та управа и Беседа ги подготвувале разузнавачките подготовки за воената интервенција во Украина.

Кога пропадна планот за брз воен успех, Путин почна пресметка во разузнавачката заедница и военото раководство, па дури се шпекулира дека министерот за одбрана Сергеј Шојгу, кој само повремено, речиси маргинално, се појавува во јавноста, би можел да биде жртва на чистката. Во Москва се шират гласини дека Путин го обвинува за неуспехот на планираниот „блицкриг“ во Украина, пренесува „Јутарњи лист“.

Како што потсетуваат во текстот, Сергеј Беседа беше еден од првите кој падна во таа хајка и уште на 11 март беше сменет и ставен во домашен притвор, а сега, еден месец подоцна е префрлен и во истражен затвор.

Кога Беседа беше ставен во домашен притвор, Андреј Солдатов, пишуваше дека тоа е направено пред се поради слабите информации за политичко-безбедносната ситуација во Украина, врз основа на кои се правеле плановите за нападот, но и проневера на повеќемилионски средства наменети за руската разузнавачка мрежа во Украина.

Прашањето е дали сега на Путин му е полесно да го обвини Беседа за шпионажа во корист на ЦИА отколку за лошо извршена разузнавачка работа, поради што неговата воена операција во Украина заглави?!

Со Беседа е уапсен и неговиот заменик Анатолиј Бољуха, за чија судбина од тој момент малку се знае.

Ако обвинувањата се покажат како точни, тоа би било голем удар за Владимир Путин, но и за угледот на неговата тајна служба, бидејќи Беседа беше еден од блиските соработници на Путин, но и пријател, кого Оутин го донесе во Москва од Санкт Петербург и го назначи за шеф на многу важната 5-та управа.

 

The post Путин го стави во затвор шефот на сите руски шпиони: Обвинувањата за шефот на 5-та управа се многу сериозни appeared first on Република.

]]>

Неодамна разрешениот шеф на 5-та управа на руската разузнавачка служба на ФСБ, генерал-полковник Сергеј Беседа, е префрлен во најекслузивниот московски затвор Лефортово. Ова на својот Твитер го објави рускиот истражувачки новинар Андреј Солдатов, а го објави независниот руски портал „Медуза“. Андреј Солдатов вели дека поранешниот висок функционер на тајната служба на Путин, во затворот го држат под друго име, а истрагата против него ја води Главниот воен истражен оддел на Истражниот комитет на Русија. Беседа е осомничен дека тој би можел да биде „американски крт“, односно соработник на ЦИА кој ги информирал Американците за руските воени и разузнавачки планови за нападот на Украина. Имено, 5-та управа на ФСБ е задолжена за шпионска и разузнавачка мрежа и контрола над земјите од поранешниот СССР, особено Украина. Токму 5-та управа и Беседа ги подготвувале разузнавачките подготовки за воената интервенција во Украина. Кога пропадна планот за брз воен успех, Путин почна пресметка во разузнавачката заедница и военото раководство, па дури се шпекулира дека министерот за одбрана Сергеј Шојгу, кој само повремено, речиси маргинално, се појавува во јавноста, би можел да биде жртва на чистката. Во Москва се шират гласини дека Путин го обвинува за неуспехот на планираниот „блицкриг“ во Украина, пренесува „Јутарњи лист“. Како што потсетуваат во текстот, Сергеј Беседа беше еден од првите кој падна во таа хајка и уште на 11 март беше сменет и ставен во домашен притвор, а сега, еден месец подоцна е префрлен и во истражен затвор. Кога Беседа беше ставен во домашен притвор, Андреј Солдатов, пишуваше дека тоа е направено пред се поради слабите информации за политичко-безбедносната ситуација во Украина, врз основа на кои се правеле плановите за нападот, но и проневера на повеќемилионски средства наменети за руската разузнавачка мрежа во Украина. Прашањето е дали сега на Путин му е полесно да го обвини Беседа за шпионажа во корист на ЦИА отколку за лошо извршена разузнавачка работа, поради што неговата воена операција во Украина заглави?! Со Беседа е уапсен и неговиот заменик Анатолиј Бољуха, за чија судбина од тој момент малку се знае. Ако обвинувањата се покажат како точни, тоа би било голем удар за Владимир Путин, но и за угледот на неговата тајна служба, бидејќи Беседа беше еден од блиските соработници на Путин, но и пријател, кого Оутин го донесе во Москва од Санкт Петербург и го назначи за шеф на многу важната 5-та управа.  

The post Путин го стави во затвор шефот на сите руски шпиони: Обвинувањата за шефот на 5-та управа се многу сериозни appeared first on Република.

]]>