сена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sena/ За подобро да се разбереме Thu, 08 Aug 2024 07:39:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sena/ 32 32 По пливањето во Сена, пиеме кока-кола обидувајќи се да измиеме нешто во нас, тврди австралиска пливачка https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/po-plivaneto-vo-sena-pieme-koka-kola-obiduvajki-se-da-izmieme-neshto-vo-nas-tvrdi-avstraliska-plivachka/ Thu, 08 Aug 2024 07:39:29 +0000 https://republika.mk/?p=804429

Австралиската пливачка Мојше Џонсон раскажа како спортистите се обидуваат да се заштитат по пливањето во Сена.

Митот за кока-кола е вистинит. Често го пиеме по пливањето, само за да се обидеме да испереме нешто во нас, изјави Џонсон за „Индипендент“.

На 4 август, Белгијката Клер Мишел беше хоспитализирана поради бактериска зараза по натпреварување во триатлон на Игрите во Париз. Поради ова, белгискиот тим беше принуден да се повлече од мешаната штафета.

За денес на Олимпијадата се закажани трки на отворени води, во Сена на 10 км. во женската конкуренција.

The post По пливањето во Сена, пиеме кока-кола обидувајќи се да измиеме нешто во нас, тврди австралиска пливачка appeared first on Република.

]]>

Австралиската пливачка Мојше Џонсон раскажа како спортистите се обидуваат да се заштитат по пливањето во Сена. Митот за кока-кола е вистинит. Често го пиеме по пливањето, само за да се обидеме да испереме нешто во нас, изјави Џонсон за „Индипендент“. На 4 август, Белгијката Клер Мишел беше хоспитализирана поради бактериска зараза по натпреварување во триатлон на Игрите во Париз. Поради ова, белгискиот тим беше принуден да се повлече од мешаната штафета. За денес на Олимпијадата се закажани трки на отворени води, во Сена на 10 км. во женската конкуренција.

The post По пливањето во Сена, пиеме кока-кола обидувајќи се да измиеме нешто во нас, тврди австралиска пливачка appeared first on Република.

]]>
Повторно загадена: Сена бетер од Вардар https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/povtorno-zagadena-sena-beter-od-vardar/ Tue, 06 Aug 2024 10:34:11 +0000 https://republika.mk/?p=803852

На Олимпијадата во Париз, тренинзите за пливање во реката Сена повторно беа откажани поради лошиот квалитет на водата.

За 8 и 9 август е предвидено да се одржат натпревари во пливање на отворени води.

Претходно, организаторите четири пати ги откажаа тренинзите за триатлонците во Сена. Но, на крајот медалите во овој спорт беа доделени.

Неколку триатлонци по тренинзите се пожалија на стомачни тегоби, а некои од нив ги откажаа настапите и не учествуваа на натпреварите

На Олимпијадата во Париз, тренинзите за пливање во реката Сена повторно беа откажани поради лошиот квалитет на водата.

За 8 и 9 август е предвидено да се одржат натпревари во пливање на отворени води.

Претходно, организаторите четири пати ги откажаа тренинзите за триатлонците во Сена. Но, на крајот медалите во овој спорт беа доделени.

Неколку триатлонци по тренинзите се пожалија на стомачни тегоби, а некои од нив ги откажаа настапите и не учествуваа на натпреварите

The post Повторно загадена: Сена бетер од Вардар appeared first on Република.

]]>

На Олимпијадата во Париз, тренинзите за пливање во реката Сена повторно беа откажани поради лошиот квалитет на водата. За 8 и 9 август е предвидено да се одржат натпревари во пливање на отворени води. Претходно, организаторите четири пати ги откажаа тренинзите за триатлонците во Сена. Но, на крајот медалите во овој спорт беа доделени. Неколку триатлонци по тренинзите се пожалија на стомачни тегоби, а некои од нив ги откажаа настапите и не учествуваа на натпреварите На Олимпијадата во Париз, тренинзите за пливање во реката Сена повторно беа откажани поради лошиот квалитет на водата. За 8 и 9 август е предвидено да се одржат натпревари во пливање на отворени води. Претходно, организаторите четири пати ги откажаа тренинзите за триатлонците во Сена. Но, на крајот медалите во овој спорт беа доделени. Неколку триатлонци по тренинзите се пожалија на стомачни тегоби, а некои од нив ги откажаа настапите и не учествуваа на натпреварите

The post Повторно загадена: Сена бетер од Вардар appeared first on Република.

]]>
Закачија инфекција: Гнасните води на Сена прерано го завршија олимпискиот сон за двајца триатлонци од Швајцарија https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/zakachija-infektsija-gnasnite-vodi-na-sena-prerano-go-zavrshija-olimpiskiot-son-za-dvajtsa-triatlontsi-od-shvajtsarija/ Mon, 05 Aug 2024 06:58:22 +0000 https://republika.mk/?p=803358

Швајцарските триатлонци Адриен Брифо и Сајмон Вестерман нема да учествуваат во мешаната штафета на Олимписките игри во Париз поради цревна инфекција, соопшти прес-службата на швајцарскиот олимписки комитет.

Првично, Брифо кој беше 49-ти во поединечна конкуренција, беше пријавен за трката, но поради здравствени проблеми беше заменет од Вестерман. Но, подоцна и Вестерман пријавил цревна инфекција и се откажал од натпреварот.

Натпреварите во триатлон на Олимпијадата започнаа на 31 јули. Поради квалитетот на водата во Сена, беа одложени неколку тренинзи. По првиот тренинг пливање, двајца учесници повраќаа. Канаѓанецот Тајлер Миславчук и репрезентативката на Казахстан Екатерина Шабалина се чувствуваа лошо, додека шведската триатлонка Тилда Монсон, пак, се пожали на бојата и „одвратниот мирис“ на водата во Сена.

На 3 август, тренинзите за пливање на триатлонците беа повторно откажани на Олимпијадата во Париз. Претпладнево треба да се одржи мешаната штафета.

The post Закачија инфекција: Гнасните води на Сена прерано го завршија олимпискиот сон за двајца триатлонци од Швајцарија appeared first on Република.

]]>

Швајцарските триатлонци Адриен Брифо и Сајмон Вестерман нема да учествуваат во мешаната штафета на Олимписките игри во Париз поради цревна инфекција, соопшти прес-службата на швајцарскиот олимписки комитет. Првично, Брифо кој беше 49-ти во поединечна конкуренција, беше пријавен за трката, но поради здравствени проблеми беше заменет од Вестерман. Но, подоцна и Вестерман пријавил цревна инфекција и се откажал од натпреварот. Натпреварите во триатлон на Олимпијадата започнаа на 31 јули. Поради квалитетот на водата во Сена, беа одложени неколку тренинзи. По првиот тренинг пливање, двајца учесници повраќаа. Канаѓанецот Тајлер Миславчук и репрезентативката на Казахстан Екатерина Шабалина се чувствуваа лошо, додека шведската триатлонка Тилда Монсон, пак, се пожали на бојата и „одвратниот мирис“ на водата во Сена. На 3 август, тренинзите за пливање на триатлонците беа повторно откажани на Олимпијадата во Париз. Претпладнево треба да се одржи мешаната штафета.

The post Закачија инфекција: Гнасните води на Сена прерано го завршија олимпискиот сон за двајца триатлонци од Швајцарија appeared first on Република.

]]>
Сена како Вардар: Реката е загадена-нема натпревари https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/sena-kako-vardar-rekata-e-zagadena-nema-natprevari/ Tue, 30 Jul 2024 10:11:50 +0000 https://republika.mk/?p=801613

Меѓународната унија за триатлон соопшти дека натпреварот во машка конкуренција на Олимпијадата 2024 година е одложен.

- По состанокот за квалитетот на водата и земајќи ги предвид најновите временски информации, машкиот триатлон натпревар, кој требаше да се одржи на 30 јули, е закажан за 10:45 часот на 31 јули. Истиот ден во 8 часот е предвидено да се одржи и женскиот триатлон“, се вели во соопштението.

Покрај тоа, се известува дека пред двете пливања, водата ќе се тестира за да се осигура дека ги исполнува праговите за пливање на Светскиот триатлон. Резервниот ден определен за 2 август останува на сила.

Вчера, второто тренажно пливање на триатлонците на Олимпијадата беше откажано поради лошиот квалитет на водата во Сена

The post Сена како Вардар: Реката е загадена-нема натпревари appeared first on Република.

]]>

Меѓународната унија за триатлон соопшти дека натпреварот во машка конкуренција на Олимпијадата 2024 година е одложен. - По состанокот за квалитетот на водата и земајќи ги предвид најновите временски информации, машкиот триатлон натпревар, кој требаше да се одржи на 30 јули, е закажан за 10:45 часот на 31 јули. Истиот ден во 8 часот е предвидено да се одржи и женскиот триатлон“, се вели во соопштението. Покрај тоа, се известува дека пред двете пливања, водата ќе се тестира за да се осигура дека ги исполнува праговите за пливање на Светскиот триатлон. Резервниот ден определен за 2 август останува на сила. Вчера, второто тренажно пливање на триатлонците на Олимпијадата беше откажано поради лошиот квалитет на водата во Сена

The post Сена како Вардар: Реката е загадена-нема натпревари appeared first on Република.

]]>
Сена е загадена, нема натпревари во триатлон https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/sena-e-zagadena-nema-natprevari-vo-triatlon/ Mon, 29 Jul 2024 06:31:18 +0000 https://republika.mk/?p=801189

Второто тренажно пливање на триатлонците на Олимпијадата во Париз е откажано поради нечиста вода во Сена, објави прес-службата на организацискиот одбор на Игрите.

Пливачкиот дел од триатлон требаше да се одржи во понеделник, 29 јули. Сепак, олимпискиот организациски комитет, Меѓународната триатлон федерација и локалните власти сметаа дека нивото на квалитетот на водата не дава доволно гаранции.

Ден претходно организаторите донесоа слична одлука.

- Тренингот за триатлон во Сена е откажан. Реката е загадена поради дождовите, стоеше во соопштението.

Пливањето во Сена е забрането од 1923 година. Ѓубре, токсичен отпад и отпадни води се фрлаат во реката со децении.

Олимписките игри во Париз започнаа на 26 јули, а ќе завршат на 11 август

The post Сена е загадена, нема натпревари во триатлон appeared first on Република.

]]>

Второто тренажно пливање на триатлонците на Олимпијадата во Париз е откажано поради нечиста вода во Сена, објави прес-службата на организацискиот одбор на Игрите. Пливачкиот дел од триатлон требаше да се одржи во понеделник, 29 јули. Сепак, олимпискиот организациски комитет, Меѓународната триатлон федерација и локалните власти сметаа дека нивото на квалитетот на водата не дава доволно гаранции. Ден претходно организаторите донесоа слична одлука.
- Тренингот за триатлон во Сена е откажан. Реката е загадена поради дождовите, стоеше во соопштението.
Пливањето во Сена е забрането од 1923 година. Ѓубре, токсичен отпад и отпадни води се фрлаат во реката со децении. Олимписките игри во Париз започнаа на 26 јули, а ќе завршат на 11 август

The post Сена е загадена, нема натпревари во триатлон appeared first on Република.

]]>
Министерката за спорт на Франција пливаше во Сена за да покаже дека реката е чиста за олимписки натпревари https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ministerkata-za-sport-na-frantsija-plivashe-vo-sena-za-da-pokazhe-deka-rekata-e-chista-za-olimpiski-natprevari/ Sat, 13 Jul 2024 13:10:11 +0000 https://republika.mk/?p=796408

Француската министерка за спорт Амели Уеда-Кастера денеска пливаше во реката Сена за да покаже дека нејзнината вода е доволно чиста за оджување на натпреварите во далечинско пливање и пливачкиот дел од триатлонот за време на претстојната Олимпијада во Париз.

Претходно, министерката изјави дека одржувањето на натпреварувањата во Сена ќе биде настан на векот и дека тоа мора да се случи поради француското наследство. Реката Сена се користела за натпревари и за време на Олимписките игри во Париз во 1900 година.

Откако беше објавено дека Сена ќе се користи за олимписки натпреварувања, се отвори дебата за нејзината чистота. Последниве недели многу студии и анализи покажале дека не ги исполнува целосно хигиенските стандарди за пливање, а главна причина за тоа се честите врнежи во француската престолнина. Изминативе денови преовладува суво време кое го намали нивото на загаденост, а натамошните прогнози укажуваат дека сувото време треба да се задржи и за време на Олимпијадата во Париз.

- Сите мерења во последните 12 дена покажаа дека реката е погодна за капење, изјави Пјер Рабадан, претставник на париските градски власти. Тој додаде дека организаторите не се плашат од откажување на натпреварувањата на Сена, но оти се можни одредени прилагодувања. Доколку има проблеми со квалитетот на водата и нивото на водата, организаторите велат дека имаат резервни планови.

Градоначалничката на Париз, Ана Идалго, исто така, кажа дека ќе плива во реката Сена.

И францускиот претседател Емануел Макрон во февруари вети дека и тој ќе се капе во Сена, но оти нема да им каже на новинарите кога ќе биде тоа.

Пливањето во Сена е забрането во 1923 година поради загадување, иако француските политичари ветија дека ќе ја исчистат. Поранешниот градоначалник на Париз, а подоцна и претседател Жак Ширак во 1988 година вети дека реката ќе биде доволно чиста за да може да се плива пред крајот на неговиот мандат, но тоа ветување не го одржа.

Летните Олимписи игри во Париз почнуваат на 26 јули и ќе траат до 11 август.

 

The post Министерката за спорт на Франција пливаше во Сена за да покаже дека реката е чиста за олимписки натпревари appeared first on Република.

]]>

Француската министерка за спорт Амели Уеда-Кастера денеска пливаше во реката Сена за да покаже дека нејзнината вода е доволно чиста за оджување на натпреварите во далечинско пливање и пливачкиот дел од триатлонот за време на претстојната Олимпијада во Париз. Претходно, министерката изјави дека одржувањето на натпреварувањата во Сена ќе биде настан на векот и дека тоа мора да се случи поради француското наследство. Реката Сена се користела за натпревари и за време на Олимписките игри во Париз во 1900 година. Откако беше објавено дека Сена ќе се користи за олимписки натпреварувања, се отвори дебата за нејзината чистота. Последниве недели многу студии и анализи покажале дека не ги исполнува целосно хигиенските стандарди за пливање, а главна причина за тоа се честите врнежи во француската престолнина. Изминативе денови преовладува суво време кое го намали нивото на загаденост, а натамошните прогнози укажуваат дека сувото време треба да се задржи и за време на Олимпијадата во Париз. - Сите мерења во последните 12 дена покажаа дека реката е погодна за капење, изјави Пјер Рабадан, претставник на париските градски власти. Тој додаде дека организаторите не се плашат од откажување на натпреварувањата на Сена, но оти се можни одредени прилагодувања. Доколку има проблеми со квалитетот на водата и нивото на водата, организаторите велат дека имаат резервни планови. Градоначалничката на Париз, Ана Идалго, исто така, кажа дека ќе плива во реката Сена. И францускиот претседател Емануел Макрон во февруари вети дека и тој ќе се капе во Сена, но оти нема да им каже на новинарите кога ќе биде тоа. Пливањето во Сена е забрането во 1923 година поради загадување, иако француските политичари ветија дека ќе ја исчистат. Поранешниот градоначалник на Париз, а подоцна и претседател Жак Ширак во 1988 година вети дека реката ќе биде доволно чиста за да може да се плива пред крајот на неговиот мандат, но тоа ветување не го одржа. Летните Олимписи игри во Париз почнуваат на 26 јули и ќе траат до 11 август.  

The post Министерката за спорт на Франција пливаше во Сена за да покаже дека реката е чиста за олимписки натпревари appeared first on Република.

]]>
Примероците од водата во реката Сена засега не ги исполнуваат стандардите за олимписките натпреварувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/primerotsite-od-vodata-vo-rekata-sena-zasega-ne-gi-ispolnuvaat-standardite-za-olimpiskite-natprevaruvana/ Fri, 21 Jun 2024 16:08:37 +0000 https://republika.mk/?p=789596

Примероците од водата во Сена засега не ги исполнуваат стандардите за Летните олимписки игри, што ќе се одржат од 26 јули до 11 август во Париз, изјави регионалниот префект Марк Гијом, но додаде дека тој се уште е убеден дека ќе бидат можни олимписки натпреварувања на вода.

Тој изјави дека според примероците на вода од 16 јуни - месец и половина пред Олимписките игри (ОИ), Сена била премногу загадена според критериумите утврдени за натпревари на вода.

Властите во Париз и поширокото подрачје соопштија дека зголемувањето на нивото на водата поради дождливото време, при што материјалот од бреговите стигнува до реката, придонел за зголемување на концентрацијата на загадувањето, особено на бактеријата ешерихија коли во вода.

„Квалитетот на водата е деградиран поради неповолниот хидролошки и метеоролошки контекст - дожд, голем проток, малку сонце, температури неусогласени со сезонскиот стандард“, велат надлежните, додавајќи дека високиот проток на надојдената река поради дождот го прави не го подобрува квалитетот на водата.

Сена е „ѕвездата“ на ОИ, бидејќи покрај неа ќе се одржи свеченото отворање, а потоа на неа ќе се одржат и натпреварувања.

Градоначалничката на Париз, Ан Идалго неодамна изјави дека од 15 јули ќе се капе во Сена.

The post Примероците од водата во реката Сена засега не ги исполнуваат стандардите за олимписките натпреварувања appeared first on Република.

]]>

Примероците од водата во Сена засега не ги исполнуваат стандардите за Летните олимписки игри, што ќе се одржат од 26 јули до 11 август во Париз, изјави регионалниот префект Марк Гијом, но додаде дека тој се уште е убеден дека ќе бидат можни олимписки натпреварувања на вода. Тој изјави дека според примероците на вода од 16 јуни - месец и половина пред Олимписките игри (ОИ), Сена била премногу загадена според критериумите утврдени за натпревари на вода. Властите во Париз и поширокото подрачје соопштија дека зголемувањето на нивото на водата поради дождливото време, при што материјалот од бреговите стигнува до реката, придонел за зголемување на концентрацијата на загадувањето, особено на бактеријата ешерихија коли во вода.
„Квалитетот на водата е деградиран поради неповолниот хидролошки и метеоролошки контекст - дожд, голем проток, малку сонце, температури неусогласени со сезонскиот стандард“, велат надлежните, додавајќи дека високиот проток на надојдената река поради дождот го прави не го подобрува квалитетот на водата.
Сена е „ѕвездата“ на ОИ, бидејќи покрај неа ќе се одржи свеченото отворање, а потоа на неа ќе се одржат и натпреварувања. Градоначалничката на Париз, Ан Идалго неодамна изјави дека од 15 јули ќе се капе во Сена.

The post Примероците од водата во реката Сена засега не ги исполнуваат стандардите за олимписките натпреварувања appeared first on Република.

]]>
Вложија милијарди за да можат да пливаат во најромантичната река на светот, но сега им се заканува голем крах https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vlozhija-milijardi-za-da-mozhat-da-plivaat-vo-najromantichnata-reka-na-svetot-no-sega-im-se-zakanuva-golem-krah/ Sun, 21 Apr 2024 12:11:34 +0000 https://republika.mk/?p=768840

Во најромантичната река на светот, ова лето многу спортисти ќе се натпреваруваат на Олимписките игри во Париз. На делот од реката до железничката станица Аустерлиц се наоѓа пештера во која се спроведува операцијата за прочистување на Сена, во која ќе може да се плива за прв пат по стотина години, пишува „Телеграф“.

Во пештерата има инженерски проект вреден повеќе од една милијарда евра, бројни цевки и пумпи се поврзани со резервоар со дијаметар од 50 метри и длабочина од 30 метри, кој заедно со тунел од 700 метри собира речиси 50 милиони литри дождовница полна со бактерии. Дождовницата потоа влегува во фабрика за преработка, оставајќи ја Сена чиста.

Годинава се планира испуштањето на отпадните води во реката да се намали од 12 на само два пати годишно. Францускиот претседател Емануел Макрон е толку уверен дека сè ќе оди според планот што вети дека ќе го облече костим за капење и ќе биде првиот што ќе влезе во реката пред парадата на бродовите да исплови за Олимпијадата на 26 јули.

Верувам во амбициозниот план кој чинеше 1,3 милијарди евра и се спроведува веќе три години, изјави министерката за спорт Амели Оудеа-Кастера.

Сепак, на скапиот проект му се закануваат неколку проблеми. Екологистите сè уште наидуваат на опасни нивоа на бактерии Е-коли и цревни ентерококи во водата, поради што редовно се откажуваат дури и предолимписките натпревари. Најлошо од сè, сите вклучени во операцијата „пливање“, како што неформално се нарекуваше, знаат дека не можат да се борат со природата.

Нема гаранција дека системот ќе функционира по преголемо количество дожд. Да, во текот на летото можно е да падне големо количество дожд во Париз, што би можело да ја доведе во опасност целата работа, изјави претставник на градското собрание на Париз.

По обилните врнежи од дожд веќе е предложено одложување на триатлонот. Причината е всушност многу едноставна, прекумерната количина на дождовна вода ќе го преоптовари комплексот Аустерлиц како што се случува со парискиот канализациски систем со години.

Тоа би значело дека еден од најголемите инженерски проекти во поновата историја на Париз можеби нема да биде доволно голем, и покрај тоа што може да собере доволно вода за да наполни 20 базени со олимписка големина.

Друга околност која не им оди во прилог на властите е неодговорното население. Релативно неодамна, мртовечниците фрлаат мртви тела во Сена, а посетителите на забавата сè уште знаат како да ги фрлат своите останки како шишиња со вино или електрични скутери во реката.

Мештаните се уште се против бројните работи кога сакаат да градат нова одводна или инфраструктура. Имено, повеќе од 20.000 сопственици на имот фрлаат вода од тоалетите и кујните директно во Сена или нејзината притока Марна. Ниту мотивацијата од шест илјади евра за работите не е доволна за изградба на нов систем за одводнување.

Водата во моментов не изгледа многу привлечно и се сомневам дека многу ќе се подобри во следните неколку месеци. Сигурно нема да одам на пливање, изјави студентката Нолин Н'овесем.

Луис Ортега (63) е сопственик на една од најпознатите книжарници на брегот на Сена и е нешто поголем оптимист од студентката. Тој вели дека ако ги видат олимписките пливачи, можеби и локалните жители ќе го следат нивниот пример, но се зависи од тоа колку ќе биде ефикасен базенот за прочистување. Во спротивно, милијарди евра ќе бидат фрлени на ветер.

The post Вложија милијарди за да можат да пливаат во најромантичната река на светот, но сега им се заканува голем крах appeared first on Република.

]]>

Во најромантичната река на светот, ова лето многу спортисти ќе се натпреваруваат на Олимписките игри во Париз. На делот од реката до железничката станица Аустерлиц се наоѓа пештера во која се спроведува операцијата за прочистување на Сена, во која ќе може да се плива за прв пат по стотина години, пишува „Телеграф“. Во пештерата има инженерски проект вреден повеќе од една милијарда евра, бројни цевки и пумпи се поврзани со резервоар со дијаметар од 50 метри и длабочина од 30 метри, кој заедно со тунел од 700 метри собира речиси 50 милиони литри дождовница полна со бактерии. Дождовницата потоа влегува во фабрика за преработка, оставајќи ја Сена чиста. Годинава се планира испуштањето на отпадните води во реката да се намали од 12 на само два пати годишно. Францускиот претседател Емануел Макрон е толку уверен дека сè ќе оди според планот што вети дека ќе го облече костим за капење и ќе биде првиот што ќе влезе во реката пред парадата на бродовите да исплови за Олимпијадата на 26 јули.
Верувам во амбициозниот план кој чинеше 1,3 милијарди евра и се спроведува веќе три години, изјави министерката за спорт Амели Оудеа-Кастера.
Сепак, на скапиот проект му се закануваат неколку проблеми. Екологистите сè уште наидуваат на опасни нивоа на бактерии Е-коли и цревни ентерококи во водата, поради што редовно се откажуваат дури и предолимписките натпревари. Најлошо од сè, сите вклучени во операцијата „пливање“, како што неформално се нарекуваше, знаат дека не можат да се борат со природата.
Нема гаранција дека системот ќе функционира по преголемо количество дожд. Да, во текот на летото можно е да падне големо количество дожд во Париз, што би можело да ја доведе во опасност целата работа, изјави претставник на градското собрание на Париз.
По обилните врнежи од дожд веќе е предложено одложување на триатлонот. Причината е всушност многу едноставна, прекумерната количина на дождовна вода ќе го преоптовари комплексот Аустерлиц како што се случува со парискиот канализациски систем со години. Тоа би значело дека еден од најголемите инженерски проекти во поновата историја на Париз можеби нема да биде доволно голем, и покрај тоа што може да собере доволно вода за да наполни 20 базени со олимписка големина. Друга околност која не им оди во прилог на властите е неодговорното население. Релативно неодамна, мртовечниците фрлаат мртви тела во Сена, а посетителите на забавата сè уште знаат како да ги фрлат своите останки како шишиња со вино или електрични скутери во реката. Мештаните се уште се против бројните работи кога сакаат да градат нова одводна или инфраструктура. Имено, повеќе од 20.000 сопственици на имот фрлаат вода од тоалетите и кујните директно во Сена или нејзината притока Марна. Ниту мотивацијата од шест илјади евра за работите не е доволна за изградба на нов систем за одводнување.
Водата во моментов не изгледа многу привлечно и се сомневам дека многу ќе се подобри во следните неколку месеци. Сигурно нема да одам на пливање, изјави студентката Нолин Н'овесем.
Луис Ортега (63) е сопственик на една од најпознатите книжарници на брегот на Сена и е нешто поголем оптимист од студентката. Тој вели дека ако ги видат олимписките пливачи, можеби и локалните жители ќе го следат нивниот пример, но се зависи од тоа колку ќе биде ефикасен базенот за прочистување. Во спротивно, милијарди евра ќе бидат фрлени на ветер.

The post Вложија милијарди за да можат да пливаат во најромантичната река на светот, но сега им се заканува голем крах appeared first on Република.

]]>