семм Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/semm/ За подобро да се разбереме Mon, 20 Feb 2023 15:28:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png семм Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/semm/ 32 32 ЗНМ, ССНМ и СЕММ: За јавни наративи што стимулираат омраза и агресија, мора да има одговорност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/znm-ssnm-i-semm-za-javni-narativi-shto-stimuliraat-omraza-i-agresija-mora-da-ima-odgovornost/ Mon, 20 Feb 2023 15:50:09 +0000 https://republika.mk/?p=611162

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудуваат говорот со кој се поттикнува насилство и стимулира родова дискриминација кој деновиве се појави на канал на „јутјуб“ платформата. Укажуваме дека слободата на говор подразбира одговорност и постоење на висока свест за демократските начела и за слободите, правата и обврските во едно отворено општество. Кога слободата на говор се претвора или провоцира криминални дејствија или каков било тип на нарушување на граѓанските и човекови права, тогаш тоа не е слобода туку е агресија и така треба да се третира.

Укажуваме дека професионалните еснафски организации никогаш нема да прифатат ваков начин на комуникација во јавниот простор. Без оглед на тоа што лицата, во конкретниов случај, ниту биле, ниту се наши членови, чувствуваме потреба да предупредиме дека ова може да остави сериозни последици на јавноста, посебно на младата публика. Говорот на омраза како и говорот што поттикнува насилство и креира предрасуди не е и не смее да биде нормален во јавната комуникација.

Во вакви ситуации нужно е надлежните институции да преземат итни мерки со цел да покаже дека не се толерира неказнивност при груба злоупотреба на јавниот говор во интернет просторот. Оттука, ја поздравуваме брзата и транспарентна реакција на МВР и Обвинителството и очекуваме во најбрз рок да има судска постапка со која ќе се покаже дека ваков тип на злоупотреби подлежат на санкции.

Освен ова, укажуваме дека одговорноста за тоа кој и каква содржина за публиката креира ја имаат компаниите кои преку платена реклама своите производи ги промовираат на вакви платформи. Рекламерите треба да знаат дека имаат општествена одговорност и дека свесно поддржување на вакви содржини ги прави соучесници во промоција на искривени вредности во нарушувањето на граѓанските права. Затоа потребно е тие јавно да се оградат од ваквиот јавен наратив, да ја преиспитаат својата соработка и во иднина да внимаваат каде се рекламираат.

The post ЗНМ, ССНМ и СЕММ: За јавни наративи што стимулираат омраза и агресија, мора да има одговорност appeared first on Република.

]]>

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудуваат говорот со кој се поттикнува насилство и стимулира родова дискриминација кој деновиве се појави на канал на „јутјуб“ платформата. Укажуваме дека слободата на говор подразбира одговорност и постоење на висока свест за демократските начела и за слободите, правата и обврските во едно отворено општество. Кога слободата на говор се претвора или провоцира криминални дејствија или каков било тип на нарушување на граѓанските и човекови права, тогаш тоа не е слобода туку е агресија и така треба да се третира. Укажуваме дека професионалните еснафски организации никогаш нема да прифатат ваков начин на комуникација во јавниот простор. Без оглед на тоа што лицата, во конкретниов случај, ниту биле, ниту се наши членови, чувствуваме потреба да предупредиме дека ова може да остави сериозни последици на јавноста, посебно на младата публика. Говорот на омраза како и говорот што поттикнува насилство и креира предрасуди не е и не смее да биде нормален во јавната комуникација. Во вакви ситуации нужно е надлежните институции да преземат итни мерки со цел да покаже дека не се толерира неказнивност при груба злоупотреба на јавниот говор во интернет просторот. Оттука, ја поздравуваме брзата и транспарентна реакција на МВР и Обвинителството и очекуваме во најбрз рок да има судска постапка со која ќе се покаже дека ваков тип на злоупотреби подлежат на санкции. Освен ова, укажуваме дека одговорноста за тоа кој и каква содржина за публиката креира ја имаат компаниите кои преку платена реклама своите производи ги промовираат на вакви платформи. Рекламерите треба да знаат дека имаат општествена одговорност и дека свесно поддржување на вакви содржини ги прави соучесници во промоција на искривени вредности во нарушувањето на граѓанските права. Затоа потребно е тие јавно да се оградат од ваквиот јавен наратив, да ја преиспитаат својата соработка и во иднина да внимаваат каде се рекламираат.

The post ЗНМ, ССНМ и СЕММ: За јавни наративи што стимулираат омраза и агресија, мора да има одговорност appeared first on Република.

]]>
ЗНМ и СЕММ кон Бектеши: Ваквото однесување мора да престане! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/znm-i-semm-kon-bekteshi-vakvoto-odnesuvane-mora-da-prestane/ Thu, 02 Feb 2023 16:59:27 +0000 https://republika.mk/?p=603999

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) најостро го осудуваат односот на министерот за економија Крешник Бектеши кој според информациите во медиумите, денеска за време прес конференција на недоличен, дрзок и неприфатлив начин коментира дека новинарката од Канал 5 телевизија, Катерина Капкоска поставува прашања во име на другите колеги новинари, наместо да одговори на конкретно прашање од јавен интерес. Имено, станува збор за прашање поврзано со порастот на цената на природниот гас, поставено од страна на колешката за време на прес во Владата на РСМ, на чија покана медиумите одговориле со своето присуство, Бектеши наместо соодветен одговор на прашање, на Капкоска и било одговорено на следниот начин:

„ДОБРА СОРАБОТКА НЕВЕРОВАТНО ИМАТЕ СО КОЛЕГИТЕ , ЗНАЧИ ВИ ГИ ДАВААТ НИВНИТЕ ПРАШАЊА ШТО САКААТ ДА ГИ ПОСТАВАТ….НО НЕМА ПРОБЛЕМ… “

На истиот настан, новинарот Огнен Чанчаревиќ го осудува директно однесувањето на министерот Бектеши, на што добива одговор од него дека новинарите се тука за да поставуваат прашања, а не да даваат коментари.

Потсетуваме дека не станува збор за изолиран случај, туку за негативен тренд на однесување кон новинари што бележи пораст. Токму затоа, ЗНМ ќе ги извести партнерските организации, вклучувајќи ги и ОБСЕ, Европската Федерација на новинари – ЕФН и Совет на Европа.

Државните функционери, се во служба на јавноста и не смее да постои ваков начин на комуникација, кој е крајно несоодветен, непримерен, дрзок и навредлив кон новинарите, а со тоа и кон целата јавност на која треба да и бидат пренесени информациите. Несоодветното однесување со новинарите, кои играат важна улога во информирањето на јавноста, може да ја поткопа довербата во носителот на јавната функција, како и во институцијата што ја претставуваат. Ова може негативно да влијае на угледот и на поединецот и на организацијата, што потенцијално ќе доведе до последици како што се губење на довербата на јавноста, намалена јавна поддршка, па дури и формални санкции. Затоа е важно тие да се однесуваат на начин кој е со почит и професионален однос кон новинарите, дури и во предизвикувачки ситуации.

Следејќи ги овие упатства, министерот може да се погрижи да се однесуваат на начин кој е професионален и со почит кон новинарите, а истовремено и ефективно да ги соопштува нивните пораки до јавноста.

Само за потсетување, ова е четврт негативен испад на политичар кон новинари во изминатиот период, а првите три беа на Димитар Ковачевски, Али Ахмети и вчерашниот случај во МОН, со советникот на министерот Јетон Шаќири.

Крајно време е функционерите да ја сфатат сериозноста на својата позиција пред јавноста и да престанат со дирекни вербални напади и инсинуации за професионалниот пристап кон работатa на новинарите.

 

https://republika.mk/vesti/makedonija/avmu-apsolutno-neprifatliv-e-nedolichniot-odnos-na-ministerot-bekteshi-kon-novinarkata-kapkovska/

The post ЗНМ и СЕММ кон Бектеши: Ваквото однесување мора да престане! appeared first on Република.

]]>

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) најостро го осудуваат односот на министерот за економија Крешник Бектеши кој според информациите во медиумите, денеска за време прес конференција на недоличен, дрзок и неприфатлив начин коментира дека новинарката од Канал 5 телевизија, Катерина Капкоска поставува прашања во име на другите колеги новинари, наместо да одговори на конкретно прашање од јавен интерес. Имено, станува збор за прашање поврзано со порастот на цената на природниот гас, поставено од страна на колешката за време на прес во Владата на РСМ, на чија покана медиумите одговориле со своето присуство, Бектеши наместо соодветен одговор на прашање, на Капкоска и било одговорено на следниот начин:
„ДОБРА СОРАБОТКА НЕВЕРОВАТНО ИМАТЕ СО КОЛЕГИТЕ , ЗНАЧИ ВИ ГИ ДАВААТ НИВНИТЕ ПРАШАЊА ШТО САКААТ ДА ГИ ПОСТАВАТ….НО НЕМА ПРОБЛЕМ… “
На истиот настан, новинарот Огнен Чанчаревиќ го осудува директно однесувањето на министерот Бектеши, на што добива одговор од него дека новинарите се тука за да поставуваат прашања, а не да даваат коментари. Потсетуваме дека не станува збор за изолиран случај, туку за негативен тренд на однесување кон новинари што бележи пораст. Токму затоа, ЗНМ ќе ги извести партнерските организации, вклучувајќи ги и ОБСЕ, Европската Федерација на новинари – ЕФН и Совет на Европа. Државните функционери, се во служба на јавноста и не смее да постои ваков начин на комуникација, кој е крајно несоодветен, непримерен, дрзок и навредлив кон новинарите, а со тоа и кон целата јавност на која треба да и бидат пренесени информациите. Несоодветното однесување со новинарите, кои играат важна улога во информирањето на јавноста, може да ја поткопа довербата во носителот на јавната функција, како и во институцијата што ја претставуваат. Ова може негативно да влијае на угледот и на поединецот и на организацијата, што потенцијално ќе доведе до последици како што се губење на довербата на јавноста, намалена јавна поддршка, па дури и формални санкции. Затоа е важно тие да се однесуваат на начин кој е со почит и професионален однос кон новинарите, дури и во предизвикувачки ситуации. Следејќи ги овие упатства, министерот може да се погрижи да се однесуваат на начин кој е професионален и со почит кон новинарите, а истовремено и ефективно да ги соопштува нивните пораки до јавноста. Само за потсетување, ова е четврт негативен испад на политичар кон новинари во изминатиот период, а првите три беа на Димитар Ковачевски, Али Ахмети и вчерашниот случај во МОН, со советникот на министерот Јетон Шаќири. Крајно време е функционерите да ја сфатат сериозноста на својата позиција пред јавноста и да престанат со дирекни вербални напади и инсинуации за професионалниот пристап кон работатa на новинарите.   https://republika.mk/vesti/makedonija/avmu-apsolutno-neprifatliv-e-nedolichniot-odnos-na-ministerot-bekteshi-kon-novinarkata-kapkovska/

The post ЗНМ и СЕММ кон Бектеши: Ваквото однесување мора да престане! appeared first on Република.

]]>