сензори за мерење шеќер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/senzori-za-merene-sheker/ За подобро да се разбереме Sun, 26 May 2024 18:41:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сензори за мерење шеќер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/senzori-za-merene-sheker/ 32 32 Сензорите за мерење шеќер кај децата со дијабетес тип 1, наместо 14 дена, траат по 3 дена и се неквалитетни https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/senzorite-za-merene-sheker-kaj-detsata-so-dijabetes-tip-1-namesto-14-dena-traat-po-3-dena-i-se-nekvalitetni/ Sun, 26 May 2024 18:41:20 +0000 https://republika.mk/?p=781874

Сензорите за мерење шеќер кај децата со дијабетес тип 1, наместо по 14 дена, траат по 3 до 4 дена и се неквалитетни, изјави денеска таткото на 11 годишната Јана Костадинова. Неа пред една година случајно и била откриена дијагнозата. Јана беше меѓу првите деца на кои им беше поставен сензор, за да се олесни мерењето на гликемија. Но, нејзиниот татко е дециден, сензорите не траат доволно долго и тој е изложен на дополнителни трошоци бидејќи купува нов секој месец и тоа го чини 100 евра од сопствен џеб. Сензорите инаку беа набавени додека министер за здравство беше Фатмир Меџити со ветување дека на ваков начин, наместо со класично боцкање, шеќерот кај децата ќе може да се следи со сензорот, пренесува Слободен печат.

Сензорите треба да траат 14 дена, а нам ни траат три до четири дена. Трансмитерот откажува и после тоа сме во прашалници и си купуваме на приватно. Тоа месечно не чини уште 100 дополнителни евра. Трансмитерите не траат повеќе од три до четири дена. Значи, ни даваат 12 сензори за 6 месеци, а еден сензор трае три четири дена, изјави Костадин Костадинов, татко на Јана.

Сојузот на здруженија на дијабетичари бара референтна цена за терапијата и за сите медицински помагала. Тоа со едноставни зборови значи, дека тие бараат државата наместо на тендер да обезбедува глукомери, игли и сензори, на секој дијабетичар да му дава одредена сума во вид на ваучер, па пациентите самите да си одлучат што ќе купат во износ од таа цена во комерцијалните аптеки.

Следната година очекуваме да нема тендери, туку да се промени моделот и да се вклучи моделот со отворен пазар и референтна цена. Граѓаните и младите треба да бидат здрави и да можат нормално да живеат. Бараме сите пациенти со тип 1 дијабетес да добијат сензори, а тие со тип 2 дијабетес да добијат нова терапија. Ние на позитивната листа добиваме само два лека, а другите седма година си ги купуваме на приватно. Ако се смени позитивната листа, би требало да добиеме нови 7 лекови, изјави претседателот на Сојузот Диме Велев.

Во Македонија има повеќе од 100 илјади пациенти со дијабетес од кои 650 се деца.

The post Сензорите за мерење шеќер кај децата со дијабетес тип 1, наместо 14 дена, траат по 3 дена и се неквалитетни appeared first on Република.

]]>