сенароден собир Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/senaroden-sobir/ За подобро да се разбереме Fri, 30 Jun 2023 11:31:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сенароден собир Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/senaroden-sobir/ 32 32 Тоа се народе тие толерантни, модерни ЕУ суштества https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toa-se-narode-tie-tolerantni-moderni-eu-sushtestva/ Fri, 30 Jun 2023 09:44:07 +0000 https://republika.mk/?p=656781

Ете големата писателка на ЛГБТ батерии ни кажа дека сме најмрачнито и најгадното НЕШТО кое вчера излегло на улица да протестира против ЛГБТ и родовата мегалуда идеологија. Ова нејзиното не е говор на омраза, а?, прашува Сашо Тасевски, зборувајќи за статусот на писателката Румена Бужаровска, која за вчерашниот Сенароден собир, организиран од МПЦ-ОА, напиша дека на улица излезе „најгрозното и најмрачното во Македонија“.

Еве ја прашувам онаа инквизиторска Дирекцијата за борба против дискриминација да одговори.
Оти ние сме навредени што големата ванаби писателка не нарекува мрачни сили. И бараме да поведете постапка против неа за нејзината изјава на фејсбук.
Ние сме според неа мракот а они се као светулки во мракот.
А бе прдам од смеење!!!
Тоа се народе тие толерантни, модерни ЕУ суштества. Устата им е полна со демократија ама секогаш да биде по нивно. Имате право на свое мислење ама само ако е тоа нивното мислење. Инаку сте мрачен, сељак, глуп и неандерталец.
Види вака елито прогресивна...
Ако со вас неколку нешто не во ред, не мора цело општество да го заразите со вашите лични трауми и фрустрации.
И сфатете еднаш, ниту сте најпаметни, ниту можете бескрајно да ги мувате сите со вашите патолошки курназлаци, вели тој.

The post Тоа се народе тие толерантни, модерни ЕУ суштества appeared first on Република.

]]>

Ете големата писателка на ЛГБТ батерии ни кажа дека сме најмрачнито и најгадното НЕШТО кое вчера излегло на улица да протестира против ЛГБТ и родовата мегалуда идеологија. Ова нејзиното не е говор на омраза, а?, прашува Сашо Тасевски, зборувајќи за статусот на писателката Румена Бужаровска, која за вчерашниот Сенароден собир, организиран од МПЦ-ОА, напиша дека на улица излезе „најгрозното и најмрачното во Македонија“.
Еве ја прашувам онаа инквизиторска Дирекцијата за борба против дискриминација да одговори. Оти ние сме навредени што големата ванаби писателка не нарекува мрачни сили. И бараме да поведете постапка против неа за нејзината изјава на фејсбук. Ние сме според неа мракот а они се као светулки во мракот. А бе прдам од смеење!!! Тоа се народе тие толерантни, модерни ЕУ суштества. Устата им е полна со демократија ама секогаш да биде по нивно. Имате право на свое мислење ама само ако е тоа нивното мислење. Инаку сте мрачен, сељак, глуп и неандерталец. Види вака елито прогресивна... Ако со вас неколку нешто не во ред, не мора цело општество да го заразите со вашите лични трауми и фрустрации. И сфатете еднаш, ниту сте најпаметни, ниту можете бескрајно да ги мувате сите со вашите патолошки курназлаци, вели тој.

The post Тоа се народе тие толерантни, модерни ЕУ суштества appeared first on Република.

]]>
Да не бев на интервјуто, ќе бев на протестот со семејството, Мицкоски го поддржа протест МПЦ-ОА против Законот за родова еднаквост https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/da-ne-bev-na-intervjuto-ke-bev-na-protestot-so-semejstvoto-mitskoski-go-poddrzha-protest-mpts-oa-protiv-zakonot-za-rodova-ednakvost/ Thu, 29 Jun 2023 17:22:28 +0000 https://republika.mk/?p=656633

На протестот ќе видите многу луѓе кои што се препознатливи за ВМРО-ДПМНЕ, тоа што можев да го видам пред денешната емисија, и тоа дека голем дел од пратеничката група пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата се токму таму. Голем број на партиски членови и активисти се токму таму. И самото тоа говори за ставот јасен на ВМРО-ДПМНЕ и мој личен. И да не беше ова наше денешно интервју и Вашата покана и јас ќе бев таму заедно со моето семејство, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Мицкоски додаде дека е апсолутно против законите и го поддржува протестот на МПЦ-ОА.

https://republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-sobrani-sme-da-im-kazheme-da-na-zhivotot-i-na-svetosta-na-semejstvoto-oformeno-od-eden-mazh-i-edna-zhena/

На прашањето дали пратеничката група ќе го поддржи законот во Собранието, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нагласи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да поддржи таков закон.

The post Да не бев на интервјуто, ќе бев на протестот со семејството, Мицкоски го поддржа протест МПЦ-ОА против Законот за родова еднаквост appeared first on Република.

Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-sobrani-sme-da-im-kazheme-da-na-zhivotot-i-na-svetosta-na-semejstvoto-oformeno-od-eden-mazh-i-edna-zhena/ Thu, 29 Jun 2023 17:19:47 +0000 https://republika.mk/?p=656581

Еве не, чедата на МПЦ, собрани заедно со претставници на сите цркви и верски заедници за да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена, за да кажеме дека ќе ги браниме нашите најмили - децата од неприфатливи и нагрдувачки нови идеологии. Собрани сме за достоинствено и радосно да го покажеме нашето прегрнување на сиот свет како Божјо творение и да кажеме дека Црквата ниту сега, ниту кога било, не протестира против некоја личност и не отфрла никого. Нејзиното постоење е непрестаен бунт, но не против човек, туку против злото, гревот и смртта во кои, за жал, запаѓа светот. Единствена цел на Црквата е да го љуби и преобразува овој свет, но непоистоветувајќи се со него, порача архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан во обраќањето на сенародниот собир против законите за родова еднаквост и за матична евиденција што се одржува попладнево во дворот на храмот „Св. Климент Охридски“.

Како што истакна г. г. Стефан, „денес светот го окупира нова идеолошка пропаганда на која и во нашето општество и го гледаме вистинското лице. Се подметнува поимот род кој е свесно избран. Има убав контекст, но во намерите на новите теоретичари и идеолози не носи ништо добро“.

-Сосема ги разбираме загриженоста и стравот, особено на родителите, за иднината на своите деца, ако тие два закона или нови слични закони станат обрзвувачка реалност. Да престане унакажувањето на образовниот систем со родова идеологија и сексуализација на нашите најмлади, да престане крајно неприфатливото да им се одзема на родителите од нивните родителски права и на децата од нивното детство. До кога нашите деца ќе учат од учебници чии содржини се диктираат од туѓи држави и туѓи центри?, рече поглаварот на МПЦ.

Според него, секуларно општество не значи и безбожно општество.

-Немаме ништо против секуларниот менталитет, но се прашуваме дали тоа значи да се изопшти Црквата од општествениот живот? Свесни сме за намерите на организации и движења кои зајакнаа, влегоа во државните институции и пишуваат закони како двата несреќни закона - за родова еднаквост и матична евиденција, кои целат не само да ја секуларизираат црквата, туку и да ја присилат да зборува со некојси светски поредок кој им е туѓ на апостолите, светите оци и светото Евангелие. И кога најдобронамерно ќе кажеме нешто, се обидуваат да не замолчат со промена на тезите за секуларниот, световен карактер на државата, секогаш како по правило, толкувајќи ја секуларноста спротивна на Уставот во кој Црквата и останатите верски заедници имаат свое место и свои загарнтирани права, подвлече неговото блаженство г. г. Стефан.

Тој се осврна и на ставот на Црквата кон жената.

-Собрани сме тука јасно и гласно да ја кажеме вистината, наместо професионалните експерти за менување тези. Жените во Македонија верувам не сакаат лажна еднаквост и лажни права, и не сакаат да бидат ослободувани од Црквата каде ја живеат својата вистинска слобода. Црквата е преполна со смели, самостојни и реализирани жени кои доаѓаат самостојно и во неа гледаат сигурно засолништво од овој заразан бунт, нагласи г. г. Стефан.

Поглаварот на МПЦ упати апел до верниците да застанат во одбрана на семејството и да го запазат ликот Божји во човекот.

Сенародниот собир се одржува под мотото „Имаме должност“, а го организира Светиот архиерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). На него присуствуваат верници од Скопје, но и од други делови на државата. Собирот почна со молитвата Оче наш  од страна на владиците.

Светиот архиерејски Синод на МПЦ - ОА на прес-конференцијата во вторникот упати апел за учество на собирот и потенцира дека тој не е насочен против никого, туку исклучиво против содржината на овие предлог закони.

The post Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена appeared first on Република.

]]>

Еве не, чедата на МПЦ, собрани заедно со претставници на сите цркви и верски заедници за да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена, за да кажеме дека ќе ги браниме нашите најмили - децата од неприфатливи и нагрдувачки нови идеологии. Собрани сме за достоинствено и радосно да го покажеме нашето прегрнување на сиот свет како Божјо творение и да кажеме дека Црквата ниту сега, ниту кога било, не протестира против некоја личност и не отфрла никого. Нејзиното постоење е непрестаен бунт, но не против човек, туку против злото, гревот и смртта во кои, за жал, запаѓа светот. Единствена цел на Црквата е да го љуби и преобразува овој свет, но непоистоветувајќи се со него, порача архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан во обраќањето на сенародниот собир против законите за родова еднаквост и за матична евиденција што се одржува попладнево во дворот на храмот „Св. Климент Охридски“. Како што истакна г. г. Стефан, „денес светот го окупира нова идеолошка пропаганда на која и во нашето општество и го гледаме вистинското лице. Се подметнува поимот род кој е свесно избран. Има убав контекст, но во намерите на новите теоретичари и идеолози не носи ништо добро“. -Сосема ги разбираме загриженоста и стравот, особено на родителите, за иднината на своите деца, ако тие два закона или нови слични закони станат обрзвувачка реалност. Да престане унакажувањето на образовниот систем со родова идеологија и сексуализација на нашите најмлади, да престане крајно неприфатливото да им се одзема на родителите од нивните родителски права и на децата од нивното детство. До кога нашите деца ќе учат од учебници чии содржини се диктираат од туѓи држави и туѓи центри?, рече поглаварот на МПЦ. Според него, секуларно општество не значи и безбожно општество. -Немаме ништо против секуларниот менталитет, но се прашуваме дали тоа значи да се изопшти Црквата од општествениот живот? Свесни сме за намерите на организации и движења кои зајакнаа, влегоа во државните институции и пишуваат закони како двата несреќни закона - за родова еднаквост и матична евиденција, кои целат не само да ја секуларизираат црквата, туку и да ја присилат да зборува со некојси светски поредок кој им е туѓ на апостолите, светите оци и светото Евангелие. И кога најдобронамерно ќе кажеме нешто, се обидуваат да не замолчат со промена на тезите за секуларниот, световен карактер на државата, секогаш како по правило, толкувајќи ја секуларноста спротивна на Уставот во кој Црквата и останатите верски заедници имаат свое место и свои загарнтирани права, подвлече неговото блаженство г. г. Стефан.   Тој се осврна и на ставот на Црквата кон жената. -Собрани сме тука јасно и гласно да ја кажеме вистината, наместо професионалните експерти за менување тези. Жените во Македонија верувам не сакаат лажна еднаквост и лажни права, и не сакаат да бидат ослободувани од Црквата каде ја живеат својата вистинска слобода. Црквата е преполна со смели, самостојни и реализирани жени кои доаѓаат самостојно и во неа гледаат сигурно засолништво од овој заразан бунт, нагласи г. г. Стефан. Поглаварот на МПЦ упати апел до верниците да застанат во одбрана на семејството и да го запазат ликот Божји во човекот. Сенародниот собир се одржува под мотото „Имаме должност“, а го организира Светиот архиерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). На него присуствуваат верници од Скопје, но и од други делови на државата. Собирот почна со молитвата Оче наш  од страна на владиците. Светиот архиерејски Синод на МПЦ - ОА на прес-конференцијата во вторникот упати апел за учество на собирот и потенцира дека тој не е насочен против никого, туку исклучиво против содржината на овие предлог закони.

The post Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена appeared first on Република.

]]>
Алабакоски: Треба зборови, но и дела, затоа еве нè на дело https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/alabakoski-treba-zborovi-no-i-dela-zatoa-eve-ne-na-delo/ Thu, 29 Jun 2023 17:08:49 +0000 https://republika.mk/?p=656578

Треба зборови но и дела, порачува Ламбе Алабакоски од денешниот собир за заштита на семејните вредности, органзиран од МПЦ-ОА.
Да не одите по физолошки потреби на FB и instagram дека ќе останиме само зад тастатурите еве не на дело како и секогаш 🔥🔥🔥⬆️ #имамедолжностдагизаштитимедецата #имамедолжност

Илјадниците граѓани се собраа на денешниот протест во Соборниот храм во Скопје кој го организира МПЦ-ОА.

Протестот е во знак против предлог-законите за родова еднаквост и за матична евиденција.

На собирот присутни се сите членови на Синодот на МПЦ-ОА, скопскиот надбискуп Киро Стојанов, а единствено не се присутни претставници од ИВЗ кои писмено известија дека поради верскиот празник Курбан Бајрам не се во можност да присуствуваат на настанот.

Меѓу присутните е и академик Катица Ќулавкова, која се обраќа во монетов.

The post Алабакоски: Треба зборови, но и дела, затоа еве нè на дело appeared first on Република.

]]>

Треба зборови но и дела, порачува Ламбе Алабакоски од денешниот собир за заштита на семејните вредности, органзиран од МПЦ-ОА. Да не одите по физолошки потреби на FB и instagram дека ќе останиме само зад тастатурите еве не на дело како и секогаш 🔥🔥🔥⬆️ #имамедолжностдагизаштитимедецата #имамедолжност Илјадниците граѓани се собраа на денешниот протест во Соборниот храм во Скопје кој го организира МПЦ-ОА. Протестот е во знак против предлог-законите за родова еднаквост и за матична евиденција. На собирот присутни се сите членови на Синодот на МПЦ-ОА, скопскиот надбискуп Киро Стојанов, а единствено не се присутни претставници од ИВЗ кои писмено известија дека поради верскиот празник Курбан Бајрам не се во можност да присуствуваат на настанот. Меѓу присутните е и академик Катица Ќулавкова, која се обраќа во монетов.

The post Алабакоски: Треба зборови, но и дела, затоа еве нè на дело appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Легитимно е да се протестира, но легитимно е и да се знае вистината за законите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-legitimno-e-da-se-protestira-no-legitimno-e-i-da-se-znae-vistinata-za-zakonite/ Thu, 29 Jun 2023 16:40:00 +0000 https://republika.mk/?p=656547

Mинистерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во пресрет на сенародниот собир на МПЦ рече дека Законот за родова еднаквост, кој се уште не е ниту во владина процедура, има една единствена цел – да ги унапреди правата на жените.

Со Законот за родова еднаквост ќе се подобри положбата на жените во општеството, а со Законот за матична евиденција трансродово лице ќе може да се запише во матичната книга во родот во кој смета дека припаѓа.

„Не губиме ништо од она што во моментот го имаме како право. Признавањето на правото на одредена заедница не значи дека останатите губат некакви права. Напротив, тоа покажува дека државата има демократски капацитет и дека се грижи за сите граѓани, за сите заедници во општеството. Протестот е легитимно право на секој. Меѓутоа, легитимно право е да биде кажана вистината за двата закони“, вели Тренчевска.

Според неа, со него се регулираат механизмите, како Секретаријатот за родова еднаквост, кој ќе надгледува дали надлежните еднакво ги третираат мажите и жените.

-Вистината за Законот за родова еднаквост е дека со него ниту се третира менувањето на полот, ниту се третираат истополовите бракови, туку единствената област на која е фокусирана е положбата на жените и еднаквите можности на мажите и жените, вели Тренчевска.

Измените на Законот за водење матична евиденција е практично тој кој е поспорен бидејќи го регулира правното признавање на родовиот идентитет. Поднесен е од група пратенички од владејчакото мнозинство, но без да се консултираат со пратеничките групи.

Станува збор за два различни закони коишто третираат различна материја. Законот за матична евиденција го третира родовиот идентитет, односно можност на лице коешто е трансродово лице да може да ја смени дознаката во матичниот број, онаму кадешто се обележува родот, односно женски или машки род, рече Тренчевска.

Амбасадорката на Шведска во земјава вели дека родовата еднаквост е клучна за развојот на една држава.

Лекцијата од нашето патување е дека родовата еднаквост е многу важна за индивидуата, многу важна за општеството во целина, за економијата и просперитетот на државата. Жените често се вешти и многу образувани во своите професии и се потребни на пазарот на труд. Но за да се изгради општество подобро за сите, мора да бидат дел од процесите на носење демократски одлуки, рече амбасадорката Ами Ларсон Јаин.

Носењето на двата закони беа главните барања на Парадата на гордоста која се одржа во саботата во Скопје. Токму овие барања беа причина црквата за првпат да организира протест.

Македонија има напредок во индексот за родова еднаквост, и тоа за 2,5 поени за четири. Во извештајот, сепак се вели дека темпото на прогресот е многу бавен и ќе бидат потребни 57 години за да се постигне родова еднаквост. Македонските жени, споредено со тие во ЕУ, имаат помалку пари и помалку време.

The post Тренчевска: Легитимно е да се протестира, но легитимно е и да се знае вистината за законите appeared first on Република.

]]>

Mинистерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во пресрет на сенародниот собир на МПЦ рече дека Законот за родова еднаквост, кој се уште не е ниту во владина процедура, има една единствена цел – да ги унапреди правата на жените. Со Законот за родова еднаквост ќе се подобри положбата на жените во општеството, а со Законот за матична евиденција трансродово лице ќе може да се запише во матичната книга во родот во кој смета дека припаѓа.
„Не губиме ништо од она што во моментот го имаме како право. Признавањето на правото на одредена заедница не значи дека останатите губат некакви права. Напротив, тоа покажува дека државата има демократски капацитет и дека се грижи за сите граѓани, за сите заедници во општеството. Протестот е легитимно право на секој. Меѓутоа, легитимно право е да биде кажана вистината за двата закони“, вели Тренчевска.
Според неа, со него се регулираат механизмите, како Секретаријатот за родова еднаквост, кој ќе надгледува дали надлежните еднакво ги третираат мажите и жените.
-Вистината за Законот за родова еднаквост е дека со него ниту се третира менувањето на полот, ниту се третираат истополовите бракови, туку единствената област на која е фокусирана е положбата на жените и еднаквите можности на мажите и жените, вели Тренчевска.
Измените на Законот за водење матична евиденција е практично тој кој е поспорен бидејќи го регулира правното признавање на родовиот идентитет. Поднесен е од група пратенички од владејчакото мнозинство, но без да се консултираат со пратеничките групи.
Станува збор за два различни закони коишто третираат различна материја. Законот за матична евиденција го третира родовиот идентитет, односно можност на лице коешто е трансродово лице да може да ја смени дознаката во матичниот број, онаму кадешто се обележува родот, односно женски или машки род, рече Тренчевска.
Амбасадорката на Шведска во земјава вели дека родовата еднаквост е клучна за развојот на една држава. Лекцијата од нашето патување е дека родовата еднаквост е многу важна за индивидуата, многу важна за општеството во целина, за економијата и просперитетот на државата. Жените често се вешти и многу образувани во своите професии и се потребни на пазарот на труд. Но за да се изгради општество подобро за сите, мора да бидат дел од процесите на носење демократски одлуки, рече амбасадорката Ами Ларсон Јаин. Носењето на двата закони беа главните барања на Парадата на гордоста која се одржа во саботата во Скопје. Токму овие барања беа причина црквата за првпат да организира протест. Македонија има напредок во индексот за родова еднаквост, и тоа за 2,5 поени за четири. Во извештајот, сепак се вели дека темпото на прогресот е многу бавен и ќе бидат потребни 57 години за да се постигне родова еднаквост. Македонските жени, споредено со тие во ЕУ, имаат помалку пари и помалку време.

The post Тренчевска: Легитимно е да се протестира, но легитимно е и да се знае вистината за законите appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Започна Сенародниот собир против законите за родова еднаквост и за матична евиденција во организација на МПЦ-ОА https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vo-zhivo-zapochna-senarodniot-sobir-protiv-zakonite-za-rodova-ednakvost-i-za-matichna-evidentsija-vo-organizatsija-na-mpts-oa/ Thu, 29 Jun 2023 16:23:43 +0000 https://republika.mk/?p=656528

Македонската православна црква - Охридска архиепископија денеска организира сенароден собир во знак на протест поради односот на власта кон нивното барање за повлекување од собраниска процедура на Предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост, бидејќи ги сметаат за сериозна закана за општеството, а особено за неговата основна клетка – семејството.

Светиот архиерејски Синод на МПЦ - ОА на прес-конференцијата во вторникот упати апел за учество на собирот и потенцира дека тој не е насочен против никого, туку исклучиво против содржината на овие предлог-закони.

Образложивме во повеќе наврати и во самото соопштение, експлицитно изразуваме протест против новиот контекст што му се дава на поимот род, против родовата компонента која што е застапена во Предлог-законот за родова еднаквост и се користи, се злоупотребува на уште поексплицитен начин во Предлог-законот за матична евиденција, којшто предвидува промена на ознака за пол при изјава која што би се базирала на субјективни индивидуални чувства на поединецот. Ја користам оваа можност да го повикаме допопнително народот за присуство заради тоа што овој протестен рефлекс што црквата го пројавува, сосема погрешно се интерпретира во јавноста, анализирајќи се и перцепцирајќи ја црквата единствено како институција. Црквата е многу повеќе, црквата е жив организам составен од конкретни луѓе, од заедница која што има вредносен систем кој е апсолутен контрас, апсолутно спротивен на она што ни го нудат и што се закануваат да го донесат овие два предлог закони во нашето општество, но и во црквата, рече на прес-конференцијата епископот Јаков Стобиски.

Појасни дека МПЦ не е против остварување на нечии права туку смета дека она што е спорно во овие закони е дека тие може ќе придонесат за поголемо остварување на нечии права, на поединци или на групи, но тоа, вели, сериозно би ги загрозило правата на мнозинството, на 99 проценти од населението во државава.

Тој, воедно потенцираше дека како црква се оградуваат однапред од каква било злоупотреба во некакви свои цели на овој собир, и не поддржуваат говор на омраза.

Не поддржуваме никаков говор на омраза, и никакво скандирање и повикуваме на мирни протести. Едноставно да кажеме „не“. Нашиот собир, присуството на тој собир би значело дека не се согласуваме со вакви предлог законски решенија во таква форма, вели епископот.

На фотографиите може да се забележи дека МПЦ-ОА доби поддршка од Католичката црква. Рамо до рамо со поглаварот г.г. Стефан стои Киро Стојанов. Присутни се и претставници на протестантската црква и на еврејската заедница.

ИВЗ иако е протов законите за родова еднаквост, најави дека нема да присуствува на собирот.

Во видео - порака објавена ден спроти собирот, епископот Стобиски нагласува дека собирот е со цел заштита на децата и семејството.

Имаме должност да ја разобличиме лагата, силно и јасно да изговориме и да ја исповедаме вистината, но и да ги заштитиме децата и семејството, и да ја одбраниме слободата што не ни е дадена туку така, но за неа не некој друг, туку Христос има платено скапа цена, премногу скапа за да станеме робови на луѓе на некакви човечки идеологии спротивни на духот на Евангелието, вели епископот во видео-пораката.

Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, во понеделникот, преку соопштение до јавноста и видео обраќање на поглаварот г.г. Стефан го објави повикот за Сенароден собир пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје поради процесот на носење на двата спорни закона со порака дека „сите имаме должност да застанеме во одбрана на она што сме го примиле и наследиле од нашите предци да го продолжиме и да им го оставиме на поколоенијата по нас“.

Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. Во предложените закони се упати на низа спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но тие не се земаат предвид. Напротив, законите се обидуваат да се донесат што побрзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, а особено на жените и децата, стои во повикот за собирот.

Одлуката за организирање на собирот беше донесена на седница на САС на МПЦ-ОА на 20 јуни. Во соопштението од седницата, меѓу другото, се изразува особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорираа соопштението од сите верски заедници, кои претставуваат над 95 проценти од населението, за повлекување од процедура на двата закона и продолжуваат со постапката во скратена форма за сите собраниски филтри, за нивно целосно носење, а кои се сметаат за сериозна закана за општеството, особено за неговата основна клетка – семејството.

Сенародниот собир во организација на Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, предвидено е да започне во 18 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје. 

The post ВО ЖИВО: Започна Сенародниот собир против законите за родова еднаквост и за матична евиденција во организација на МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>

Македонската православна црква - Охридска архиепископија денеска организира сенароден собир во знак на протест поради односот на власта кон нивното барање за повлекување од собраниска процедура на Предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост, бидејќи ги сметаат за сериозна закана за општеството, а особено за неговата основна клетка – семејството. Светиот архиерејски Синод на МПЦ - ОА на прес-конференцијата во вторникот упати апел за учество на собирот и потенцира дека тој не е насочен против никого, туку исклучиво против содржината на овие предлог-закони.
Образложивме во повеќе наврати и во самото соопштение, експлицитно изразуваме протест против новиот контекст што му се дава на поимот род, против родовата компонента која што е застапена во Предлог-законот за родова еднаквост и се користи, се злоупотребува на уште поексплицитен начин во Предлог-законот за матична евиденција, којшто предвидува промена на ознака за пол при изјава која што би се базирала на субјективни индивидуални чувства на поединецот. Ја користам оваа можност да го повикаме допопнително народот за присуство заради тоа што овој протестен рефлекс што црквата го пројавува, сосема погрешно се интерпретира во јавноста, анализирајќи се и перцепцирајќи ја црквата единствено како институција. Црквата е многу повеќе, црквата е жив организам составен од конкретни луѓе, од заедница која што има вредносен систем кој е апсолутен контрас, апсолутно спротивен на она што ни го нудат и што се закануваат да го донесат овие два предлог закони во нашето општество, но и во црквата, рече на прес-конференцијата епископот Јаков Стобиски.
Појасни дека МПЦ не е против остварување на нечии права туку смета дека она што е спорно во овие закони е дека тие може ќе придонесат за поголемо остварување на нечии права, на поединци или на групи, но тоа, вели, сериозно би ги загрозило правата на мнозинството, на 99 проценти од населението во државава. Тој, воедно потенцираше дека како црква се оградуваат однапред од каква било злоупотреба во некакви свои цели на овој собир, и не поддржуваат говор на омраза.
Не поддржуваме никаков говор на омраза, и никакво скандирање и повикуваме на мирни протести. Едноставно да кажеме „не“. Нашиот собир, присуството на тој собир би значело дека не се согласуваме со вакви предлог законски решенија во таква форма, вели епископот.
На фотографиите може да се забележи дека МПЦ-ОА доби поддршка од Католичката црква. Рамо до рамо со поглаварот г.г. Стефан стои Киро Стојанов. Присутни се и претставници на протестантската црква и на еврејската заедница. ИВЗ иако е протов законите за родова еднаквост, најави дека нема да присуствува на собирот. Во видео - порака објавена ден спроти собирот, епископот Стобиски нагласува дека собирот е со цел заштита на децата и семејството.
Имаме должност да ја разобличиме лагата, силно и јасно да изговориме и да ја исповедаме вистината, но и да ги заштитиме децата и семејството, и да ја одбраниме слободата што не ни е дадена туку така, но за неа не некој друг, туку Христос има платено скапа цена, премногу скапа за да станеме робови на луѓе на некакви човечки идеологии спротивни на духот на Евангелието, вели епископот во видео-пораката.
Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, во понеделникот, преку соопштение до јавноста и видео обраќање на поглаварот г.г. Стефан го објави повикот за Сенароден собир пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје поради процесот на носење на двата спорни закона со порака дека „сите имаме должност да застанеме во одбрана на она што сме го примиле и наследиле од нашите предци да го продолжиме и да им го оставиме на поколоенијата по нас“.
Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. Во предложените закони се упати на низа спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но тие не се земаат предвид. Напротив, законите се обидуваат да се донесат што побрзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, а особено на жените и децата, стои во повикот за собирот.
Одлуката за организирање на собирот беше донесена на седница на САС на МПЦ-ОА на 20 јуни. Во соопштението од седницата, меѓу другото, се изразува особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорираа соопштението од сите верски заедници, кои претставуваат над 95 проценти од населението, за повлекување од процедура на двата закона и продолжуваат со постапката во скратена форма за сите собраниски филтри, за нивно целосно носење, а кои се сметаат за сериозна закана за општеството, особено за неговата основна клетка – семејството. Сенародниот собир во организација на Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, предвидено е да започне во 18 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје. 

The post ВО ЖИВО: Започна Сенародниот собир против законите за родова еднаквост и за матична евиденција во организација на МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>
Aгресорот одново се претставува како жртва, велат од МПЦ и апелираат на смиреност пред денешниот Сенароден собир https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/agresorot-odnovo-se-pretstavuva-kako-zhrtva-velat-od-mpts-i-apeliraat-na-smirenost-pred-deneshniot-senaroden-sobir/ Thu, 29 Jun 2023 11:46:29 +0000 https://republika.mk/?p=656402

Ние изразуваме протест единствено против содржината на законите за матична евиденција и родова еднаквост, не протестираме против никој друг, категоричен е викарниот епископ Стобиски г. Јаков во видеообраќањето испратено непосредно пред протестот, во кое им порачува на граѓаните не само да застанат во одбрана на верата, во одбрана на слободата на говор и мислење, туку и да останат смирени и да не подлегнуваат на провокации.

https://republika.mk/vesti/skopje/deneska-senaroden-sobir-protiv-zakonite-za-rodova-ednakvost-i-za-matichna-evidentsija-vo-organizatsija-na-mpts-oa/

И кога решивме во демократско општество да се собереме и тоа не на јавен простор, туку свои на своето, во Црквата своја, гледаме разработка на старото-добро сценарио каде што агресорот одново се претставува како жртва. Токму тоа се повиците коишто ги слушаме од вчера од некои невладини организации дека нашиот собир некого ќе загрози. Не се сомневам дека ќе има обиди на таков начин да се фрли сенка на Вистината, со нивните добро познати методи на праќање провокатори, вели епископот г. Јаков.

https://youtu.be/Q0GRG2KckEo

The post Aгресорот одново се претставува како жртва, велат од МПЦ и апелираат на смиреност пред денешниот Сенароден собир appeared first on Република.

]]>

Ние изразуваме протест единствено против содржината на законите за матична евиденција и родова еднаквост, не протестираме против никој друг, категоричен е викарниот епископ Стобиски г. Јаков во видеообраќањето испратено непосредно пред протестот, во кое им порачува на граѓаните не само да застанат во одбрана на верата, во одбрана на слободата на говор и мислење, туку и да останат смирени и да не подлегнуваат на провокации. https://republika.mk/vesti/skopje/deneska-senaroden-sobir-protiv-zakonite-za-rodova-ednakvost-i-za-matichna-evidentsija-vo-organizatsija-na-mpts-oa/  
И кога решивме во демократско општество да се собереме и тоа не на јавен простор, туку свои на своето, во Црквата своја, гледаме разработка на старото-добро сценарио каде што агресорот одново се претставува како жртва. Токму тоа се повиците коишто ги слушаме од вчера од некои невладини организации дека нашиот собир некого ќе загрози. Не се сомневам дека ќе има обиди на таков начин да се фрли сенка на Вистината, со нивните добро познати методи на праќање провокатори, вели епископот г. Јаков.
https://youtu.be/Q0GRG2KckEo

The post Aгресорот одново се претставува како жртва, велат од МПЦ и апелираат на смиреност пред денешниот Сенароден собир appeared first on Република.

]]>
Денеска Сенароден собир против законите за родова еднаквост и за матична евиденција во организација на МПЦ-ОА https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/deneska-senaroden-sobir-protiv-zakonite-za-rodova-ednakvost-i-za-matichna-evidentsija-vo-organizatsija-na-mpts-oa/ Thu, 29 Jun 2023 06:44:28 +0000 https://republika.mk/?p=656268

Македонската православна црква - Охридска архиепископија денеска организира сенароден собир во знак на протест поради односот на власта кон нивното барање за повлекување од собраниска процедура на предлог законите за матична евиденција и за родова еднаквост,  бидејќи ги сметаат за сериозна закана за општеството, а особено за неговата основна клетка – семејството.

Светиот архиерејски Синод на МПЦ - ОА на прес-конференцијата во вторникот упати апел за учество на собирот и потенцира дека тој не е насочен против никого, туку исклучиво против содржината на овие предлог закони.

Образложивме во повеќе наврати и во самото соопштение, експлицитно изразуваме протест против новиот контекст што му се дава на поимот род, против родовата компонента која што е застапена во Предлог законот за родова еднаквост и се користи, се злоупотребува на уште поексплицитен начин во Предлог законот за матична евиденција, којшто предвидува промена на ознака за пол при изјава која што би се базирала на субјективни индивидуални чувства на поединецот. Ја користам оваа можност да го повикаме допопнително народот за присуство заради тоа што овој протестен рефлекс што црквата го пројавува, сосема погрешно се интерпретира во јавноста, анализирајќи се и перцепцирајќи ја црквата единствено како институција. Црквата е многу повеќе, црквата е жив организам составен од конкретни луѓе, од заедница која што има вредносен систем кој е апсолутен контрас, апсолутно спротивен на она што ни го нудат и што се закануваат да го донесат овие два предлог закони во нашето општество, но и во црквата, рече на прес-конференцијата епископот Јаков Стобиски.

Светиот архиерејски Синод на МПЦ Охридска епископија на денешната прес-конференција упати апел за учество на сенародниот собор што ќе се одржи в четврток во знак на протест поради игнорантски

Појасни дека МПЦ не е против остварување на нечии права туку смета дека она што е спорно во овие закони е дека тие може ќе придонесат за поголемо остварување на нечии права, на поединци или на групи, но тоа, вели, сериозно би ги загрозило правата на мнозинството, на 99 проценти од населението во државава.

Тој, воедно потенцираше дека како црква се оградуваат однапред од каква било злоупотреба во некакви свои цели на овој собир, и не поддржуваат говор на омраза.

Не поддржуваме никаков говор на омраза, и никакво скандирање и повикуваме на мирни протести. Едноставно да кажеме „не“. Нашиот собир, присуството на тој собир би значело дека не се согласуваме со вакви предлог законски решенија во таква форма, вели епископот.

Очекува собирот да биде поддржан од сите верски заедници во земјава, кои потпишаа заеднишко соопштение со барање за повлекување на двата спорни закона.

null

Во видео - порака објавена ден спроти собирот, епископот Стобиски нагласува дека собирот е со цел заштита на децата и семејството.

Имаме должност да ја разобличиме лагата, силно и јасно да изговориме и да ја исповедаме вистината, но и да ги заштитиме децата и семејството, и да ја одбраниме слободата што не ни е дадена туку така, но за неа не некој друг, туку Христос има платено скапа цена, премногу скапа за да станеме робови на луѓе на некакви човечки идеологии спротивни на духот на Евангелието, вели епископот во видео-пораката.

Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, во понеделникот, преку соопштение до јавноста и видео обраќање на поглаварот г.г. Стефан го објави повикот за Сенароден собир пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје поради процесот на носење на двата спорни закона со порака дека „сите имаме должност да застанеме во одбрана на она што сме го примиле и наследиле од нашите предци да го продолжиме и да им го оставиме на поколоенијата по нас“.

Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична ев

Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. Во предложените закони се упати на низа спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но тие не се земаат предвид. Напротив, законите се обидуваат да се донесат што побрзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, а особено на жените и децата, стои во повикот за собирот.

Одлуката за организирање на собирот беше донесена на седница на САС на МПЦ-ОА на 20 јуни. Во соопштението од седницата, меѓу другото, се изразува особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорираа соопштението од сите верски заедници, кои претставуваат над 95 проценти од населението, за повлекување од процедура на двата закона и продолжуваат со постапката во скратена форма за сите собраниски филтри, за нивно целосно носење, а кои се сметаат за сериозна закана за општеството, особено за неговата основна клетка – семејството.

Сенародниот собир во организација на Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, предвидено е да започне во 18 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје. 

The post Денеска Сенароден собир против законите за родова еднаквост и за матична евиденција во организација на МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>

Македонската православна црква - Охридска архиепископија денеска организира сенароден собир во знак на протест поради односот на власта кон нивното барање за повлекување од собраниска процедура на предлог законите за матична евиденција и за родова еднаквост,  бидејќи ги сметаат за сериозна закана за општеството, а особено за неговата основна клетка – семејството. Светиот архиерејски Синод на МПЦ - ОА на прес-конференцијата во вторникот упати апел за учество на собирот и потенцира дека тој не е насочен против никого, туку исклучиво против содржината на овие предлог закони.
Образложивме во повеќе наврати и во самото соопштение, експлицитно изразуваме протест против новиот контекст што му се дава на поимот род, против родовата компонента која што е застапена во Предлог законот за родова еднаквост и се користи, се злоупотребува на уште поексплицитен начин во Предлог законот за матична евиденција, којшто предвидува промена на ознака за пол при изјава која што би се базирала на субјективни индивидуални чувства на поединецот. Ја користам оваа можност да го повикаме допопнително народот за присуство заради тоа што овој протестен рефлекс што црквата го пројавува, сосема погрешно се интерпретира во јавноста, анализирајќи се и перцепцирајќи ја црквата единствено како институција. Црквата е многу повеќе, црквата е жив организам составен од конкретни луѓе, од заедница која што има вредносен систем кој е апсолутен контрас, апсолутно спротивен на она што ни го нудат и што се закануваат да го донесат овие два предлог закони во нашето општество, но и во црквата, рече на прес-конференцијата епископот Јаков Стобиски.
Светиот архиерејски Синод на МПЦ Охридска епископија на денешната прес-конференција упати апел за учество на сенародниот собор што ќе се одржи в четврток во знак на протест поради игнорантски Појасни дека МПЦ не е против остварување на нечии права туку смета дека она што е спорно во овие закони е дека тие може ќе придонесат за поголемо остварување на нечии права, на поединци или на групи, но тоа, вели, сериозно би ги загрозило правата на мнозинството, на 99 проценти од населението во државава. Тој, воедно потенцираше дека како црква се оградуваат однапред од каква било злоупотреба во некакви свои цели на овој собир, и не поддржуваат говор на омраза.
Не поддржуваме никаков говор на омраза, и никакво скандирање и повикуваме на мирни протести. Едноставно да кажеме „не“. Нашиот собир, присуството на тој собир би значело дека не се согласуваме со вакви предлог законски решенија во таква форма, вели епископот.
Очекува собирот да биде поддржан од сите верски заедници во земјава, кои потпишаа заеднишко соопштение со барање за повлекување на двата спорни закона. null Во видео - порака објавена ден спроти собирот, епископот Стобиски нагласува дека собирот е со цел заштита на децата и семејството.
Имаме должност да ја разобличиме лагата, силно и јасно да изговориме и да ја исповедаме вистината, но и да ги заштитиме децата и семејството, и да ја одбраниме слободата што не ни е дадена туку така, но за неа не некој друг, туку Христос има платено скапа цена, премногу скапа за да станеме робови на луѓе на некакви човечки идеологии спротивни на духот на Евангелието, вели епископот во видео-пораката.
Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, во понеделникот, преку соопштение до јавноста и видео обраќање на поглаварот г.г. Стефан го објави повикот за Сенароден собир пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје поради процесот на носење на двата спорни закона со порака дека „сите имаме должност да застанеме во одбрана на она што сме го примиле и наследиле од нашите предци да го продолжиме и да им го оставиме на поколоенијата по нас“. Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична ев