серена вилијамс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/serena-vilijams/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Oct 2023 19:13:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png серена вилијамс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/serena-vilijams/ 32 32 Прва спортистка што ја доби наградата „Модна икона“: Серена Вилијамс со ново признание https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/prva-sportistka-shto-ja-dobi-nagradata-modna-ikona-serena-vilijams-so-novo-priznanie/ Fri, 13 Oct 2023 21:00:55 +0000 https://republika.mk/?p=691045

Една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Серена Вилијамс (42) повторно ќе испише историја, овојпат не спортската. Според Советот на модни дизајнери на Америка, поранешната тенисерка е избрана за наградата „Модна икона“ на овогодинешните „CFDA Fashion Awards“ што ги доделува Amazon Fashion.

The Met Gala - Karl Lagerfeld A Line of Beauty

Со тоа таа стана првата спортистка која го доби ова престижно признание, а претходните години наградата ја добиваа Бијонсе, Наоми Кембел, Лени Кравиц, Зендаја, Џенифер Лопез, Франка Созани, Фарел Вилијамс и Ријана.

Уште како мало девојче ја користев модата како начин да се изразам. Модата ми даде самодоверба да стапнам на теренот и да бидам тоа што сум и да знам каде сакам да одам. Неверојатна ми е честа да добијам престижна награда од организација на чија работа се восхитувам долго време и да застанам меѓу стилските икони на кои отсекогаш сум гледал - изјави Вилијамс, пренесува tennis.com.

Серена мина дури 319 недели на чело на ВТА ранг-листата, освои 23 грен слем титули, а знаеше да изненади со интересни комбинации. Секако, колку што би ѝ дозволувале правилата. Интересно е и тоа што студирала моден дизајн на Уметничкиот институт во Форт Лодердејл, а во 2018 година лансирала сопствена линија облека „S by Serena“. Една година подоцна, таа ја прошири линијата на накит.

Мојот сон да поседувам сопствен бренд стана реалност и во текот на мојата кариера имав благослов да работам со најценетите дизајнери и највозбудливите креативци кои доаѓаат. Толку се забавував создавајќи го мојот стил и менувајќи го во текот на животот, но секогаш се водев од една вистина - модата е за секого, без разлика на големината, расата или приходите - изјави тенисерката.

Вилијамс минатата година се прости од тенисот и се посвети на семејниот живот. Таа неодамна објави слатки фотографии од теретана, каде се вели дека решила да се врати на фитнесот, шест недели по раѓањето на нејзината втора ќерка Адира Ривер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Serena Williams (@serenawilliams)

The post Прва спортистка што ја доби наградата „Модна икона“: Серена Вилијамс со ново признание appeared first on Република.

]]>

Една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Серена Вилијамс (42) повторно ќе испише историја, овојпат не спортската. Според Советот на модни дизајнери на Америка, поранешната тенисерка е избрана за наградата „Модна икона“ на овогодинешните „CFDA Fashion Awards“ што ги доделува Amazon Fashion. The Met Gala - Karl Lagerfeld A Line of Beauty Со тоа таа стана првата спортистка која го доби ова престижно признание, а претходните години наградата ја добиваа Бијонсе, Наоми Кембел, Лени Кравиц, Зендаја, Џенифер Лопез, Франка Созани, Фарел Вилијамс и Ријана. Уште како мало девојче ја користев модата како начин да се изразам. Модата ми даде самодоверба да стапнам на теренот и да бидам тоа што сум и да знам каде сакам да одам. Неверојатна ми е честа да добијам престижна награда од организација на чија работа се восхитувам долго време и да застанам меѓу стилските икони на кои отсекогаш сум гледал - изјави Вилијамс, пренесува tennis.com. Серена мина дури 319 недели на чело на ВТА ранг-листата, освои 23 грен слем титули, а знаеше да изненади со интересни комбинации. Секако, колку што би ѝ дозволувале правилата. Интересно е и тоа што студирала моден дизајн на Уметничкиот институт во Форт Лодердејл, а во 2018 година лансирала сопствена линија облека „S by Serena“. Една година подоцна, таа ја прошири линијата на накит.
Мојот сон да поседувам сопствен бренд стана реалност и во текот на мојата кариера имав благослов да работам со најценетите дизајнери и највозбудливите креативци кои доаѓаат. Толку се забавував создавајќи го мојот стил и менувајќи го во текот на животот, но секогаш се водев од една вистина - модата е за секого, без разлика на големината, расата или приходите - изјави тенисерката.
Вилијамс минатата година се прости од тенисот и се посвети на семејниот живот. Таа неодамна објави слатки фотографии од теретана, каде се вели дека решила да се врати на фитнесот, шест недели по раѓањето на нејзината втора ќерка Адира Ривер.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Serena Williams (@serenawilliams)

The post Прва спортистка што ја доби наградата „Модна икона“: Серена Вилијамс со ново признание appeared first on Република.

]]>
41-годишната тенисерка Серена Вилијамс е повторно трудна https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/41-godishnata-teniserka-serena-vilijams-e-povtorno-trudna/ Tue, 02 May 2023 12:12:13 +0000 https://republika.mk/?p=636067

Професионалната тениска суперѕвезда Серена Вилијамс (41) е бремена и го очекува своето второ бебе со нејзиниот сопруг, ко-основачот на Редит, Алексис Оханијан. Парот, кој се венча во ноември 2017 година, веќе се родители на 5-годишната ќерка Олимпија.

Вилијамс ја објави веста на Инстаграм во понеделникот, со натписот: „Бев толку возбудена кога Ана Винтур не покани тројцата на Мет Гала“, со список со детали за облеката, фризурата и шминката за Мет Гала.

Веста за бременоста на Вилијамс доаѓа откако таа сподели есеј во прво лице за Вог минатата година за нејзината одлука да започне „еволуција“ далеку од тенисот и нејзините надежи да додаде уште едно малечко во своето тричлено семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Serena Williams (@serenawilliams)

ffoto

The post 41-годишната тенисерка Серена Вилијамс е повторно трудна appeared first on Република.

]]>

Професионалната тениска суперѕвезда Серена Вилијамс (41) е бремена и го очекува своето второ бебе со нејзиниот сопруг, ко-основачот на Редит, Алексис Оханијан. Парот, кој се венча во ноември 2017 година, веќе се родители на 5-годишната ќерка Олимпија. Вилијамс ја објави веста на Инстаграм во понеделникот, со натписот: „Бев толку возбудена кога Ана Винтур не покани тројцата на Мет Гала“, со список со детали за облеката, фризурата и шминката за Мет Гала. Веста за бременоста на Вилијамс доаѓа откако таа сподели есеј во прво лице за Вог минатата година за нејзината одлука да започне „еволуција“ далеку од тенисот и нејзините надежи да додаде уште едно малечко во своето тричлено семејство.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Serena Williams (@serenawilliams)

ffoto

The post 41-годишната тенисерка Серена Вилијамс е повторно трудна appeared first on Република.

]]>
Серена Вилијамс со солзи во очи за последен пат го напушти теренот https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/serena-vilijams-so-solzi-vo-ochi-za-posleden-pat-go-napushti-terenot/ Sat, 03 Sep 2022 08:58:29 +0000 https://republika.mk/?p=547025

Американската тенисерка Серена Вилијамс со солзи во очите се прости од публиката на УС Опен каде го одигра последниот меч во богатата 27-годишна кариера.

Вилијамс имаше добар натпревар, но сепак загуби од Хрватката Ајла Томљановиќ со 7:5, 6:7 (5), 6:1 во играта која траеше три часа и пет минути.

Сите 24.000 гледачи на стадионот „Артур Еш“ станаа од своите столчиња за да ѝ оддадат почит на Вилијамс, додека преку звучниците ечеше „Simply The Best“.

Вилијамс, која дојде на турнирот со само една победа во изминатите 15 месеци, поради што падна на 605. место на ВТА-листата, вели дека не би требало да се премисли околу пензионирањето по овој турнир.

Им благодарам на сите кои се тука, на сите кои ме поддржуваа сите овие години и децении. Но, сè почнува со моите родители. Тие заслужуваат сè. Исто така, не би била тука без мојата сестра Венус. Таа е единствената причина што Серена Вилијамс постоела, рече таа.

Вилијамс, која ќе наполни 41 година, останува на 23 освоени гренд слем титули, една помалку од рекордерката Маргарет Корт, но и покрај тоа, многумина ја сметаат за најдобрата тенисерка на сите времиња.

Вилијамс освои вкупно 73 титули во кариерата, од кои седум на Отвореното првенство на Австралија, три на Ролан Гарос, седум на Вимблдон и шест на Ју-Ес опен. На врвот на ВТА-листата помина вкупно 319 недели.

The post Серена Вилијамс со солзи во очи за последен пат го напушти теренот appeared first on Република.

]]>

Американската тенисерка Серена Вилијамс со солзи во очите се прости од публиката на УС Опен каде го одигра последниот меч во богатата 27-годишна кариера. Вилијамс имаше добар натпревар, но сепак загуби од Хрватката Ајла Томљановиќ со 7:5, 6:7 (5), 6:1 во играта која траеше три часа и пет минути. Сите 24.000 гледачи на стадионот „Артур Еш“ станаа од своите столчиња за да ѝ оддадат почит на Вилијамс, додека преку звучниците ечеше „Simply The Best“. Вилијамс, која дојде на турнирот со само една победа во изминатите 15 месеци, поради што падна на 605. место на ВТА-листата, вели дека не би требало да се премисли околу пензионирањето по овој турнир.
Им благодарам на сите кои се тука, на сите кои ме поддржуваа сите овие години и децении. Но, сè почнува со моите родители. Тие заслужуваат сè. Исто така, не би била тука без мојата сестра Венус. Таа е единствената причина што Серена Вилијамс постоела, рече таа.

Вилијамс, која ќе наполни 41 година, останува на 23 освоени гренд слем титули, една помалку од рекордерката Маргарет Корт, но и покрај тоа, многумина ја сметаат за најдобрата тенисерка на сите времиња.

Вилијамс освои вкупно 73 титули во кариерата, од кои седум на Отвореното првенство на Австралија, три на Ролан Гарос, седум на Вимблдон и шест на Ју-Ес опен. На врвот на ВТА-листата помина вкупно 319 недели.

The post Серена Вилијамс со солзи во очи за последен пат го напушти теренот appeared first on Република.

]]>
Меган Маркл почна емисија во која ќе ги разоткрива клишеата за жените: Серена Вилијамс прва гостинка https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/megan-markl-pochna-emisija-vo-koja-kje-gi-razotkriva-klisheata-za-zenite-serena-vilijams-prva-gostinka/ Wed, 24 Aug 2022 09:18:19 +0000 https://republika.mk/?p=543529

Сопругата на британскиот принц Хари, Меган Маркл, која е поранешна американска глумица, ја почна својата интернет-емисија во којашто ќе ги разоткрива клишеата за жените. Нејзина прва гостинка беше тениската ѕвезда Серена Вилијамс.

Според замислата на Маркл, најавените 12 епизоди од „Архетипови“, ќе бидат полни со „интимни и искрени“ разговори меѓу восителката и нејзините гости. Ова се наведува во претставувањето на емисијата на мобилната апликација Спотифај.

Во првата епизода, Маркл и Вилијамс, инаку пријателки од Лос Анџелес, зборуваат, меѓу другото, за амбицијата и различните значења што зборот може да ги има кога се однесува на жената.

Не се ни сеќавам дека лично ја почувствував негативната конотација на зборот „амбициозни“ додека не почнав да излегувам со мојот сопруг (принцот Хари, б.н.). И очигледно, според некои, амбицијата е ужасна работа, барем кога се однесува на жените - вели Меган.

На почетокот на август, Вилијамс објави дека ќе се повлече од теренот по 25 години и 23 „Грен слем“ титули. Таа порача дека сака „да се сосредоточи на тоа да биде мајка“ и на нејзините духовни цели.

Принцот Хари се откажаа од кралскиот живот во Велика Британија во 2020 година и се преселиле во Калифорнија, каде што со Меган сега живеат со своите две деца. По пристигнувањето во САД, тие создадоа неколку соработки, вклучително и профитабилни партнерства со Нетфликс и Спотифај. Се очекува принцот Хари да ги објави своите мемоари до крајот на годината.

The post Меган Маркл почна емисија во која ќе ги разоткрива клишеата за жените: Серена Вилијамс прва гостинка appeared first on Република.

]]>

Сопругата на британскиот принц Хари, Меган Маркл, која е поранешна американска глумица, ја почна својата интернет-емисија во којашто ќе ги разоткрива клишеата за жените. Нејзина прва гостинка беше тениската ѕвезда Серена Вилијамс. Според замислата на Маркл, најавените 12 епизоди од „Архетипови“, ќе бидат полни со „интимни и искрени“ разговори меѓу восителката и нејзините гости. Ова се наведува во претставувањето на емисијата на мобилната апликација Спотифај. Во првата епизода, Маркл и Вилијамс, инаку пријателки од Лос Анџелес, зборуваат, меѓу другото, за амбицијата и различните значења што зборот може да ги има кога се однесува на жената.
Не се ни сеќавам дека лично ја почувствував негативната конотација на зборот „амбициозни“ додека не почнав да излегувам со мојот сопруг (принцот Хари, б.н.). И очигледно, според некои, амбицијата е ужасна работа, барем кога се однесува на жените - вели Меган.
На почетокот на август, Вилијамс објави дека ќе се повлече од теренот по 25 години и 23 „Грен слем“ титули. Таа порача дека сака „да се сосредоточи на тоа да биде мајка“ и на нејзините духовни цели. Принцот Хари се откажаа од кралскиот живот во Велика Британија во 2020 година и се преселиле во Калифорнија, каде што со Меган сега живеат со своите две деца. По пристигнувањето во САД, тие создадоа неколку соработки, вклучително и профитабилни партнерства со Нетфликс и Спотифај. Се очекува принцот Хари да ги објави своите мемоари до крајот на годината.

The post Меган Маркл почна емисија во која ќе ги разоткрива клишеата за жените: Серена Вилијамс прва гостинка appeared first on Република.

]]>
Серена Вилијамс навести дека наскоро ќе се пензионира https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/serena-vilijams-navesti-deka-naskoro-kje-se-penzionira/ Tue, 09 Aug 2022 07:33:22 +0000 https://republika.mk/?p=538201

Американската тенисерка Серена Вилијамс го навести своето скорешо пензионирање.

Мислам дека веќе има светло на крајот од тунелот. Се доближувам до светлината, па… Едвај чекам да дојдам до таа светлина. Што подразбирам под светлина? Слобода. Сакам да играм, едноставно е неверојатно. Но, знаете, не можам да го правам ова засекогаш - изјави Вилијамс „Еуроспорт“.

Вчера Вилијамс ја победи Шпанката Нурија Паризас-Дијаз во првото коло на ВТА турнирот во Торонто (6:3, 6:4). Ова е прв натпревар на 23-кратниот Грен слем победник откако беше елиминирана од Вимблдон 2022 година на крајот на јуни.

Серена победи во сингл на ВТА турнир за прв пат од летото 2021 година.

The post Серена Вилијамс навести дека наскоро ќе се пензионира appeared first on Република.

]]>

Американската тенисерка Серена Вилијамс го навести своето скорешо пензионирање.
Мислам дека веќе има светло на крајот од тунелот. Се доближувам до светлината, па… Едвај чекам да дојдам до таа светлина. Што подразбирам под светлина? Слобода. Сакам да играм, едноставно е неверојатно. Но, знаете, не можам да го правам ова засекогаш - изјави Вилијамс „Еуроспорт“.
Вчера Вилијамс ја победи Шпанката Нурија Паризас-Дијаз во првото коло на ВТА турнирот во Торонто (6:3, 6:4). Ова е прв натпревар на 23-кратниот Грен слем победник откако беше елиминирана од Вимблдон 2022 година на крајот на јуни. Серена победи во сингл на ВТА турнир за прв пат од летото 2021 година.

The post Серена Вилијамс навести дека наскоро ќе се пензионира appeared first on Република.

]]>