Сенко Велинов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/senko-velinov/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Nov 2024 08:02:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сенко Велинов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/senko-velinov/ 32 32 Премиера на „12“ на Синиша Евтимов вечерва во МНТ со врвна машка актерска екипа https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-12-na-sinisha-evtimov-vecherva-vo-mnt-so-vrvna-mashka-akterska-ekipa/ Wed, 20 Nov 2024 08:02:51 +0000 https://republika.mk/?p=839773

На големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) вечерва во 20 часот е закажана долго најавуваната премиера на „12“, претстава работена во режија и адаптација на Синиша Евтимов.

Претставата е распродадена до февруари, а е работена по мотивите (12 Angry Men) од Реџиналд Роуз и е посветена на Мирко Попов, соработник на МНТ и еден од основачите на ПМГ Колектив, чија музика е употребена во претставата.

Во претставата играат 12 актери од повеќе генерации: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Сенко Велинов, Оливер Митковски, Владо Јовановски, Сашко Коцев, како и Тања Ивановска (Судија).

Приказната ја следи поротата од 12 луѓе додека размислуваат дали да осудат или да ослободат 18-годишен обвинет врз основа на разумно сомневање, принудувајќи ги поротниците да ги испитаат сопствените морални вредности.

Одбраната и обвинителството ја завршиле својата работа, а поротата е испратена во посебна просторија за да одлучи дали младиот човек е одговорен за убиството на сопствениот татко. Она што изгледа како лесна одлука, наскоро станува бура од емоции во која на виделина излегуваат сите мани и предрасуди на поротниците. Единствениот кој се противи на смртната казна и се сомнева во доказите што ги изнесува обвинителството е поротникот број 8.

Асистент на режисерот е Борјан Стојков, костимограф е Александар Ношпал, сценограф и дизајнер на светлото – Мартин Манев. Претставата е наменета за возрасна категорија 16+.

Евтимов е театарски режисер чии претстави се едни од најгледаните на домашната сцена. Во моментов во МНТ се уште се играат неговите „Мој термин“ (2019) и „Не се клади на Енглези“ (2014), а негови се уште и „Сомнително лица“ и „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, кои исто така се играа во националниот театар. Работи и во Театар Комедија („Илуминати“, „Ало, ало“, „Стјуардеси“, „Вардарски пастуви“, „Чао пријатно“, „Жена ми се вика Борис“), а соработува и во струмичкиот театар „Антон Панов“ каде што ја постави „Стилист“, во велешкиот „Четири соби“, во Турскиот „Кројач за дами“...

Мирко Попов беше негов соработник во ПМГ колектив, кој почина на 51-годишна возраст на 24 март годинава. Тој беше еден од пионерите на електронската сцена во Македонија.

 

The post Премиера на „12“ на Синиша Евтимов вечерва во МНТ со врвна машка актерска екипа appeared first on Република.

]]>

На големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) вечерва во 20 часот е закажана долго најавуваната премиера на „12“, претстава работена во режија и адаптација на Синиша Евтимов. Претставата е распродадена до февруари, а е работена по мотивите (12 Angry Men) од Реџиналд Роуз и е посветена на Мирко Попов, соработник на МНТ и еден од основачите на ПМГ Колектив, чија музика е употребена во претставата. Во претставата играат 12 актери од повеќе генерации: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Сенко Велинов, Оливер Митковски, Владо Јовановски, Сашко Коцев, како и Тања Ивановска (Судија). Приказната ја следи поротата од 12 луѓе додека размислуваат дали да осудат или да ослободат 18-годишен обвинет врз основа на разумно сомневање, принудувајќи ги поротниците да ги испитаат сопствените морални вредности. Одбраната и обвинителството ја завршиле својата работа, а поротата е испратена во посебна просторија за да одлучи дали младиот човек е одговорен за убиството на сопствениот татко. Она што изгледа како лесна одлука, наскоро станува бура од емоции во која на виделина излегуваат сите мани и предрасуди на поротниците. Единствениот кој се противи на смртната казна и се сомнева во доказите што ги изнесува обвинителството е поротникот број 8. Асистент на режисерот е Борјан Стојков, костимограф е Александар Ношпал, сценограф и дизајнер на светлото – Мартин Манев. Претставата е наменета за возрасна категорија 16+. Евтимов е театарски режисер чии претстави се едни од најгледаните на домашната сцена. Во моментов во МНТ се уште се играат неговите „Мој термин“ (2019) и „Не се клади на Енглези“ (2014), а негови се уште и „Сомнително лица“ и „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, кои исто така се играа во националниот театар. Работи и во Театар Комедија („Илуминати“, „Ало, ало“, „Стјуардеси“, „Вардарски пастуви“, „Чао пријатно“, „Жена ми се вика Борис“), а соработува и во струмичкиот театар „Антон Панов“ каде што ја постави „Стилист“, во велешкиот „Четири соби“, во Турскиот „Кројач за дами“... Мирко Попов беше негов соработник во ПМГ колектив, кој почина на 51-годишна возраст на 24 март годинава. Тој беше еден од пионерите на електронската сцена во Македонија.  

The post Премиера на „12“ на Синиша Евтимов вечерва во МНТ со врвна машка актерска екипа appeared first on Република.

]]>