Сербез Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/serbez/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Sep 2023 08:32:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сербез Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/serbez/ 32 32 Елена Лука со новата колекција „Сербез“ ја отвара третата сезона на Скопски моден фестивал https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/elena-luka-so-novata-kolektsija-serbez-ja-otvara-tretata-sezona-na-skopski-moden-festival/ Thu, 28 Sep 2023 08:32:42 +0000 https://republika.mk/?p=685895

„Вклучи се за среќа!“ е слоганот на годинешната манифестација во партнерство со Државна Лотарија, која од денес (28.09) до сабота (30.09) ќе се одржува во ноќниот клуб PURE. На листата учесници се познати домашни имиња, како и интернационални ѕвезди од регионот, кои заедно ќе ѝ се претстават на публиката во рамки на тридневната ревиска програма.

Со коктел забава и музичко-сценски спектакл на модната куќа „Елена Лука“ како ексклузивен гостин за свеченото отварање, денес започнува третата сезона на Skopje Fashion Festival, настанот што од 28 до 30 септември ќе ја слави модата во метрополата, со ревиски претставувања на повеќе звучни дизајнерски имиња, атрактивен музички репертоар и многу изненадувања за бројните посетители.

На големата сцена премиерно ќе ја лансира деби колекцијата и новиот бренд „Сербез“ креиран од тим кој инспириран од жените кои твореле и го менувале светот и сербезлукот на жената како слободно, силно и самостојно битие. Сербез е бренд каде едноставноста се среќава со смелоста.

По подолга пауза, пред македонската јавност одново ќе се претстави и Илка Брада од Косово, чии креации се карактеризираат со чисти линии, елегантни силуети и употреба на луксузни ткаенини и сложени украси. Колекциите ѝ се инспирирани од нејзината љубов кон природата, уметноста и нејзиното културно наследство.

Специјални музички гости на првата фестивалска вечер, која почнува од 19:00 часот во ноќниот клуб PURE се Андреј и Панчо, односно ДНК, a за добрата забава на посетителите ќе се погрижат и два диџеи: DJ Mario Trumpet, во паузите помеѓу ревиите, и DJ Ficho – веднаш по нивното завршување.

Официјален партнер на третата сезона на Скопски моден фестивал е Државна Лотарија. Настанот е дел од програмската селекција на Бела Ноќ во организација на градот Скопје.

The post Елена Лука со новата колекција „Сербез“ ја отвара третата сезона на Скопски моден фестивал appeared first on Република.

]]>

„Вклучи се за среќа!“ е слоганот на годинешната манифестација во партнерство со Државна Лотарија, која од денес (28.09) до сабота (30.09) ќе се одржува во ноќниот клуб PURE. На листата учесници се познати домашни имиња, како и интернационални ѕвезди од регионот, кои заедно ќе ѝ се претстават на публиката во рамки на тридневната ревиска програма. Со коктел забава и музичко-сценски спектакл на модната куќа „Елена Лука“ како ексклузивен гостин за свеченото отварање, денес започнува третата сезона на Skopje Fashion Festival, настанот што од 28 до 30 септември ќе ја слави модата во метрополата, со ревиски претставувања на повеќе звучни дизајнерски имиња, атрактивен музички репертоар и многу изненадувања за бројните посетители. На големата сцена премиерно ќе ја лансира деби колекцијата и новиот бренд „Сербез“ креиран од тим кој инспириран од жените кои твореле и го менувале светот и сербезлукот на жената како слободно, силно и самостојно битие. Сербез е бренд каде едноставноста се среќава со смелоста. По подолга пауза, пред македонската јавност одново ќе се претстави и Илка Брада од Косово, чии креации се карактеризираат со чисти линии, елегантни силуети и употреба на луксузни ткаенини и сложени украси. Колекциите ѝ се инспирирани од нејзината љубов кон природата, уметноста и нејзиното културно наследство. Специјални музички гости на првата фестивалска вечер, која почнува од 19:00 часот во ноќниот клуб PURE се Андреј и Панчо, односно ДНК, a за добрата забава на посетителите ќе се погрижат и два диџеи: DJ Mario Trumpet, во паузите помеѓу ревиите, и DJ Ficho – веднаш по нивното завршување. Официјален партнер на третата сезона на Скопски моден фестивал е Државна Лотарија. Настанот е дел од програмската селекција на Бела Ноќ во организација на градот Скопје.

The post Елена Лука со новата колекција „Сербез“ ја отвара третата сезона на Скопски моден фестивал appeared first on Република.

]]>