Сенатор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/senator/ За подобро да се разбереме Sat, 03 Aug 2024 08:03:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сенатор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/senator/ 32 32 Најмил платен убиец за 100.000 долари, го лажеле дека метата е совладана и на крај го уапсиле https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmil-platen-ubiets-za-100-000-dolari-go-lazhele-deka-metata-e-sovladana-i-na-kraj-go-uapsile/ Sat, 03 Aug 2024 08:03:47 +0000 https://republika.mk/?p=802974

Сенатор од владејачката партија во Русија е уапсен по сомнение дека нарачал убиство, пренесе ДПА.

Советот на федерацијата, Горниот дом на рускиот парламент во Москва, гласаше во корист на одземање на имунитетот на сенаторот Дмитриј Савелиев, соопшти вчера портпарол на парламентот. Тој беше уапсен веднаш откако го напушти состанокот, јави ТАСС.

Според руското обвинителство, во август минатата година високиот политичар нарачал платен убиец да убие бизнисмен. Заговорот бил откриен, но од тактички причини при истрагата сепак се тврдело дека злосторството всушност било извршено.

Убиството беше инсценирано од безбедносните органи за да се открие лицето кое го нарачало и организаторите, изјави портпарол на обвинителството.

Се тврди дека Савелиев платил за убиството, кое според весникот „Известија“ чинело 100.000 долари.

Сенаторот е 53-годишен поранешен извршен директор на нафтена компанија, и припаѓа на партијата „Единствена Русија“ на претседателот Владимир Путин. Од 2016 година тој ја претставува Тулската област во Советот на федерацијата, а пред тоа бил член на Државната дума, Долниот дом на рускиот парламент.

Во последните недели беа извршени неколку спектакуларни апсења на високи службеници од руската елита поради наводна корупција. Сепак, акција против сенатор по сомнение за убиство е невообичаена.

Во 90-тите години на минатиот век многу економски конфликти во Русија се решаваа со нарачани убиства, потсетува ДПА.

The post Најмил платен убиец за 100.000 долари, го лажеле дека метата е совладана и на крај го уапсиле appeared first on Република.

]]>

Сенатор од владејачката партија во Русија е уапсен по сомнение дека нарачал убиство, пренесе ДПА. Советот на федерацијата, Горниот дом на рускиот парламент во Москва, гласаше во корист на одземање на имунитетот на сенаторот Дмитриј Савелиев, соопшти вчера портпарол на парламентот. Тој беше уапсен веднаш откако го напушти состанокот, јави ТАСС. Според руското обвинителство, во август минатата година високиот политичар нарачал платен убиец да убие бизнисмен. Заговорот бил откриен, но од тактички причини при истрагата сепак се тврдело дека злосторството всушност било извршено.
Убиството беше инсценирано од безбедносните органи за да се открие лицето кое го нарачало и организаторите, изјави портпарол на обвинителството.
Се тврди дека Савелиев платил за убиството, кое според весникот „Известија“ чинело 100.000 долари. Сенаторот е 53-годишен поранешен извршен директор на нафтена компанија, и припаѓа на партијата „Единствена Русија“ на претседателот Владимир Путин. Од 2016 година тој ја претставува Тулската област во Советот на федерацијата, а пред тоа бил член на Државната дума, Долниот дом на рускиот парламент. Во последните недели беа извршени неколку спектакуларни апсења на високи службеници од руската елита поради наводна корупција. Сепак, акција против сенатор по сомнение за убиство е невообичаена. Во 90-тите години на минатиот век многу економски конфликти во Русија се решаваа со нарачани убиства, потсетува ДПА.

The post Најмил платен убиец за 100.000 долари, го лажеле дека метата е совладана и на крај го уапсиле appeared first on Република.

]]>
Италијански сенатор пронајден мртов во својата канцеларија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/italijanski-senator-pronajden-mrtov-vo-svojata-kantselarija/ Sat, 04 Mar 2023 11:58:26 +0000 https://republika.mk/?p=615815

Италијанскиот сенатор Бруно Асторе (59) почина во својата канцеларија во Сенатот, долниот дом на италијанскиот парламент во Рим, соопшти АНСА.

Канцеларијата на главниот јавен обвинител во Рим покрена истрага поради сомнеж за самоубиство, а по истрагата ќе се одлучи дали ќе биде извршена обдукција.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изрази сочувство на Асторе, додека претседателот на Сенатот Игнасио Ла Руса нареди знамињата во Сенатот да бидат спуштени на половина копје.

Во Сенатот првпат беше избран во 2013 година, а третпат на предвремените избори одржани на 25 септември минатата година.

The post Италијански сенатор пронајден мртов во својата канцеларија appeared first on Република.

]]>

Италијанскиот сенатор Бруно Асторе (59) почина во својата канцеларија во Сенатот, долниот дом на италијанскиот парламент во Рим, соопшти АНСА. Канцеларијата на главниот јавен обвинител во Рим покрена истрага поради сомнеж за самоубиство, а по истрагата ќе се одлучи дали ќе биде извршена обдукција. Италијанската премиерка Џорџа Мелони изрази сочувство на Асторе, додека претседателот на Сенатот Игнасио Ла Руса нареди знамињата во Сенатот да бидат спуштени на половина копје. Во Сенатот првпат беше избран во 2013 година, а третпат на предвремените избори одржани на 25 септември минатата година.

The post Италијански сенатор пронајден мртов во својата канцеларија appeared first on Република.

]]>