септември Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/septemvri/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 13:49:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png септември Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/septemvri/ 32 32 Просечната плата во септември била 41.585 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prosechnata-plata-vo-septemvri-bila-41-585-denari/ Thu, 21 Nov 2024 13:48:42 +0000 https://republika.mk/?p=840408

Просечната нето плата во септември достигна 41.585 денари, објави Државниот завод за статистика. Согласно најновите податоци забележан е раст во однос на септември 2023 година од 9,8 проценти.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12,6 отсто, Преработувачка индустрија за 11,7 проценти и Уметност, забава и рекреација со 11,4 отсто – соопштуваат од ДЗС.

Податоците покажуваат дека зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен за 5,8 проценти, Административни и помошни услужни дејности 5 отсто и Преработувачка индустрија 2,8 проценти.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесувала 41.097 денари.

Што се однесува пак до бруто-плата по вработен, во септември 2024 година таа достигнала изнесува 62.573 денари.

 

The post Просечната плата во септември била 41.585 денари appeared first on Република.

]]>

Просечната нето плата во септември достигна 41.585 денари, објави Државниот завод за статистика. Согласно најновите податоци забележан е раст во однос на септември 2023 година од 9,8 проценти.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12,6 отсто, Преработувачка индустрија за 11,7 проценти и Уметност, забава и рекреација со 11,4 отсто – соопштуваат од ДЗС.
Податоците покажуваат дека зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен за 5,8 проценти, Административни и помошни услужни дејности 5 отсто и Преработувачка индустрија 2,8 проценти. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесувала 41.097 денари. Што се однесува пак до бруто-плата по вработен, во септември 2024 година таа достигнала изнесува 62.573 денари.  

The post Просечната плата во септември била 41.585 денари appeared first on Република.

]]>
Денеска е најмоќниот ден во септември https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/deneska-e-najmokniot-den-vo-septemvri/ Mon, 09 Sep 2024 07:53:07 +0000 https://republika.mk/?p=814552

Се верува дека 9.9. е најмоќниот ден во септември поради комбинацијата на бројки.

Денеска е 9. 9. 2024 година, а за вакви датуми нумеролозите истакнуваат дека се посебни затоа што има магична серија на бројки, во случајов се работи за серија од 9-9. Тие предвидуваат дека овој ден може да биде особено успешен и дека можете да привлечете среќа во вашиот живот на различни начини.

Овој ден е еден од најмоќните во септември. Тоа значи дека на овој ден не може да се седи со скрстени раце. Обидете се да завршите што е можно повеќе од претходно поставените задачи. Бројките на овој септемвриски ден се поволни за сите, па не е важно што правите. Единственото нешто што е важно е како ќе пристапите кон задачата.

Енергијата на деветката носи зајакнување на силата, волјата за победа и желбата да се стане подобар. Ова е идеален ден за учење, развивање интуиција и стекнување нови знаења. Многумина ќе се ослободат од одредени стравови и несигурности. Ќе станат послободни, понезависни и попродуктивни.

Според нумерологијата, ден управуван од секвенца 9-9 очекува да го слушате и следите своето срце, бидејќи само така можете да го откриете вашиот пат и повикување. Важно е да започнете нешто ново, да го направите првиот чекор кон остварување на вашата желба и да ја зајакнете вербата во вашите знаења и способности.

Еве што друго ви носи еден ден со енергија од низата од 9-9:

Обидете се да се борите со лошите навики. и ослободете се од непотребните оптоварувања.

Ова е одличен ден да се ослободите од минатото и негативните спомени. Сите негативни мисли и спомени ќе бидат успешно избришани или избледени. Ова е време на оптимизам кога многумина од нас ќе можат да гледаат кон иднината со позитивен став.

Обидете се да ги завршите важните работи. На овој ден можете да почнете да правите нешто ново, но подобро е прво да се ослободите од оние проекти и работни места кои не можат да се одложат.

 

The post Денеска е најмоќниот ден во септември appeared first on Република.

]]>

Се верува дека 9.9. е најмоќниот ден во септември поради комбинацијата на бројки. Денеска е 9. 9. 2024 година, а за вакви датуми нумеролозите истакнуваат дека се посебни затоа што има магична серија на бројки, во случајов се работи за серија од 9-9. Тие предвидуваат дека овој ден може да биде особено успешен и дека можете да привлечете среќа во вашиот живот на различни начини. Овој ден е еден од најмоќните во септември. Тоа значи дека на овој ден не може да се седи со скрстени раце. Обидете се да завршите што е можно повеќе од претходно поставените задачи. Бројките на овој септемвриски ден се поволни за сите, па не е важно што правите. Единственото нешто што е важно е како ќе пристапите кон задачата. Енергијата на деветката носи зајакнување на силата, волјата за победа и желбата да се стане подобар. Ова е идеален ден за учење, развивање интуиција и стекнување нови знаења. Многумина ќе се ослободат од одредени стравови и несигурности. Ќе станат послободни, понезависни и попродуктивни. Според нумерологијата, ден управуван од секвенца 9-9 очекува да го слушате и следите своето срце, бидејќи само така можете да го откриете вашиот пат и повикување. Важно е да започнете нешто ново, да го направите првиот чекор кон остварување на вашата желба и да ја зајакнете вербата во вашите знаења и способности. Еве што друго ви носи еден ден со енергија од низата од 9-9: Обидете се да се борите со лошите навики. и ослободете се од непотребните оптоварувања. Ова е одличен ден да се ослободите од минатото и негативните спомени. Сите негативни мисли и спомени ќе бидат успешно избришани или избледени. Ова е време на оптимизам кога многумина од нас ќе можат да гледаат кон иднината со позитивен став. Обидете се да ги завршите важните работи. На овој ден можете да почнете да правите нешто ново, но подобро е прво да се ослободите од оние проекти и работни места кои не можат да се одложат.  

The post Денеска е најмоќниот ден во септември appeared first on Република.

]]>
Пониски цени, помала гужва – само дел од причините да се летува во септември https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/poniski-tseni-pomala-guzhva-samo-del-od-prichinite-da-se-letuva-vo-septemvri/ Wed, 21 Aug 2024 08:10:10 +0000 https://republika.mk/?p=808534

Имаме долго и жешко лето, па годинава без страв може да резервирате летен аранжман и во септември. Постојат многу причини зошто, а сајтот посветен на грчките туристички места „Никана.гр“, споделува само дел од нив.

Она што е најбитно е што цените се вонсезонски, па со помалку пари може да летувате во подобро сместување или, пак, да уплатите повеќе денови. Изборот на сместувачки единици е поголем, па неретко може да пронајдете и доста поволен смештај, а со поглед на море или пак во близина на плажата.

https://republika.mk/zivot/patuvanja/pet-grchki-ostrovi-idealni-za-odmor-vo-septemvri/

Температурите сè уште се летни, но со малку посвежи утра и ноќи, што за многумина е идеална комбинација. Ова значи дека покрај посетата на плажа, може да имате различни спортски активности или пак да посетите дел од археолошките локалитети или атракции во близина. Температурите на морето, пак, се уште високи, па може да уживате во капењето како во сред сезона.

Гужвите на популарните плажи се непостоечки, па може да ја доживеете нивната убавина во целост. И лежалките се поевтини, а не мора да му ја мислите ни за паркинг.

https://republika.mk/zivot/patuvanja/so-najtoplo-more-i-najniski-tseni-ova-e-najdobro-mesto-za-odmor-vo-septemvri-vo-grtsija/

Затоа што има помалку туристи, и самата услуга во рестораните е подобра. Често угостителите ги спуштаат сезонаските цени, па може да јадете убаво, а поевтино. И продавничињата знаат да ги спуштат цените на сувенирите.

 

The post Пониски цени, помала гужва – само дел од причините да се летува во септември appeared first on Република.

]]>

Имаме долго и жешко лето, па годинава без страв може да резервирате летен аранжман и во септември. Постојат многу причини зошто, а сајтот посветен на грчките туристички места „Никана.гр“, споделува само дел од нив. Она што е најбитно е што цените се вонсезонски, па со помалку пари може да летувате во подобро сместување или, пак, да уплатите повеќе денови. Изборот на сместувачки единици е поголем, па неретко може да пронајдете и доста поволен смештај, а со поглед на море или пак во близина на плажата. https://republika.mk/zivot/patuvanja/pet-grchki-ostrovi-idealni-za-odmor-vo-septemvri/ Температурите сè уште се летни, но со малку посвежи утра и ноќи, што за многумина е идеална комбинација. Ова значи дека покрај посетата на плажа, може да имате различни спортски активности или пак да посетите дел од археолошките локалитети или атракции во близина. Температурите на морето, пак, се уште високи, па може да уживате во капењето како во сред сезона. Гужвите на популарните плажи се непостоечки, па може да ја доживеете нивната убавина во целост. И лежалките се поевтини, а не мора да му ја мислите ни за паркинг. https://republika.mk/zivot/patuvanja/so-najtoplo-more-i-najniski-tseni-ova-e-najdobro-mesto-za-odmor-vo-septemvri-vo-grtsija/ Затоа што има помалку туристи, и самата услуга во рестораните е подобра. Често угостителите ги спуштаат сезонаските цени, па може да јадете убаво, а поевтино. И продавничињата знаат да ги спуштат цените на сувенирите.  

The post Пониски цени, помала гужва – само дел од причините да се летува во септември appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Во септември ќе има учебници за основно образование и за средно во најголем дел https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-vo-septemvri-ke-ima-uchebnitsi-za-osnovno-obrazovanie-i-za-sredno-vo-najgolem-del/ Wed, 26 Jun 2024 09:39:11 +0000 https://republika.mk/?p=790923

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека ќе има учебници за учениците во новата учебна година која започнува во септември.

Да, ќе има за основно и за средно во најголем дел ќе ги имаат учебниците, изјави Јаневска која беше на поставување камен темелник на основно училиште во Драчево.

Таму присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека тој и министерката за финансии работат на ребалансот на Буџетот и оти Владата ќе направи се за да се обезбедат учебници за новата школска година.

 

The post Јаневска: Во септември ќе има учебници за основно образование и за средно во најголем дел appeared first on Република.

]]>

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека ќе има учебници за учениците во новата учебна година која започнува во септември.
Да, ќе има за основно и за средно во најголем дел ќе ги имаат учебниците, изјави Јаневска која беше на поставување камен темелник на основно училиште во Драчево.
Таму присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека тој и министерката за финансии работат на ребалансот на Буџетот и оти Владата ќе направи се за да се обезбедат учебници за новата школска година.  

The post Јаневска: Во септември ќе има учебници за основно образование и за средно во најголем дел appeared first on Република.

]]>
Вториот дел од септември носи пресврт во љубовното поле за овие знаци https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/vtoriot-del-od-septemvri-nosi-presvrt-vo-lubovnoto-pole-za-ovie-znatsi/ Thu, 14 Sep 2023 13:58:14 +0000 https://republika.mk/?p=681920

За три хороскопски знаци вториот дел од септември носи пресврти на љубовното поле. Позитивни или не, проверете:

Овен

Во септември Овенот ќе се чувствува исклучително страсно и енергично. Може да се развие нова љубовна врска со некој што ќе го запознае за време на деловен настан. Овенот ќе биде отворен за нови искуства и може да се заљуби на неочекуван начин.

Рак

Септември на ќе им донесе потреба за интимност на лицата родени во овој знак. Тие би можеле да се поврзат со некој кој длабоко ќе ги разбере и ќе им обезбеди емоционална поддршка. Ова ќе биде време за подлабоко размислување за љубовта и меѓучовечките односи, а некои Ракови може да се одлучат за посериозна врска или брак.

Риби

Септември ќе биде месец на имагинативни и романтични моменти за Рибите. Ги чека уште флертување и љубовни игри. Рибите ќе бидат привлечени од некој кој ќе ги инспирира и ќе ги поттикне да бидат креативни. Затоа, овој месец ќе биде совршено време да ги изразат нивните чувства и фантазии.

The post Вториот дел од септември носи пресврт во љубовното поле за овие знаци appeared first on Република.

]]>

За три хороскопски знаци вториот дел од септември носи пресврти на љубовното поле. Позитивни или не, проверете:

Овен

Во септември Овенот ќе се чувствува исклучително страсно и енергично. Може да се развие нова љубовна врска со некој што ќе го запознае за време на деловен настан. Овенот ќе биде отворен за нови искуства и може да се заљуби на неочекуван начин.

Рак

Септември на ќе им донесе потреба за интимност на лицата родени во овој знак. Тие би можеле да се поврзат со некој кој длабоко ќе ги разбере и ќе им обезбеди емоционална поддршка. Ова ќе биде време за подлабоко размислување за љубовта и меѓучовечките односи, а некои Ракови може да се одлучат за посериозна врска или брак.

Риби

Септември ќе биде месец на имагинативни и романтични моменти за Рибите. Ги чека уште флертување и љубовни игри. Рибите ќе бидат привлечени од некој кој ќе ги инспирира и ќе ги поттикне да бидат креативни. Затоа, овој месец ќе биде совршено време да ги изразат нивните чувства и фантазии.

The post Вториот дел од септември носи пресврт во љубовното поле за овие знаци appeared first on Република.

]]>
Со најтопло море и најниски цени ова е најдобро место за одмор во септември во Грција https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/so-najtoplo-more-i-najniski-tseni-ova-e-najdobro-mesto-za-odmor-vo-septemvri-vo-grtsija/ Fri, 01 Sep 2023 19:51:13 +0000 https://republika.mk/?p=674461

Многумина сметаат дека септември во Грција, кога гужвите и жештините стивнуваат, е најдобро време за вистински одмор и уживање. Оние што редовно го одбираат овој месец за летување, како најдобар избор ја издвојуваат Лефкада. Еве зошто:

Морето на Лефкада е најтопло во септември

Иако првата грижа поврзана со одморот во овој период е температурата на морето, водата на островот е всушност потопла во септември отколку во јули и во август. Обично е околу 28 степени. Ова значи дека, ако и онака планирате одмор надвор од главната сезона, септември е многу подобра опција од јуни. Според искуствата на туристите споделени со „Грчка инфо“, морето може да биде прилично студено во јуни.

Пријатно време

Температурата на воздухот во текот на септември во Лефкада се движи од 25 до 30 степени, што е идеално за многумина. Сè уште можете да пливате, да се сончате и да уживате во сите летни и морски активности, но без жештината што ја носи шпицот на сезоната. Исто така, ноќите се посвежи, па спиењето е многу попријатно.

Пријатното време дополнително го олеснува и истражувањето на Лефкада и нејзините плажи, особено што некои од најубавите плажи на островот имаат малку потежок пристап. Благодарение на пониските температури можете цел ден да го помините на плажа, што е голема предност во Лефкада.

Помалку туристи - помалку гужви

Гужвите знаат да бидат неподносливи и да го расипат патувачкото искуство и уживањето на плажите и атракциите, но од друга страна и летување во целосна пустелија не е најдобро.

Лефкада во септември има совршен баланс - има помалку туристи отколку во јули и август, што многумина ги радува и им го подобрува престојот, но островот е сè уште жив и посетен. Кога сакате да бидете малку осамени и да имате целосна приватност, има бројни заштитени плажи и заливи каде никој нема да ви пречи.

Полесно движење околу островот

Потребно е возило за да се доживее Лефкада во полн сјај. Неговите најубави плажи и атракции се расфрлани низ островот, па повеќето луѓе поминуваат дел од денот возејќи. Секако, со помал број на туристи, има и помалку возила во оптек, така што полесно и побрзо се доаѓа до вашата дестинација и поминувате помалку време во автомобилот.

Не треба да се занемари ниту патот до Лефкада од Македонија, па без гужви на патиштата и на границите многу полесно ќе се помине.

Пониски цени

Една од важните предности на летувањето во вонсезона се попристапните цени за сместување и сите други содржини. Искуството покажало дека дури и цените во продавниците, сувенирниците и другите продавници наменети за туристи се значително поевтини.

Сместување

Со пониски цени полесно е да се избере и добра сместувачка база во септември. Иако во нашите туристички понуди предничат аранжманите за Нидри, токму поради поповолното сместување во однос на другите одморалишта на Лефкада, сепак, туристите кои биле таму главно се согласуваат дека Нидри не е најдобриот избор, пред сè затоа што се наоѓа на помалку атрактивната источна страна на островот, каде и морето и околината се полоши.

Со пониски цени, местата како Василики и Агиос Никитас и други кои се поблиску до западната страна, каде што можете да најдете речиси сè за што доаѓате во Лефкада се попристапни.

The post Со најтопло море и најниски цени ова е најдобро место за одмор во септември во Грција appeared first on Република.

]]>

Многумина сметаат дека септември во Грција, кога гужвите и жештините стивнуваат, е најдобро време за вистински одмор и уживање. Оние што редовно го одбираат овој месец за летување, како најдобар избор ја издвојуваат Лефкада. Еве зошто:

Морето на Лефкада е најтопло во септември

Иако првата грижа поврзана со одморот во овој период е температурата на морето, водата на островот е всушност потопла во септември отколку во јули и во август. Обично е околу 28 степени. Ова значи дека, ако и онака планирате одмор надвор од главната сезона, септември е многу подобра опција од јуни. Според искуствата на туристите споделени со „Грчка инфо“, морето може да биде прилично студено во јуни.

Пријатно време

Температурата на воздухот во текот на септември во Лефкада се движи од 25 до 30 степени, што е идеално за многумина. Сè уште можете да пливате, да се сончате и да уживате во сите летни и морски активности, но без жештината што ја носи шпицот на сезоната. Исто така, ноќите се посвежи, па спиењето е многу попријатно. Пријатното време дополнително го олеснува и истражувањето на Лефкада и нејзините плажи, особено што некои од најубавите плажи на островот имаат малку потежок пристап. Благодарение на пониските температури можете цел ден да го помините на плажа, што е голема предност во Лефкада.

Помалку туристи - помалку гужви

Гужвите знаат да бидат неподносливи и да го расипат патувачкото искуство и уживањето на плажите и атракциите, но од друга страна и летување во целосна пустелија не е најдобро. Лефкада во септември има совршен баланс - има помалку туристи отколку во јули и август, што многумина ги радува и им го подобрува престојот, но островот е сè уште жив и посетен. Кога сакате да бидете малку осамени и да имате целосна приватност, има бројни заштитени плажи и заливи каде никој нема да ви пречи.

Полесно движење околу островот

Потребно е возило за да се доживее Лефкада во полн сјај. Неговите најубави плажи и атракции се расфрлани низ островот, па повеќето луѓе поминуваат дел од денот возејќи. Секако, со помал број на туристи, има и помалку возила во оптек, така што полесно и побрзо се доаѓа до вашата дестинација и поминувате помалку време во автомобилот. Не треба да се занемари ниту патот до Лефкада од Македонија, па без гужви на патиштата и на границите многу полесно ќе се помине.

Пониски цени

Една од важните предности на летувањето во вонсезона се попристапните цени за сместување и сите други содржини. Искуството покажало дека дури и цените во продавниците, сувенирниците и другите продавници наменети за туристи се значително поевтини.

Сместување

Со пониски цени полесно е да се избере и добра сместувачка база во септември. Иако во нашите туристички понуди предничат аранжманите за Нидри, токму поради поповолното сместување во однос на другите одморалишта на Лефкада, сепак, туристите кои биле таму главно се согласуваат дека Нидри не е најдобриот избор, пред сè затоа што се наоѓа на помалку атрактивната источна страна на островот, каде и морето и околината се полоши. Со пониски цени, местата како Василики и Агиос Никитас и други кои се поблиску до западната страна, каде што можете да најдете речиси сè за што доаѓате во Лефкада се попристапни.

The post Со најтопло море и најниски цени ова е најдобро место за одмор во септември во Грција appeared first on Република.

]]>
Голем септемвриски хороскоп: Сите ќе ги бараат Вагите, Овните да не мешаат флерт и љубов https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/golem-septemvriski-horoskop-site-ke-gi-baraat-vagite-ovnite-da-ne-meshaat-flert-i-lubov/ Fri, 01 Sep 2023 18:59:43 +0000 https://republika.mk/?p=675690

Овен

Работа
Месечниот хороскоп за септември 2023 година вели дека Овенот најмногу ќе се посвети на решавање на сопствените проблеми. Ќе се трудите да најдете нови начини за заработка, а советот на ѕвездите е да се испробате на работи поврзани со комуникација, работа со луѓе. Финансиската состојба е нестабилна.

Љубов
Обидете се да избегнувате длабоки врски со луѓе кои штотуку сте ги запознале. Можеби ќе ви изгледа егзотично и интересно, но ќе ви донесе само разочарување и болка.

Здравје
Можни се мускулни болки, стресот си го зема својот данок.

Бик

Работа
Септември ќе биде поволен месец за оние Бикови кои се занимаваат со креативна работа. Нема да ви недостига инспирација, таа ќе ве мотивира да работите на маркетинг на вашите идеи. Очекувајте поттик во кариерата, вашите напори ќе бидат забележани.

Љубов
Ѕвездите препорачуваат овој топол есенски месец повеќе да му верувате на срцето отколку на главата. Личноста која прерано ја отпишавте би можела да најде начин да влезе во вашиот живот. Нема да зажалите!

Здравје
Хармонијата во семејните и љубовните односи ви носат мир и добро расположение

Близнаци

Работа
Ако се потпрете само на сопствените сили и личното искуство, ќе направите голема грешка. Во септември ќе ви се случат некои необични ситуации и на работа и во личниот живот. Затоа, ако е можно, искористете го искуството на другите за полесно да ги решите проблемите. Финансиската ситуација зависи исклучиво од обемот на работа што ја вложувате.

Љубов
Пазете се од токсични луѓе, особено ако сте имале врски со нив во минатото. Некои луѓе би можеле да ви љубоморат и да ви ја нарушат љубовната хармонија. Добар месец за слободни, преку пријатели запознаваат интересни личности со кои би можеле да стапат во романтична врска.

Здравје
Внимавајте на исхраната и движете се повеќе.

Рак

Работа
Раковите во септември практично нема да можат да „кренат глава“ од работа. Доволно се одморивте, се наполнивте со енергија и сега лесно ги извршувате сите задачи. Очекувајте награда. Невработените припадници на овој знак во септември би можеле да добијат понуда за работа каде што ќе можат да го изразат својот талент во најдобро светло. Не го пропуштајте.

Љубов
Зафатените луѓе очекуваат мирен месец, ќе се фокусираат на семејството и плановите за иднината. Слободните треба да работат на некои од нивните внатрешни сомнежи и проблеми пред да се вклучат во врска.

Здравје
Грижете се повеќе за вашето здравје. Кај постарата генерација е можно влошување на хроничните заболувања.

Лав

Работа
Септември ќе биде знак за контакти и постојани преговори. Очекувајте да поминете многу време во комуникација со различни луѓе и преговарање преку телефон. Иако овие задачи не ве прават среќни – напротив, бидете трпеливи. Секој разговор, секој нов контакт ќе се исплати. Очекувајте награда на крајот на месецот.

Љубов
Овој месец се влоши односот со спротивниот пол, има недоразбирање кое не можете да го надминете и да продолжите понатаму. Во врската ќе се чувствувате како постојано да се вртите во кругови. Слободните имаат можност за авантура и флерт, но ништо подлабоко.

Здравје
Можни се проблеми на патувањето, понесете патничка аптека.

Девица

Работа
Месечниот хороскоп за септември 2023 година вели дека Девиците не треба да очекуваат големи успеси овој месец. Целата сила ќе ја насочи кон некои семејни работи, рутински ќе си ја врши работата. Ова е добар месец за купување скапи предмети или мебел за домот.

Љубов
Девиците кои се во брак или долги врски би можеле да решат некои прашања поврзани со недвижнини во втората половина од месецот. Слободните припадници на овој знак кон средината на септември влегуваат во страсна романса со добри изгледи за иднината.

Здравје
Склони сте да ги преувеличувате вашите заболувања, а тоа ви штети.

Вага

Работа
Месечниот хороскоп за септември 2023 година вели дека Вагата ќе се распарчи. На сите ќе им треба нивната помош, на колегите им треба совет и иновативни идеи. Негативната страна на оваа „популарност“, колку и да е ласкава за егото на Вагите, е тоа што тие нема да добијат дополнително плаќање. Сепак, финансиите се стабилни во септември.

Љубов
Планирањето, големите набавки, дури и реновирањето ќе го одбележат септември во животот на зафатените Ваги. Оние кои не се зафатени можат да се надеваат на случајна средба со интересна личност, а ова познанство има добри шанси да се претвори во нешто посериозно.

Здравје
Обидете се да спиете доволно, го исцрпувате телото.

Скорпија

Работа
Овој месец, Скорпиите ќе бидат посветени на задачи кои не можеле да ги завршат во минатото. Колективот многу ќе се потпира на вас. Мора да поставите граници на време. Ѕвездите не препорачуваат никакви инвестиции во септември, ниту пак да позајмувате пари. Финансиските прашања решавајте ги полека, добро размислете пред секоја одлука.

Љубов
Партнерските односи се напнати, особено ако треба да донесете некои важни одлуки за иднината во септември. Слободните Скорпии очекуваат возбудлив месец, многу дружење, забава, флерт…

Здравје
Овој месец некои од вашите стравови излегуваат на виделина. Размислете за разговор со професионалец.

Стрелец

Работа
Стабилната финансиска ситуација ќе ви даде простор да се опуштите и да ги планирате патувањата. Потрудете се да комбинирате „убаво и корисно“, да завршите некои работи додека сте на пат и разгранете ја вашата мрежа на контакти. Ќе добиете многу корист, а најдобро би било да оставите малку пари на страна.

Љубов
Стрелците „пукаат“ од носталгија, паметат се од почетокот на врската – настани, чувства… Ова би можело да ја ревитализира вашата врска. Помладиот Стрелец очекува разочарување. Ова не е најдобро време да започнете нова романса.

Здравје
Решивте да се посветите на здрав живот и да го подобрите вашиот изглед. Некои Стрелци одат во теретана, други се разубавуваат во козметички салони.

Јaрец

Работа
Септември ќе биде исклучително поволен месец за Јарците, ги очекува успех во речиси сите потфати. Многу работа, но ќе има и награди. Не одбивајте контакти на работа, важно е претпоставените да ве следат. Нивото на вашите приходи директно зависи од тоа колку сте „социјални“ во овој период.

Љубов
Бидете активни, преку заеднички акции ќе го подобрите односот со партнерот. Втората половина од месецот ќе биде нешто помирна за заљубените парови. Слободните Јарци учат важна животна лекција од своето минато.

Здравје
Здравјето ви е добро, внимавајте на исхраната.

Водолија

Работа
Во септември водолиите ќе бидат многу енергични и активни. Вашиот мозок „работи 300 на час“, успешно и лесно ги решавате сите задачи кои ќе ви стојат на патот. Вешти сте во комуникацијата, лесно остварувате корисни познанства. Можно е да имате нешто поголеми трошоци, но на крајот на месецот може да очекувате бонус.

Љубов
Во емотивна смисла, овој месец особено се ослободувате од тешките врски, мисли и чувства. Вистинско задоволство е да се биде во врска со вас. Тие можат слободно да „летаат од цвет на цвет“ во текот на целиот септември.

Здравје
Внимавајте на храната со поминат рок или непроверени ресторани, постои ризик од вознемирен стомак.

Риби

Работа
Месечниот хороскоп за септември 2023 година ги предупредува Рибите да не се истакнуваат премногу. Овој месец најдобро би било да не преземате одговорни работи, можни се недоразбирања кои би можеле да ве „скршат“. Сега не е време да барате покачување, почекајте до следниот месец.

Љубов
Можни се проблеми во бракот или врската, кавги предизвикани од откривање на некои тајни на партнерот. Ѕвездите советуваат да не се брза со одлуките. Слободните Риби ќе имаат многу можности за флертување, но ништо сериозно.

Здравје
Чувствувајте се добро, внимавајте на исхраната и зголемете ја физичката активност.

The post Голем септемвриски хороскоп: Сите ќе ги бараат Вагите, Овните да не мешаат флерт и љубов appeared first on Република.

]]>

Овен

Работа Месечниот хороскоп за септември 2023 година вели дека Овенот најмногу ќе се посвети на решавање на сопствените проблеми. Ќе се трудите да најдете нови начини за заработка, а советот на ѕвездите е да се испробате на работи поврзани со комуникација, работа со луѓе. Финансиската состојба е нестабилна. Љубов Обидете се да избегнувате длабоки врски со луѓе кои штотуку сте ги запознале. Можеби ќе ви изгледа егзотично и интересно, но ќе ви донесе само разочарување и болка. Здравје Можни се мускулни болки, стресот си го зема својот данок.

Бик

Работа Септември ќе биде поволен месец за оние Бикови кои се занимаваат со креативна работа. Нема да ви недостига инспирација, таа ќе ве мотивира да работите на маркетинг на вашите идеи. Очекувајте поттик во кариерата, вашите напори ќе бидат забележани. Љубов Ѕвездите препорачуваат овој топол есенски месец повеќе да му верувате на срцето отколку на главата. Личноста која прерано ја отпишавте би можела да најде начин да влезе во вашиот живот. Нема да зажалите! Здравје Хармонијата во семејните и љубовните односи ви носат мир и добро расположение

Близнаци

Работа Ако се потпрете само на сопствените сили и личното искуство, ќе направите голема грешка. Во септември ќе ви се случат некои необични ситуации и на работа и во личниот живот. Затоа, ако е можно, искористете го искуството на другите за полесно да ги решите проблемите. Финансиската ситуација зависи исклучиво од обемот на работа што ја вложувате. Љубов Пазете се од токсични луѓе, особено ако сте имале врски со нив во минатото. Некои луѓе би можеле да ви љубоморат и да ви ја нарушат љубовната хармонија. Добар месец за слободни, преку пријатели запознаваат интересни личности со кои би можеле да стапат во романтична врска. Здравје Внимавајте на исхраната и движете се повеќе.

Рак

Работа Раковите во септември практично нема да можат да „кренат глава“ од работа. Доволно се одморивте, се наполнивте со енергија и сега лесно ги извршувате сите задачи. Очекувајте награда. Невработените припадници на овој знак во септември би можеле да добијат понуда за работа каде што ќе можат да го изразат својот талент во најдобро светло. Не го пропуштајте. Љубов Зафатените луѓе очекуваат мирен месец, ќе се фокусираат на семејството и плановите за иднината. Слободните треба да работат на некои од нивните внатрешни сомнежи и проблеми пред да се вклучат во врска. Здравје Грижете се повеќе за вашето здравје. Кај постарата генерација е можно влошување на хроничните заболувања.

Лав

Работа Септември ќе биде знак за контакти и постојани преговори. Очекувајте да поминете многу време во комуникација со различни луѓе и преговарање преку телефон. Иако овие задачи не ве прават среќни – напротив, бидете трпеливи. Секој разговор, секој нов контакт ќе се исплати. Очекувајте награда на крајот на месецот. Љубов Овој месец се влоши односот со спротивниот пол, има недоразбирање кое не можете да го надминете и да продолжите понатаму. Во врската ќе се чувствувате како постојано да се вртите во кругови. Слободните имаат можност за авантура и флерт, но ништо подлабоко. Здравје Можни се проблеми на патувањето, понесете патничка аптека.

Девица

Работа Месечниот хороскоп за септември 2023 година вели дека Девиците не треба да очекуваат големи успеси овој месец. Целата сила ќе ја насочи кон некои семејни работи, рутински ќе си ја врши работата. Ова е добар месец за купување скапи предмети или мебел за домот. Љубов Девиците кои се во брак или долги врски би можеле да решат некои прашања поврзани со недвижнини во втората половина од месецот. Слободните припадници на овој знак кон средината на септември влегуваат во страсна романса со добри изгледи за иднината. Здравје Склони сте да ги преувеличувате вашите заболувања, а тоа ви штети.

Вага

Работа Месечниот хороскоп за септември 2023 година вели дека Вагата ќе се распарчи. На сите ќе им треба нивната помош, на колегите им треба совет и иновативни идеи. Негативната страна на оваа „популарност“, колку и да е ласкава за егото на Вагите, е тоа што тие нема да добијат дополнително плаќање. Сепак, финансиите се стабилни во септември. Љубов Планирањето, големите набавки, дури и реновирањето ќе го одбележат септември во животот на зафатените Ваги. Оние кои не се зафатени можат да се надеваат на случајна средба со интересна личност, а ова познанство има добри шанси да се претвори во нешто посериозно. Здравје Обидете се да спиете доволно, го исцрпувате телото.

Скорпија

Работа Овој месец, Скорпиите ќе бидат посветени на задачи кои не можеле да ги завршат во минатото. Колективот многу ќе се потпира на вас. Мора да поставите граници на време. Ѕвездите не препорачуваат никакви инвестиции во септември, ниту пак да позајмувате пари. Финансиските прашања решавајте ги полека, добро размислете пред секоја одлука. Љубов Партнерските односи се напнати, особено ако треба да донесете некои важни одлуки за иднината во септември. Слободните Скорпии очекуваат возбудлив месец, многу дружење, забава, флерт… Здравје Овој месец некои од вашите стравови излегуваат на виделина. Размислете за разговор со професионалец.

Стрелец

Работа Стабилната финансиска ситуација ќе ви даде простор да се опуштите и да ги планирате патувањата. Потрудете се да комбинирате „убаво и корисно“, да завршите некои работи додека сте на пат и разгранете ја вашата мрежа на контакти. Ќе добиете многу корист, а најдобро би било да оставите малку пари на страна. Љубов Стрелците „пукаат“ од носталгија, паметат се од почетокот на врската – настани, чувства… Ова би можело да ја ревитализира вашата врска. Помладиот Стрелец очекува разочарување. Ова не е најдобро време да започнете нова романса. Здравје Решивте да се посветите на здрав живот и да го подобрите вашиот изглед. Некои Стрелци одат во теретана, други се разубавуваат во козметички салони.

Јaрец

Работа Септември ќе биде исклучително поволен месец за Јарците, ги очекува успех во речиси сите потфати. Многу работа, но ќе има и награди. Не одбивајте контакти на работа, важно е претпоставените да ве следат. Нивото на вашите приходи директно зависи од тоа колку сте „социјални“ во овој период. Љубов Бидете активни, преку заеднички акции ќе го подобрите односот со партнерот. Втората половина од месецот ќе биде нешто помирна за заљубените парови. Слободните Јарци учат важна животна лекција од своето минато. Здравје Здравјето ви е добро, внимавајте на исхраната.

Водолија

Работа Во септември водолиите ќе бидат многу енергични и активни. Вашиот мозок „работи 300 на час“, успешно и лесно ги решавате сите задачи кои ќе ви стојат на патот. Вешти сте во комуникацијата, лесно остварувате корисни познанства. Можно е да имате нешто поголеми трошоци, но на крајот на месецот може да очекувате бонус. Љубов Во емотивна смисла, овој месец особено се ослободувате од тешките врски, мисли и чувства. Вистинско задоволство е да се биде во врска со вас. Тие можат слободно да „летаат од цвет на цвет“ во текот на целиот септември. Здравје Внимавајте на храната со поминат рок или непроверени ресторани, постои ризик од вознемирен стомак.

Риби

Работа Месечниот хороскоп за септември 2023 година ги предупредува Рибите да не се истакнуваат премногу. Овој месец најдобро би било да не преземате одговорни работи, можни се недоразбирања кои би можеле да ве „скршат“. Сега не е време да барате покачување, почекајте до следниот месец. Љубов Можни се проблеми во бракот или врската, кавги предизвикани од откривање на некои тајни на партнерот. Ѕвездите советуваат да не се брза со одлуките. Слободните Риби ќе имаат многу можности за флертување, но ништо сериозно. Здравје Чувствувајте се добро, внимавајте на исхраната и зголемете ја физичката активност.

The post Голем септемвриски хороскоп: Сите ќе ги бараат Вагите, Овните да не мешаат флерт и љубов appeared first on Република.

]]>
Месечен хороскоп за септември: Финансиски проблеми за Водолиите, нова љубов за Близнаците https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/mesechen-horoskop-za-septemvri-finansiski-problemi-za-vodoliite-nova-lubov-za-bliznatsite/ Fri, 01 Sep 2023 12:18:02 +0000 https://republika.mk/?p=677908

Овен

Работа – Првиот дел од месецот ќе биде прилично напорен. Присуството на ретроградниот Меркур ќе ви донесе компликации, неразбирање со соработниците и колегите и веројатно ќе ви ги прикаже грешките и пропустите од претходниот период. Промените кои започнуваат да се случуваат не ви одат во корист и кај некои од вас може да го доведат во ризик од напуштање на работното место. Вториот дел на месецот работите ќе се променат со оглед на тоа што Јупитер влегува во вашето поле на сериозни партнерства.

Љубов – Она што за вас лично е важно е владетелот на вашиот знак во текот на цел септември да има пат низ знакот на Стрелецот, знак со силна енергија но и слобода. Оние кои моментално се осамени, нема тешко да го доживуваат тоа што се без партнери бидејќи задоволството и исполнетоста ќе ја пронајдете во контактите со пријателите, патувањата и во форма на забава. Сепак, ова не значи дека небото не подготвува љубовна можност за вас. Овновните во емотивна врска или брак ги очекува одличен период.

Здравје – Ќе биде намален вашиот енергетски потенцијал.

Бик

Работа – Иако лично во голема мера ќе бидете расположени да се посветите на работата, првата половина од месецот ќе биде прилично неповолна за вас. Тешко ќе го реализирате она што сте го испланирале, а ќе постои и проблем во договорите и комуникацијата со важните соработници и партнери. Можно е кај некои сето ова да се одрази и низ поголеми промени на кои не сте сметале или чиј обем се покажува како преголем. Другиот дел на месецот ви донесува поголема можност за солидна соработка. Сепак, бидете внимателни со финансиите и трошете ги парите внимателно.

Љубов – Слободните Бикови во првата половина од септември во голема мера ќе бидат забавени кога станува збор за емоциите. Ова ќе биде месец кога ќе започнете да го преиспитувате вашето емоционално минато, да ги барате грешките и пропустите, па дури и да се насочите кон обновување на односите со некој од поранешните партнери. Вториот дел на септември ќе ви се укаже вистинска можност. Оние во врска или во брак ќе се соочат со конфликт со саканата личност. Потрудете се да ги разрешите работите бидејќи следува прилично поголема криза.

Здравје – Тегоби поврзани со варењето на храната и стомакот.

Близнаци

Работа – Очигледно е дека пред вас претстои напнат период, особено што владетелот на вашиот знак поголемиот дел од месецот е во ретроградна состојба. Близнаците ќе мораат добро да го анализираат сето она што го работеле во претходниот период, да проверат колку нивните проекти се сигурни и да воведат промени кои веројатно нема да им се допаднат. Се’ до последната недела на септември ќе мора да се борите и со потешкотии во договорите, со доцнење и проблеми со техничките средства. Внимавајте на колега кој сака да ви изврши опструкции.

Љубов – Јупитер во овој период влегува во вашето поле на љубовта, но слободните Близнаци на вистински начин ќе можат да го искористат неговото влијание во последните фази на месецот. Имено, владетелот на вашиот знак поголемиот дел од периодот ќе биде во ретроградност. Кон крајот на месецот веројатно ќе бидете подготвени да се препуштите на магиите на новата љубов, веројатно затоа што нема да можете да ѝ одолеете на оваа личност која дефинитивно ќе го освои вашето срце и ќе ве натера да размислете за нешто повеќе од афера.

Здравје – Обрнете внимание на имунитетот.

Рак

Работа – Полето на работата и парите како и договорите и комуникацијата со соработниците ќе бидат под притисок поради сонцето. Во првиот дел од месецот бидете внимателни со парите, а можно е договорите на кои сте сметале во последен момент да ви се лизнат од рацете. Во суштина, вториот дел на септември ќе ви биде полесна. Иако нема да се случат некои посебни промени, сепак ќе можете да здивнете и да се посветите на стабилизирање на работниот, особено финансискиот сегмент. Баш овие финансии ќе бидат болна точка за сите Ракови.

Љубов – Емотивните врски и брачните односи на Раковите во текот на септември ќе бидат пред голем испит. Вистина е дека Јупитер ќе се најде во вашиот знак, но тоа не значи дека под негова заштита ќе бидат и односите на кои одамна им „помина рокот на траење“. Од самиот почеток на периодот ќе започнат проблеми во комуникацијата со партнерот, а повеќе од веројатно е нешто што од тој момент било сокриено, ќе може конечно да излезе на светлина. Слободните Ракови ќе имаат интересна средба и дружење со интересни личности.

Здравје – Стресот и нервозата во текот на септември ќе бидат главен предизвикувач на здравствените тегоби.

Лав

Работа – Она што досега не функционираше како што треба и за кое вие веќе знаевте дека е тешко да го реализирате, ќе го достигне крајот. Лавовите ќе сфатат дека неопходни им се промени, а некои од вас ќе направат целосен пресврт во работата, додека другите ќе стават точка на моменталната работна позиција и ќе започнат да бараат нова работа која ќе ги исполни нивните потреби. Од другиот дел на месецот ситуацијата ќе започне да се расчистува и поволните околности со голема брзина ќе започнат да се појавуваат пред вас.

Љубов – Јупитер владее со вашето поле на љубовта и неговото влегување во Вагата, знакот на хармонијата и партнерството и вашето поле на комуникации, средби и нови познанства ќе ви донесе повеќе шанси. Чувството да промените некои работи во бракот или врскаа ќе бидат доста нагласени. За да ги подобрите работите потребно е да воспоставите добра комуникација и подготвеност за договор, што ќе ви овозможи Јупитер. Што се однесува до слободните припадници на знакот, ќе се откажете од поранешниот партнер со кого се обидувавте да ги обновите односите.

Здравје – Стресот ќе предизвика опаѓање на имунитетот.

Девица

Работа – Јупитер влегува во вашето поле на работа и пари кон крајот на првата половина од месецот, но неговото позитивно влијание ќе го почувствувате дури кон крајот на септември. пред тоа, пред вас е малку незгоден и прилично напорен пат. Но, не е се’ така црно – во последниот дел од месецот не ја пропуштајте можноста за промена на работното место бидејќи ќе ви се укаже одлична можност која ќе ви овозможи опоравување и стабилизација на финансиски план.

Љубов – Комплициран емотивен месец за Девиците. Оние релации во кои одамна ситуацијата не е како што треба, ќе доживеат тежок испит, па сигурно е дека некои од нив ќе престанат да постојат. Вашиот партнер нема да има доволно сила сам да ги решава проблемите кои ги имате, па добро би било да се посветите на вашата врска доколку сакате да ја сочувате. Ни слободните припадници на знакот нема да поминат лесно во текот на овој период – во првиот дел од месецот нема да знаете што сакате, па ќе има неколку љубовни афери, но ништо што ќе ви го привлече вниманието.

Здравје – Одморете се, релаксирајте се и водете здрав живот.

Вага

Работа – За вас најкомплициран е самиот почеток на месецот. Многу работи ќе изгледаат неизвесно, ќе ве нервираат. Немојте да се разочарате ако не успеете да ги реализирате вашите планови. Ова е период кога треба да одлучите дали навистина ова работно место е нешто што го сакате или пак треба да барате нешто што повеќе ќе ви одговара. Ако барате работа, започнете со поголеми активности кон крајот на септември. И запомнете, ова не е месец кога се склучуваат деловни договори.

Љубов – Драги Ваги, ако сте во врска или во брак, а криете некои работи од партнерот, добро би било да размислите и да ставите крај на сето она што е тајна. Бидејќи е јасно дека рамнотежата во вашите емотивни односи е нарушена, потребно е да бидете начисто со вашиот партнер – одлучете дали сакате да останете со него или пак секој од вас да си продолжи во друга насока. Оние кои се слободни ќе сретнат една личност од минатото на која сосема заборавиле.

Здравје – Одлично.

Шкорпија

Работа – Месецот на работа ќе ви започне бурно. Турбулентно ќе биде во текот на целиот месец, а ќе ги влошите односите со шефовите и некои од вашите колеги. Мала е веројатноста ова да ви предизвика трајни проблеми, меѓутоа дефинитивно може да ве изнервира до максимум. Обидете се да се држите настрана од озборувања на работното место и да правите нешто со што ќе предизвикате да бидете тема на разговор. Бидете внимателни со вашиот колега кому му верувате бидејќи има лоши намери.

Љубов – Владетелот на вашиот знак Марс, во текот на целиот месец ќе биде во одлични планетарни кругови. Кај оние во врска или брак, ова ќе биде променлив период, бидејќи страста и желбата ќе се менуваат со навреди и расправии. Можни се тајни активности од ваша страна или од страна на вашиот партнер, а сомнежите и љубомората ќе се вовлечат во вашата врска. На тапет може да бидат вашите пријателства, такашто вашиот партнер ќе смета дека дружењето со некои личности воопшто не ви е потребно. Ако немате партнер, овој период уживајте сами, затоа што се’уште не сте подготвени за некоја посериозна врска.

Здравје – Проблеми со половината и нозете.

Стрелец

Работа – Дефинитивно, пред вас е месец на големи промени кога станува збор за вашата работа. Се’ ќе тргне турбулентно. Односот со вашите шефови ќе се влоши, а вие ќе бидете принудени на некои промени кои нема да ви одговараат. Некои Стрелци ќе бидат условени, ограничени на моменталните позиции, додека некои од вас ќе дојдат и до ситуација да останат без работа. Во овој период потребен ви е мир, трпение и секако – во никој случај не смеете да донесувате непромислени одлуки.

Љубов – Поголемиот дел од месецот Венера удобно ќе се смести во вашето поле на пријатели, излегувања, друштво, а кон крајот на првата половина од месецот неа ќе ѝ се придружи и Јупитер, владетелот на вашиот знак. Слободните Стрелци можат да сметаат дека пред нив се отвораат одлични љубовни можности. Ако сакате стабилен однос и врска која ќе трае подолго, тогаш последниот дел од месецот е совршен за вакво нешто.

Здравје – Вашата физичка и вашата физичка состојба ќе бидат на одлично ниво.

Јарец

Работа – Подгответе ги вашите нерви и трпеливост во текот на целиот септември. Можни се поголеми проблеми со странските соработници, а дефинитивно морате да обрнете внимание на комуникацијата и важните договори, бидејќи се’ покажува дека ве забавува или дека во последен момент ви излегува од контрола. Она што е најважно е да покажете прилагодување и подготвеност за компромис. Јупитер влезе во вашето поле на кариерата, но ќе морате да бидете мудри за на правилен начин да го искористите неговото влијание. Работите полека ќе започнат да доаѓаат на свое место, меѓутоа бидете трпеливи.

Љубов – Од самиот почеток на месецот работите помеѓу вас и партнерот нема да бидат баш најдобри. И двата ќе навлегувате во детали и беспотребни расправии поради најмали ситници. Оосбено периодот до крајот на првата половина на месецот ќе биде прилично комплициран и ќе ви биде потребен доста труд и од ваша страна и од страна на вашиот партнер за да го пребродите овој период. Слободните Јарци може да започнат афера на работа која ќе сакаат да ја сокријат од љубопитните очи.

Здравје – Повеќе физичка активност.

Водолија

Работа – Кај Водолиите работата ќе претрпи големи промени во текот на септември. Ќе се соочите со криза и промени во партнерствата со што ќе дојде до ситуација со која ќе имате проблем да излезете на крај. Јасно е дека ќе имате големи проблеми со потребните финансиски средства, а можно е некои пари на кои сте сметале, да не дојдат тогаш кога најмногу ви се потребни. Но, не е се’ така црно. Очекувајте и пресврт и нова соработка со што ќе се променат работите па ќе добиете дополнителни ангажмани – а дополнителните ангажмани значат подобар финансиски сегмент.

Љубов – Сонцето го претставува вашиот емотивен или брачен партнер, а почетокот на септември ќе биде помрачено. Очигледно е дека саканата личност во овој период ќе се соочи со големи промени, па ќе биде неопходно да бидете спремни да му помогнете и да му бидете рамо за плачење. Постои тенденција некој од вас да се оддалечи од партнерот, не сфаќајќи дека неговото однесување во суштина покажува дека има големи лични проблеми со кои се бори. Слободните Водолии ги очекуваат помали љубовни можности.

Здравје – Направете крвна слика и проверете ја состојбата.

Риби

Работа – Септември е месец кој ќе ги тестира вашите нерви на работен план. Соработката и партнерствата ќе бидат на голем испит во текот на првиот дел од овој период. Исто така, вашиот однос со вашите надредени може да биде полош и јасно е дека ќе бидете под притисок поради одредени рокови, но сметајте дека вашите шефови ќе упатуваат само критики до вас. Згора на тоа, вашата концентрација и организираност се на нула, па можни се пропусти и грешки, особено кога станува збор за договори, комуникации и соработка.

Љубов – Оние во брак или во врска нека се држат цврсто овој месец. На самиот почеток на септември може да дојде до големи проблеми во вашите емотивни релации. Ќе летаат обвинувања и од вашата страна и од страна на вашиот партнер, а јасно е дека немда да дојде до решение туку само дополнително навлегување се’ подлабоко во проблемите. Оние кои се слободни ќе се најдат во ситуација во која нема да можете да излезете на крај.

Здравје – Психичкиот притисок негативно ќе влијае врз вас.

 

The post Месечен хороскоп за септември: Финансиски проблеми за Водолиите, нова љубов за Близнаците appeared first on Република.

]]>

Овен Работа – Првиот дел од месецот ќе биде прилично напорен. Присуството на ретроградниот Меркур ќе ви донесе компликации, неразбирање со соработниците и колегите и веројатно ќе ви ги прикаже грешките и пропустите од претходниот период. Промените кои започнуваат да се случуваат не ви одат во корист и кај некои од вас може да го доведат во ризик од напуштање на работното место. Вториот дел на месецот работите ќе се променат со оглед на тоа што Јупитер влегува во вашето поле на сериозни партнерства. Љубов – Она што за вас лично е важно е владетелот на вашиот знак во текот на цел септември да има пат низ знакот на Стрелецот, знак со силна енергија но и слобода. Оние кои моментално се осамени, нема тешко да го доживуваат тоа што се без партнери бидејќи задоволството и исполнетоста ќе ја пронајдете во контактите со пријателите, патувањата и во форма на забава. Сепак, ова не значи дека небото не подготвува љубовна можност за вас. Овновните во емотивна врска или брак ги очекува одличен период. Здравје – Ќе биде намален вашиот енергетски потенцијал. Бик Работа – Иако лично во голема мера ќе бидете расположени да се посветите на работата, првата половина од месецот ќе биде прилично неповолна за вас. Тешко ќе го реализирате она што сте го испланирале, а ќе постои и проблем во договорите и комуникацијата со важните соработници и партнери. Можно е кај некои сето ова да се одрази и низ поголеми промени на кои не сте сметале или чиј обем се покажува како преголем. Другиот дел на месецот ви донесува поголема можност за солидна соработка. Сепак, бидете внимателни со финансиите и трошете ги парите внимателно. Љубов – Слободните Бикови во првата половина од септември во голема мера ќе бидат забавени кога станува збор за емоциите. Ова ќе биде месец кога ќе започнете да го преиспитувате вашето емоционално минато, да ги барате грешките и пропустите, па дури и да се насочите кон обновување на односите со некој од поранешните партнери. Вториот дел на септември ќе ви се укаже вистинска можност. Оние во врска или во брак ќе се соочат со конфликт со саканата личност. Потрудете се да ги разрешите работите бидејќи следува прилично поголема криза. Здравје – Тегоби поврзани со варењето на храната и стомакот. Близнаци Работа – Очигледно е дека пред вас претстои напнат период, особено што владетелот на вашиот знак поголемиот дел од месецот е во ретроградна состојба. Близнаците ќе мораат добро да го анализираат сето она што го работеле во претходниот период, да проверат колку нивните проекти се сигурни и да воведат промени кои веројатно нема да им се допаднат. Се’ до последната недела на септември ќе мора да се борите и со потешкотии во договорите, со доцнење и проблеми со техничките средства. Внимавајте на колега кој сака да ви изврши опструкции. Љубов – Јупитер во овој период влегува во вашето поле на љубовта, но слободните Близнаци на вистински начин ќе можат да го искористат неговото влијание во последните фази на месецот. Имено, владетелот на вашиот знак поголемиот дел од периодот ќе биде во ретроградност. Кон крајот на месецот веројатно ќе бидете подготвени да се препуштите на магиите на новата љубов, веројатно затоа што нема да можете да ѝ одолеете на оваа личност која дефинитивно ќе го освои вашето срце и ќе ве натера да размислете за нешто повеќе од афера. Здравје – Обрнете внимание на имунитетот. Рак Работа – Полето на работата и парите како и договорите и комуникацијата со соработниците ќе бидат под притисок поради сонцето. Во првиот дел од месецот бидете внимателни со парите, а можно е договорите на кои сте сметале во последен момент да ви се лизнат од рацете. Во суштина, вториот дел на септември ќе ви биде полесна. Иако нема да се случат некои посебни промени, сепак ќе можете да здивнете и да се посветите на стабилизирање на работниот, особено финансискиот сегмент. Баш овие финансии ќе бидат болна точка за сите Ракови. Љубов – Емотивните врски и брачните односи на Раковите во текот на септември ќе бидат пред голем испит. Вистина е дека Јупитер ќе се најде во вашиот знак, но тоа не значи дека под негова заштита ќе бидат и односите на кои одамна им „помина рокот на траење“. Од самиот почеток на периодот ќе започнат проблеми во комуникацијата со партнерот, а повеќе од веројатно е нешто што од тој момент било сокриено, ќе може конечно да излезе на светлина. Слободните Ракови ќе имаат интересна средба и дружење со интересни личности. Здравје – Стресот и нервозата во текот на септември ќе бидат главен предизвикувач на здравствените тегоби. Лав Работа – Она што досега не функционираше како што треба и за кое вие веќе знаевте дека е тешко да го реализирате, ќе го достигне крајот. Лавовите ќе сфатат дека неопходни им се промени, а некои од вас ќе направат целосен пресврт во работата, додека другите ќе стават точка на моменталната работна позиција и ќе започнат да бараат нова работа која ќе ги исполни нивните потреби. Од другиот дел на месецот ситуацијата ќе започне да се расчистува и поволните околности со голема брзина ќе започнат да се појавуваат пред вас. Љубов – Јупитер владее со вашето поле на љубовта и неговото влегување во Вагата, знакот на хармонијата и партнерството и вашето поле на комуникации, средби и нови познанства ќе ви донесе повеќе шанси. Чувството да промените некои работи во бракот или врскаа ќе бидат доста нагласени. За да ги подобрите работите потребно е да воспоставите добра комуникација и подготвеност за договор, што ќе ви овозможи Јупитер. Што се однесува до слободните припадници на знакот, ќе се откажете од поранешниот партнер со кого се обидувавте да ги обновите односите. Здравје – Стресот ќе предизвика опаѓање на имунитетот. Девица Работа – Јупитер влегува во вашето поле на работа и пари кон крајот на првата половина од месецот, но неговото позитивно влијание ќе го почувствувате дури кон крајот на септември. пред тоа, пред вас е малку незгоден и прилично напорен пат. Но, не е се’ така црно – во последниот дел од месецот не ја пропуштајте можноста за промена на работното место бидејќи ќе ви се укаже одлична можност која ќе ви овозможи опоравување и стабилизација на финансиски план. Љубов – Комплициран емотивен месец за Девиците. Оние релации во кои одамна ситуацијата не е како што треба, ќе доживеат тежок испит, па сигурно е дека некои од нив ќе престанат да постојат. Вашиот партнер нема да има доволно сила сам да ги решава проблемите кои ги имате, па добро би било да се посветите на вашата врска доколку сакате да ја сочувате. Ни слободните припадници на знакот нема да поминат лесно во текот на овој период – во првиот дел од месецот нема да знаете што сакате, па ќе има неколку љубовни афери, но ништо што ќе ви го привлече вниманието. Здравје – Одморете се, релаксирајте се и водете здрав живот. Вага Работа – За вас најкомплициран е самиот почеток на месецот. Многу работи ќе изгледаат неизвесно, ќе ве нервираат. Немојте да се разочарате ако не успеете да ги реализирате вашите планови. Ова е период кога треба да одлучите дали навистина ова работно место е нешто што го сакате или пак треба да барате нешто што повеќе ќе ви одговара. Ако барате работа, започнете со поголеми активности кон крајот на септември. И запомнете, ова не е месец кога се склучуваат деловни договори. Љубов – Драги Ваги, ако сте во врска или во брак, а криете некои работи од партнерот, добро би било да размислите и да ставите крај на сето она што е тајна. Бидејќи е јасно дека рамнотежата во вашите емотивни односи е нарушена, потребно е да бидете начисто со вашиот партнер – одлучете дали сакате да останете со него или пак секој од вас да си продолжи во друга насока. Оние кои се слободни ќе сретнат една личност од минатото на која сосема заборавиле. Здравје – Одлично. Шкорпија Работа – Месецот на работа ќе ви започне бурно. Турбулентно ќе биде во текот на целиот месец, а ќе ги влошите односите со шефовите и некои од вашите колеги. Мала е веројатноста ова да ви предизвика трајни проблеми, меѓутоа дефинитивно може да ве изнервира до максимум. Обидете се да се држите настрана од озборувања на работното место и да правите нешто со што ќе предизвикате да бидете тема на разговор. Бидете внимателни со вашиот колега кому му верувате бидејќи има лоши намери. Љубов – Владетелот на вашиот знак Марс, во текот на целиот месец ќе биде во одлични планетарни кругови. Кај оние во врска или брак, ова ќе биде променлив период, бидејќи страста и желбата ќе се менуваат со навреди и расправии. Можни се тајни активности од ваша страна или од страна на вашиот партнер, а сомнежите и љубомората ќе се вовлечат во вашата врска. На тапет може да бидат вашите пријателства, такашто вашиот партнер ќе смета дека дружењето со некои личности воопшто не ви е потребно. Ако немате партнер, овој период уживајте сами, затоа што се’уште не сте подготвени за некоја посериозна врска. Здравје – Проблеми со половината и нозете. Стрелец Работа – Дефинитивно, пред вас е месец на големи промени кога станува збор за вашата работа. Се’ ќе тргне турбулентно. Односот со вашите шефови ќе се влоши, а вие ќе бидете принудени на некои промени кои нема да ви одговараат. Некои Стрелци ќе бидат условени, ограничени на моменталните позиции, додека некои од вас ќе дојдат и до ситуација да останат без работа. Во овој период потребен ви е мир, трпение и секако – во никој случај не смеете да донесувате непромислени одлуки. Љубов – Поголемиот дел од месецот Венера удобно ќе се смести во вашето поле на пријатели, излегувања, друштво, а кон крајот на првата половина од месецот неа ќе ѝ се придружи и Јупитер, владетелот на вашиот знак. Слободните Стрелци можат да сметаат дека пред нив се отвораат одлични љубовни можности. Ако сакате стабилен однос и врска која ќе трае подолго, тогаш последниот дел од месецот е совршен за вакво нешто. Здравје – Вашата физичка и вашата физичка состојба ќе бидат на одлично ниво. Јарец Работа – Подгответе ги вашите нерви и трпеливост во текот на целиот септември. Можни се поголеми проблеми со странските соработници, а дефинитивно морате да обрнете внимание на комуникацијата и важните договори, бидејќи се’ покажува дека ве забавува или дека во последен момент ви излегува од контрола. Она што е најважно е да покажете прилагодување и подготвеност за компромис. Јупитер влезе во вашето поле на кариерата, но ќе морате да бидете мудри за на правилен начин да го искористите неговото влијание. Работите полека ќе започнат да доаѓаат на свое место, меѓутоа бидете трпеливи. Љубов – Од самиот почеток на месецот работите помеѓу вас и партнерот нема да бидат баш најдобри. И двата ќе навлегувате во детали и беспотребни расправии поради најмали ситници. Оосбено периодот до крајот на првата половина на месецот ќе биде прилично комплициран и ќе ви биде потребен доста труд и од ваша страна и од страна на вашиот партнер за да го пребродите овој период. Слободните Јарци може да започнат афера на работа која ќе сакаат да ја сокријат од љубопитните очи. Здравје – Повеќе физичка активност. Водолија Работа – Кај Водолиите работата ќе претрпи големи промени во текот на септември. Ќе се соочите со криза и промени во партнерствата со што ќе дојде до ситуација со која ќе имате проблем да излезете на крај. Јасно е дека ќе имате големи проблеми со потребните финансиски средства, а можно е некои пари на кои сте сметале, да не дојдат тогаш кога најмногу ви се потребни. Но, не е се’ така црно. Очекувајте и пресврт и нова соработка со што ќе се променат работите па ќе добиете дополнителни ангажмани – а дополнителните ангажмани значат подобар финансиски сегмент. Љубов – Сонцето го претставува вашиот емотивен или брачен партнер, а почетокот на септември ќе биде помрачено. Очигледно е дека саканата личност во овој период ќе се соочи со големи промени, па ќе биде неопходно да бидете спремни да му помогнете и да му бидете рамо за плачење. Постои тенденција некој од вас да се оддалечи од партнерот, не сфаќајќи дека неговото однесување во суштина покажува дека има големи лични проблеми со кои се бори. Слободните Водолии ги очекуваат помали љубовни можности. Здравје – Направете крвна слика и проверете ја состојбата. Риби Работа – Септември е месец кој ќе ги тестира вашите нерви на работен план. Соработката и партнерствата ќе бидат на голем испит во текот на првиот дел од овој период. Исто така, вашиот однос со вашите надредени може да биде полош и јасно е дека ќе бидете под притисок поради одредени рокови, но сметајте дека вашите шефови ќе упатуваат само критики до вас. Згора на тоа, вашата концентрација и организираност се на нула, па можни се пропусти и грешки, особено кога станува збор за договори, комуникации и соработка. Љубов – Оние во брак или во врска нека се држат цврсто овој месец. На самиот почеток на септември може да дојде до големи проблеми во вашите емотивни релации. Ќе летаат обвинувања и од вашата страна и од страна на вашиот партнер, а јасно е дека немда да дојде до решение туку само дополнително навлегување се’ подлабоко во проблемите. Оние кои се слободни ќе се најдат во ситуација во која нема да можете да излезете на крај. Здравје – Психичкиот притисок негативно ќе влијае врз вас.  

The post Месечен хороскоп за септември: Финансиски проблеми за Водолиите, нова љубов за Близнаците appeared first on Република.

]]>
Осмото издание на книжевниот фестивал „Друга приказна“ од 1 до 3 септември во МКЦ и Бруталиск https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/osmoto-izdanie-na-knizhevniot-festival-druga-prikazna-od-1-do-3-septemvri-vo-mkts-i-brutalisk/ Thu, 24 Aug 2023 08:35:55 +0000 https://republika.mk/?p=675250

Осмото издание на книжевниот фестивал „Друга приказна“ овојпат во фокус ќе ја има темата „Попреченост“, а ќе се одржи од 1 до 3 септември во Младинскиот културен центар (МКЦ) и локалот Бруталиск.

Фестивалот ќе биде отворен на 1 септември, петок, со промоцијата на книгата „Мост на бурната река“, односно разговор помеѓу Далибор Талајиќ и Денис Јанкуловски, кој ќе започне во 19 часот во МКЦ.

Во 20 часот ќе биде доделена наградата во рамки на фестивалот, овојпа на писателот Синиша Туциќ, по што ќе следува проекција на филмот „Расфрлани пасворди“, а потоаи разговор помеѓу наградениот Туциќ со уредникот и организатор на фестивалот, Никола Гелевски.

Првата фестивалска вечер ќе биде заокружена со концерт на скопскиот бенд „Звук Караџиќ“.

Веќе на 2 септември, сабота, фестивалот ќе продолжи со промоција на 95-тото издание на книжевното списание „Маргина“, која ќе започне во 19 часот во МКЦ, по што ќе следува разговор со писателката Драгана Младеновиќ и Фросина Крушкаровска.

Потоа, во 20 часот, ќе биде промовирана сликовницата „Седум конци на сонцето“ на Младеновиќ и Инес Георгиевска, во чии рамки ќе има и проекција на анимирана верзија на сликовницата.

Втората вечер од фестивалот „Друга приказна“ ќе заврши со сеќавање на писателите Дубравка Угрешиќ и Давид Албахари, а свои омилени исечоци ќе читаат македонски писател(к)и и уметници, лауерати на книжевниот фестивал. Настанот ќе започне во 21 часот, а водител ќе биде македонскиот писател Живко Гроздановски.

Третата, а воедно и последна фестивалска вечер ќе се одвива во скопскиот локал Бруталиск, каде фестивалската програма ќе трае од 18 до 22 часот.

Ќе бидат претставени три детски книги за попреченост, односно „За копчето и среќата“ од Јасминка Петровиќ, „Гуш и бац“ од Зоран Кардула и „Цветната приказна“ од Ирена Поповска.

Потоа ќе следи предавање на Иван Велисављевиќ за „Инвалидноста на филм“, по што ќе следи дискусија и разговор со присутните.

Фестивалот ќе биде заокружен со проекции на филмови за попреченост, односно „Беласица“ од Марија Апчевска, „Роза“ од Маја Младеновска и „Тежок андерграунд“, Ново културно насеље, Нови Сад.

The post Осмото издание на книжевниот фестивал „Друга приказна“ од 1 до 3 септември во МКЦ и Бруталиск appeared first on Република.

]]>

Осмото издание на книжевниот фестивал „Друга приказна“ овојпат во фокус ќе ја има темата „Попреченост“, а ќе се одржи од 1 до 3 септември во Младинскиот културен центар (МКЦ) и локалот Бруталиск. Фестивалот ќе биде отворен на 1 септември, петок, со промоцијата на книгата „Мост на бурната река“, односно разговор помеѓу Далибор Талајиќ и Денис Јанкуловски, кој ќе започне во 19 часот во МКЦ. Во 20 часот ќе биде доделена наградата во рамки на фестивалот, овојпа на писателот Синиша Туциќ, по што ќе следува проекција на филмот „Расфрлани пасворди“, а потоаи разговор помеѓу наградениот Туциќ со уредникот и организатор на фестивалот, Никола Гелевски. Првата фестивалска вечер ќе биде заокружена со концерт на скопскиот бенд „Звук Караџиќ“. Веќе на 2 септември, сабота, фестивалот ќе продолжи со промоција на 95-тото издание на книжевното списание „Маргина“, која ќе започне во 19 часот во МКЦ, по што ќе следува разговор со писателката Драгана Младеновиќ и Фросина Крушкаровска. Потоа, во 20 часот, ќе биде промовирана сликовницата „Седум конци на сонцето“ на Младеновиќ и Инес Георгиевска, во чии рамки ќе има и проекција на анимирана верзија на сликовницата. Втората вечер од фестивалот „Друга приказна“ ќе заврши со сеќавање на писателите Дубравка Угрешиќ и Давид Албахари, а свои омилени исечоци ќе читаат македонски писател(к)и и уметници, лауерати на книжевниот фестивал. Настанот ќе започне во 21 часот, а водител ќе биде македонскиот писател Живко Гроздановски. Третата, а воедно и последна фестивалска вечер ќе се одвива во скопскиот локал Бруталиск, каде фестивалската програма ќе трае од 18 до 22 часот. Ќе бидат претставени три детски книги за попреченост, односно „За копчето и среќата“ од Јасминка Петровиќ, „Гуш и бац“ од Зоран Кардула и „Цветната приказна“ од Ирена Поповска. Потоа ќе следи предавање на Иван Велисављевиќ за „Инвалидноста на филм“, по што ќе следи дискусија и разговор со присутните. Фестивалот ќе биде заокружен со проекции на филмови за попреченост, односно „Беласица“ од Марија Апчевска, „Роза“ од Маја Младеновска и „Тежок андерграунд“, Ново културно насеље, Нови Сад.

The post Осмото издание на книжевниот фестивал „Друга приказна“ од 1 до 3 септември во МКЦ и Бруталиск appeared first on Република.

]]>
Цената на парното ќе се знае во почетокот или средината на септември https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tsenata-na-parnoto-ke-se-znae-vo-pochetokot-ili-sredinata-na-septemvri/ Tue, 22 Aug 2023 10:10:55 +0000 https://republika.mk/?p=674532

АД ЕСМ е целосно подготвена за новата грејна сезона. Ремонтните активности се во тек, очекуваме да завршат некаде на крајот на септември – почетокот на октомври со што сите производни капацитети на АД ЕСМ ќе бидат ставени во функција, рече денеска директорот на ЕСМ, Васко Стефанов.

Тој очекува во почетокот или средината на септември да се знае цената на парното греење.

Стефанов се надева и дека ќе продолжи поддршката од Владата со цел, како што напомена, ЕСМ да работи продуктивно, во интерес на граѓаните, за цената да не се зголемува и да нема рестрикции.

Очекуваме РКЕ согласно роковите да си ја заврши работата, односно да ги проектира цените. Нашите односи со БЕГ се коректни. Во овој момент мислам дека се одвиваат тие должничко-доверителски односи и се надевам дека на крај ќе заврши се како што треба. Очекувам некаде почетокот или средината на септември дека ќе ја имаме веќе цената на парното греење, истакна директорот, одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот за заем со ЕБОР.

 

The post Цената на парното ќе се знае во почетокот или средината на септември appeared first on Република.

]]>

АД ЕСМ е целосно подготвена за новата грејна сезона. Ремонтните активности се во тек, очекуваме да завршат некаде на крајот на септември – почетокот на октомври со што сите производни капацитети на АД ЕСМ ќе бидат ставени во функција, рече денеска директорот на ЕСМ, Васко Стефанов. Тој очекува во почетокот или средината на септември да се знае цената на парното греење. Стефанов се надева и дека ќе продолжи поддршката од Владата со цел, како што напомена, ЕСМ да работи продуктивно, во интерес на граѓаните, за цената да не се зголемува и да нема рестрикции.
Очекуваме РКЕ согласно роковите да си ја заврши работата, односно да ги проектира цените. Нашите односи со БЕГ се коректни. Во овој момент мислам дека се одвиваат тие должничко-доверителски односи и се надевам дека на крај ќе заврши се како што треба. Очекувам некаде почетокот или средината на септември дека ќе ја имаме веќе цената на парното греење, истакна директорот, одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот за заем со ЕБОР.
 

The post Цената на парното ќе се знае во почетокот или средината на септември appeared first on Република.

]]>
Просечна плата во септември 32.553 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prosechna-plata-vo-septemvri-32-553-denari/ Wed, 23 Nov 2022 12:23:31 +0000 https://republika.mk/?p=577325

Просечната исплатена нето-плата по вработен, во септември годинава изнесувала 32.553 денари и е за 12,8 отсто повисока од истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (19.1 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (18.8 %) и Преработувачка индустрија (17.9 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Образование (10.0 %), Административни и помошни услужни дејности (4.0 %) и Преработувачка индустрија (3.7 %).

 

The post Просечна плата во септември 32.553 денари appeared first on Република.

]]>

Просечната исплатена нето-плата по вработен, во септември годинава изнесувала 32.553 денари и е за 12,8 отсто повисока од истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (19.1 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (18.8 %) и Преработувачка индустрија (17.9 %). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Образование (10.0 %), Административни и помошни услужни дејности (4.0 %) и Преработувачка индустрија (3.7 %).  

The post Просечна плата во септември 32.553 денари appeared first on Република.

]]>
Септември не носи ништо добро за овие хороскопски знаци https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/septemvri-ne-nosi-nishto-dobro-za-ovie-horoskopski-znaci/ Sat, 03 Sep 2022 09:10:37 +0000 https://republika.mk/?p=547016

Речиси цел септември ќе биде под влијание на ретроградниот Меркур и тоа од 9 септември до 2 октомври 2022 година. Ретроградниот Меркур ќе биде во знакот Вага и ќе донесе бројни дилеми, проблеми во комуникацијата, дезинформации и промена на плановите. Според астролозите, овие 3 хороскопски знаци ќе се соочат со проблеми и неволји во септември.

Овен

Во септември ве очекуваат тензични моменти особено во поглед на работата. На површина ќе излезат проблеми во поглед на стари документи и договори, но и стари долгови. Ова ќе ве направи прилично нервозни. Ќе имате многу обврски и ќе ви биде тешко да ги завршите навремено сите обврски. Ќе морате да ги штитите и туѓите интереси, но притоа не ги занемарувајте и вашите задачи.

Рак

Ве очекува тежок месец бидејќи ќе бидете растргнати меѓу семејните и работните проблеми. Чувството дека имате ограничена моќ кога станува збор за решавање на проблемите дополнително ќе ја влоши ситуацијата. Сепак, последната недела од септември нема да биде толку стресна. Токму тогаш ќе најдете утеха и мотивација да ги надминете сите предизвици кои ве демнат на секој чекор. Не заборавајте дека сето тоа е лекција низ која треба да поминете за да имате поголем успех и да бидете попретпазливи во иднина.

Вага

Астролозите предвидуваат дека во септември ве очекуваат многу замки. Затоа, не давајте ветувања што не можете да ги исполните и не ширете информации ако не сте доволно сигурни за нив. Освен тоа, можни се и турбуленции во семејните односи, но сега најважно е да се фокусирате на вашата главна цел во животот. Како што ќе одминуваат деновите стресот ќе се намалува, а можно е да добиете бонус на работа.

The post Септември не носи ништо добро за овие хороскопски знаци appeared first on Република.

]]>

Речиси цел септември ќе биде под влијание на ретроградниот Меркур и тоа од 9 септември до 2 октомври 2022 година. Ретроградниот Меркур ќе биде во знакот Вага и ќе донесе бројни дилеми, проблеми во комуникацијата, дезинформации и промена на плановите. Според астролозите, овие 3 хороскопски знаци ќе се соочат со проблеми и неволји во септември.

Овен

Во септември ве очекуваат тензични моменти особено во поглед на работата. На површина ќе излезат проблеми во поглед на стари документи и договори, но и стари долгови. Ова ќе ве направи прилично нервозни. Ќе имате многу обврски и ќе ви биде тешко да ги завршите навремено сите обврски. Ќе морате да ги штитите и туѓите интереси, но притоа не ги занемарувајте и вашите задачи.

Рак

Ве очекува тежок месец бидејќи ќе бидете растргнати меѓу семејните и работните проблеми. Чувството дека имате ограничена моќ кога станува збор за решавање на проблемите дополнително ќе ја влоши ситуацијата. Сепак, последната недела од септември нема да биде толку стресна. Токму тогаш ќе најдете утеха и мотивација да ги надминете сите предизвици кои ве демнат на секој чекор. Не заборавајте дека сето тоа е лекција низ која треба да поминете за да имате поголем успех и да бидете попретпазливи во иднина.

Вага

Астролозите предвидуваат дека во септември ве очекуваат многу замки. Затоа, не давајте ветувања што не можете да ги исполните и не ширете информации ако не сте доволно сигурни за нив. Освен тоа, можни се и турбуленции во семејните односи, но сега најважно е да се фокусирате на вашата главна цел во животот. Како што ќе одминуваат деновите стресот ќе се намалува, а можно е да добиете бонус на работа.

The post Септември не носи ништо добро за овие хороскопски знаци appeared first on Република.

]]>
Пет грчки острови идеални за одмор во септември https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/pet-grchki-ostrovi-idealni-za-odmor-vo-septemvri/ Sat, 03 Sep 2022 08:26:09 +0000 https://republika.mk/?p=547002

Тоа што август завршува не значи дека е доцна за летен одмор. „Б92“ открива кои пет грчки острови се идеални за одмор во септември.

Хидра

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hydra Island Greece (@hydra_greece)


На околу час и половина од Атина, Хидра продолжува да биде постојана атракција за локални и меѓународни патници, вклучително и многу познати личности, од 1960-тите па наваму. Помина долго време од златното доба на Хидра, кога личности како Аристотел Оназис и Џеки Кенеди, Ставрос Нијарохос и Тина Онасис Нијархос, како и боемски уметници како Леонард Коен, летуваа во мали традиционални куќи на островот. Овој мал луксузен остров среде Егејското Море продолжува да шармира со својата архитектура и спокојство, пишува Travel.gr.

До Хидра е лесно да се стигне од атинското пристаниште Пиреја, а штом ќе стигнете на овој остров, освен прекрасните плажи, не пропуштајте да ги посетите и црквата Свети Нектариј Ејински, вилата на Лазар Кунтуриотис и црквата Ипананти.

Исто така, не пропуштајте ја аптеката Рафалија, една од најстарите во Грција, како и квартот Киафа, каде времето речиси застанува.

Љубителите на музиката сигурно ќе ја искористат можноста да ја посетат куќата на славниот Леонард Коен, која музичарот ја купил во 1960 година за само 1.500 долари.

 

Спецес

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Spetses Island (@spetsesisland)

Уште еден остров во Егејското Море на кој особено му се восхитуваат локалните и меѓународните патници, а кој е популарен во текот на целата година.

Легендарните ресторани на најпривилегираните локации, славните личности, прекрасната архитектура и идилични улички кои нудат целосен мир далеку од сообраќајот и вревата на Атина го прават совршениот амбиент за последно бегство пред да дојде есента.

 

Кеа

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria Gan (@maria__gan)

Кеа се наоѓа на само 45 минути со брод од Атина и покрај тоа што е откриена од туристи од целиот свет во последните години, успева да го зачува својот автентичен грчки шарм.

Туристите кои сакаат мир доаѓаат на овој кикладски остров најблиску до грчкото копно, а со оглед на тоа што за сите нас е најважно плажите што ги посетуваме да се убави, чисти и песочни, на овој остров ќе најдете спас на една од следните плажи: Кампи, Писис, Фреа и Кундурос.

Сирос

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Syros Island (@syrosislandgr)

На само два и пол часа од Атина се наоѓа Сирос, кој има сосема поинаков изглед од останатите острови во Егејското Море. Наместо класични сино-бели куќи, главниот град Ермуполи има неверојатен неокласичен стил. Зградите повеќе личат на италијанската Венеција отколку на Миконос.

Скопелос

Скопелос е најбујниот остров во Грција, бидејќи над 67 проценти од неговата копнена маса е покриена со недопрена борова шума, која се протега и создава прекрасен контраст со околните кристално чисти води на Споради.

Ако го сакате морето, одете на прекрасните плажи на островот, вклучувајќи ги Стафилос, Веланио, Панормос, Милија, Линаракија, Кастани и Ховоло. Ако сакате да ја истражите дивата природа на островот, одете по патеките во Делфи и Палука, две од импозантните планини на Скопелос.

 

The post Пет грчки острови идеални за одмор во септември appeared first on Република.

]]>

Тоа што август завршува не значи дека е доцна за летен одмор. „Б92“ открива кои пет грчки острови се идеални за одмор во септември.

Хидра

 
View this post on Instagram
 

A post shared by Hydra Island Greece (@hydra_greece)

На околу час и половина од Атина, Хидра продолжува да биде постојана атракција за локални и меѓународни патници, вклучително и многу познати личности, од 1960-тите па наваму. Помина долго време од златното доба на Хидра, кога личности како Аристотел Оназис и Џеки Кенеди, Ставрос Нијарохос и Тина Онасис Нијархос, како и боемски уметници како Леонард Коен, летуваа во мали традиционални куќи на островот. Овој мал луксузен остров среде Егејското Море продолжува да шармира со својата архитектура и спокојство, пишува Travel.gr. До Хидра е лесно да се стигне од атинското пристаниште Пиреја, а штом ќе стигнете на овој остров, освен прекрасните плажи, не пропуштајте да ги посетите и црквата Свети Нектариј Ејински, вилата на Лазар Кунтуриотис и црквата Ипананти. Исто така, не пропуштајте ја аптеката Рафалија, една од најстарите во Грција, како и квартот Киафа, каде времето речиси застанува. Љубителите на музиката сигурно ќе ја искористат можноста да ја посетат куќата на славниот Леонард Коен, која музичарот ја купил во 1960 година за само 1.500 долари.  

Спецес

 
View this post on Instagram
 

A post shared by Spetses Island (@spetsesisland)

Уште еден остров во Егејското Море на кој особено му се восхитуваат локалните и меѓународните патници, а кој е популарен во текот на целата година. Легендарните ресторани на најпривилегираните локации, славните личности, прекрасната архитектура и идилични улички кои нудат целосен мир далеку од сообраќајот и вревата на Атина го прават совршениот амбиент за последно бегство пред да дојде есента.  

Кеа

 
View this post on Instagram
 

A post shared by Maria Gan (@maria__gan)

Кеа се наоѓа на само 45 минути со брод од Атина и покрај тоа што е откриена од туристи од целиот свет во последните години, успева да го зачува својот автентичен грчки шарм. Туристите кои сакаат мир доаѓаат на овој кикладски остров најблиску до грчкото копно, а со оглед на тоа што за сите нас е најважно плажите што ги посетуваме да се убави, чисти и песочни, на овој остров ќе најдете спас на една од следните плажи: Кампи, Писис, Фреа и Кундурос.

Сирос

 
View this post on Instagram
 

A post shared by Syros Island (@syrosislandgr)

На само два и пол часа од Атина се наоѓа Сирос, кој има сосема поинаков изглед од останатите острови во Егејското Море. Наместо класични сино-бели куќи, главниот град Ермуполи има неверојатен неокласичен стил. Зградите повеќе личат на италијанската Венеција отколку на Миконос.

Скопелос

Скопелос е најбујниот остров во Грција, бидејќи над 67 проценти од неговата копнена маса е покриена со недопрена борова шума, која се протега и создава прекрасен контраст со околните кристално чисти води на Споради. Ако го сакате морето, одете на прекрасните плажи на островот, вклучувајќи ги Стафилос, Веланио, Панормос, Милија, Линаракија, Кастани и Ховоло. Ако сакате да ја истражите дивата природа на островот, одете по патеките во Делфи и Палука, две од импозантните планини на Скопелос.  

The post Пет грчки острови идеални за одмор во септември appeared first on Република.

]]>
Два дена во септември на кои мора да внимава секој знак https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/dva-dena-vo-septemvri-na-koi-mora-da-vnimava-sekoj-znak/ Wed, 31 Aug 2022 19:37:37 +0000 https://republika.mk/?p=546215

Позицијата на планетите во текот на септември ќе биде генерално поволна, па така хороскопските знаци нема да имаат големи тешкотии. Но, астролозите предупредуваат да внимаваме на овие два датуми.

10 септември – започнува ретроградното движење на Меркур

Сè додека Меркур се движи во спротивната насока, зголемен е ризикот од неволји на полето на кариерата, бизнисот и финансиите. Тоа ќе трае до 2 октомври, но треба посебно внимание да обратиме на денот кога ќе започне, 10 септември. Тогаш, најважно е да не се впуштате во никаков финансиски ризик бидејќи сигурно ќе загубите. Меѓу другото, со оглед на тоа дека Меркур е планета на комуникацијата, во следниот период се очекуваат недоразбирања и невистини. Верувајте им само на проверените факти. Астролозите исто така ви препорачуваат да не тргнувате на пат на 10 септември.

На овој ден нè очекува и друг негативен настан – полна Месечина во знакот Риби. Станува збор за неповолна ситуација која може да доведе до внатрешна нерамнотежа. Со други зборови, на тој ден ќе ви биде тешко да им се посветите на работните обврски и да постигнете каков било договор.

26 септември – Меркур во конјункција со Венера

Кога овие две планети ќе се спојат, т.е. ќе се најдат на иста страна со Земјата, можат да предизвикаат големи неволји во сите аспекти од животот. Така, на тој ден многумина ќе ја изгубат желбата и волјата за работа и напредок. Освен тоа, големи се шансите за развој на апатија и депресија.

The post Два дена во септември на кои мора да внимава секој знак appeared first on Република.

]]>

Позицијата на планетите во текот на септември ќе биде генерално поволна, па така хороскопските знаци нема да имаат големи тешкотии. Но, астролозите предупредуваат да внимаваме на овие два датуми.

10 септември – започнува ретроградното движење на Меркур

Сè додека Меркур се движи во спротивната насока, зголемен е ризикот од неволји на полето на кариерата, бизнисот и финансиите. Тоа ќе трае до 2 октомври, но треба посебно внимание да обратиме на денот кога ќе започне, 10 септември. Тогаш, најважно е да не се впуштате во никаков финансиски ризик бидејќи сигурно ќе загубите. Меѓу другото, со оглед на тоа дека Меркур е планета на комуникацијата, во следниот период се очекуваат недоразбирања и невистини. Верувајте им само на проверените факти. Астролозите исто така ви препорачуваат да не тргнувате на пат на 10 септември. На овој ден нè очекува и друг негативен настан – полна Месечина во знакот Риби. Станува збор за неповолна ситуација која може да доведе до внатрешна нерамнотежа. Со други зборови, на тој ден ќе ви биде тешко да им се посветите на работните обврски и да постигнете каков било договор.

26 септември – Меркур во конјункција со Венера

Кога овие две планети ќе се спојат, т.е. ќе се најдат на иста страна со Земјата, можат да предизвикаат големи неволји во сите аспекти од животот. Така, на тој ден многумина ќе ја изгубат желбата и волјата за работа и напредок. Освен тоа, големи се шансите за развој на апатија и депресија.

The post Два дена во септември на кои мора да внимава секој знак appeared first on Република.

]]>
Најпознатиот руски астролог Павел Глоба тврди дека овие 3 хороскопски знаци ги чекаат неверојатни промени во септември https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/najpoznatiot-ruski-astrolog-pavel-globa-tvrdi-deka-ovie-3-horoskopski-znaci-gi-chekaat-neverojatni-promeni-vo-septemvri/ Wed, 31 Aug 2022 12:52:51 +0000 https://republika.mk/?p=546103

Еден од најпознатите руски астролози Павел Глоба, открил на кои хороскопски знаци во септември ќе им се насмевне среќата, успехот и ќе „процветаат“ во сите сегменти од животот.

Поради тоа што неговите прогнози важат за исклучително прецизни, погледнете дали баш вие сте привилегирани припадници на хороскопот.

Глоба тврди дека овие три хороскопски знаци ќе доживеат промени во септември 2022 година и тоа не било какви туку оние најпозитивните.

Стрелец

Месецот Стрелците ќе ги решат недефинираните односи, а статусот на врска ќе го формализираат токму тие. Затоа мора да бидете многу внимателни и сигурни и дека партнерот ви одговара во сè. Во септември ќе можете да ги реализирате желбите за кои долго размислувате. Многубројни можности ви се на располагање. Поголем дел од работите ќе се одвиваат лесно и спонтано. Само важно е да ги преземете работите во ваши раце.

Шкорпија

Веќе во првата половина од месецов пристигнуваат среќни околности за вас, а убавата енергија овој хороскопски знак ќе го следи и во продолжение. На професионален план очекувајте сериозни промени. Може да се сретнете и со падови, како последица на непромислени и брзи потези, затоа сега најважно е овој хороскопски знак да го слуша разумот, не емоциите и срцето.

Јарец

Рускиот астролог Глоба особено ги истакнал Јарците, дека токму тие ќе имаат можеби и најголем успех во септември 2022 година. Тој нагласува дека успехот доаѓа кај оние кои се упорни, одговорни и посветено работат. Ги очекува напредување во кариерата, како и зголемување на финансиите. Исто така и на приватен план ќе можат да остварат сè што ќе посакаат.

 

The post Најпознатиот руски астролог Павел Глоба тврди дека овие 3 хороскопски знаци ги чекаат неверојатни промени во септември appeared first on Република.

]]>

Еден од најпознатите руски астролози Павел Глоба, открил на кои хороскопски знаци во септември ќе им се насмевне среќата, успехот и ќе „процветаат“ во сите сегменти од животот. Поради тоа што неговите прогнози важат за исклучително прецизни, погледнете дали баш вие сте привилегирани припадници на хороскопот. Глоба тврди дека овие три хороскопски знаци ќе доживеат промени во септември 2022 година и тоа не било какви туку оние најпозитивните. Стрелец Месецот Стрелците ќе ги решат недефинираните односи, а статусот на врска ќе го формализираат токму тие. Затоа мора да бидете многу внимателни и сигурни и дека партнерот ви одговара во сè. Во септември ќе можете да ги реализирате желбите за кои долго размислувате. Многубројни можности ви се на располагање. Поголем дел од работите ќе се одвиваат лесно и спонтано. Само важно е да ги преземете работите во ваши раце. Шкорпија Веќе во првата половина од месецов пристигнуваат среќни околности за вас, а убавата енергија овој хороскопски знак ќе го следи и во продолжение. На професионален план очекувајте сериозни промени. Може да се сретнете и со падови, како последица на непромислени и брзи потези, затоа сега најважно е овој хороскопски знак да го слуша разумот, не емоциите и срцето. Јарец Рускиот астролог Глоба особено ги истакнал Јарците, дека токму тие ќе имаат можеби и најголем успех во септември 2022 година. Тој нагласува дека успехот доаѓа кај оние кои се упорни, одговорни и посветено работат. Ги очекува напредување во кариерата, како и зголемување на финансиите. Исто така и на приватен план ќе можат да остварат сè што ќе посакаат.  

The post Најпознатиот руски астролог Павел Глоба тврди дека овие 3 хороскопски знаци ги чекаат неверојатни промени во септември appeared first on Република.

]]>
Од крем на попуст до плажи без пискави деца – зошто да одберете одмор во септември? https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/od-krem-na-popust-do-plazi-bez-piskavi-deca-zoshto-da-odberete-odmor-vo-septemvri/ Fri, 12 Aug 2022 18:16:39 +0000 https://republika.mk/?p=539397

За многумина, септември го означува крајот на сезоната за патување, но за некои, тој нуди одлична можност да се спакуваат и да заминат на одмор.

Еве зошто е одлично да одите на одмор во септември:

1. Поголема заштеда

Бидејќи е сезона за одење во училиште, многумина не го избираат септември како месец за патување. Токму поради тоа, цените на трошоците за превоз и сместување може значително да опаднат. Дополнително е тоа што во овој месец неретко можете да сретнете и одредени попусти. Доколку и вие сте од оние коишто завршиле со училишните и факултетски обврски, септември е одличен месец да ја пронајдете вашата дестинација за одмор.

2. Избегнување гужви

Ова е дополнителен поттик за патување во септември, особено за оние коишто сакаат да ги избегнат гужвите и сообраќајниот метеж. На некои луѓе ова им пречи и им ја исцрпува енергијата, но овој месец е период којшто нуди посмирени посети на омилените дестинации.

3. Пониски цени за сместување

Луксузните дестинации честопати ги рекламираат своите најголеми попусти на крајот на летото и за време на раната есен. Во септември можете да пронајдете големи попусти дури и на местата каде што отсекогаш сте посакувале да одите. Искористете го овој период и пружете си себеси и на вашите најмили одмор од соништата.

4. Времето е пријатно

Иако септември веќе ја најавува есента, времето може да биде навистина прекрасно. За сите оние коишто сакаат да ги избегнат летните горештини и сакаат да се опуштат во умерено и пријатно време, септември го нуди сето тоа.

5. Имате можност за вонсезонски активности

Додека пропуштате некои сезонски активности, секогаш постојат нови можности коишто ви ги нуди токму септември. Во зависност од вашата посакувана дестинација, ќе имате можност да искусите многу вонсезонски активности коишто ќе ви ги збогатат вашите спомени.

6. Поголеми попусти на потребните работи

Доколку отпатувате во септември, ќе имате можност да ги купите потребните работи, а притоа да заштедите. На пример, ќе можете да купите костум за капење по доста пониска цена, производите за сончање ќе ве чинат помалку, а исто така ќе заштедите и ќе имате средства да си дозволите да купите и други работи во коишто би уживале.

The post Од крем на попуст до плажи без пискави деца – зошто да одберете одмор во септември? appeared first on Република.

]]>

За многумина, септември го означува крајот на сезоната за патување, но за некои, тој нуди одлична можност да се спакуваат и да заминат на одмор. Еве зошто е одлично да одите на одмор во септември:

1. Поголема заштеда

Бидејќи е сезона за одење во училиште, многумина не го избираат септември како месец за патување. Токму поради тоа, цените на трошоците за превоз и сместување може значително да опаднат. Дополнително е тоа што во овој месец неретко можете да сретнете и одредени попусти. Доколку и вие сте од оние коишто завршиле со училишните и факултетски обврски, септември е одличен месец да ја пронајдете вашата дестинација за одмор.

2. Избегнување гужви

Ова е дополнителен поттик за патување во септември, особено за оние коишто сакаат да ги избегнат гужвите и сообраќајниот метеж. На некои луѓе ова им пречи и им ја исцрпува енергијата, но овој месец е период којшто нуди посмирени посети на омилените дестинации.

3. Пониски цени за сместување

Луксузните дестинации честопати ги рекламираат своите најголеми попусти на крајот на летото и за време на раната есен. Во септември можете да пронајдете големи попусти дури и на местата каде што отсекогаш сте посакувале да одите. Искористете го овој период и пружете си себеси и на вашите најмили одмор од соништата.

4. Времето е пријатно

Иако септември веќе ја најавува есента, времето може да биде навистина прекрасно. За сите оние коишто сакаат да ги избегнат летните горештини и сакаат да се опуштат во умерено и пријатно време, септември го нуди сето тоа.

5. Имате можност за вонсезонски активности

Додека пропуштате некои сезонски активности, секогаш постојат нови можности коишто ви ги нуди токму септември. Во зависност од вашата посакувана дестинација, ќе имате можност да искусите многу вонсезонски активности коишто ќе ви ги збогатат вашите спомени.

6. Поголеми попусти на потребните работи

Доколку отпатувате во септември, ќе имате можност да ги купите потребните работи, а притоа да заштедите. На пример, ќе можете да купите костум за капење по доста пониска цена, производите за сончање ќе ве чинат помалку, а исто така ќе заштедите и ќе имате средства да си дозволите да купите и други работи во коишто би уживале.

The post Од крем на попуст до плажи без пискави деца – зошто да одберете одмор во септември? appeared first on Република.

]]>
Шаќири: Од септември повисоки плати за 15 отсто на вработените во основно и средно образование https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakjiri-od-septemvri-povisoki-plati-za-15-otsto-na-vrabotenite-vo-osnovno-i-sredno-obrazovanie/ Tue, 07 Jun 2022 10:34:20 +0000 https://republika.mk/?p=512139

Повисоки плати за 15 отсто за вработените во основно и во средно образование ќе има од септември, како што е договорено со Самостојниот синдикат за образование и наука (СОНК). Тоа е предвидено во ребалансот на Буџетот, што треба да биде усвоен во Собранието, изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Со СОНК ја потпишавме спогодбата која произлезе од процесот на помирување. Очекуваме да помине ребалансот на Буџетот за да подготвиме информација во Владата, за да се потпише конечната спогодба за 15 отсто. Значи, преговорите имаат потпишана спогодба, договорени се сите работи со СОНК и го чекаме ребалансот. Очекувам да помине и сѐ да биде добро за од септември да има повисоки плати во основно и во средно образование, рече Шаќири одговарајќи на новинарско прашање на обуката за прва помош за ученици во рамки на кампањата на Црвен крст „Првата помош спасува живот“.

Конечниот договор за зголемување на платите за 15 отсто за вработените во образовните установи МОН и СОНК го постигнаа на 17 мај со посредство на помирувач и по 12 дена прекината настава поради генерален штрајк во училиштата од 11 до 28 април.

Претставниците на двете страни во спогодбата се согласија платите на вработените во основните и средните да бидат зголемени за 15 проценти, почнувајќи од септември годинава. МОН и СОНК ги усогласија и ставовите за потпишување нови колективни договори за основно и средно образование, како и нова методологија што ќе обезбеди постојан раст на платите во образованието.

The post Шаќири: Од септември повисоки плати за 15 отсто на вработените во основно и средно образование appeared first on Република.

]]>

Повисоки плати за 15 отсто за вработените во основно и во средно образование ќе има од септември, како што е договорено со Самостојниот синдикат за образование и наука (СОНК). Тоа е предвидено во ребалансот на Буџетот, што треба да биде усвоен во Собранието, изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
Со СОНК ја потпишавме спогодбата која произлезе од процесот на помирување. Очекуваме да помине ребалансот на Буџетот за да подготвиме информација во Владата, за да се потпише конечната спогодба за 15 отсто. Значи, преговорите имаат потпишана спогодба, договорени се сите работи со СОНК и го чекаме ребалансот. Очекувам да помине и сѐ да биде добро за од септември да има повисоки плати во основно и во средно образование, рече Шаќири одговарајќи на новинарско прашање на обуката за прва помош за ученици во рамки на кампањата на Црвен крст „Првата помош спасува живот“.
Конечниот договор за зголемување на платите за 15 отсто за вработените во образовните установи МОН и СОНК го постигнаа на 17 мај со посредство на помирувач и по 12 дена прекината настава поради генерален штрајк во училиштата од 11 до 28 април. Претставниците на двете страни во спогодбата се согласија платите на вработените во основните и средните да бидат зголемени за 15 проценти, почнувајќи од септември годинава. МОН и СОНК ги усогласија и ставовите за потпишување нови колективни договори за основно и средно образование, како и нова методологија што ќе обезбеди постојан раст на платите во образованието.

The post Шаќири: Од септември повисоки плати за 15 отсто на вработените во основно и средно образование appeared first on Република.

]]>
17. издание на „Астерфест“ под мотото „Светлините на Астерот“ од 5 до 9 август https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/17-izdanie-na-asterfest-pod-mototo-svetlinite-na-asterot-od-5-do-9-avgust/ Tue, 03 May 2022 08:43:54 +0000 https://republika.mk/?p=496661

Седумнасеттото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест" годинава ќе се одржи од 5 до 9 август во Амфитеатарот во Струмица со бројни филмски настани.

Како што соопштија од Фестивалот, во селектираната програма ќе се прикажат дваесетина нови и интересни филмски содржини од Европа, САД, Велика Британија, Австралија, како и од неколку балкански и македонски автори и продукции.

За отворањето е предвидена проекција на филмски блок составен од „Северен пол" на Марија Апчевска и уште шест ексклузивни кратки играни филмови. За затворањето, пак, на 9 август, како куриозитет на фестивалот, ќе има специјална премиера со проекцијата на документарецот „Трн" на авторите Никола Пијанманов и Столе Ангелов.

Мотото на овогодишниот фестивал е „Светлините на астерот", а манифестацијата е традиционално поддржана од Општина Струмица.

The post 17. издание на „Астерфест“ под мотото „Светлините на Астерот“ од 5 до 9 август appeared first on Република.

]]>

Седумнасеттото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест" годинава ќе се одржи од 5 до 9 август во Амфитеатарот во Струмица со бројни филмски настани.

Како што соопштија од Фестивалот, во селектираната програма ќе се прикажат дваесетина нови и интересни филмски содржини од Европа, САД, Велика Британија, Австралија, како и од неколку балкански и македонски автори и продукции. За отворањето е предвидена проекција на филмски блок составен од „Северен пол" на Марија Апчевска и уште шест ексклузивни кратки играни филмови. За затворањето, пак, на 9 август, како куриозитет на фестивалот, ќе има специјална премиера со проекцијата на документарецот „Трн" на авторите Никола Пијанманов и Столе Ангелов. Мотото на овогодишниот фестивал е „Светлините на астерот", а манифестацијата е традиционално поддржана од Општина Струмица.

The post 17. издание на „Астерфест“ под мотото „Светлините на Астерот“ од 5 до 9 август appeared first on Република.

]]>