Сенат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/senat/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Nov 2024 15:36:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сенат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/senat/ 32 32 Републиканците го зголемија своето ново стекнато мнозинство во Сенатот на 52 места https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/republikantsite-go-zgolemija-svoeto-novo-steknato-mnozinstvo-vo-senatot-na-52-mesta/ Wed, 06 Nov 2024 15:45:55 +0000 https://republika.mk/?p=834868

Републиканците го зголемија своето новостекнато мнозинство во Сенатот откако го презедоа местото во Монтана од демократите, па сега имаат 52 од 100-те достапни места во Сенатот, јавуваат американските медиуми.

Тие, исто така, постигнаа успех во трката за контрола на Претставничкиот дом, и ако освојат мнозинство, ќе бидат во позиција да ја диктираат агендата во Вашингтон, помагајќи му на идниот претседател Доналд Трамп да го исполни своето ветување за намалување на даноците и ограничување имиграција.

Конечните резултати најверојатно нема да бидат познати со денови, но досегашните резултати ги уверија републиканците во Сенатот дека можат да му помогнат на Трамп да назначи конзервативни судии и друг владин персонал.

The post Републиканците го зголемија своето ново стекнато мнозинство во Сенатот на 52 места appeared first on Република.

]]>

Републиканците го зголемија своето новостекнато мнозинство во Сенатот откако го презедоа местото во Монтана од демократите, па сега имаат 52 од 100-те достапни места во Сенатот, јавуваат американските медиуми. Тие, исто така, постигнаа успех во трката за контрола на Претставничкиот дом, и ако освојат мнозинство, ќе бидат во позиција да ја диктираат агендата во Вашингтон, помагајќи му на идниот претседател Доналд Трамп да го исполни своето ветување за намалување на даноците и ограничување имиграција. Конечните резултати најверојатно нема да бидат познати со денови, но досегашните резултати ги уверија републиканците во Сенатот дека можат да му помогнат на Трамп да назначи конзервативни судии и друг владин персонал.

The post Републиканците го зголемија своето ново стекнато мнозинство во Сенатот на 52 места appeared first on Република.

]]>
Претставничкиот дом сака да го казни Бајден за запирање на испораката на оружје за Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretstavnichkiot-dom-saka-da-go-kazni-bajden-za-zapirane-na-isporakata-na-oruzhje-za-izrael/ Fri, 17 May 2024 12:24:55 +0000 https://republika.mk/?p=779197

Претставничкиот дом на САД усвои нацрт-закон со кој ќе се санкционира администрацијата на претседателот Џо Бајден доколку продолжи да ја блокира испораката на оружје за Израел за војната во Газа.

Предлог-законот беше одобрен синоќа со 224 гласа „за“ и 187 „против“, а доколку помине и во Сенатот, ќе го намали буџетот на Министерството за одбрана, Стејт департментот и Советот за национална безбедност доколку Бајден не ја испорача стопираната пратка.

Законот, чиј текст ја осудува одлуката на Бајден да ја блокира испораката на бомби во Израел, беше поддржан од 16 членови на Демократската партија.

The post Претставничкиот дом сака да го казни Бајден за запирање на испораката на оружје за Израел appeared first on Република.

]]>

Претставничкиот дом на САД усвои нацрт-закон со кој ќе се санкционира администрацијата на претседателот Џо Бајден доколку продолжи да ја блокира испораката на оружје за Израел за војната во Газа. Предлог-законот беше одобрен синоќа со 224 гласа „за“ и 187 „против“, а доколку помине и во Сенатот, ќе го намали буџетот на Министерството за одбрана, Стејт департментот и Советот за национална безбедност доколку Бајден не ја испорача стопираната пратка. Законот, чиј текст ја осудува одлуката на Бајден да ја блокира испораката на бомби во Израел, беше поддржан од 16 членови на Демократската партија.

The post Претставничкиот дом сака да го казни Бајден за запирање на испораката на оружје за Израел appeared first on Република.

]]>
Се заострува битката против корупцијата во Западен Балкан, во САД изгласан предлог закон за нејзино искоренување https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-zaostruva-bitkata-protiv-koruptsijata-vo-zapaden-balkan-vo-sad-izglasan-predlog-zakon-za-nejzino-iskorenuvane/ Wed, 17 Apr 2024 20:52:00 +0000 https://republika.mk/?p=767286

Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат изгласа закон што има за цел да ги зголеми трговијата и инвестициите меѓу САД и Западен Балкан, и да се помогне во борбата против корупцијата.

Демократската сенаторка од Њу Хемпшир, Џин Шахин, и сенаторот, Роџер Викер, републиканец, автори на законот што е од 2022 година, го поздравија нејговото изгласаување. Коспонзори се сенаторите Том Тилис, Дик Дурбин, Бен Кардин, Крис Ван Холен и Крис Марфи.

-Комитетот за надворешни работи при Сенатот на САД денеска испрати порака за обновена посветеност на земјите од Западен Балкан со унапредување на моето двопартиско законодавство., изјави Шхин.

Според неа, овој законски проект дава внимание на можноста за продлабочување на посветеноста на САД во инвестиции во регионот, преку зајакнување на трговската и економската соработка и заострување на алаткита за справување со злонамерните влијанија, корупцијата и другите напори кои се обидуваат да ги поткопаат демократските аспирации на регионот.

-Што е најважно, доколку биде донесен овој закон, тој ќе ги кодифицира извршните наредби за справување со корумпираното однесување на Западен Балкан, со што ќе стане јасно дека САД нема да толерираат напори за поткопување на мирот и стабилноста во регионот, рече сенаторката по синоќешното одобрување на законт, додавајќи дека ќе продолжи да работи со сенаторот Викер за нејзино целосно усвојување.

Покрај искоренување на корупцијата, во законот се наведува и дека САД ги признаваат јазиците на Западен Балкан и оти ќе продолжат да го поддржуваат културното наследство во регионот.

Предлогот вели дека „корупцијата продолжува дa биде тежок предизвик за Западен Балкан и претставува една од најголемите препреки за понатамошен економски и политички развој во регионот“.

Се нагласува и кампањите за дезинформации насочени кон Западен Балкан кои го загрозуваат „кредибилитетот на западните демократски институции и интегритетот на националните избори“.

-Корупцијата и дезинформациите се шират во политички средини со автократски контроли или партиски конфликти. Зависноста од руските извори на природен гас за земјите од Западен Балкан ги поврзува нивните економии и политики со Руската Федерација и ги попречува нивните аспирации за европска интеграција.

Шахин, претседавачка на Поткомитетот за Европа и регионална безбедносна соработка, е конгресен лидер за политиката на САД кон Балканот.

Таа предводеше три делегации на Конгресот во регионот во изминатите две години, а последната делегацијата ја предводеше со американскиот сенатор Питер Велч, во Македонија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Шахин заедно со демократскиот сенатор од Вермонт Питер Велч и републиканските сенатори од Небраска и Северна Каролина Пит Рикетс и Том Тилис, минатиот месец спонзорираа резолуција во Сенатот според  која САД го поддржуваат пристапувањето на Македонија во Европската Унија.

Во резолуцијата, Сенатот ги повика претседателот и државниот секретар на САД, како и европските сојузници, да се залагаат за отворање на првиот преговарачки кластер на ЕУ со Македонија, без дополнителни билатерални услови.

The post Се заострува битката против корупцијата во Западен Балкан, во САД изгласан предлог закон за нејзино искоренување appeared first on Република.

]]>

Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат изгласа закон што има за цел да ги зголеми трговијата и инвестициите меѓу САД и Западен Балкан, и да се помогне во борбата против корупцијата. Демократската сенаторка од Њу Хемпшир, Џин Шахин, и сенаторот, Роџер Викер, републиканец, автори на законот што е од 2022 година, го поздравија нејговото изгласаување. Коспонзори се сенаторите Том Тилис, Дик Дурбин, Бен Кардин, Крис Ван Холен и Крис Марфи. -Комитетот за надворешни работи при Сенатот на САД денеска испрати порака за обновена посветеност на земјите од Западен Балкан со унапредување на моето двопартиско законодавство., изјави Шхин. Според неа, овој законски проект дава внимание на можноста за продлабочување на посветеноста на САД во инвестиции во регионот, преку зајакнување на трговската и економската соработка и заострување на алаткита за справување со злонамерните влијанија, корупцијата и другите напори кои се обидуваат да ги поткопаат демократските аспирации на регионот. -Што е најважно, доколку биде донесен овој закон, тој ќе ги кодифицира извршните наредби за справување со корумпираното однесување на Западен Балкан, со што ќе стане јасно дека САД нема да толерираат напори за поткопување на мирот и стабилноста во регионот, рече сенаторката по синоќешното одобрување на законт, додавајќи дека ќе продолжи да работи со сенаторот Викер за нејзино целосно усвојување. Покрај искоренување на корупцијата, во законот се наведува и дека САД ги признаваат јазиците на Западен Балкан и оти ќе продолжат да го поддржуваат културното наследство во регионот. Предлогот вели дека „корупцијата продолжува дa биде тежок предизвик за Западен Балкан и претставува една од најголемите препреки за понатамошен економски и политички развој во регионот“. Се нагласува и кампањите за дезинформации насочени кон Западен Балкан кои го загрозуваат „кредибилитетот на западните демократски институции и интегритетот на националните избори“. -Корупцијата и дезинформациите се шират во политички средини со автократски контроли или партиски конфликти. Зависноста од руските извори на природен гас за земјите од Западен Балкан ги поврзува нивните економии и политики со Руската Федерација и ги попречува нивните аспирации за европска интеграција. Шахин, претседавачка на Поткомитетот за Европа и регионална безбедносна соработка, е конгресен лидер за политиката на САД кон Балканот. Таа предводеше три делегации на Конгресот во регионот во изминатите две години, а последната делегацијата ја предводеше со американскиот сенатор Питер Велч, во Македонија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Шахин заедно со демократскиот сенатор од Вермонт Питер Велч и републиканските сенатори од Небраска и Северна Каролина Пит Рикетс и Том Тилис, минатиот месец спонзорираа резолуција во Сенатот според  која САД го поддржуваат пристапувањето на Македонија во Европската Унија. Во резолуцијата, Сенатот ги повика претседателот и државниот секретар на САД, како и европските сојузници, да се залагаат за отворање на првиот преговарачки кластер на ЕУ со Македонија, без дополнителни билатерални услови.

The post Се заострува битката против корупцијата во Западен Балкан, во САД изгласан предлог закон за нејзино искоренување appeared first on Република.

]]>
Сенатот на САД предложи резолуција за поддршка на влезот на Македонија во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/senatot-na-sad-predlozhi-rezolutsija-za-poddrshka-na-vlezot-na-makedonija-vo-eu/ Tue, 12 Mar 2024 07:45:34 +0000 https://republika.mk/?p=753841

САД го поддржаа пристапувањето на Македонија во Европската Унија (ЕУ) во најнова резолуција во Сенатот, спонзорирана од демократскиот сенатор од Вермонт Питер Велч, демократската сенаторка од Њу Хемпшир Џин Шахин и републиканските сенатори од Небраска и Северна Каролина Пит Рикетс и Том Тилис.

Во резолуцијата, како што пренесува Гласот на Америка на македонски јазик, Сенатот ги повика претседателот и државниот секретар на САД, како и европските сојузници, да се залагаат за отворање на првиот преговарачки кластер на ЕУ со Македонија, без дополнителни билатерални услови.

Претседателот и државниот секретар да продолжат тесно да соработуваат со Владата на  Македонија, да го поддржат проширувањето на Европската Унија со Западниот Балкан, вклучително и Македонија на нејзиниот пат кон Европска Унија, се вели во резолуцијата.

Во резолцијата се нагласува и поддршката на Сенатот за македонската влада да ги преземе реформите неопходни за унапредување на членството во ЕУ.

Сенатот ја „охрабрува Владата на Македонија да продолжи со својата важна работа за членство во Европската Унијата, како и напорите за продолжување на мирот, стабилноста и просперитет во Источна Европа“.

Македонија е првата држава од Западен Балкан што потпиша Договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ и стана официјална кандидатка за ЕУ во 2005 година, како и прва држава од Западен Балкан што почна стратешки дијалог со САД во јуни 2022 година, како дел од Декларацијата за стратешко партнерство и соработка од 2008 година.

Македонија останува важен безбедносен партнер на Европска Унија и САД и НАТО сојузник, обезбедувајќи ја Украина со хуманитарна помош и значителна воена опрема, гласајќи во корист на Советот за безбедност на Обединетите нации и резолуциите на Генералното собрание против руската агресија, усвојувјќи ги сите руски санкции од Европската Унија, пишува во резолуцијата.

Во октомври минатата година, сенаторите Велч и Шахин ги посетија Македонија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина, истакнувајќи ја поддршката на САД за европската интеграција на Западен Балкан и безбедноста во регионот, во услови на руска агресија против Украина.

Пристапувањето на Република Македонија во Европската Унија ќе ја зајакне регионалната стабилност на Западен Балкан, ќе ја промовира европската кохезија и дополнително ќе го отфрли руското малигно влијание во регионот и пошироко. Натамошниот напредок на Македонија во процесот на пристапување означува важна пресвртница за земја која веќе направи значајни чекори на тој пат. Македонија продолжува да демонстрира посветеност на демократските реформи, владеењето на правото и трансатлантското партнерство. Уверен сум дека членството на  Македонија во ЕУ ќе донесе зголемени можности за бизнис и трговија, како и дополнителна координација меѓу Националната гарда на Вермонт и Армијата на Македонија, рече сенаторот Велч

The post Сенатот на САД предложи резолуција за поддршка на влезот на Македонија во ЕУ appeared first on Република.

]]>

САД го поддржаа пристапувањето на Македонија во Европската Унија (ЕУ) во најнова резолуција во Сенатот, спонзорирана од демократскиот сенатор од Вермонт Питер Велч, демократската сенаторка од Њу Хемпшир Џин Шахин и републиканските сенатори од Небраска и Северна Каролина Пит Рикетс и Том Тилис. Во резолуцијата, како што пренесува Гласот на Америка на македонски јазик, Сенатот ги повика претседателот и државниот секретар на САД, како и европските сојузници, да се залагаат за отворање на првиот преговарачки кластер на ЕУ со Македонија, без дополнителни билатерални услови. Претседателот и државниот секретар да продолжат тесно да соработуваат со Владата на  Македонија, да го поддржат проширувањето на Европската Унија со Западниот Балкан, вклучително и Македонија на нејзиниот пат кон Европска Унија, се вели во резолуцијата. Во резолцијата се нагласува и поддршката на Сенатот за македонската влада да ги преземе реформите неопходни за унапредување на членството во ЕУ. Сенатот ја „охрабрува Владата на Македонија да продолжи со својата важна работа за членство во Европската Унијата, како и напорите за продолжување на мирот, стабилноста и просперитет во Источна Европа“. Македонија е првата држава од Западен Балкан што потпиша Договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ и стана официјална кандидатка за ЕУ во 2005 година, како и прва држава од Западен Балкан што почна стратешки дијалог со САД во јуни 2022 година, како дел од Декларацијата за стратешко партнерство и соработка од 2008 година. Македонија останува важен безбедносен партнер на Европска Унија и САД и НАТО сојузник, обезбедувајќи ја Украина со хуманитарна помош и значителна воена опрема, гласајќи во корист на Советот за безбедност на Обединетите нации и резолуциите на Генералното собрание против руската агресија, усвојувјќи ги сите руски санкции од Европската Унија, пишува во резолуцијата. Во октомври минатата година, сенаторите Велч и Шахин ги посетија Македонија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина, истакнувајќи ја поддршката на САД за европската интеграција на Западен Балкан и безбедноста во регионот, во услови на руска агресија против Украина. Пристапувањето на Република Македонија во Европската Унија ќе ја зајакне регионалната стабилност на Западен Балкан, ќе ја промовира европската кохезија и дополнително ќе го отфрли руското малигно влијание во регионот и пошироко. Натамошниот напредок на Македонија во процесот на пристапување означува важна пресвртница за земја која веќе направи значајни чекори на тој пат. Македонија продолжува да демонстрира посветеност на демократските реформи, владеењето на правото и трансатлантското партнерство. Уверен сум дека членството на  Македонија во ЕУ ќе донесе зголемени можности за бизнис и трговија, како и дополнителна координација меѓу Националната гарда на Вермонт и Армијата на Македонија, рече сенаторот Велч

The post Сенатот на САД предложи резолуција за поддршка на влезот на Македонија во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Сенатот ќе ја секне помошта за Украина и Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/senatot-ke-ja-sekkne-pomoshta-za-ukraina-i-izrael/ Wed, 06 Dec 2023 16:33:19 +0000 https://republika.mk/?p=720451

Демократите и републиканците во американскиот Сенат денеска ќе гласаат за усвојување на 111 милијарди долари вредниот пакет помош за Украина и Израел.

Гласањето сепак има мали шанси да успее (потребно е двотретинско мнозинство кое демократите го немаат во Сенатот), откако лидерот на мнозиството, републиканецот Мич Меконел синоќа изјави дека неговата партија ќе гласа „против“, бидејќи има горливи проблеми со контролата и заштитата на јужната граница на САД, каде понекогаш од Јужна Америка пристигаат и по десеттина илјади имигранти дневно, од кои илјадници влегуваат во САД со надеж да добијат азил.

Парите се дел од поширок пакет претходно одобрен од претседателот Џо Бајден што вклучува средства за ангажман на имиграциски судии и процесирање на имигранти, како и пари за ракетната одбрана на Израел. Средствата наменети за Украина вклучуваат 12 милијарди долари трошоци за нормално функционирање на владата во Киев, 15 милијарди долари воена помош и 2.3 милијарди помош за украинските бегалци.

Њујорк тајмс денеска цитира неименувани службеници на Пентагон дека помошта за Украина не е исцпрена, како што тврди администрацијата. Според нив, постои авторизирана но неискористена сума од 4.8 милијарди долари што може да се испрати на Киев во текот на зимата.

Администрацијата на Бајден тврди дека контраофанзивата на Украина против вкопаните руски сили во јужна Украина засега не ги постигна целите, и силите на Москва на исток одат во офанзива, па доколку не стигна соодветна воена помош, постои можност Украина да биде поразена.

Синоќа пак, сенаторите очекуваа украинскиот претседател Владимир Зеленски да се придружи на брифингот по безбедна видео врска, но во последен момент тој го откажа присуството. На брифингот зад затворени врати учествуваа државниот секретар Ентони Блинкен, министерот за одбрана Лојд Остин, генералот Чарлс Браун, шеф на Генералштабот на здружените сили, и директорите на националната разузнавање и на УСАИД.

Според медиумски извештате, на средбата биле разбранувани духови, каде републиканците ги обвинувале  демократите за кусокот воена помош за Украина, а демократите враќале со критика зошто бараат врзување на помошта со предизвиците на јужната граница, и дека некои од тие прашања се предвидени во пакетот.

Од моментот кога Русија изврши инвазија на Украина САД на оваа земја досега обезбедиле 111 милијарди долари помош. Како што наведува Вашингон тајмс, многу од овие пари беа воена опрема која одеше директно на боиштата за засилување на капацитетите на Украина. Во неа се вклучени една батерија за ракетна одбрана „Патриот“, повеќе од 2.000 противвозодушни системи  „Стингер“, 21 радар за воздушно набљудување, повеќе од 7.000 прецизно наведувани артилериски патрони од 155 мм, повеќе од 400.000 артилерски патрони од 122 мм, стотици минофрлачи, повеќе од 30.000 артилериски мински противоколопни системи, повеќе од 100.000 заштитни панцири и шлемови, речиси 200 хаубици и неверојатни два милиони патрони од 155 мм, 20 „Авенџер“ системи за воздушна одбрана и друга муниција.

Употребата на ова оружје на фронтот, дел од вкупните капацитети снабдувани и другите западни земји од ЕУ и Канада, досега резултираше во огромни загуби за руската страна.

Најмалку 50.000 руски војници и 20.000 руски платеници регрутирани од „Вагнер“ се убиени на  боиштата во Украина, откако рускиот претседател Владмир Путин започна воена агресија врз оваа земја лани во фебруари, се дознава од најнова анкета на британското Министерство за одбрана, соопштува Вашингтон тајмс.

Заедно со ранетите во бој извештајот оценува дека Русија досега претрпела од 290.000 до 350.000 загуби во жива сила .

-Дури и меѓу руските официјални лица највероатно постои мало разбирање за вкупниот број загуби поради долготрајната култура на нечесно известување внатре во армијата, се вели во извештајот.

Рускиот претседател на 1 декември потпиша указ според кој руската армија треба да се зголеми од 2.039 милиони  до 2.209 милиони, со вкупен број на борбени трупи зголемен од 1.15 милиони до 1.32 милиони, соопшти Институтот за воени студии од Вашингтон

The post Сенатот ќе ја секне помошта за Украина и Израел appeared first on Република.

]]>

Демократите и републиканците во американскиот Сенат денеска ќе гласаат за усвојување на 111 милијарди долари вредниот пакет помош за Украина и Израел. Гласањето сепак има мали шанси да успее (потребно е двотретинско мнозинство кое демократите го немаат во Сенатот), откако лидерот на мнозиството, републиканецот Мич Меконел синоќа изјави дека неговата партија ќе гласа „против“, бидејќи има горливи проблеми со контролата и заштитата на јужната граница на САД, каде понекогаш од Јужна Америка пристигаат и по десеттина илјади имигранти дневно, од кои илјадници влегуваат во САД со надеж да добијат азил. Парите се дел од поширок пакет претходно одобрен од претседателот Џо Бајден што вклучува средства за ангажман на имиграциски судии и процесирање на имигранти, како и пари за ракетната одбрана на Израел. Средствата наменети за Украина вклучуваат 12 милијарди долари трошоци за нормално функционирање на владата во Киев, 15 милијарди долари воена помош и 2.3 милијарди помош за украинските бегалци. Њујорк тајмс денеска цитира неименувани службеници на Пентагон дека помошта за Украина не е исцпрена, како што тврди администрацијата. Според нив, постои авторизирана но неискористена сума од 4.8 милијарди долари што може да се испрати на Киев во текот на зимата. Администрацијата на Бајден тврди дека контраофанзивата на Украина против вкопаните руски сили во јужна Украина засега не ги постигна целите, и силите на Москва на исток одат во офанзива, па доколку не стигна соодветна воена помош, постои можност Украина да биде поразена. Синоќа пак, сенаторите очекуваа украинскиот претседател Владимир Зеленски да се придружи на брифингот по безбедна видео врска, но во последен момент тој го откажа присуството. На брифингот зад затворени врати учествуваа државниот секретар Ентони Блинкен, министерот за одбрана Лојд Остин, генералот Чарлс Браун, шеф на Генералштабот на здружените сили, и директорите на националната разузнавање и на УСАИД. Според медиумски извештате, на средбата биле разбранувани духови, каде републиканците ги обвинувале  демократите за кусокот воена помош за Украина, а демократите враќале со критика зошто бараат врзување на помошта со предизвиците на јужната граница, и дека некои од тие прашања се предвидени во пакетот. Од моментот кога Русија изврши инвазија на Украина САД на оваа земја досега обезбедиле 111 милијарди долари помош. Како што наведува Вашингон тајмс, многу од овие пари беа воена опрема која одеше директно на боиштата за засилување на капацитетите на Украина. Во неа се вклучени една батерија за ракетна одбрана „Патриот“, повеќе од 2.000 противвозодушни системи  „Стингер“, 21 радар за воздушно набљудување, повеќе од 7.000 прецизно наведувани артилериски патрони од 155 мм, повеќе од 400.000 артилерски патрони од 122 мм, стотици минофрлачи, повеќе од 30.000 артилериски мински противоколопни системи, повеќе од 100.000 заштитни панцири и шлемови, речиси 200 хаубици и неверојатни два милиони патрони од 155 мм, 20 „Авенџер“ системи за воздушна одбрана и друга муниција. Употребата на ова оружје на фронтот, дел од вкупните капацитети снабдувани и другите западни земји од ЕУ и Канада, досега резултираше во огромни загуби за руската страна. Најмалку 50.000 руски војници и 20.000 руски платеници регрутирани од „Вагнер“ се убиени на  боиштата во Украина, откако рускиот претседател Владмир Путин започна воена агресија врз оваа земја лани во фебруари, се дознава од најнова анкета на британското Министерство за одбрана, соопштува Вашингтон тајмс. Заедно со ранетите во бој извештајот оценува дека Русија досега претрпела од 290.000 до 350.000 загуби во жива сила . -Дури и меѓу руските официјални лица највероатно постои мало разбирање за вкупниот број загуби поради долготрајната култура на нечесно известување внатре во армијата, се вели во извештајот. Рускиот претседател на 1 декември потпиша указ според кој руската армија треба да се зголеми од 2.039 милиони  до 2.209 милиони, со вкупен број на борбени трупи зголемен од 1.15 милиони до 1.32 милиони, соопшти Институтот за воени студии од Вашингтон

The post Сенатот ќе ја секне помошта за Украина и Израел appeared first on Република.

]]>
Антивоени демонстранти го прекинуваа Блинкен во излагањето пред сенатскиот комитет за буџет https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/antivoeni-demonstranti-go-prekinuvaa-blinken-vo-izlaganeto-pred-senatskiot-komitet-za-budhet/ Tue, 31 Oct 2023 21:39:57 +0000 https://republika.mk/?p=696837

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, и министерот за одбрана Лојд Остин, во име на администрацијата на претседателот Џо Бајден, денеска побараа од Конгресот да дозволи распределба на нови милијарди долари за Украина и Израел, додека расправата пред сенатскиот Комитет за буџет постојано беше прекинувана од демонстранти кои ги обвинија американските власти за поддршка на „геноцидот“ врз Палестинците во Газа.

Блинкен и Остин пред комитетот кажаа дека Белата куќа сака 106 милијарди долари за спроведување на амбициозните планови поврзани со Украина, Израел и безбедноста на границите на САД. Нивниот главен аргумент беше дека поддршката за сојузниците на Вашингтон е клучна за американската национална безбедност.

Двајцата министри истакнаа дека 61,4 милијарди долари се наменети за Киев, при што со речиси половината од нив ќе се надополнат американските резерви со оружје. Останатите средства вклучуваат 14,3 милијарди долари за Израел, девет милијарди долари за хуманитарна помош за Израел и Газа и четири милијарди долари за активности поврзани со спротивставување на растечката моќ на Кина во Азија.

Набргу по почетокот на седницата, група демонстранти во еден од редовите на салата ги кренаа рацете обоени во црвено во знак на протест против воените акции на Израел во Газа. Подоцна полицијата на Капитол ги изведе надвор, а додека заминуваа, демонстрантите извикуваа „Моментален прекин на огнот!“ и „Заштити ги децата од Газа!“.

Блинкен пред комитетот кажа дека американската помош за Украина ја претворила руската инвазија во „стратешки неуспех“. Тој, исто така, ја истакна важноста на воената поддршка за Израел, како и хуманитарната помош за Палестинците во Газа.

Меѓутоа, се чини дека и натаму не е сигурно дека овој финансики план на претседателот Бајден ќе се протурка, забележуваат американските медиуми. Демократите цврсто стојат зад стратегијата на претседателот да ја комбинира помошта за Украина со онаа за Израел, но републиканците во Конгресот се поделени.

The post Антивоени демонстранти го прекинуваа Блинкен во излагањето пред сенатскиот комитет за буџет appeared first on Република.

]]>

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, и министерот за одбрана Лојд Остин, во име на администрацијата на претседателот Џо Бајден, денеска побараа од Конгресот да дозволи распределба на нови милијарди долари за Украина и Израел, додека расправата пред сенатскиот Комитет за буџет постојано беше прекинувана од демонстранти кои ги обвинија американските власти за поддршка на „геноцидот“ врз Палестинците во Газа. Блинкен и Остин пред комитетот кажаа дека Белата куќа сака 106 милијарди долари за спроведување на амбициозните планови поврзани со Украина, Израел и безбедноста на границите на САД. Нивниот главен аргумент беше дека поддршката за сојузниците на Вашингтон е клучна за американската национална безбедност. Двајцата министри истакнаа дека 61,4 милијарди долари се наменети за Киев, при што со речиси половината од нив ќе се надополнат американските резерви со оружје. Останатите средства вклучуваат 14,3 милијарди долари за Израел, девет милијарди долари за хуманитарна помош за Израел и Газа и четири милијарди долари за активности поврзани со спротивставување на растечката моќ на Кина во Азија. Набргу по почетокот на седницата, група демонстранти во еден од редовите на салата ги кренаа рацете обоени во црвено во знак на протест против воените акции на Израел во Газа. Подоцна полицијата на Капитол ги изведе надвор, а додека заминуваа, демонстрантите извикуваа „Моментален прекин на огнот!“ и „Заштити ги децата од Газа!“. Блинкен пред комитетот кажа дека американската помош за Украина ја претворила руската инвазија во „стратешки неуспех“. Тој, исто така, ја истакна важноста на воената поддршка за Израел, како и хуманитарната помош за Палестинците во Газа. Меѓутоа, се чини дека и натаму не е сигурно дека овој финансики план на претседателот Бајден ќе се протурка, забележуваат американските медиуми. Демократите цврсто стојат зад стратегијата на претседателот да ја комбинира помошта за Украина со онаа за Израел, но републиканците во Конгресот се поделени.

The post Антивоени демонстранти го прекинуваа Блинкен во излагањето пред сенатскиот комитет за буџет appeared first on Република.

]]>
Предложена резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 за месец на македонско-американско наследство и ќе се слават македонскиот јазик, историја и култура https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/predlozhena-rezolutsija-vo-senatot-da-se-proglasi-septemvri-2023-za-mesets-na-makedonsko-amerikansko-nasledstvo-i-ke-se-slavat-makedonskiot-jazik-istorija-i-kultura/ Tue, 01 Aug 2023 08:11:39 +0000 https://republika.mk/?p=667490

Републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон претстави резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство, за време на кој ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци, објави Гласот на Америка.

Во резолуцијата се вели дека е важно да се истакнат клучните придонеси и културно влијание на македонските Американци во САД.

Да се препознаат бројните придонеси на македонските Американци во САД во различни области, вклучувајќи уметност, наука, бизнис, политика, медицина и спорт, и да ги поттикнат граѓаните на САД да го одбележат месецот на македонско-американско наследство со соодветни церемонии, активности и програми кои ги почитуваат културните придонеси и достигнувања на македонските Американци, се вели во резолуцијата.

Во неа пишува дека од „1880-тите години, десетици илјади Македонци имигрирале во САД барајќи граѓански слободи, човекови права, верски слободи, економски можности и безбедност како одговор на Илинденското востание против Отоманската империја од 1903 година, Балканските војни 1912-1913 година, Првата и Втората светска војна, Граѓанската војна во Грција од 1946–1949 година и комунистичката политика на Југославија“.

Целиот текст овде.

The post Предложена резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 за месец на македонско-американско наследство и ќе се слават македонскиот јазик, историја и култура appeared first on Република.

]]>

Републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон претстави резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство, за време на кој ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци, објави Гласот на Америка. Во резолуцијата се вели дека е важно да се истакнат клучните придонеси и културно влијание на македонските Американци во САД.
Да се препознаат бројните придонеси на македонските Американци во САД во различни области, вклучувајќи уметност, наука, бизнис, политика, медицина и спорт, и да ги поттикнат граѓаните на САД да го одбележат месецот на македонско-американско наследство со соодветни церемонии, активности и програми кои ги почитуваат културните придонеси и достигнувања на македонските Американци, се вели во резолуцијата.
Во неа пишува дека од „1880-тите години, десетици илјади Македонци имигрирале во САД барајќи граѓански слободи, човекови права, верски слободи, економски можности и безбедност како одговор на Илинденското востание против Отоманската империја од 1903 година, Балканските војни 1912-1913 година, Првата и Втората светска војна, Граѓанската војна во Грција од 1946–1949 година и комунистичката политика на Југославија“. Целиот текст овде.

The post Предложена резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 за месец на македонско-американско наследство и ќе се слават македонскиот јазик, историја и култура appeared first on Република.

]]>
Американците конечно избраа претседател на Претставничкиот дом https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikantsite-konechno-izbraa-pretsedatel-na-pretstavnichkiot-dom/ Sat, 07 Jan 2023 10:24:10 +0000 https://republika.mk/?p=594385

Претставникот Кевин Мекарти е избран за претседател на Претставничкиот дом по неколкудневни преговори и 15 круга гласање. Конечниот резултат беше 216 за Мекарти и 212 за лидерот на Претставничкиот дом, демократот Хаким Џефрис.

Патот на Мекарти до претседателската функција беше неизвесен. По неколкудневен застој, рано утринава следеа драматични избори. Слабите резултати на републиканците на изборите во ноември ги оставија со тесно мнозинство од 222 спрема 212 и им даде голема моќ на десничарите кои се противат на раководството на Мекарти.

Изборите следеа откако неколку републикански претставници на десното крило на партијата, поддржувачи на поранешниот претседател Доналд Трамп, го блокираа изборот на Мекарти во четвртокот.

Како што пишува Си-ен-ен, во 14 изборен круг изби необична сцена, во која Мекарти се судри со претставникот Мет Гаец, чиј глас му бил потребен за победа. Во еден момент дошло до жестока расправија и колегата републиканец Мајк Роџерс морало физички да биде отстранет.

Откако одлуката мораше повторно да се одложи за понеделник, Мекарти конечно успеа да ги собере гласовите кои му ја обезбедија функцијата претседател.

„Мило ми е што е готово“, рече Мекарти на кој му аплаудираше целата конгресна сала. Републиканците имаат само мало мнозинство во домот, 222 наспроти 212 демократи, што значи дека Мекарти не може да си дозволи многу пребегнувања.

Победата на Мекарти во 15 круг гласање стави крај на најдолгиот конгресен застој во последните 160 години. Тоа, сепак, јасно ги покажува тешкотиите со кои ќе се соочи Мекарти во водењето на тесното и цврсто поделеното мнозинство во Претставничкиот дом.

Мекарти ја претставува Калифорнија и претходно беше лидер на малцинствата во Претставничкиот дом. Тој веќе вети дека ќе започне повеќе истраги против претседателот Џо Бајден и неговата администрација.

Тврдото крило на републиканците го обвинуваат Мекарти дека е мек и премногу отворен за компромиси со претседателот Џо Бајден и неговите демократи, кои го контролираат американскиот Сенат.

Мекарти се согласи со нивното барање секој пратеник во секое време да може да побара негова смена, со што ја ограничи својата моќ да донесува закони за клучни прашања како што се финансирањето на администрацијата или ограничувањето на долгот. Недостатокот на договор или дури и долгиот застој ризикува банкрот што ќе ја потресе глобалната економија.

Некои од тврдокорните велат дека сакаат лидер подготвен да принуди затворање на владата за да ги намали трошоците. Планот за трошење на американскиот претседател Џо Бајден изнесува 3,5 трилиони долари.

„Добивме работи од трансформациска природа“, рече републиканецот Ралф Норман, кој на крајот гласаше за Мекарти откако му се спротивставуваше цела недела.

The post Американците конечно избраа претседател на Претставничкиот дом appeared first on Република.

]]>

Претставникот Кевин Мекарти е избран за претседател на Претставничкиот дом по неколкудневни преговори и 15 круга гласање. Конечниот резултат беше 216 за Мекарти и 212 за лидерот на Претставничкиот дом, демократот Хаким Џефрис. Патот на Мекарти до претседателската функција беше неизвесен. По неколкудневен застој, рано утринава следеа драматични избори. Слабите резултати на републиканците на изборите во ноември ги оставија со тесно мнозинство од 222 спрема 212 и им даде голема моќ на десничарите кои се противат на раководството на Мекарти. Изборите следеа откако неколку републикански претставници на десното крило на партијата, поддржувачи на поранешниот претседател Доналд Трамп, го блокираа изборот на Мекарти во четвртокот. Како што пишува Си-ен-ен, во 14 изборен круг изби необична сцена, во која Мекарти се судри со претставникот Мет Гаец, чиј глас му бил потребен за победа. Во еден момент дошло до жестока расправија и колегата републиканец Мајк Роџерс морало физички да биде отстранет. Откако одлуката мораше повторно да се одложи за понеделник, Мекарти конечно успеа да ги собере гласовите кои му ја обезбедија функцијата претседател. „Мило ми е што е готово“, рече Мекарти на кој му аплаудираше целата конгресна сала. Републиканците имаат само мало мнозинство во домот, 222 наспроти 212 демократи, што значи дека Мекарти не може да си дозволи многу пребегнувања. Победата на Мекарти во 15 круг гласање стави крај на најдолгиот конгресен застој во последните 160 години. Тоа, сепак, јасно ги покажува тешкотиите со кои ќе се соочи Мекарти во водењето на тесното и цврсто поделеното мнозинство во Претставничкиот дом. Мекарти ја претставува Калифорнија и претходно беше лидер на малцинствата во Претставничкиот дом. Тој веќе вети дека ќе започне повеќе истраги против претседателот Џо Бајден и неговата администрација. Тврдото крило на републиканците го обвинуваат Мекарти дека е мек и премногу отворен за компромиси со претседателот Џо Бајден и неговите демократи, кои го контролираат американскиот Сенат. Мекарти се согласи со нивното барање секој пратеник во секое време да може да побара негова смена, со што ја ограничи својата моќ да донесува закони за клучни прашања како што се финансирањето на администрацијата или ограничувањето на долгот. Недостатокот на договор или дури и долгиот застој ризикува банкрот што ќе ја потресе глобалната економија. Некои од тврдокорните велат дека сакаат лидер подготвен да принуди затворање на владата за да ги намали трошоците. Планот за трошење на американскиот претседател Џо Бајден изнесува 3,5 трилиони долари. „Добивме работи од трансформациска природа“, рече републиканецот Ралф Норман, кој на крајот гласаше за Мекарти откако му се спротивставуваше цела недела.

The post Американците конечно избраа претседател на Претставничкиот дом appeared first on Република.

]]>
Во Сенатот на САД донесена резолуција според која дејствата на Русија во Украина се признаваат за геноцид https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-senatot-na-sad-donesena-rezolucija-spored-koja-dejstvata-na-rusija-vo-ukraina-se-priznavaat-za-genocid/ Wed, 07 Dec 2022 21:50:59 +0000 https://republika.mk/?p=583163

Сенаторите Џим Раш, член на сенатската комисија за надворешни работи и Бен Кардин, претседател на Хелсиншката комисија, денеска го поздравија донесувањето на резолуцијата според која дејствата на Русија во Украина се признаваат за геноцид.

Со своите акции и зборови Путин целосно јасно даде до знаење дека негова цел е да го избрише од лицето на земјата украинскиот народ. Јас лично ја видов таа жестокост во Ирпен и во Киевска област, изјави Раш.

Тој додаде дека „оваа резолуција го осудува продолжителниот геноцид против украинскиот народ, ја повикува владата на САД да работи со нашите сојузници за да се спречат идни чинови на геноцид и ги подржува истрагите за виновните за тие ужасни злосторства да бидат повикани на одговорност“.

Треба да продолжиме да правиме се што можеме за да го поддржиме украинскиот народ во неговата борба за опстанок, рече Раш.

Според Кардин, „злосторствата извршени против украинскиот народ во текот на оваа незаконска и неиспровоцирана војна на Путин, противречат на безброј меѓународни конвенции и можат да бидат окарактеризирани само како геноцид“.

Резолуцијата исто така поддржува „формирање трибунали и спроведување меѓународни кривични истраги за да се повикаат на одговорност руските политички лидери и војници за агресивната војна, воените злосторства, злосторствата против човечноста и геноцид“.

Исто така, Резолуцијата го повикува претседателот на САД „да ги искористи санкциите во рамките на Глобалниот закон Магнитски, а против оние кои се одговорни за реализиацијата на геноцидот на Русија во Украина или соучесниците“.

The post Во Сенатот на САД донесена резолуција според која дејствата на Русија во Украина се признаваат за геноцид appeared first on Република.

]]>

Сенаторите Џим Раш, член на сенатската комисија за надворешни работи и Бен Кардин, претседател на Хелсиншката комисија, денеска го поздравија донесувањето на резолуцијата според која дејствата на Русија во Украина се признаваат за геноцид.
Со своите акции и зборови Путин целосно јасно даде до знаење дека негова цел е да го избрише од лицето на земјата украинскиот народ. Јас лично ја видов таа жестокост во Ирпен и во Киевска област, изјави Раш.
Тој додаде дека „оваа резолуција го осудува продолжителниот геноцид против украинскиот народ, ја повикува владата на САД да работи со нашите сојузници за да се спречат идни чинови на геноцид и ги подржува истрагите за виновните за тие ужасни злосторства да бидат повикани на одговорност“.
Треба да продолжиме да правиме се што можеме за да го поддржиме украинскиот народ во неговата борба за опстанок, рече Раш.
Според Кардин, „злосторствата извршени против украинскиот народ во текот на оваа незаконска и неиспровоцирана војна на Путин, противречат на безброј меѓународни конвенции и можат да бидат окарактеризирани само како геноцид“. Резолуцијата исто така поддржува „формирање трибунали и спроведување меѓународни кривични истраги за да се повикаат на одговорност руските политички лидери и војници за агресивната војна, воените злосторства, злосторствата против човечноста и геноцид“. Исто така, Резолуцијата го повикува претседателот на САД „да ги искористи санкциите во рамките на Глобалниот закон Магнитски, а против оние кои се одговорни за реализиацијата на геноцидот на Русија во Украина или соучесниците“.

The post Во Сенатот на САД донесена резолуција според која дејствата на Русија во Украина се признаваат за геноцид appeared first on Република.

]]>
Американскиот Сенат усвои резолуција за поддршка на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikanskiot-senat-usvoi-rezolucija-za-poddrshka-na-ukraina/ Fri, 18 Feb 2022 08:05:53 +0000 https://republika.mk/?p=460212

Американскиот Сенат усвои резолуција со која се изразува поддршка за независноста на Украина и се предупредува за можноста од руска воена агресија врз земјата.

Чекорот на Сенатот дојде откако американскиот претседател Џо Бајден изјави дека САД ги имаат „сите сигнали“ дека за неколку дена ќе има потенцијален руски напад врз Украина.

Резолуцијата на сенаторите, која нема сила на закон, беше усвоена едногласно и без приговори.

Сепак, сенаторите се воздржаа од усвојување закон за санкции против Русија, придржувајќи се до стратегијата на Белата куќа за ублажување на кризата.

Сенаторите рекоа дека администрацијата на Бајден може сама да воведе санкции.

The post Американскиот Сенат усвои резолуција за поддршка на Украина appeared first on Република.

]]>

Американскиот Сенат усвои резолуција со која се изразува поддршка за независноста на Украина и се предупредува за можноста од руска воена агресија врз земјата. Чекорот на Сенатот дојде откако американскиот претседател Џо Бајден изјави дека САД ги имаат „сите сигнали“ дека за неколку дена ќе има потенцијален руски напад врз Украина. Резолуцијата на сенаторите, која нема сила на закон, беше усвоена едногласно и без приговори. Сепак, сенаторите се воздржаа од усвојување закон за санкции против Русија, придржувајќи се до стратегијата на Белата куќа за ублажување на кризата. Сенаторите рекоа дека администрацијата на Бајден може сама да воведе санкции.

The post Американскиот Сенат усвои резолуција за поддршка на Украина appeared first on Република.

]]>