Сенки и облаци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/senki-i-oblaci/ За подобро да се разбереме Fri, 12 May 2023 07:28:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сенки и облаци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/senki-i-oblaci/ 32 32 Изведба на претставата „Малиот принц“ во „Сенки и облаци“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izvedba-na-pretstavata-maliot-prints-vo-senki-i-oblatsi/ Fri, 12 May 2023 07:28:28 +0000 https://republika.mk/?p=639970

Театарот „Сенки и облаци“ за утре (12 мај) најавува две изведби на една од нивните најпретпознатливи претстави – „Малиот принц“.

Првата изведба е од 19 часот, а потоа има уште една од 20 часот.

„Колку ли планети постојат околу нас? На кои од нив стапнал Малиот Принц? Кого ли уште не сретнал и што ли уште сака да види? Очите се слепи, треба да се бара со срцето…“, стои во најавата за изложбата.

Претставата е на македонски јазик, трае 40 минути и е наменета за + 6 годишна возраст.

 

The post Изведба на претставата „Малиот принц“ во „Сенки и облаци“ appeared first on Република.

]]>

Театарот „Сенки и облаци“ за утре (12 мај) најавува две изведби на една од нивните најпретпознатливи претстави – „Малиот принц“. Првата изведба е од 19 часот, а потоа има уште една од 20 часот. „Колку ли планети постојат околу нас? На кои од нив стапнал Малиот Принц? Кого ли уште не сретнал и што ли уште сака да види? Очите се слепи, треба да се бара со срцето…“, стои во најавата за изложбата. Претставата е на македонски јазик, трае 40 минути и е наменета за + 6 годишна возраст.  

The post Изведба на претставата „Малиот принц“ во „Сенки и облаци“ appeared first on Република.

]]>
Работилница за екологија, српската претстава „Заборавените принцези“ и ликвид перформансот „Флудо“ вечерва на Фестивалот „Сонот на облачето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/rabotilnica-za-ekologija-srpskata-pretstava-zaboravenite-princezi-i-likvid-performansot-fludo-vecherva-na-festivalot-sonot-na-oblacheto/ Tue, 07 Jun 2022 07:33:50 +0000 https://republika.mk/?p=511990

Работилница зе екологија, српската претстава „Заборавените принцези“ и ликвид перформансот „Флудо” на Театарот на сенки и облаци се вечерва на програмата на 9. издание на Детскиот фестивал на театар на сенки кој се одржува во Младинскиот културен центар (МКЦ).

Работилницата „Заробени реки“ под водство на Доротеј Нешовски ќе се реализира вечерва во 18 часот во МКЦ. Преку мозаична игра со фолија во боја, со помош на светло и сенки децата ќе раскажат една поинаква приказна за зачувувањето на животната средина, со фокус на водата и реките. Учеството е бесплатно а бројот на деца е ограничен. Задолжително пријавување во порака на „Сонот на Облачето” страната на Фејсбук.

Од 19,30 часот по втор пат во Скопје гостува театарот Le Studio од Србија, овој пат со нивната најнова претстава „Заборавените принцези”. Во оваа интерактивна визуелна вртелешка од претстава се скриени сите приказни за непознатите, одамна заборавени принцези, а некои од нив дури и самите заборавиле дека постојат. Сепак, тие заслужуваат повторно да бидат откриени, а можеби публиката ќе се пронајде во некоја од нив.

Денот ќе биде заокружен со изведбата на театарот „Сенки и облаци“ на ликвид перформансот „Флудо” на плато МКЦ во 20:15 часот. Мултимедијален перформанс за Флудо, духот на водата, кој со своите пријатели од подводниот свет ќе биде заробен од човечка рака со изградбата на една хидроцентрала. Приказна раскажана преку интересна техника со многу вода, боја и масло на платно и текст на Д. А. Лори.

The post Работилница за екологија, српската претстава „Заборавените принцези“ и ликвид перформансот „Флудо“ вечерва на Фестивалот „Сонот на облачето“ appeared first on Република.

]]>

Работилница зе екологија, српската претстава „Заборавените принцези“ и ликвид перформансот „Флудо” на Театарот на сенки и облаци се вечерва на програмата на 9. издание на Детскиот фестивал на театар на сенки кој се одржува во Младинскиот културен центар (МКЦ). Работилницата „Заробени реки“ под водство на Доротеј Нешовски ќе се реализира вечерва во 18 часот во МКЦ. Преку мозаична игра со фолија во боја, со помош на светло и сенки децата ќе раскажат една поинаква приказна за зачувувањето на животната средина, со фокус на водата и реките. Учеството е бесплатно а бројот на деца е ограничен. Задолжително пријавување во порака на „Сонот на Облачето” страната на Фејсбук. Од 19,30 часот по втор пат во Скопје гостува театарот Le Studio од Србија, овој пат со нивната најнова претстава „Заборавените принцези”. Во оваа интерактивна визуелна вртелешка од претстава се скриени сите приказни за непознатите, одамна заборавени принцези, а некои од нив дури и самите заборавиле дека постојат. Сепак, тие заслужуваат повторно да бидат откриени, а можеби публиката ќе се пронајде во некоја од нив. Денот ќе биде заокружен со изведбата на театарот „Сенки и облаци“ на ликвид перформансот „Флудо” на плато МКЦ во 20:15 часот. Мултимедијален перформанс за Флудо, духот на водата, кој со своите пријатели од подводниот свет ќе биде заробен од човечка рака со изградбата на една хидроцентрала. Приказна раскажана преку интересна техника со многу вода, боја и масло на платно и текст на Д. А. Лори.

The post Работилница за екологија, српската претстава „Заборавените принцези“ и ликвид перформансот „Флудо“ вечерва на Фестивалот „Сонот на облачето“ appeared first on Република.

]]>
„Сонот на облачето“ од денеска до 8 јуни во МКЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sonot-na-oblacheto-od-deneska-do-8-juni-vo-mkc/ Mon, 06 Jun 2022 07:23:26 +0000 https://republika.mk/?p=511590

Од денеска до 8 јуни во просториите на МКЦ во Скопје ќе се одржи 9-то издание на интернационалниот детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“.

Фестивалот ќе биде отворен со промоцијата на креативниот сет „Театарче за игра со сенки”, а веднаш потоа на сцената Фросина ќе се претстави театарот од Италија Unterwasser со претставата „Лавиринт”. Уникатна мултимедијална претстава без текст и со рачно изработени 3D скулптури чии сенки се проектирани на големото платно. Публиката ги гледа актерките на сцената како ја содаваат илузијата на гледање филм во живо, користејќи го изворот на светлина како камера.

„Лавиринт” е приказна за погледот на светот низ очите на една жена, а сцени од нејзиниот живот се појавуваат како лирски фрагменти – визуелни поеми кои фрлаат светло на разни нејзини чувства и спомени. Инспирирани од опусот на Марианџела Гуалтиери, Емили Дикинсон, Ети Хилесум, Вислава Шимборска и Лори Андерсон.

Во продолжение на фестивалското издание, на 7 јуни најпрво ќе се одржи работилницата „Заробени реки” под водство на Доротеј Нешовски, каде преку мозаична игра со фолија во боја, со помош на светло и сенки децата ќе раскажат една поинаква приказна за зачувувањето на животната средина, со фокус на водата и реките. Веднаш потоа, по втор пат во Скопје гостува театарот Le Studio од Србија, овој пат со нивната најнова претстава „Заборавените принцези”.

Денот ќе биде заокружен со изведбата на ликвид перформансот „Флудо” на плато МКЦ од страна на Театар „Сенки и облаци”. Мултимедијален перформанс за Флудо, духот на водата, кој со своите пријатели од подводниот свет ќе биде заробен од човечка рака со изградбата на една хидроцентрала. Приказна раскажана преку интересна техника со многу вода, боја и масло на платно и текст на Д. А. Лори.

Последната фестивалска вечер, на 8 јуни, ќе почне со работилницата на Караѓоз мајсторот Џемал Фатих Полат од Турција, каде децата ќе имаат можност да ги применат традиционалните техники за изработка на Караѓоз кукли за сенки стари над 650 години. Фестивалската вечер ќе биде заокружена со премиерната изведба на претставата „Колку е часот“ од страна на организаторот на фестивалот Театар „Сенки и облаци”.

Како единствен фестивал од овој тип во поширокиот регион, „Сонот на облачето” успешно придонесува кон интернационална и локална афирмација на театарот на сенки, а воедно е и една од ретките манифестации кај нас што во континуитет прикажува претстави од странска продукција пред детската македонска публика, посочуваат во соопштението од фестивалот.

Организатор на фестивалот е Театар „Сенки и облаци“, со поддршка од Министерството за култура, Градот Скопје, МКЦ, Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, Амбасадата на Италија во Скопје, Српскиот културно информативен ценатр СПОНА и Институтот „Јунус Емре“ во Скопје.

Учеството на работилниците е бесплатно со задолжително претходно пријавување.

The post „Сонот на облачето“ од денеска до 8 јуни во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Од денеска до 8 јуни во просториите на МКЦ во Скопје ќе се одржи 9-то издание на интернационалниот детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“. Фестивалот ќе биде отворен со промоцијата на креативниот сет „Театарче за игра со сенки”, а веднаш потоа на сцената Фросина ќе се претстави театарот од Италија Unterwasser со претставата „Лавиринт”. Уникатна мултимедијална претстава без текст и со рачно изработени 3D скулптури чии сенки се проектирани на големото платно. Публиката ги гледа актерките на сцената како ја содаваат илузијата на гледање филм во живо, користејќи го изворот на светлина како камера. „Лавиринт” е приказна за погледот на светот низ очите на една жена, а сцени од нејзиниот живот се појавуваат како лирски фрагменти – визуелни поеми кои фрлаат светло на разни нејзини чувства и спомени. Инспирирани од опусот на Марианџела Гуалтиери, Емили Дикинсон, Ети Хилесум, Вислава Шимборска и Лори Андерсон. Во продолжение на фестивалското издание, на 7 јуни најпрво ќе се одржи работилницата „Заробени реки” под водство на Доротеј Нешовски, каде преку мозаична игра со фолија во боја, со помош на светло и сенки децата ќе раскажат една поинаква приказна за зачувувањето на животната средина, со фокус на водата и реките. Веднаш потоа, по втор пат во Скопје гостува театарот Le Studio од Србија, овој пат со нивната најнова претстава „Заборавените принцези”. Денот ќе биде заокружен со изведбата на ликвид перформансот „Флудо” на плато МКЦ од страна на Театар „Сенки и облаци”. Мултимедијален перформанс за Флудо, духот на водата, кој со своите пријатели од подводниот свет ќе биде заробен од човечка рака со изградбата на една хидроцентрала. Приказна раскажана преку интересна техника со многу вода, боја и масло на платно и текст на Д. А. Лори. Последната фестивалска вечер, на 8 јуни, ќе почне со работилницата на Караѓоз мајсторот Џемал Фатих Полат од Турција, каде децата ќе имаат можност да ги применат традиционалните техники за изработка на Караѓоз кукли за сенки стари над 650 години. Фестивалската вечер ќе биде заокружена со премиерната изведба на претставата „Колку е часот“ од страна на организаторот на фестивалот Театар „Сенки и облаци”.
Како единствен фестивал од овој тип во поширокиот регион, „Сонот на облачето” успешно придонесува кон интернационална и локална афирмација на театарот на сенки, а воедно е и една од ретките манифестации кај нас што во континуитет прикажува претстави од странска продукција пред детската македонска публика, посочуваат во соопштението од фестивалот.
Организатор на фестивалот е Театар „Сенки и облаци“, со поддршка од Министерството за култура, Градот Скопје, МКЦ, Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, Амбасадата на Италија во Скопје, Српскиот културно информативен ценатр СПОНА и Институтот „Јунус Емре“ во Скопје. Учеството на работилниците е бесплатно со задолжително претходно пријавување.

The post „Сонот на облачето“ од денеска до 8 јуни во МКЦ appeared first on Република.

]]>