СЕПА Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sepa/ За подобро да се разбереме Mon, 23 Sep 2024 08:41:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png СЕПА Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sepa/ 32 32 НБ: Со влезот во СЕПА, трошоците за граѓаните и компаниите при прекуграничните плаќања значително ќе се намалат https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nb-so-vlezot-vo-sepa-troshotsite-za-graganite-i-kompaniite-pri-prekugranichnite-plakana-znachitelno-ke-se-namalat/ Mon, 23 Sep 2024 08:41:50 +0000 https://republika.mk/?p=818888

Со приклучувањето кон Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА) прекуграничните плаќања ќе бидат многу побрзи, поедноставни и поевтини, значително ќе им се намалат трошоците на домашните банки, а тоа ќе значи и помали надоместоци за граѓаните и компаниите. Современите платни системи се клучни за јакнењето на економските врски, особено за микропретпријатијата и малите претпријатија за кои трошоците при прекуграничните трансакции ќе бидат помали за десетпати, а трансферот на средства ќе се извршува исто како меѓу земјите во ЕУ, истакнува Игор Величковски, директор на Дирекцијата за платни системи во Народната банка, во интервју за „Само прашај“ на Институтот за комуникациски студии.

Величковски истакна дека покрај заштедата на трошоците, влезот во СЕПА ќе ја поттикне и конкуренцијата помеѓу домашните банки во делот на понудата на платежните услуги, а граѓаните или компаниите коишто ќе сакаат да пренесат парични средства во земјите членки на СЕПА, ќе може да го направат тоа со користење кредитни трансфери или директни задолжувања.

За да може плаќачот успешно да го изврши плаќањето, ќе му достави на својот давател на платежни услуги број на својата платежна сметка, назив и број на платежната сметка на примачот, износот на плаќањето, како и причината за плаќањето. За повторливи плаќања, на пример кога плаќаме сметки за топлинска енергија, електрична енергија, за вода и сл., граѓаните може да го користат инструментот директно задолжување. Тоа му овозможува на давателот на услугата редовно да ги наплатува своите сметки коишто ги доставува до граѓаните и компаниите преку прибирање средства од нивната сметка независно дали плаќачот и примачот се наоѓаат во истата земја членка на СЕПА, или, пак во различна. За ова претходно плаќачот ѝ дал согласност на конкретната компанија давател на услугите - објаснува Величковски.

Тој додава дека со пристапот во СЕПА домашните банки ќе може да имаат директен пристап до странските банки во рамките на платните системи коишто ги обезбедуваат овие услуги во СЕПА, а не како досега само со банките со коишто имаат воспоставено кореспондентни аранжмани.

СЕПА брои 36 земји членки, меѓу кои 27 земји членки на Европската Унија, четирите земји членки на Европската асоцијација за слободна трговија (Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија) и Обединетото Кралство, како и неколку други држави (Андора, Монако, Сан Марино и Ватикан).

The post НБ: Со влезот во СЕПА, трошоците за граѓаните и компаниите при прекуграничните плаќања значително ќе се намалат appeared first on Република.

]]>

Со приклучувањето кон Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА) прекуграничните плаќања ќе бидат многу побрзи, поедноставни и поевтини, значително ќе им се намалат трошоците на домашните банки, а тоа ќе значи и помали надоместоци за граѓаните и компаниите. Современите платни системи се клучни за јакнењето на економските врски, особено за микропретпријатијата и малите претпријатија за кои трошоците при прекуграничните трансакции ќе бидат помали за десетпати, а трансферот на средства ќе се извршува исто како меѓу земјите во ЕУ, истакнува Игор Величковски, директор на Дирекцијата за платни системи во Народната банка, во интервју за „Само прашај“ на Институтот за комуникациски студии. Величковски истакна дека покрај заштедата на трошоците, влезот во СЕПА ќе ја поттикне и конкуренцијата помеѓу домашните банки во делот на понудата на платежните услуги, а граѓаните или компаниите коишто ќе сакаат да пренесат парични средства во земјите членки на СЕПА, ќе може да го направат тоа со користење кредитни трансфери или директни задолжувања.
За да може плаќачот успешно да го изврши плаќањето, ќе му достави на својот давател на платежни услуги број на својата платежна сметка, назив и број на платежната сметка на примачот, износот на плаќањето, како и причината за плаќањето. За повторливи плаќања, на пример кога плаќаме сметки за топлинска енергија, електрична енергија, за вода и сл., граѓаните може да го користат инструментот директно задолжување. Тоа му овозможува на давателот на услугата редовно да ги наплатува своите сметки коишто ги доставува до граѓаните и компаниите преку прибирање средства од нивната сметка независно дали плаќачот и примачот се наоѓаат во истата земја членка на СЕПА, или, пак во различна. За ова претходно плаќачот ѝ дал согласност на конкретната компанија давател на услугите - објаснува Величковски.
Тој додава дека со пристапот во СЕПА домашните банки ќе може да имаат директен пристап до странските банки во рамките на платните системи коишто ги обезбедуваат овие услуги во СЕПА, а не како досега само со банките со коишто имаат воспоставено кореспондентни аранжмани. СЕПА брои 36 земји членки, меѓу кои 27 земји членки на Европската Унија, четирите земји членки на Европската асоцијација за слободна трговија (Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија) и Обединетото Кралство, како и неколку други држави (Андора, Монако, Сан Марино и Ватикан).

The post НБ: Со влезот во СЕПА, трошоците за граѓаните и компаниите при прекуграничните плаќања значително ќе се намалат appeared first on Република.

]]>
СЕПА ќе донесе заштеда од 16 милиони евра годишно за иселениците и нивните семејства https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sepa-ke-donese-zashteda-od-16-milioni-evra-godishno-za-iselenitsite-i-nivnite-semejstva/ Fri, 20 Sep 2024 09:57:08 +0000 https://republika.mk/?p=818116

По пристапувањето во Единствената област за плаќање со евра (СЕПА), прекуграничните плаќања ќе се извршуваат во рок од еден ден, а доколку се користат системите за инстант плаќања − во рок од неколку секунди, додека во моментов тоа трае три дена, во просек и граѓаните од регионот на Западен Балкан имаат повисоки трошоци за шестпати, во просек, за прекуграничните плаќања од граѓаните во ЕУ. Ова беше посочено од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на работилницата „Европското законодавство за плаќања и СЕПА“. Таа изрази благодарност до високиот гостин, Масимилијано Паолучи, директорот на Светската банка во земјава и неговиот тим, кои посветено ги поддржуваат напорите на централната банка во трансформацијата на платежната инфраструктура, поставувајќи ги основите во финансиската сфера на патот кон ЕУ.

Економските врски на нашата земја со членките на СЕПА се силни и постојано растат. Над две третини од нашата надворешна трговија се врши со земјите од СЕПА, што е еквивалентно на 101% од нашиот БДП. Покрај тоа, 87% од нашите вкупни одливи и 77% од вкупните приливи се извршуваат во евра. Со пристапувањето кон СЕПА ќе ги поедноставиме и ќе ги намалиме трошоците за овие плаќања, обезбедувајќи значителни придобивки за нашата економија и зајакнување на нашите врски со Европа, нагласи гувернерката Ангеловска-Бежоска, при што порача дека напорите на централната банка резултираа со поднесено барање за пристапување во СЕПА, на 10 јули годинава.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна и дека „поевтиниот, побрз и поефикасен платен систем ќе придонесе за поголема конкурентност на нашиот корпоративен сектор и негова понатамошна интеграција во ЕУ, особено на микро-, малите и средните претпријатија, коишто се столбот на нашата економија и вработуваат околу 75% од сите вработени и создаваат околу 70% од додадената вредност“. Таа нагласи дека нашиот финансиски систем значително се трансформира и ги зајакнува своите капацитети за обезбедување подобра услуга за домаќинствата и компаниите, што се гледа преку постојаното зголемување на финансиското посредување коешто достигнува 89% од БДП.

На работилницата беше истакнато дека придобивките од модернизацијата на плаќањата ќе бидат особено значајни и во делот на дознаките, коишто пристигнуваат преку банкарските канали, како и намалувањето на сивата економија.

Со оглед на фактот што приливот од дознаки сочинува 3,1 отсто од БДП, намалувањето на трошоците од 3 отсто за трансакциите со дознаки ќе придонесе за годишна заштеда од 16 милиони евра за иселениците и нивните семејства. Студиите на Светската банка покажуваат дека со префрлување на 10 отсто од плаќањата извршени во готовина во дигитални плаќања може да се намали сивата економија за приближно 2 отсто, истакна Масимилијано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светската банка за земјава и за Косово.

Со приклучувањето на земјава кон СЕПА не само што ќе се намалат трошоците за трансакции во евра, туку ќе се обезбедат подобри услови за меѓународна соработка, трговија и инвестиции, преку подобрено управување со готовинскиот тек, зајакнат пристап до пазарите во ЕУ, како и подобри односи со деловните партнери, овозможено преку побрзо порамнување на плаќањата, оцени вицегувернерката Емилија Нацевска, обединувајќи ги заклучоците од дискусиите на работилницата „Европското законодавство за плаќања и СЕПА“, при што истакна дека целта на Народната банка е да ги трансформира идеите и стратегиите за коишто се разговара во конкретни акции за натамошна модернизација на платежните системи, усогласувајќи ги со стандардите на ЕУ и обезбедувајќи поинтегрирана иднина за нашата економија.

Работилницата којашто се организира на иницијатива на Народната банка и Светската банка во рамките на проектот за модернизација на плаќањата на Западен Балкан, беше поддржана и од Европската комисија, како и Регионалниот совет за соработка, Секретаријатот на ЦЕФТА, Европската централна банка и од Европскиот совет за плаќања.

The post СЕПА ќе донесе заштеда од 16 милиони евра годишно за иселениците и нивните семејства appeared first on Република.

]]>

По пристапувањето во Единствената област за плаќање со евра (СЕПА), прекуграничните плаќања ќе се извршуваат во рок од еден ден, а доколку се користат системите за инстант плаќања − во рок од неколку секунди, додека во моментов тоа трае три дена, во просек и граѓаните од регионот на Западен Балкан имаат повисоки трошоци за шестпати, во просек, за прекуграничните плаќања од граѓаните во ЕУ. Ова беше посочено од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на работилницата „Европското законодавство за плаќања и СЕПА“. Таа изрази благодарност до високиот гостин, Масимилијано Паолучи, директорот на Светската банка во земјава и неговиот тим, кои посветено ги поддржуваат напорите на централната банка во трансформацијата на платежната инфраструктура, поставувајќи ги основите во финансиската сфера на патот кон ЕУ. Економските врски на нашата земја со членките на СЕПА се силни и постојано растат. Над две третини од нашата надворешна трговија се врши со земјите од СЕПА, што е еквивалентно на 101% од нашиот БДП. Покрај тоа, 87% од нашите вкупни одливи и 77% од вкупните приливи се извршуваат во евра. Со пристапувањето кон СЕПА ќе ги поедноставиме и ќе ги намалиме трошоците за овие плаќања, обезбедувајќи значителни придобивки за нашата економија и зајакнување на нашите врски со Европа, нагласи гувернерката Ангеловска-Бежоска, при што порача дека напорите на централната банка резултираа со поднесено барање за пристапување во СЕПА, на 10 јули годинава. Гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна и дека „поевтиниот, побрз и поефикасен платен систем ќе придонесе за поголема конкурентност на нашиот корпоративен сектор и негова понатамошна интеграција во ЕУ, особено на микро-, малите и средните претпријатија, коишто се столбот на нашата економија и вработуваат околу 75% од сите вработени и создаваат околу 70% од додадената вредност“. Таа нагласи дека нашиот финансиски систем значително се трансформира и ги зајакнува своите капацитети за обезбедување подобра услуга за домаќинствата и компаниите, што се гледа преку постојаното зголемување на финансиското посредување коешто достигнува 89% од БДП. На работилницата беше истакнато дека придобивките од модернизацијата на плаќањата ќе бидат особено значајни и во делот на дознаките, коишто пристигнуваат преку банкарските канали, како и намалувањето на сивата економија. Со оглед на фактот што приливот од дознаки сочинува 3,1 отсто од БДП, намалувањето на трошоците од 3 отсто за трансакциите со дознаки ќе придонесе за годишна заштеда од 16 милиони евра за иселениците и нивните семејства. Студиите на Светската банка покажуваат дека со префрлување на 10 отсто од плаќањата извршени во готовина во дигитални плаќања може да се намали сивата економија за приближно 2 отсто, истакна Масимилијано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светската банка за земјава и за Косово. Со приклучувањето на земјава кон СЕПА не само што ќе се намалат трошоците за трансакции во евра, туку ќе се обезбедат подобри услови за меѓународна соработка, трговија и инвестиции, преку подобрено управување со готовинскиот тек, зајакнат пристап до пазарите во ЕУ, како и подобри односи со деловните партнери, овозможено преку побрзо порамнување на плаќањата, оцени вицегувернерката Емилија Нацевска, обединувајќи ги заклучоците од дискусиите на работилницата „Европското законодавство за плаќања и СЕПА“, при што истакна дека целта на Народната банка е да ги трансформира идеите и стратегиите за коишто се разговара во конкретни акции за натамошна модернизација на платежните системи, усогласувајќи ги со стандардите на ЕУ и обезбедувајќи поинтегрирана иднина за нашата економија. Работилницата којашто се организира на иницијатива на Народната банка и Светската банка во рамките на проектот за модернизација на плаќањата на Западен Балкан, беше поддржана и од Европската комисија, како и Регионалниот совет за соработка, Секретаријатот на ЦЕФТА, Европската централна банка и од Европскиот совет за плаќања.

The post СЕПА ќе донесе заштеда од 16 милиони евра годишно за иселениците и нивните семејства appeared first on Република.

]]>