Сергеј Андреевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sergej-andreevski/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Nov 2024 08:26:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сергеј Андреевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sergej-andreevski/ 32 32 Промоција на книгата „Со свои зборови: интервјуа (1985-2023)“ од Сергеј Андреевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-so-svoi-zborovi-intervjua-1985-2023-od-sergej-andreevski-2/ Mon, 11 Nov 2024 08:26:54 +0000 https://republika.mk/?p=836225

Промоција на книгата „Со свои зборови: интервјуа (1985 ‒ 2023)“ од Сергеј Андреевски ќе се одржи во четврток (14 ноември) во 19.19 часот во „Салон 19:19“ во Културно-информативниот центар во Скопје. Книгата претставува прошетка низ времето, нè враќа на самите почетоци на сликарската кариера на Андреевски. Таа прошетка се личните ставови на еден македонски ликовен уметник со меѓународна кариера за уметноста, животот и секојдневното битисување искажани во серија интервјуа, разговори и изјави, почнувајќи од 1985 до 2023 година.

Сергеј Андреевски (1960, Скопје) е академски сликар и основач на меѓународниот центар за уметност и одржлив развој „Арт Поинт – Гумно“, со седиште во селото Слоештица, каде што е и куратор на Меѓународната уметничка резиденција и колонија, што успешно се реализира од 2003 година.

Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1985 година, а бил и стипендист во Рим („Галерија ди арте модерна“, 1987/’88) и во Нирнберг во 1991 година. Од неговите позначајни студиски престои во странство може да се издвојат: Архус, Данска; “Cité des Arts Internationale-Paris”, Франција; “Acme Art Studios”, Вилмингтон, САД; “Asolare Fine Arts Foundation”, Лексингтон, САД; “Imadate”, Јапонија; “Pi Artworks”, Истанбул, Турција; “Cromarty Arts Trust”, Кромарти, Шкотска; “In Situ”, Александрија, Египет; “Al Maken”, Тунис и многу други.

Андреевски реализирал повеќе од 60 самостојни изложби низ целиот свет, и учествувал на повеќе од 200 групни изложби. Добитник е на многу државни награди. Неговите дела се дел од збирките на бројни државни институции, музеи и приватни колекционери ширум светот.

The post Промоција на книгата „Со свои зборови: интервјуа (1985-2023)“ од Сергеј Андреевски appeared first on Република.

]]>

„Октомвриска ноќ“ во Прилеп: Вечерва изложба на дела од Сергеј Андреевски, актери ќе читаат поезија од Петре М. Андреевски и Светлана Христова-Јоциќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/oktomvriska-nok-vo-prilep-izlozhba-na-dela-od-sergej-andreevski-akteri-ke-chitaat-poezija-od-petre-m-andreevski-i-svetlana-hristova-jotsik/ Tue, 10 Oct 2023 08:43:03 +0000 https://republika.mk/?p=689230

Во пресрет на „11 Октомври“, еден од најголемите национални празници, во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, ќе биде отворена поставка на дела од академскиот сликар Сергеј Андреевски.

На 10 октомври во 18:30 часот во библиотеката „Борка Талески“ ќе биде отворена изложба на дела од академскиот сликар Сергеј Андреевски, стои во најавата за настанот.

Актери од театарот „Војдан Чернодрински“: Даниела Иваноска, Наташа Наумоска и Димитар Ѓорѓиевски ќе читаат поезија од Петре М. Андреевски и Светлана Христова Јоциќ.

Во пресрет на еден од најголемите национални празници, токму во предвечерието кога пред 82 години е означен почетокот на антифашистичката борба во Градот Херој и Првоборец, ќе чествуваме заедно со најсовременото оружје на 21 век- културата, моќта на уметноста и зборот., велат меѓудругото организаторите.

На социјалните мрежи Сергеј Андреевски изрази задоволство за можноста прв пат да го претстави своето творештво во Прилеп во пресрет на празникот 11 Октомври.

Чест ми е, за прв пат и тоа токму спроти Денот на народното востание на македонскиот народ, да претставам дел од моето творештво во градот на непобедените, вели Сергеј Андреевски.

The post „Октомвриска ноќ“ во Прилеп: Вечерва изложба на дела од Сергеј Андреевски, актери ќе читаат поезија од Петре М. Андреевски и Светлана Христова-Јоциќ appeared first on Република.

Идентификувани пет лица од „Златна зора“ кои ја прекинаа изложбата на уметникот Андреевски во Солун https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/identifikuvani-pet-litsa-od-zlatna-zora-koi-ja-prekinaa-izlozhbata-na-umetnikot-andreevski-vo-solun/ Tue, 09 May 2023 11:53:14 +0000 https://republika.mk/?p=638804

Полицајците од Одделот за борба со расистичкото насилство на грчката полиција во Солун идентификувале пет лица кои пред две седмици упаднаа на изложбата на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски во општинската галерија во Каламариа, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од полицијата, идентификувани се четворица грчки државјани на возраст од 19, 20, 23 и 24 години и една девојка, странска државјанка на возраст од 22 години.

Против сите е покренат предмет за недозволено насилство, кривично дело со расистички карактеристики и за поттикнување на извршување кривични дела, дела на насилство или раздор против лице врз основа на национално потекло.

-Поконкретно, горенаведените сторители заедно со уште осум непознати соучесници, дејствувајќи како група со обединети сили, ментална поврзаност и националистички мотиви и со скриени лични карактеристики, упаднаа со закачување печатен материјал и повикувајќи го уметникот да ја прекине изложбата, соопштија од грчката полиција.

Воедно, додаваат дека истрагата продолжува за идентификација на останатите инволвирани лица.

Како што објави минатата недела грчката телевизија ЕРТ, повеќе маскирани лица со фантомки на главата, влегле во галеријата Ремецо, го натерале сликарот да ги тргне уметничките и му рекле дека не смее да ги презентира.

Маскираните потоа со лента го „запечатиле“ просторот пред влезот на галеријата и залепиле налепници со симболот на „Златна зора“.

Во врска со инцидентот реагираа и од македонското Министерство за надворешни работи (МНР), од каде што информраа дека ја повикале грчката амбасадорка во земјава, Софија Филипиду, на која ѝ биле упатени очекувањата дека ќе бидат преземени сите мерки од страна на властите во Грција за откривање на сторителите.

Членови на Златна зора во периодот од 2012 до 2019 година беа дел од грчкиот парламент, но во 2020 година со судска пресуда, партијата е прогласена за криминална организација, а нејзиното раководство, поранешни пратеници и членови издржуваат затворски казни.

The post Идентификувани пет лица од „Златна зора“ кои ја прекинаа изложбата на уметникот Андреевски во Солун appeared first on Република.

]]>

Полицајците од Одделот за борба со расистичкото насилство на грчката полиција во Солун идентификувале пет лица кои пред две седмици упаднаа на изложбата на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски во општинската галерија во Каламариа, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од полицијата, идентификувани се четворица грчки државјани на возраст од 19, 20, 23 и 24 години и една девојка, странска државјанка на возраст од 22 години. Против сите е покренат предмет за недозволено насилство, кривично дело со расистички карактеристики и за поттикнување на извршување кривични дела, дела на насилство или раздор против лице врз основа на национално потекло. -Поконкретно, горенаведените сторители заедно со уште осум непознати соучесници, дејствувајќи како група со обединети сили, ментална поврзаност и националистички мотиви и со скриени лични карактеристики, упаднаа со закачување печатен материјал и повикувајќи го уметникот да ја прекине изложбата, соопштија од грчката полиција. Воедно, додаваат дека истрагата продолжува за идентификација на останатите инволвирани лица. Како што објави минатата недела грчката телевизија ЕРТ, повеќе маскирани лица со фантомки на главата, влегле во галеријата Ремецо, го натерале сликарот да ги тргне уметничките и му рекле дека не смее да ги презентира. Маскираните потоа со лента го „запечатиле“ просторот пред влезот на галеријата и залепиле налепници со симболот на „Златна зора“. Во врска со инцидентот реагираа и од македонското Министерство за надворешни работи (МНР), од каде што информраа дека ја повикале грчката амбасадорка во земјава, Софија Филипиду, на која ѝ биле упатени очекувањата дека ќе бидат преземени сите мерки од страна на властите во Грција за откривање на сторителите. Членови на Златна зора во периодот од 2012 до 2019 година беа дел од грчкиот парламент, но во 2020 година со судска пресуда, партијата е прогласена за криминална организација, а нејзиното раководство, поранешни пратеници и членови издржуваат затворски казни.  

The post Идентификувани пет лица од „Златна зора“ кои ја прекинаа изложбата на уметникот Андреевски во Солун appeared first on Република.

]]>
Се огласи ликовниот уметник Андреевски за инцидентот во Солун: Политиката се обиде да ја победи уметноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/se-oglasi-likovniot-umetnik-andreevski-za-intsidentot-vo-solun-politikata-se-obide-da-ja-pobedi-umetnosta/ Mon, 01 May 2023 17:54:35 +0000 https://republika.mk/?p=635833

Политиката, како и многу пати до сега, се обиде да ја победи уметноста. Сакам да нагласам дека немам потреба да ја употребувам политиката како средство за лична афирмација. И без тоа, мојата уметност го има обиколено целиот свет. Благодарен сум на поддршката што ја добив и сеуште ја добивам од голем број уметници, интелектуалци, граѓани и воопшто на македонската, грчката и светската јавност кои застанаа на страна на уметноста.

Ова го истакнува меѓу дргото македонскиот реномиран ликовен уметник Сергеј Андреевски во пишаната изјава за медиумите по повод инцидентот што се случи на неговата изложба во Каламариа, Солун.

-Доволни се моите потези, тие се повозбудливи, позвучни, помоќни. Затоа сакам веднаш да го заборавам инцидентот, бидејќи сето останато поврзано со изложбата беше убаво чувство: гостопримството од страна на организаторите – општината Каламариа, секојдневните средби со посетителите, колегите-уметници, вклучувајќи ја и средбата со претставниците на грчките органи за јавна безбедност, вели Андреевски.

Да се биде творец денес, во сопствен свет, со личен ракопис, или да се живее сопствениот сон со потези широко насочени кон светот, наведува тој, не е едноставно.

-Живееме во време на пандемии, војни, економски турбуленции и воопшто, преструктурирање на планетата земја. Сите сме, помалку или повеќе вклучени во промените. Сето ова, особено не засега нас, уметниците. Нам ни треба свет без граници, луѓе без вардели. Со мојата уметност отсекогаш трагав по нови, неоткриени предели за да прозвучат нивните убавини преку моите слики, потенцира Андреевски.

Тој ја истакна и професионалната реакција на нашето МНР, а особено заложбите на македонскиот генерален конзул во Солун, Дејан Ѓучиќ, кој, додава тој, направи сѐ јас и мојата сопруга да се чувствуваме безбедни.

Со маски на лицата, капчиња и качулки за да ги скријат нивните лица, група членови на Златна зора, која со судска одлука е прогласена за криминална организација, упаднаа во четвртокот во галеријата на солунската општина Каламариа каде што беше во тек изложба на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски. По наредба на првиот човек на Солунското обвинителство Димитрис Смирнис, обвинителот за кривични дела започне итна прелиминарна истрага за откривање на сторителите на упадот на изложбата.

Во врска со инцидентот реагираа од македонското МНР, а за случајот беше информирано и грчкото МНР.

Изложбата „Неизложени дела на хартија“ на Андреевски беше свечено отворена на 21 април во Солун, во присуство на голем број посетители

The post Се огласи ликовниот уметник Андреевски за инцидентот во Солун: Политиката се обиде да ја победи уметноста appeared first on Република.

]]>

Политиката, како и многу пати до сега, се обиде да ја победи уметноста. Сакам да нагласам дека немам потреба да ја употребувам политиката како средство за лична афирмација. И без тоа, мојата уметност го има обиколено целиот свет. Благодарен сум на поддршката што ја добив и сеуште ја добивам од голем број уметници, интелектуалци, граѓани и воопшто на македонската, грчката и светската јавност кои застанаа на страна на уметноста. Ова го истакнува меѓу дргото македонскиот реномиран ликовен уметник Сергеј Андреевски во пишаната изјава за медиумите по повод инцидентот што се случи на неговата изложба во Каламариа, Солун.
-Доволни се моите потези, тие се повозбудливи, позвучни, помоќни. Затоа сакам веднаш да го заборавам инцидентот, бидејќи сето останато поврзано со изложбата беше убаво чувство: гостопримството од страна на организаторите – општината Каламариа, секојдневните средби со посетителите, колегите-уметници, вклучувајќи ја и средбата со претставниците на грчките органи за јавна безбедност, вели Андреевски.
Да се биде творец денес, во сопствен свет, со личен ракопис, или да се живее сопствениот сон со потези широко насочени кон светот, наведува тој, не е едноставно.
-Живееме во време на пандемии, војни, економски турбуленции и воопшто, преструктурирање на планетата земја. Сите сме, помалку или повеќе вклучени во промените. Сето ова, особено не засега нас, уметниците. Нам ни треба свет без граници, луѓе без вардели. Со мојата уметност отсекогаш трагав по нови, неоткриени предели за да прозвучат нивните убавини преку моите слики, потенцира Андреевски.
Тој ја истакна и професионалната реакција на нашето МНР, а особено заложбите на македонскиот генерален конзул во Солун, Дејан Ѓучиќ, кој, додава тој, направи сѐ јас и мојата сопруга да се чувствуваме безбедни.   Со маски на лицата, капчиња и качулки за да ги скријат нивните лица, група членови на Златна зора, која со судска одлука е прогласена за криминална организација, упаднаа во четвртокот во галеријата на солунската општина Каламариа каде што беше во тек изложба на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски. По наредба на првиот човек на Солунското обвинителство Димитрис Смирнис, обвинителот за кривични дела започне итна прелиминарна истрага за откривање на сторителите на упадот на изложбата. Во врска со инцидентот реагираа од македонското МНР, а за случајот беше информирано и грчкото МНР. Изложбата „Неизложени дела на хартија“ на Андреевски беше свечено отворена на 21 април во Солун, во присуство на голем број посетители

The post Се огласи ликовниот уметник Андреевски за инцидентот во Солун: Политиката се обиде да ја победи уметноста appeared first on Република.

]]>
Грчката влада за упадот кај Андреевски: Никаква толеранција за беззакокине и за заплашување на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grchkata-vlada-za-upadot-kaj-andreevski-nikakva-tolerantsija-za-bezzakokine-i-za-zaplashuvane-na-graganite/ Thu, 27 Apr 2023 11:42:29 +0000 https://republika.mk/?p=634631

Грција нама да „толерира беззаконие и заплашување на граѓаните“, изјави портпаролот на грчката Влада Акис Скерцос на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на упадот на маскирана група од Златна зора на изложбата на македонскиот уметник Сергеј Андреески во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

https://republika.mk/vesti/makedonija/maskirani-mazhi-od-zlatna-zora-upadnaa-na-izlozhbata-na-makedonskiot-umetnik-sergej-andreevski-vo-solun/

Одговарајќи на новинарско прашање за инцидентот во галеријата во солунската општина Каламариа, каде што се изложени делата на Андреески, Скерцос рече дека нема толеранција ниту за нацистичките паравоени групи, термин кој во Грција се користи за организираните групи на Златна зора.

Не постои никаква толеранција за т.н. правоени нацистички групи, никаква толранција за беззаконието, никаква толеранција за заплашувањето на грѓаните, кусо одговори Скерцос.

The post Грчката влада за упадот кај Андреевски: Никаква толеранција за беззакокине и за заплашување на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Грција нама да „толерира беззаконие и заплашување на граѓаните“, изјави портпаролот на грчката Влада Акис Скерцос на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на упадот на маскирана група од Златна зора на изложбата на македонскиот уметник Сергеј Андреески во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. https://republika.mk/vesti/makedonija/maskirani-mazhi-od-zlatna-zora-upadnaa-na-izlozhbata-na-makedonskiot-umetnik-sergej-andreevski-vo-solun/ Одговарајќи на новинарско прашање за инцидентот во галеријата во солунската општина Каламариа, каде што се изложени делата на Андреески, Скерцос рече дека нема толеранција ниту за нацистичките паравоени групи, термин кој во Грција се користи за организираните групи на Златна зора.
Не постои никаква толеранција за т.н. правоени нацистички групи, никаква толранција за беззаконието, никаква толеранција за заплашувањето на грѓаните, кусо одговори Скерцос.
 
The post Грчката влада за упадот кај Андреевски: Никаква толеранција за беззакокине и за заплашување на граѓаните appeared first on Република.

]]>
МНР реагира за упадот на „Златна Зора“ на изложбата на ликовниот уметник Сергеј Андреевски во Солун https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-reagira-za-upadot-na-zlatna-zora-na-izlozhbata-na-likovniot-umetnik-sergej-andreevski-vo-solun/ Thu, 27 Apr 2023 09:10:31 +0000 https://republika.mk/?p=634533

За инцидентот во Солун, кога за време на изложбата на ликовниот уметник Сергеј Андреевски, во галеријата упаднале група маскирани луѓе, кои со непристојно и вулгарно вербално однесување се обиделе да предизвикаат прекинување на изложбата, по што си заминале, известени се и Генералниот конзулат на Македонија во Солун и Амбасадата во Атина, соопшти МНР.

-Иако без демонстрација на физичко насилство или нанесена материјална штета, поради заканите и вербалните напади била повикана и полиција, која е целосно известена за инцидентот. За инцидентот известени се и Генералниот конзулат на Македонија во Солун и Амбасадата во Атина, кои веднаш стапија во директен контакт со надлежните органи на Грција, а за инцидентот е информирано и грчкото Министерство за надворешни работи, наведува МНР.

Министерството додава дека во текот на денешниот ден, во МНР е повикана и грчката амбасадорка Софија Филипиду, при што, додаваат оттаму, и формално ќе бидат упатени очекувањата од нашиот сосед да бидат преземени сите мерки за откривање и процесирање на сторителите.

Со маски на лицата, капчиња и качулки за да ги скријат нивните лица, група членови на Златна зора, која со судска одлука е криминална организација, упаднаа во галеријата на солунската општина Каламариа каде што е во тек изложба на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски, јави претходно дописничката на МИА од Атина.

Во објавеното видео на т.н „Фронт на подмладокот- Златна зора“ тврдат дека „Златна зора ја запечати скопската изложба во Каламариа“, коментираат дека не прифаќаат никаков компромис за „грчкиот карактер на Македонија“, дека станува збор за „очигледен потсмев и навреда на националното чувство на Македонците“, а тие морале да „интервенираат“ и пред сѐ да испратат порака до грчките властите дека „ваквите провокации не остануваат без одговор“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/maskirani-mazhi-od-zlatna-zora-upadnaa-na-izlozhbata-na-makedonskiot-umetnik-sergej-andreevski-vo-solun/

„Златна зора“ во периодот од 2012 до 2019 година беше дел од грчкиот Парламент, а според судската пресуда од 2020 година е криминална организација и раководството на партијата, поранешни пратеници и членови, веќе три години издржуваат затворска казна.

Изложбата „Неизложени дела на хартија“ ликовниот уметник Сергеј Андреевски во петокот беше свечено отворена во Солун, во присуство на голем број посетители, а уметникот, пренесувајќи ги неговите впечатоци за МИА, вчера истакна дека уметноста не познава граници, нејзиниот јазик е универзален

The post МНР реагира за упадот на „Златна Зора“ на изложбата на ликовниот уметник Сергеј Андреевски во Солун appeared first on Република.

]]>

За инцидентот во Солун, кога за време на изложбата на ликовниот уметник Сергеј Андреевски, во галеријата упаднале група маскирани луѓе, кои со непристојно и вулгарно вербално однесување се обиделе да предизвикаат прекинување на изложбата, по што си заминале, известени се и Генералниот конзулат на Македонија во Солун и Амбасадата во Атина, соопшти МНР.
-Иако без демонстрација на физичко насилство или нанесена материјална штета, поради заканите и вербалните напади била повикана и полиција, која е целосно известена за инцидентот. За инцидентот известени се и Генералниот конзулат на Македонија во Солун и Амбасадата во Атина, кои веднаш стапија во директен контакт со надлежните органи на Грција, а за инцидентот е информирано и грчкото Министерство за надворешни работи, наведува МНР.
Министерството додава дека во текот на денешниот ден, во МНР е повикана и грчката амбасадорка Софија Филипиду, при што, додаваат оттаму, и формално ќе бидат упатени очекувањата од нашиот сосед да бидат преземени сите мерки за откривање и процесирање на сторителите. Со маски на лицата, капчиња и качулки за да ги скријат нивните лица, група членови на Златна зора, која со судска одлука е криминална организација, упаднаа во галеријата на солунската општина Каламариа каде што е во тек изложба на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски, јави претходно дописничката на МИА од Атина. Во објавеното видео на т.н „Фронт на подмладокот- Златна зора“ тврдат дека „Златна зора ја запечати скопската изложба во Каламариа“, коментираат дека не прифаќаат никаков компромис за „грчкиот карактер на Македонија“, дека станува збор за „очигледен потсмев и навреда на националното чувство на Македонците“, а тие морале да „интервенираат“ и пред сѐ да испратат порака до грчките властите дека „ваквите провокации не остануваат без одговор“. https://republika.mk/vesti/makedonija/maskirani-mazhi-od-zlatna-zora-upadnaa-na-izlozhbata-na-makedonskiot-umetnik-sergej-andreevski-vo-solun/ „Златна зора“ во периодот од 2012 до 2019 година беше дел од грчкиот Парламент, а според судската пресуда од 2020 година е криминална организација и раководството на партијата, поранешни пратеници и членови, веќе три години издржуваат затворска казна. Изложбата „Неизложени дела на хартија“ ликовниот уметник Сергеј Андреевски во петокот беше свечено отворена во Солун, во присуство на голем број посетители, а уметникот, пренесувајќи ги неговите впечатоци за МИА, вчера истакна дека уметноста не познава граници, нејзиниот јазик е универзален

The post МНР реагира за упадот на „Златна Зора“ на изложбата на ликовниот уметник Сергеј Андреевски во Солун appeared first on Република.

]]>
Маскирани мажи од Златна зора упаднаа на изложбата на македонскиот уметник Сергеј Андреевски во Солун https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/maskirani-mazhi-od-zlatna-zora-upadnaa-na-izlozhbata-na-makedonskiot-umetnik-sergej-andreevski-vo-solun/ Thu, 27 Apr 2023 08:51:03 +0000 https://republika.mk/?p=634516

Со маски на лицата, капчиња и качулки за да ги скријат нивните лица, група членови на Златна зора, која со судска одлука е прогласена за криминална организација, упаднаа во галеријата на солунската општина Каламариа каде што е во тек изложба на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски, јави дописничката на МИА од Атина.

Во објавено видео на т.н „Фронт на подмладокот - Златна зора“ се тврди дека „Златна зора ја запечати скопската изложба во Каламариа“ и се додава дека не прифаќаат никаков компромис за „грчкиот карактер на Македонија“, дека станува збор за „очигледен потсмев и навреда на националното чувство на Македонците“, па затоа морале да „интервенираат“ и пред сѐ да испратат порака до грчките властите дека „ваквите провокации не остануваат без одговор“.

На влезот од галеријата залепиле плакати кои, како што велат, се однесуваат на жителите и на „неприфатливата толеранција на градоначалникот“.

Се забранува секаква реклама или отстапување на јавен простор со пари од грчките граѓани за организации или личности како што е Сергеј Андреевски, кои ја поткопуваат грчката историја, го оспоруваат грчкиот карактер на нашата земја, ги отстапуваат нашите национални симболи и одобруваат криминал врз Грците, пишува на плакатот.

Златна зора како политичка партија во периодот од 2012 до 2019 година беше дел од грчкиот Парламент, а со судска пресуда од 2020 година е прогласена за криминална организација и нејзиното раководство, поранешни пратеници и членови, веќе три години издржуваат затворска казна.

Изложбата „Неизложени дела на хартија“ на ликовниот уметник Сергеј Андреевски беше свечено отворена во петокот во Солун, во присуство на голем број посетители, а уметникот, пренесувајќи ги неговите впечатоци за МИА, вчера истакна дека уметноста не познава граници, нејзиниот јазик е универзален.

The post Маскирани мажи од Златна зора упаднаа на изложбата на македонскиот уметник Сергеј Андреевски во Солун appeared first on Република.

]]>

Со маски на лицата, капчиња и качулки за да ги скријат нивните лица, група членови на Златна зора, која со судска одлука е прогласена за криминална организација, упаднаа во галеријата на солунската општина Каламариа каде што е во тек изложба на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски, јави дописничката на МИА од Атина. Во објавено видео на т.н „Фронт на подмладокот - Златна зора“ се тврди дека „Златна зора ја запечати скопската изложба во Каламариа“ и се додава дека не прифаќаат никаков компромис за „грчкиот карактер на Македонија“, дека станува збор за „очигледен потсмев и навреда на националното чувство на Македонците“, па затоа морале да „интервенираат“ и пред сѐ да испратат порака до грчките властите дека „ваквите провокации не остануваат без одговор“. На влезот од галеријата залепиле плакати кои, како што велат, се однесуваат на жителите и на „неприфатливата толеранција на градоначалникот“.
Се забранува секаква реклама или отстапување на јавен простор со пари од грчките граѓани за организации или личности како што е Сергеј Андреевски, кои ја поткопуваат грчката историја, го оспоруваат грчкиот карактер на нашата земја, ги отстапуваат нашите национални симболи и одобруваат криминал врз Грците, пишува на плакатот.
Златна зора како политичка партија во периодот од 2012 до 2019 година беше дел од грчкиот Парламент, а со судска пресуда од 2020 година е прогласена за криминална организација и нејзиното раководство, поранешни пратеници и членови, веќе три години издржуваат затворска казна. Изложбата „Неизложени дела на хартија“ на ликовниот уметник Сергеј Андреевски беше свечено отворена во петокот во Солун, во присуство на голем број посетители, а уметникот, пренесувајќи ги неговите впечатоци за МИА, вчера истакна дека уметноста не познава граници, нејзиниот јазик е универзален.

The post Маскирани мажи од Златна зора упаднаа на изложбата на македонскиот уметник Сергеј Андреевски во Солун appeared first on Република.

]]>
Сергеј Андреевски со поддршка на Алабаковски: Го стори тоа што сите ние го посакувавме, а никој не се осмели да го направи https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sergej-andreevski-so-poddrshka-na-alabakovski-go-stori-toa-shto-site-nie-go-posakuvavme-a-nikoj-ne-se-osmeli-da-go-napravi/ Wed, 08 Jun 2022 11:47:17 +0000 https://republika.mk/?p=512673

Поддршка за Ламбе Алабаковски „што го стори тоа што сите ние го посакувавме, а никој не се осмели да го направи“, објави на својот фејсбук профил академскиот сликар Сергеј Андреевски.

The post Сергеј Андреевски со поддршка на Алабаковски: Го стори тоа што сите ние го посакувавме, а никој не се осмели да го направи appeared first on Република.

Изложбата „Македонската азбука“ на Сергеј Андреевски отпатува во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozbata-makedonskata-azbuka-na-sergej-andreevski-otpatuva-vo-belgrad/ Mon, 23 May 2022 12:33:01 +0000 https://republika.mk/?p=505971

Ликовната поставка „Македонската азбука“ на македонскиот сликар Сергеј Андреевски ќе биде отворена утре, на Денот на Светите браќа Кирил и Методиј, во Конакот на кнегињата Љубица.

Изложбата ќе биде отворена до 29 мај годинава. Таа е дел од традиционалната манифестација „Денови на македонската култура – Допир на Македонија“ што по 11-ти пат ја организира Здружението на Македонците во Белград – Македониум.

Овој циклусот слики на платно на Андреевски, каде секоја буква има своја приказна, свој свет, беше првпат изложен минатата година во излозите на Широк Сокак во Битола. Тоа беше поддршка од уметникот кон славењето на името и делото на научникот, творецот и создателот на македонското современо писмо – Блаже Конески, во годината кога се одбележуваа 100 години од неговото раѓање.

Според уметникот, целта и тогаш, а и сега е исто така актуелна: да се разбуди јавноста за значењето на македонската кирилична азбука и нашиот јазик, особено во време-невреме, кога секојдневно е оспоруван.

Изложбата ќе ја отвори скулпторот Синиша Новески.

The post Изложбата „Македонската азбука“ на Сергеј Андреевски отпатува во Белград appeared first on Република.

]]>

Ликовната поставка „Македонската азбука“ на македонскиот сликар Сергеј Андреевски ќе биде отворена утре, на Денот на Светите браќа Кирил и Методиј, во Конакот на кнегињата Љубица. Изложбата ќе биде отворена до 29 мај годинава. Таа е дел од традиционалната манифестација „Денови на македонската култура – Допир на Македонија“ што по 11-ти пат ја организира Здружението на Македонците во Белград – Македониум. Овој циклусот слики на платно на Андреевски, каде секоја буква има своја приказна, свој свет, беше првпат изложен минатата година во излозите на Широк Сокак во Битола. Тоа беше поддршка од уметникот кон славењето на името и делото на научникот, творецот и создателот на македонското современо писмо – Блаже Конески, во годината кога се одбележуваа 100 години од неговото раѓање. Според уметникот, целта и тогаш, а и сега е исто така актуелна: да се разбуди јавноста за значењето на македонската кирилична азбука и нашиот јазик, особено во време-невреме, кога секојдневно е оспоруван. Изложбата ќе ја отвори скулпторот Синиша Новески.

The post Изложбата „Македонската азбука“ на Сергеј Андреевски отпатува во Белград appeared first on Република.

]]>
Секогаш сакав да се натпреварувам со светот како дел од нашата култура https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sekogash-sakav-da-se-natprevaruvam-so-svetot-kako-del-od-nashata-kultura/ Thu, 19 May 2022 13:51:40 +0000 https://republika.mk/?p=504408

Сергеј Андреевски роден е во 1960 во Скопје. Претставник е на експресионизмот во македонското сликарство, со нагласок на гестот, примарните бои и егзистенцијалниот карактер на самиот чин на сликање. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а реализирал студиски престои во Рим, Нинберг, Архус, Париз, Њујорк, Северна Каролина, Имадате, Истанбул...Реализирал над 400 групни изложби и 53 самостојни изложби во Европа, САД и Азија. Добитник е на повеќе награди и признанија, а неговите дела се дел од поставки на приватни колекционери и национални установи во земјава, и во странство (Германија, Франција, Словачка, Велика Британија, Турција, САД, Тунис, Египет, Јапонија, Кина, Индија, Јужна Африка, Австралија и др.). Тој е основач на меѓународниот центар за уметност и одржлив развој Арт поинт – Гумно со седиште во село Слоештица, во чии рамки успешно се реализира Уметничка резиденција со гости од сите континенти.

Поводот за разговор со Сергеј Андреевски е јубилејната изложба „Хартии“ што од 12 мај до 12 јуни е поставена во Музејот на македонската борба за самостојност и претставува ретроспектива на истражувањата на авторот врз различни видови хартија во изминативе 35 години.

Ретроспективната изложба „Хартии“ предизвика внимание и голема посетеност. Делата може да се погледнат до 12 јуни во Музејот на македонската борба. Кажете ни нешто повеќе за изложбата. Колку дела се поставени? Како ја правевте селекцијата?

Радосен што моите изложби предизивикуваат среќа и внимание кај љубителите на ликовната уметност. Тоа е, ми се чини, најголем предизвик во животот. Да направиш другите луѓе да се среќни. И во овие тешки времиња да се биде оптимист е убава цел. На изложбата видов многу весели луѓе и насмеани лица што ми дава потстрек за нови авантури во моите ликовни истражувања што се случува изминативе неколку децении.

Изборот е направен од околу 300 творби на хартија, а изложени се триестина во просторот на Музејот на македонската борба за самостојност.

Инаку, селекција ја направивме заедно со Кирил Пенушлиски, кој навистина се внесе во моето 35 годишно творештво и се обидовме да направиме еден пресек на дела кои реално ја прикажуваат сликата за моето сликарско искуство. Карактеристично за оваа изложба е што се изложени дела кои се создавани исклучиво на хартија. Затоа и насловот на изложбата е „Хартии“.

Кирил Пенушлиски во текстот посветен на изложбата го цитира поетот Вордсворт  „Наполнете ја хартијата со биењето на вашето срце“ и писателот Хемингвеј „Мојата цел е да го ставам на хартијата тоа што го гледам и што го чувствувам на најдобар и наједноставен начин“, укажувајќи на тоа дека Вие како уметник како да сте ги зеле за свое кредо... Се пронаоѓате ли во овие искази?

Јас би додал дека можеби создавањето на хартија е најискрено бидејќи хартијата сама по себе е чиста и едноставна, па затоа и моите потези врз неа се длабоко од душата.

Јас на хартија ја ставам природата. Бидејќи воглавно сакам да сликам надвор и природата најмногу ме возбудува и инспирира. Сликите од неа е тешко да ги пренесеш на хартија бидејќи таа е совршена, а ние луѓето можеме само да се обидеме да ја имитираме преку уметност. Таа е моќна, несовладлива, а мојот однос кон неа е понизен. И треба да бидеме понизни. Мојот апел до човештвото е да не забораваме дека сме дел од природата. Таа може без нас, а ние не можеме без неа.

Во текот на животот сте биле опкружени со литература... Светлана Христова Јоциќ и Петре М. Андреевски и се мошне добро познати на македонската и светската литературна јавност. Колку литературата и книжевноста воопшто има влијание во Вашето творештво?

Поезијата и воопшто литературата секако се работи што се вткаени во мене. Така што неизбежно е одврeме- навреме да се наѕре однекаде. Литературата и јас сме како една плетка која има поврзани нишки. Ако моите родители ги користеа зборовите за експресија на чувствата јас ги користам боите како печатарска преса врз хартијата. Поетиката ја има во моето творештво. Тоa е најголемата врска со моите родители.

Јас пишувам есеи за ликовна уметност, но татко ми, повеќе на шега ми велеше – ти синко држи се до четката и до боите. Таму си посилен.

А мајка ми пак, ги фалеше моите есеи, бидејќи понекогаш поврзувам и работи кои се дури и спротиставени.

Јас мислам дека мајка ми беше во право.

Како почнавте да се занимавате со ликовна уметност?

Од четиригодишна возраст. Како дете ги осетив боите. Имам цртежи од четиригодишна возраст, мајка ми ги чуваше. Сите моите тетратки од основно училиште беа буквално испочкртани со цртежи од потсвеста.

„Хартии“ не води од самите почетоци, од Вашите студентски денови, па преку Вашите патувања во Италија, Германија, Јапонија, Америка, Тунис, Египет... Каде се имате изложувано?

Речиси секаде низ светот. Мислам дека моето сликарство е универзално и го има обиколено светот. Од сите континенти немам изложувано само во Австралија. Но имам еден сон, а тоа е да изложам на Антарктик, кој е ретко населен континент, но има бази со научници, кои истражуваат за заштита на нашата планета за загрозеноста и за продлжување на човештвото. Би сакал моите дела да ги видат тие очи на истражувачи, луѓе од таков калибар и со таков дух.

Посебни места во мојата душа имаат изложбите и средбите со луѓето од Шкотска, Тунис и Египет кои се различни од нас, но имаме сличен менталитет бидејќи првите, колку и да звучи чудно, се слични на нас, на пример свират гајда, нивната носија има килт, а нашата има нешто слично, дополнително тие се борци по дух. Вторите пак, мислам на Египет и Тунис, од нив не дели само една географска линија Мадитеранот, а се топли и ведри дух и, иако сиромашни, многу срдечни, отворени, кога станува збор за гостопримство.

Би ги додал и Јапонија и Кина кои технолшоки се напредни, но традицијата ја има и во модерниот живот.

На изложбата се поместени и скици и цртежи што сте ги работеле буквално додека патувате во воз или во авион. Моментална ли е инспирацијата или обмислувате пред да изработите едно дело?

Никогаш не размислувам пред да создадам уметничко дело. Често ми се случува да почнам со портрет, а да се претвори во цвеќе, или обратно. Моето сликарство е спонтано со внатрешни импулси, најблиску до џезот.

Најголемиот дел од нив досега биле изложени на неколку контитенти, но не и во Македонија. Зошто?

Секогаш сакав да се натпреварувам со светот, како дел од нашата култура. Бев првиот што изложуваше надвор многу интензивно пред и веднаш по дипломирањето на нашата ликовна академија. Светот е моето атеље.

Најавивте и монографија. Кога да ја очекуваме?

Не знам дали ќе биде класична монографија, но ќе биде книга која ќе опфати творештво од подолг период. Обмислена е, дизајнот се привршува. Што ми е многу драго, дизајнот го направи ќерка ми Воскресија Андреевска, која и самата е уметник. Особено сум горд на неа, затоа што самата е етаблирана во светот на дизајнот и уметноста. Да не ми се налути син ми Меглен, тој создава во светот на добрата, што е уметност само по себе бидејќи тој работи во компанија која носи струја од ветерници од Норевешка во северна Германија. И на тој начин ја исполнува мојата мисија за заштита на планетата.

Изминативе две години светот живееше во изолација. Какви поуки извлековте од пандемијата? Влијаеше ли таа на Вас како уметник?

Бидејќи самото сликање е спиритуална, духовна работа, не ми пречи да сликам и сам. Понекогаш сакам да направам перформанс пред публика за да ја пoчувствуваат мојата енергија. Ми пречеше бидејќи не беше возможно да ги изложиме нашите дела. Да ги споделиме со публиката тоа што сме го направиле. За време на пандемијата работев, сликав, но ќе остане новиот циклус Азбука за понатаму, ќе сведочи за работата за време пандемијата. Таа изложба беше претставена на кратко во Битола и предизвика големо внимание.

Таа серија слики се појави правејќи мали слики. Неако забележав дека почнаа да се појавуваат букви. Истовремено лушнав дека е годишнина од раѓањето на нашиот великан Блаже Конески, па мислам дека енергиите од нашето битисување се пренесоа на платно преку тој циклус.

Така што да заклучам, пандемијата не влијаеше многу на моето творештво, но жал ми што таа, прво однесе многу животи, а второ ги намали контактите меѓу луѓето. Знате како велат, добрата уметност се создава во тешки времиња.

Со изложбата одбележувате 35 години творештво. Што претставува сликањето за Вас?

Нема поголема радост, прво да се создаде нешто. Веќе со првото истурање боја врз платното хартијата или платното ми даваат одговор. Се случува нешто, се создава живот. Најубавото чувство е кога сликам несвесно, а се раѓа нов почеток. Во иднината тој ќе стане и ќе остане. Во претходната фаза го довршувам со рацио, со свест и со внимание.

Во Вашите дела преовладува зелената боја. Има ли некакво значење?

Да, во право сте. Често сум давал изјави дека зелената е моја боја бидејќи детството го поминував на Плакенска планина, заедно со дедо ми Мито, опкружен со зелено море и бранови од звуци што веројатно е длабоко наталожено во мене, а го исфрлам при секој нов потег на платното.

Голем дел од времето поминувате во Слоештица...Таму доаѓаат и Ваши колеги, сликари од цел свет, но и пријатели од Македонија. Со што Ве освои?

Слоештица ме освои со питомоста. Отсекогаш сум сакал на светот да му ја покажам таа природа и потомост. Значи, она што ми недостасуваше во Слоештца беше светот. Затоа, заедно со семејството, решивме да го донесеме светот во Македонија, поточно во длабочината на Македонија, а тоа е Слоештица како природен репрезент на секое мало место од нашата таковина.

Ќе речете дека е тажно што во самостојна Македонија не успеавме да се одбраниме и да создадеме модерна граѓанска држава со ред и поредок,  држава која ќе биде продолжение на силата на Конески, Бадев, Манчевски, Сариевски, Вања Лазарова, Гане, Анте, Вашиот татко, Петре М. Андреевски и Вашата мајка, Светлана Христова Јоциќ, на Гапо, Мазев и илјадници други знајни и незнајни културни сподвижници...

Тажно е. Зошто го велам тоа? Затоа што македонската нација дожевеа ренесанса токму во тој период. Во тоа наше време, јунаци беа ликовите што ги спомнавте. И можеби не треба да се враќаме премногу назад. Тие секако влечат курени од претходните преродбеници како Рацин, Жинзифов, Вапцаров, Прличев, Чуповски и многу други, а тие темел за ренесансата од времето на Конески. Она што ние треба да направиме е да ја продложиме мисијата на нашите претходници. Ако го следевме нивниот дискурс се ќе беше поинаку, а и убеден сум подобро.

Ние мора да развиваме автентично граѓанско општество кои почива на премисите што ги зборував погоре. Не треба по секоја цена, некритички да прифаќаме се и сешто туку да ѕирнеме во нашата најдобра историја и да произведеме автентичен производ кој рамноправно ќе не претставува во светот. Затоа што ние и порано, а и денес имаме поединци кои бриљираат во светот, што е доказ на нашата културна и духовна посебност.

Може ли да се живее од уметност?

Уметниците живеат најдобро. Духовната храна е суштинска.

фото: Сашо Димоски

The post Секогаш сакав да се натпреварувам со светот како дел од нашата култура appeared first on Република.

]]>

Сергеј Андреевски роден е во 1960 во Скопје. Претставник е на експресионизмот во македонското сликарство, со нагласок на гестот, примарните бои и егзистенцијалниот карактер на самиот чин на сликање. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а реализирал студиски престои во Рим, Нинберг, Архус, Париз, Њујорк, Северна Каролина, Имадате, Истанбул...Реализирал над 400 групни изложби и 53 самостојни изложби во Европа, САД и Азија. Добитник е на повеќе награди и признанија, а неговите дела се дел од поставки на приватни колекционери и национални установи во земјава, и во странство (Германија, Франција, Словачка, Велика Британија, Турција, САД, Тунис, Египет, Јапонија, Кина, Индија, Јужна Африка, Австралија и др.). Тој е основач на меѓународниот центар за уметност и одржлив развој Арт поинт – Гумно со седиште во село Слоештица, во чии рамки успешно се реализира Уметничка резиденција со гости од сите континенти. Поводот за разговор со Сергеј Андреевски е јубилејната изложба „Хартии“ што од 12 мај до 12 јуни е поставена во Музејот на македонската борба за самостојност и претставува ретроспектива на истражувањата на авторот врз различни видови хартија во изминативе 35 години. Ретроспективната изложба „Хартии“ предизвика внимание и голема посетеност. Делата може да се погледнат до 12 јуни во Музејот на македонската борба. Кажете ни нешто повеќе за изложбата. Колку дела се поставени? Како ја правевте селекцијата?
Радосен што моите изложби предизивикуваат среќа и внимание кај љубителите на ликовната уметност. Тоа е, ми се чини, најголем предизвик во животот. Да направиш другите луѓе да се среќни. И во овие тешки времиња да се биде оптимист е убава цел. На изложбата видов многу весели луѓе и насмеани лица што ми дава потстрек за нови авантури во моите ликовни истражувања што се случува изминативе неколку децении. Изборот е направен од околу 300 творби на хартија, а изложени се триестина во просторот на Музејот на македонската борба за самостојност. Инаку, селекција ја направивме заедно со Кирил Пенушлиски, кој навистина се внесе во моето 35 годишно творештво и се обидовме да направиме еден пресек на дела кои реално ја прикажуваат сликата за моето сликарско искуство. Карактеристично за оваа изложба е што се изложени дела кои се создавани исклучиво на хартија. Затоа и насловот на изложбата е „Хартии“.
Кирил Пенушлиски во текстот посветен на изложбата го цитира поетот Вордсворт  „Наполнете ја хартијата со биењето на вашето срце“ и писателот Хемингвеј „Мојата цел е да го ставам на хартијата тоа што го гледам и што го чувствувам на најдобар и наједноставен начин“, укажувајќи на тоа дека Вие како уметник како да сте ги зеле за свое кредо... Се пронаоѓате ли во овие искази?
Јас би додал дека можеби создавањето на хартија е најискрено бидејќи хартијата сама по себе е чиста и едноставна, па затоа и моите потези врз неа се длабоко од душата. Јас на хартија ја ставам природата. Бидејќи воглавно сакам да сликам надвор и природата најмногу ме возбудува и инспирира. Сликите од неа е тешко да ги пренесеш на хартија бидејќи таа е совршена, а ние луѓето можеме само да се обидеме да ја имитираме преку уметност. Таа е моќна, несовладлива, а мојот однос кон неа е понизен. И треба да бидеме понизни. Мојот апел до човештвото е да не забораваме дека сме дел од природата. Таа може без нас, а ние не можеме без неа.  
Во текот на животот сте биле опкружени со литература... Светлана Христова Јоциќ и Петре М. Андреевски и се мошне добро познати на македонската и светската литературна јавност. Колку литературата и книжевноста воопшто има влијание во Вашето творештво?
Поезијата и воопшто литературата секако се работи што се вткаени во мене. Така што неизбежно е одврeме- навреме да се наѕре однекаде. Литературата и јас сме како една плетка која има поврзани нишки. Ако моите родители ги користеа зборовите за експресија на чувствата јас ги користам боите како печатарска преса врз хартијата. Поетиката ја има во моето творештво. Тоa е најголемата врска со моите родители. Јас пишувам есеи за ликовна уметност, но татко ми, повеќе на шега ми велеше – ти синко држи се до четката и до боите. Таму си посилен. А мајка ми пак, ги фалеше моите есеи, бидејќи понекогаш поврзувам и работи кои се дури и спротиставени. Јас мислам дека мајка ми беше во право.  
Како почнавте да се занимавате со ликовна уметност?
Од четиригодишна возраст. Како дете ги осетив боите. Имам цртежи од четиригодишна возраст, мајка ми ги чуваше. Сите моите тетратки од основно училиште беа буквално испочкртани со цртежи од потсвеста.
  „Хартии“ не води од самите почетоци, од Вашите студентски денови, па преку Вашите патувања во Италија, Германија, Јапонија, Америка, Тунис, Египет... Каде се имате изложувано?
Речиси секаде низ светот. Мислам дека моето сликарство е универзално и го има обиколено светот. Од сите континенти немам изложувано само во Австралија. Но имам еден сон, а тоа е да изложам на Антарктик, кој е ретко населен континент, но има бази со научници, кои истражуваат за заштита на нашата планета за загрозеноста и за продлжување на човештвото. Би сакал моите дела да ги видат тие очи на истражувачи, луѓе од таков калибар и со таков дух. Посебни места во мојата душа имаат изложбите и средбите со луѓето од Шкотска, Тунис и Египет кои се различни од нас, но имаме сличен менталитет бидејќи првите, колку и да звучи чудно, се слични на нас, на пример свират гајда, нивната носија има килт, а нашата има нешто слично, дополнително тие се борци по дух. Вторите пак, мислам на Египет и Тунис, од нив не дели само една географска линија Мадитеранот, а се топли и ведри дух и, иако сиромашни, многу срдечни, отворени, кога станува збор за гостопримство. Би ги додал и Јапонија и Кина кои технолшоки се напредни, но традицијата ја има и во модерниот живот.  
На изложбата се поместени и скици и цртежи што сте ги работеле буквално додека патувате во воз или во авион. Моментална ли е инспирацијата или обмислувате пред да изработите едно дело?
Никогаш не размислувам пред да создадам уметничко дело. Често ми се случува да почнам со портрет, а да се претвори во цвеќе, или обратно. Моето сликарство е спонтано со внатрешни импулси, најблиску до џезот.
Најголемиот дел од нив досега биле изложени на неколку контитенти, но не и во Македонија. Зошто?
Секогаш сакав да се натпреварувам со светот, како дел од нашата култура. Бев првиот што изложуваше надвор многу интензивно пред и веднаш по дипломирањето на нашата ликовна академија. Светот е моето атеље.
  Најавивте и монографија. Кога да ја очекуваме?
Не знам дали ќе биде класична монографија, но ќе биде книга која ќе опфати творештво од подолг период. Обмислена е, дизајнот се привршува. Што ми е многу драго, дизајнот го направи ќерка ми Воскресија Андреевска, која и самата е уметник. Особено сум горд на неа, затоа што самата е етаблирана во светот на дизајнот и уметноста. Да не ми се налути син ми Меглен, тој создава во светот на добрата, што е уметност само по себе бидејќи тој работи во компанија која носи струја од ветерници од Норевешка во северна Германија. И на тој начин ја исполнува мојата мисија за заштита на планетата.
  Изминативе две години светот живееше во изолација. Какви поуки извлековте од пандемијата? Влијаеше ли таа на Вас како уметник?
Бидејќи самото сликање е спиритуална, духовна работа, не ми пречи да сликам и сам. Понекогаш сакам да направам перформанс пред публика за да ја пoчувствуваат мојата енергија. Ми пречеше бидејќи не беше возможно да ги изложиме нашите дела. Да ги споделиме со публиката тоа што сме го направиле. За време на пандемијата работев, сликав, но ќе остане новиот циклус Азбука за понатаму, ќе сведочи за работата за време пандемијата. Таа изложба беше претставена на кратко во Битола и предизвика големо внимание. Таа серија слики се појави правејќи мали слики. Неако забележав дека почнаа да се појавуваат букви. Истовремено лушнав дека е годишнина од раѓањето на нашиот великан Блаже Конески, па мислам дека енергиите од нашето битисување се пренесоа на платно преку тој циклус. Така што да заклучам, пандемијата не влијаеше многу на моето творештво, но жал ми што таа, прво однесе многу животи, а второ ги намали контактите меѓу луѓето. Знате како велат, добрата уметност се создава во тешки времиња.
Со изложбата одбележувате 35 години творештво. Што претставува сликањето за Вас?
Нема поголема радост, прво да се создаде нешто. Веќе со првото истурање боја врз платното хартијата или платното ми даваат одговор. Се случува нешто, се создава живот. Најубавото чувство е кога сликам несвесно, а се раѓа нов почеток. Во иднината тој ќе стане и ќе остане. Во претходната фаза го довршувам со рацио, со свест и со внимание.
  Во Вашите дела преовладува зелената боја. Има ли некакво значење?
Да, во право сте. Често сум давал изјави дека зелената е моја боја бидејќи детството го поминував на Плакенска планина, заедно со дедо ми Мито, опкружен со зелено море и бранови од звуци што веројатно е длабоко наталожено во мене, а го исфрлам при секој нов потег на платното.
Голем дел од времето поминувате во Слоештица...Таму доаѓаат и Ваши колеги, сликари од цел свет, но и пријатели од Македонија. Со што Ве освои?
Слоештица ме освои со питомоста. Отсекогаш сум сакал на светот да му ја покажам таа природа и потомост. Значи, она што ми недостасуваше во Слоештца беше светот. Затоа, заедно со семејството, решивме да го донесеме светот во Македонија, поточно во длабочината на Македонија, а тоа е Слоештица како природен репрезент на секое мало место од нашата таковина.
Ќе речете дека е тажно што во самостојна Македонија не успеавме да се одбраниме и да создадеме модерна граѓанска држава со ред и поредок,  држава која ќе биде продолжение на силата на Конески, Бадев, Манчевски, Сариевски, Вања Лазарова, Гане, Анте, Вашиот татко, Петре М. Андреевски и Вашата мајка, Светлана Христова Јоциќ, на Гапо, Мазев и илјадници други знајни и незнајни културни сподвижници...
Тажно е. Зошто го велам тоа? Затоа што македонската нација дожевеа ренесанса токму во тој период. Во тоа наше време, јунаци беа ликовите што ги спомнавте. И можеби не треба да се враќаме премногу назад. Тие секако влечат курени од претходните преродбеници како Рацин, Жинзифов, Вапцаров, Прличев, Чуповски и многу други, а тие темел за ренесансата од времето на Конески. Она што ние треба да направиме е да ја продложиме мисијата на нашите претходници. Ако го следевме нивниот дискурс се ќе беше поинаку, а и убеден сум подобро. Ние мора да развиваме автентично граѓанско општество кои почива на премисите што ги зборував погоре. Не треба по секоја цена, некритички да прифаќаме се и сешто туку да ѕирнеме во нашата најдобра историја и да произведеме автентичен производ кој рамноправно ќе не претставува во светот. Затоа што ние и порано, а и денес имаме поединци кои бриљираат во светот, што е доказ на нашата културна и духовна посебност.  
Може ли да се живее од уметност?
Уметниците живеат најдобро. Духовната храна е суштинска.
фото: Сашо Димоски  

The post Секогаш сакав да се натпреварувам со светот како дел од нашата култура appeared first on Република.

]]>
Сергеј Андреевски ја слика радоста на живеењето https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sergej-andreevski-ja-slika-radosta-na-ziveenjeto/ Fri, 13 May 2022 08:21:11 +0000 https://republika.mk/?p=501736

Во музејот на македонската борба синоќа беше отворена изложбата „Хартии“ од македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски. На изложбата се претставени ретроспективни дела цртани врз различни видови хартија, создавани од неговите студентски денови до денес.

Творештвото на Сергеј, неговите дела, неговиот сликарски јазик, како и темите што ги обработува, се секогаш препознатливи и само нему својствени. Неговото сликарство, без разлика на сите промени, циклуси и периоди: „... бара, истражува, чувствува, реагира/кореспондира, допирајќи/користејќи притоа елементи и искуства од многу експресионистички ’настроени‘ – историски и современи правци“.

И покрај тоа што првата асоцијација за творештвото на Андреевски кај македонската публика се темпрестуозни дела изведени на платна, изгледа дека уметникот ги зел зборовите на поетот Вордсворт ( „Наполнете ја хартијата со биењето на вашето срце“) и оние на писателот Хемингвеј ( „Мојата цел е да го ставам на хартијата тоа што го гледам и што го чувствувам на најдобар и наједноставен начин“) како свое лично кредо. Тој навистина ја слика радоста на живеењето, а неговите дела, без оглед дали говориме за сликите на платно или, пак, за делата на хартија, полни со биењето на неговото срце, се предадени на најдобриот, најелегантниот и наједноставниот начин што тој го познава, со бурните потези на неговата четкичка, пишува Кирил Пенушлиски во текстот за јубилејната изложба на Андреевски.

Изложбата може да се погледне до 12 јуни во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје.

Делата се од различни фази и тематски циклуси на авторот, почнувајќи од дела создадени уште во неговите рани студентски денови (од 1983 година) па се до последните патувањата на Андреевски низ светот. Така ќе бидат претставени творбите на хартија од римската фаза (слики, скици и цртежи создадени за време на студискиот престој на Андреевски во Рим, Италија, веднаш по завршувањето на ФЛУ во Скопје), од нирнбершката фаза (слики, цртежи и скици од студискиот престој во Нирнберг, Германија), цртежи од Франција (од престојот и поддршката на азилот за диви животни “Le Refuge de l’Arche” и студиските резиденции во париското “Cite Internationalle des arts”), цртежи од Јапонија (сликани на традиционална рачно изработена хартија, главно од прочуената семејна работилница Ивано), згора слики и цртежи од патешествијата по Америка, во Тунис, Египет... И делата од циклусот „Кучињата лаат” што премиерно беше изложен во Москва во 2015 и оние од циклусот „Цвеќулиња“ што за прв пат беа изложени во Берлин три години порано се на оваа изложба, како и скици и цртежи од мал формат што Андреевски ги има правено буквално за време на патувањата во авион, автобус, воз, на брод...

Најголемиот дел од нив се прошетани на неколку континенти, но никогаш до сега не биле изложени пред македонската јавност.

фото: Сашо Димоски

The post Сергеј Андреевски ја слика радоста на живеењето appeared first on Република.

]]>

Во музејот на македонската борба синоќа беше отворена изложбата „Хартии“ од македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски. На изложбата се претставени ретроспективни дела цртани врз различни видови хартија, создавани од неговите студентски денови до денес.
Творештвото на Сергеј, неговите дела, неговиот сликарски јазик, како и темите што ги обработува, се секогаш препознатливи и само нему својствени. Неговото сликарство, без разлика на сите промени, циклуси и периоди: „... бара, истражува, чувствува, реагира/кореспондира, допирајќи/користејќи притоа елементи и искуства од многу експресионистички ’настроени‘ – историски и современи правци“. И покрај тоа што првата асоцијација за творештвото на Андреевски кај македонската публика се темпрестуозни дела изведени на платна, изгледа дека уметникот ги зел зборовите на поетот Вордсворт ( „Наполнете ја хартијата со биењето на вашето срце“) и оние на писателот Хемингвеј ( „Мојата цел е да го ставам на хартијата тоа што го гледам и што го чувствувам на најдобар и наједноставен начин“) како свое лично кредо. Тој навистина ја слика радоста на живеењето, а неговите дела, без оглед дали говориме за сликите на платно или, пак, за делата на хартија, полни со биењето на неговото срце, се предадени на најдобриот, најелегантниот и наједноставниот начин што тој го познава, со бурните потези на неговата четкичка, пишува Кирил Пенушлиски во текстот за јубилејната изложба на Андреевски.
Изложбата може да се погледне до 12 јуни во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје. Делата се од различни фази и тематски циклуси на авторот, почнувајќи од дела создадени уште во неговите рани студентски денови (од 1983 година) па се до последните патувањата на Андреевски низ светот. Така ќе бидат претставени творбите на хартија од римската фаза (слики, скици и цртежи создадени за време на студискиот престој на Андреевски во Рим, Италија, веднаш по завршувањето на ФЛУ во Скопје), од нирнбершката фаза (слики, цртежи и скици од студискиот престој во Нирнберг, Германија), цртежи од Франција (од престојот и поддршката на азилот за диви животни “Le Refuge de l’Arche” и студиските резиденции во париското “Cite Internationalle des arts”), цртежи од Јапонија (сликани на традиционална рачно изработена хартија, главно од прочуената семејна работилница Ивано), згора слики и цртежи од патешествијата по Америка, во Тунис, Египет... И делата од циклусот „Кучињата лаат” што премиерно беше изложен во Москва во 2015 и оние од циклусот „Цвеќулиња“ што за прв пат беа изложени во Берлин три години порано се на оваа изложба, како и скици и цртежи од мал формат што Андреевски ги има правено буквално за време на патувањата во авион, автобус, воз, на брод... Најголемиот дел од нив се прошетани на неколку континенти, но никогаш до сега не биле изложени пред македонската јавност. фото: Сашо Димоски

The post Сергеј Андреевски ја слика радоста на живеењето appeared first on Република.

]]>
Вечерва се отвора ретроспективната изложба „Хартии“ од Сергеј Андреевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vecherva-se-otvora-retrospektivnata-izlozba-hartii-od-sergej-andreevski/ Thu, 12 May 2022 07:42:46 +0000 https://republika.mk/?p=501298

Во фоајето на Музејот на македонската борба за самостојност – Скопје, денеска свечено ќе биде отворена изложбата „Хартии“ на македонскиот ликовен уменик Сергеј Андреевски.

Изложбата претставува ретроспектива на истражувањата на авторот врз различни видови хартија со различни материјали во изминативе 35 години.

Публиката ќе може да види дела од различни фази и тематски циклуси, почнувајќи од дела создадени уште во раните студентски денови (од 1983 г.) па се до последните патувањата на Сергеј низ светот. На оваа изложба ќе бидат претставени творби на хартија од римската фаза (слики, скици и цртежи создадени за време на студискиот престој на Андреевски во Рим, Италија, веднаш по завршувањето на ФЛУ во Скопје), нирнбершка фаза (слики, цртежи и скици од студискиот престој во Нирнберг, Германија), цртежи од Франција (од престојот и поддршката на азилот за диви животни “Le Refuge de l’Arche” и престоите во “Cite Internationalle des arts”), цртежи од Јапонија (сликани на традиционална рачно изработена хартија, главно од прочуената семејна работилница Iwano), слики и цртежи од Америка, Тунис, Египет…

На изложбата ќе бидат претставени и дела од циклусот „Кучињата лаат” што премиерно беше изложен во Москва во 2015-тата година и дела од циклусот „Цвеќулиња” што за прв пат беа изложени во Берлин во 2012-та година. На поставката ќе се најдат и скици и цртежи од мал формат што Андреевски ги има правено буквално за време на патувањата: во авион, автобус, на брод…

Најголемиот дел од сликите, цртежите и скиците се прошетани на неколку континенти, но никогаш до сега не биле изложени пред македонската јавност.

Куратор на изложбата што ќе биде отворена до 12-ти јуни е д-р Кирил Пенушлиски.

Проектот е поддржан од македонското министерство за култура и Музејот на македонската борба за самостојност – Скопје.

The post Вечерва се отвора ретроспективната изложба „Хартии“ од Сергеј Андреевски appeared first on Република.

„Хартии“- ретроспективна изложба на Сергеј Андреевски во Музејот на македонската борба https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/hartii-retrospektivna-izlozba-na-sergej-andreevski-vo-muzejot-na-makedonskata-borba/ Wed, 11 May 2022 08:20:49 +0000 https://republika.mk/?p=500922

Изложбата на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски, насловена хартии, ќе биде отворена во Музејот на македонската борба за самостојност, во четврток, 12 мај.

Со почеток во 20 часот, претставена ќе биде ретроспектива на истражувањата на Андреевски врз различни видови хартија со различни материјали во изминативе 35 години.

Публиката ќе може да види дела од различни фази и тематски циклуси, почнувајќи од дела создадени уште во раните студентски денови, односно од 1983 година, па сè до последните патувањата на Сергеј низ светот.

Во рамки на изложбата ќе бидат претставени дела на хартија од римска фаза, односно дела создадени за време на Андреевски во Рим, Италија, потоа дела од нирнбершката фаза, дела создадени за време на престојот во Нирнберг, Германија, како и дела создадени за време на престоите во Франција, Јапонија, Америка, Тунис и Египет.

На изложбата ќе бидат претставени и дела од циклусот ‘Кучињата лаат’ што премиерно беше изложен во Москва во 2015 година и дела од циклусот ‘Цвеќулиња”’што за прв пат беа изложени во Берлин во 2012година. На поставката ќе се најдат и скици и цртежи од мал формат што Андреевски ги има правено буквално за време на патувањата во авион, автобус, на брод“, информираат организаторите.

Тие дополнуваат дека најголемиот дел од делата никогаш не биле изложени пред македонската јавност.

Изложбата ќе биде отворена до 12 јуни, а куратор е Кирил Пенушлиски.

The post „Хартии“- ретроспективна изложба на Сергеј Андреевски во Музејот на македонската борба appeared first on Република.

]]>

Изложбата на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски, насловена хартии, ќе биде отворена во Музејот на македонската борба за самостојност, во четврток, 12 мај. Со почеток во 20 часот, претставена ќе биде ретроспектива на истражувањата на Андреевски врз различни видови хартија со различни материјали во изминативе 35 години. Публиката ќе може да види дела од различни фази и тематски циклуси, почнувајќи од дела создадени уште во раните студентски денови, односно од 1983 година, па сè до последните патувањата на Сергеј низ светот. Во рамки на изложбата ќе бидат претставени дела на хартија од римска фаза, односно дела создадени за време на Андреевски во Рим, Италија, потоа дела од нирнбершката фаза, дела создадени за време на престојот во Нирнберг, Германија, како и дела создадени за време на престоите во Франција, Јапонија, Америка, Тунис и Египет. На изложбата ќе бидат претставени и дела од циклусот ‘Кучињата лаат’ што премиерно беше изложен во Москва во 2015 година и дела од циклусот ‘Цвеќулиња”’што за прв пат беа изложени во Берлин во 2012година. На поставката ќе се најдат и скици и цртежи од мал формат што Андреевски ги има правено буквално за време на патувањата во авион, автобус, на брод“, информираат организаторите. Тие дополнуваат дека најголемиот дел од делата никогаш не биле изложени пред македонската јавност. Изложбата ќе биде отворена до 12 јуни, а куратор е Кирил Пенушлиски.

The post „Хартии“- ретроспективна изложба на Сергеј Андреевски во Музејот на македонската борба appeared first on Република.

]]>
Семејството на познатата македонска поетеса Светлана Христова- Јоциќ подари обемен личен фонд на Музејот на македонската борба за самостојност https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/semejstvoto-na-poznatata-makedonska-poetesa-svetlana-hristova-jocikj-podari-obemen-lichen-fond-na-muzejot-na-makedonskata-borba-za-samostojnost/ Wed, 16 Feb 2022 10:08:07 +0000 https://republika.mk/?p=459223

Музејот на македонската борба и самостојност во текот на 2021 година започна со дополнување на музејскиот фонд преку дарови на лични предмети од семејства на познати историски личности, иницијатива која продолжува и оваа година.

Семејството на познатата македонска поетеса Светлана Христова- Јоциќ подари обемен личен фонд на Музејот на македонската борба за самостојност. По неколкуте работни средби со директорката Даниела Николова, познатиот ликовен уметник Сергеј Андреевски, син на Светлана Христова- Јоциќ, со задоволство ја прифати нашата иницијатива да биде дел од семејствата кои ќе донираат лични фондови на музејот, каде овој материјал соодветно ќе се чува и презентира. Фондот вклучува лични документи и предмети како дипломи, награди, признанија, реферати, лични ракописи и слично, вели директорката Даниела Николова.

Светлана Христова–Јоциќ е македонска поетеса, есеист, писател и поранешен претседател и истакнат член на ДПМ.

The post Семејството на познатата македонска поетеса Светлана Христова- Јоциќ подари обемен личен фонд на Музејот на македонската борба за самостојност appeared first on Република.