семејства Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/semejstva/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Nov 2024 18:59:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png семејства Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/semejstva/ 32 32 Сиљановска Давкова со сочувство до семејствата кои ги загубија најблиските во Нови Сад https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-so-sochuvstvo-do-semejstvata-koi-gi-zagubija-najbliskite-vo-novi-sad/ Fri, 01 Nov 2024 18:59:51 +0000 https://republika.mk/?p=833279

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на својот Х профил објави сочувство до семејствата кои ги загубија најблиските во страшната несреќа во Нови Сад.

Нашите срца се со сите погодени од трагичната несреќа на железничката станица во Нови Сад денеска. Испраќање длабоко сочувство до семејствата кои ги загубија најблиските и се надеваме на брзо закрепнување на повредените. Во овие тешки моменти, заедно стоиме во поддршката“, вели Сиљановска Давкова.

 

The post Сиљановска Давкова со сочувство до семејствата кои ги загубија најблиските во Нови Сад appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на својот Х профил објави сочувство до семејствата кои ги загубија најблиските во страшната несреќа во Нови Сад.

Нашите срца се со сите погодени од трагичната несреќа на железничката станица во Нови Сад денеска. Испраќање длабоко сочувство до семејствата кои ги загубија најблиските и се надеваме на брзо закрепнување на повредените. Во овие тешки моменти, заедно стоиме во поддршката“, вели Сиљановска Давкова.

 

The post Сиљановска Давкова со сочувство до семејствата кои ги загубија најблиските во Нови Сад appeared first on Република.

]]>
Американската амбасада во Израел им порача на вработените и семејствата да се засолнат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikanskata-ambasada-vo-izrael-im-poracha-na-vrabotenite-i-semejstvata-da-se-zasolnat/ Tue, 01 Oct 2024 15:09:12 +0000 https://republika.mk/?p=821474

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Израел издаде соопштение во кое ги упатува сите „вработени во владата на САД и членовите на нивните семејства да се засолнат до понатамошно известување“.

Безбедносното предупредување дојде откако официјален претставник на Белата куќа изјави дека САД имаат индикации дека Иран се подготвува да изврши напад со балистички ракети против Израел.

Портпаролот на ИДФ Даниел Хагари истакна дека Израел и неговите сојузници се во состојба на висока подготвеност и секој напад од Иран би имал реперкусии. јт/

 

The post Американската амбасада во Израел им порача на вработените и семејствата да се засолнат appeared first on Република.

]]>

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Израел издаде соопштение во кое ги упатува сите „вработени во владата на САД и членовите на нивните семејства да се засолнат до понатамошно известување“. Безбедносното предупредување дојде откако официјален претставник на Белата куќа изјави дека САД имаат индикации дека Иран се подготвува да изврши напад со балистички ракети против Израел. Портпаролот на ИДФ Даниел Хагари истакна дека Израел и неговите сојузници се во состојба на висока подготвеност и секој напад од Иран би имал реперкусии. јт/  

The post Американската амбасада во Израел им порача на вработените и семејствата да се засолнат appeared first on Република.

]]>
Се испотепале две семејства – неколку лица се повредени https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/se-ispotepale-dve-semejstva-nekolku-litsa-se-povredeni/ Thu, 11 Apr 2024 14:50:35 +0000 https://republika.mk/?p=765031

На 10.04.2024 во 21:30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Р.С.(23) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека со патничко возило „југо“ удрил во масата на која седеле С.Т.(52) од Кочани и нејзиното семејство во дворното место на нејзиниот татко.

Според пријавеното, потоа настанала физичка пресметка помеѓу семејствата на С.Т. и Р.С., при што дел од инволвираните се здобиле со повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

The post Се испотепале две семејства – неколку лица се повредени appeared first on Република.

]]>

На 10.04.2024 во 21:30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Р.С.(23) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека со патничко возило „југо“ удрил во масата на која седеле С.Т.(52) од Кочани и нејзиното семејство во дворното место на нејзиниот татко. Според пријавеното, потоа настанала физичка пресметка помеѓу семејствата на С.Т. и Р.С., при што дел од инволвираните се здобиле со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

The post Се испотепале две семејства – неколку лица се повредени appeared first on Република.

]]>
Бела куќа: Бајден разговараше со семејствата на 14 исчезнати Американци во Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bela-kuka-bajden-razgovarashe-so-semejstvata-na-14-ischeznati-amerikantsi-vo-izrael/ Sat, 14 Oct 2023 08:19:24 +0000 https://republika.mk/?p=691099

Американскиот претседател Џо Бајден разговараше со членовите на семејството на 14 Американци кои исчезнаа во нападот милитантите на Хамас врз Израел, соопшти Белата куќа.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, рече дека претседателот и неговиот тим им кажале на семејствата дека американските власти ќе направат се што можат за да ги вратат овие луѓе во нивните семејства, пренесуваат британските медиуми.

Тие се американски државјани. Тие треба да бидат дома со своите семејства, им рече Кирби на новинарите.

Белата куќа ја потврди смртта на 22 Американци во нападите на Хамас врз Израел што почнаа во саботата.

Кирби додаде дека американските власти сè уште работат на добивањето повеќе информации за тоа колку Американци има меѓу заложниците кои ги зеде Хамас.

Сè уште веруваме дека тоа е многу мал број, кажа тој.

Таткото на еден од исчезнатите Американци, Џонатан Декел-Чен, изјави за Си-Ен-Ен дека Бајден разговарал околу 45 минути со семејствата на исчезнатите во Израел.

Како американски државјанин, како граѓанин на Израел, како некој чиј сакан син е задржан некаде, не можев да барам повеќе од она што го кажа претседателот Бајден за посветеноста на САД да ги вратат овие луѓе, рече таткото на исчезнатиот Сагуи Декел-Чен, со кој, меѓу другите, телефонски разговарал и американскиот претседател.

Џонатан Декел-Чен додаде дека е извонредна подготвеноста на претседателот Бајден да ги сослуша родителите и другите членови на семејството на исчезнатите и дека неговите одговори се инспиративни, иако не може да им даде многу информации.

The post Бела куќа: Бајден разговараше со семејствата на 14 исчезнати Американци во Израел appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден разговараше со членовите на семејството на 14 Американци кои исчезнаа во нападот милитантите на Хамас врз Израел, соопшти Белата куќа. Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, рече дека претседателот и неговиот тим им кажале на семејствата дека американските власти ќе направат се што можат за да ги вратат овие луѓе во нивните семејства, пренесуваат британските медиуми. Тие се американски државјани. Тие треба да бидат дома со своите семејства, им рече Кирби на новинарите. Белата куќа ја потврди смртта на 22 Американци во нападите на Хамас врз Израел што почнаа во саботата. Кирби додаде дека американските власти сè уште работат на добивањето повеќе информации за тоа колку Американци има меѓу заложниците кои ги зеде Хамас. Сè уште веруваме дека тоа е многу мал број, кажа тој. Таткото на еден од исчезнатите Американци, Џонатан Декел-Чен, изјави за Си-Ен-Ен дека Бајден разговарал околу 45 минути со семејствата на исчезнатите во Израел. Како американски државјанин, како граѓанин на Израел, како некој чиј сакан син е задржан некаде, не можев да барам повеќе од она што го кажа претседателот Бајден за посветеноста на САД да ги вратат овие луѓе, рече таткото на исчезнатиот Сагуи Декел-Чен, со кој, меѓу другите, телефонски разговарал и американскиот претседател. Џонатан Декел-Чен додаде дека е извонредна подготвеноста на претседателот Бајден да ги сослуша родителите и другите членови на семејството на исчезнатите и дека неговите одговори се инспиративни, иако не може да им даде многу информации.

The post Бела куќа: Бајден разговараше со семејствата на 14 исчезнати Американци во Израел appeared first on Република.

]]>
Обвинение за вистинските виновници бараат семејствата на загинатите во модуларата болница, најавувајќи протести https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/obvinenie-za-vistinskite-vinovnitsi-baraat-semejstvata-na-zaginatite-vo-modularata-bolnitsa-najavuvajki-protesti/ Tue, 05 Sep 2023 09:18:21 +0000 https://republika.mk/?p=678908

Претставници на семејствата на 14 луѓе кои го загубија животот во пожарот во модуларната болница во Тетово на 8 септември 2021 година преку јавни протести ќе бараат да има ново обвинение.

Тие денеска во СВР Тетово пријавија дека во петок 8 септември на двегодишнината од пожарот ќе организирааат марш и јавен протест со барање да има ново обвинение.

Очекуваме ново обвинение. Ние од почетокот бараме правда и очекуваме правда, но во оваа држава се гледа дека нема правда. Но излегува вистината кој е крив. Јас спомнав неколку пати дека не се овие тројца, имаат нешто вина ама има и поголем синџир. Тие од ИРЛ новинарите ја извадија вистината кој е виновен, а кој не е виновен, изјави Мумин Исмаили, кој во пожарот ги загубил братот и мајката.

Во петок најавија дека собирот ќе почне кај модуларната болница.

Ние како фамилии на починатите во пожарот организираме протести и порачуваме на сите граѓани да се приклучат во петок во 14 часот, ќе бидеме пред модуларната болница и ќе одиме преку центар до судот. Порачуваме сите граѓани на Тетово ова да не биде партиски, ние фамилиите сме организатори и да нема инцидент, истакна Исмаили.

На 5 јуни 2023 заврши судскиот процес за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница Тетово. Условна осуда добија обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека правното лице ЈЗУ Клиничка болница беше прогласено за виновно за делото „предизвикување општа опасност“. Судот одлучи да има ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски и Клиничка болница за делото „непостапување по здравствени прописи“.

The post Обвинение за вистинските виновници бараат семејствата на загинатите во модуларата болница, најавувајќи протести appeared first on Република.

]]>

Претставници на семејствата на 14 луѓе кои го загубија животот во пожарот во модуларната болница во Тетово на 8 септември 2021 година преку јавни протести ќе бараат да има ново обвинение. Тие денеска во СВР Тетово пријавија дека во петок 8 септември на двегодишнината од пожарот ќе организирааат марш и јавен протест со барање да има ново обвинение.
Очекуваме ново обвинение. Ние од почетокот бараме правда и очекуваме правда, но во оваа држава се гледа дека нема правда. Но излегува вистината кој е крив. Јас спомнав неколку пати дека не се овие тројца, имаат нешто вина ама има и поголем синџир. Тие од ИРЛ новинарите ја извадија вистината кој е виновен, а кој не е виновен, изјави Мумин Исмаили, кој во пожарот ги загубил братот и мајката.
Во петок најавија дека собирот ќе почне кај модуларната болница.
Ние како фамилии на починатите во пожарот организираме протести и порачуваме на сите граѓани да се приклучат во петок во 14 часот, ќе бидеме пред модуларната болница и ќе одиме преку центар до судот. Порачуваме сите граѓани на Тетово ова да не биде партиски, ние фамилиите сме организатори и да нема инцидент, истакна Исмаили.
На 5 јуни 2023 заврши судскиот процес за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница Тетово. Условна осуда добија обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека правното лице ЈЗУ Клиничка болница беше прогласено за виновно за делото „предизвикување општа опасност“. Судот одлучи да има ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски и Клиничка болница за делото „непостапување по здравствени прописи“.

The post Обвинение за вистинските виновници бараат семејствата на загинатите во модуларата болница, најавувајќи протести appeared first on Република.

]]>
Едните извадиле ножеви, другите пиштоли: Две семејства се испотепале https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ednite-izvadile-nozhevi-drugite-pishtoli-dve-semejstva-se-ispotepale/ Fri, 04 Aug 2023 07:50:31 +0000 https://republika.mk/?p=668543

Соседи, членови на две семејства вчера жестоко се пресметале во скопската населба Чаир.

И двете групи употребиле огнено оружје и ножеви.

Со повреди од огнено оружје се здобиле М.И.(51) и еден малолетник, додека со повреди од остар предмет се здобиле Ш.И.(22) и С.И.(27).

Повредените биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ каде што им била укажана лекарска помош, велат од МВР.

По насилството, полицијата изврши увид и приведе две лица.

The post Едните извадиле ножеви, другите пиштоли: Две семејства се испотепале appeared first on Република.

]]>

Соседи, членови на две семејства вчера жестоко се пресметале во скопската населба Чаир. И двете групи употребиле огнено оружје и ножеви. Со повреди од огнено оружје се здобиле М.И.(51) и еден малолетник, додека со повреди од остар предмет се здобиле Ш.И.(22) и С.И.(27). Повредените биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ каде што им била укажана лекарска помош, велат од МВР. По насилството, полицијата изврши увид и приведе две лица.

The post Едните извадиле ножеви, другите пиштоли: Две семејства се испотепале appeared first on Република.

]]>
Секој ден смогнуваме сила да се справуваме со болките од неправдата нанесена на нашите затворени синови, сопрузи, татковци и браќа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sekoj-den-smognuvame-sila-da-se-spravuvame-so-bolkite-od-nepravdata-nanesena-na-nashite-zatvoreni-sinovi-sopruzi-tatkovtsi-i-braka/ Thu, 27 Apr 2023 10:29:29 +0000 https://republika.mk/?p=634570

Семејставта на неправедно осудените за случувањата на 27 април, се обратија со јавно писмо до граѓаните на Република Македонија.

Нивното писмо го пренесуваме во целост:

„Поминаа седум години, народот вели дека времето ги лечи раните, но за нас, времето не само што не ги лечи раните, туку болките стануваат се' понеиздржливи. Неиздржлива е помислата, дека тие се постари за седум години, нивните мали дечиња за седум години пораснаа и веќе се момчиња и девојки, им се родија внуци и пораснаа.

Неподносливо е по седум години да слушаме како се манипулира со јавноста дека нашите најмили извршиле тероризам, ама не кажуваат дека сториле тероризам без оружје, неиздржливо е да се молчи дека се осудени за кривично дело против државата и дека се прогласени за државни непријатели.

Граѓаните, од прв до последен треба да знаат дека во монтираниот политички процес нашите се прогласени за државни непријатели и дека се политички затвореници.

Во МАКЕДОНИЈА седум години издржуват затвор политички затвореници. Сакаме да порачаме дека не само кај нашите најмили, не само кај нас семејствата туку и во МАКЕДОНСКОТО општество засекогаш ќе останат раните од политички монтираниот судски процес. Нашите најмили, прогласените државни непријатели и ПОЛИТИЧКИ ЗАТВОРЕНИЦИ ќе бидат живи споменици на едно историско време за Македонија.

И по седум години не прифаќаме дека затворените кои се наши деца, сопрузи и татковци се НЕПРИЈАТЕЛИ НА ДРЖАВАТА, не ја прифаќаме осудата за кривично дело против државата, не прифаќаме дека е нормално во 21 век во Македонија седум години да има ПОЛИТИЧКИ ЗАТВОРЕНИЦИ.

Не само ние, речиси секој обичен граѓанин не го прифаќа тоа.

Тешко ни е кога сите коментари се сведуваат на погрешна терминологија тероризам, учеството во толпа и физичките напади без докази, го квалификуваа терористичко загрозување. Во
Патриотизмот, Русковска и Кацарска видоа непријателска намера со ништо не докажана.
Политичкото обвинение и политичката пресуда која воопшто не образложува како тоа ги утврдиле НЕПРИЈАТЕЛСКИТЕ НАМЕРИ на нашите најмили, ДОПОЛНИТЕЛНО ги продлабочува нашите рани и ја зголемува нашата болка. Но, повтораме дека тоа не е само наша болка, тоа е рана од која ќе остане траен белег во целото општество.

Зарем не се свесни за тоа и политичарите - оние кои директно и индиректно ја определија нивната и нашата судбина. Зарем не се свесни дека со ПОЛИТИЧКИ МОНТИРАНИОТ судски процес и со политичките пресуди оставија тешки и неизлечиви рани и белези и врз државата и на ОПШТЕСТВОТО во целина.

Зарем се согласија, овие рани ТРАЈНО да сведочат за нивнотото владеење, за нивното поигрување со нивните и нашите судбини.

Ако се прашувате како ни е?

Секој ден, седум години по ред, животите на нашите најмили, но и нашите животи се голгота и пекол.

Како може да се прифати политичка квалификација за кривично дело против државата, како да се заборават маратонските судења кои траеа по 12-15 часа, како да се заборави дека биле затворени само за да се обезбеди мнозинство за промена на уставот и името на државата, како да се чувствуваме кога еве СЕДУМ ГОДИНИ единствено тие се по затвори иако БЕА НАЈАВУВАНИ некакви криминали за високи политичари, како да се справуваме со фактот дека од денешна дистанца САМО ТИЕ СЕ ВО ЗАТВОРИ И САМО ТИЕ БИЛЕ ПРОБЛЕМОТ во македонското општество.

Овие АПСУРДИ дополнително не болат сите нас а особено нашите кои гнијат во затворите веќе 6 години.

Водиме секојдневни битки, битки со самите себе, да ги издржиме апсурдите и неправдите, тоа се тешки и секојдневни битки кои траат една вечност.

Секој ден смогнуваме сила да се справуваме со болките од неправдата нанесена на нашите синови, сопрузи, татковци и браќа веќе 6 години затворени.

Секој ден смогнуваме сила да го прикриваме нашето страдање и болка и да покажуваме сила и храброст при секоја посета и средба за да останеме единствената нивна потпора.

Господ ни ја дава силата заедно да чекориме низ голготата со надеж дека ќе изгрее сонцето на слободата и за нашите и за нас.

Укинувањето на првостепената пресуда на таканаречените организатори со која беа осудени на казни затвор по 5 и 6 години затвор што е ЕДНА ТРЕТИНА во однос на ДРАКОНСКИТЕ КАЗНИ на кои беа осудени нашите најмили и враќањето на предметот на повторно судење, ни даде тронка надеж и за нашите, надеж дека и нашите ќе имат можност и право на фер судење, со враќање на предметот на повторно судење и за нив.

Не бараме мислост, само бараме правда во фер, правична и непристрасна постапка.
Не бараме амнестија, не бараме помилување, бараме шанса за да ја докажат својата невиност.
Тоа го заслужуваат особено после аспурдите во многуте судски постапки каде бевме сведоци на политичките пазари за застарувања и укинувања на пресуди и ОСОБЕНО заради селективната амнестија само на дел од првично обвинетите за настаните од 27 април.

Тоа го заслужуваат нашите најмили кои веќе по 6 години гнијат во затворите, но длабоко сме убедени дека враќањето на постапката од почеток и судењето во фер постапка е повеќе од потребно на целото општество и особено на обвинителството и судството поради целосната недоверба на граѓаните во овие институции.

Недоверба поради тоа што граѓаните беа сведоци на селективна правда во мноогу случаи, беа сведоци на ослободување на криминалци кои со украдени пари од граѓаните на Македонија се спогодија и си ја купија слободата, сведоци на промени на законот за ослободување од гонење на некои што гласаа за промена на уставот, сведоци на постапки кои до денешен ден се водат или воопшто не се водата, конечно сведоци на селективната амнестија за пратениците кои ги отворија што беше докажана причина за можноста граѓаните кои протестираа да влезат во Собранието на Република Македонија. Тие кои со отварање на вратите на Собранието овозможија народот да влезе во Собранието, не само што не беа прашани ЗОШТО ги отворија вратите туку освен тоа што уживаат во слободата, уживааат и во наградите, привилегиите и тендерите што ги добиваат до денеска, само заради гласањето за промената на Уставот.
Би сакале да апелираме, како семејства на неправедно осудените кои си ја сакат татковината, Врховниот суд, само темелно да го разгледа нашиот случај, да ги разгледа прекршувањето и повредите на кривичната постапка, темелно да ги разгледа доказите за тоа дали е докажано надвор од разумно сомневање дека нашите најмили имале намера да го загрозат уставниот поредок на Република Македонија.

Не бараме мислост, само бараме шанса за фер судење.

Со почит семејствата на неправедно осудените за 27 Април“.

The post Секој ден смогнуваме сила да се справуваме со болките од неправдата нанесена на нашите затворени синови, сопрузи, татковци и браќа appeared first on Република.

]]>

Семејставта на неправедно осудените за случувањата на 27 април, се обратија со јавно писмо до граѓаните на Република Македонија. Нивното писмо го пренесуваме во целост: „Поминаа седум години, народот вели дека времето ги лечи раните, но за нас, времето не само што не ги лечи раните, туку болките стануваат се' понеиздржливи. Неиздржлива е помислата, дека тие се постари за седум години, нивните мали дечиња за седум години пораснаа и веќе се момчиња и девојки, им се родија внуци и пораснаа. Неподносливо е по седум години да слушаме како се манипулира со јавноста дека нашите најмили извршиле тероризам, ама не кажуваат дека сториле тероризам без оружје, неиздржливо е да се молчи дека се осудени за кривично дело против државата и дека се прогласени за државни непријатели. Граѓаните, од прв до последен треба да знаат дека во монтираниот политички процес нашите се прогласени за државни непријатели и дека се политички затвореници. Во МАКЕДОНИЈА седум години издржуват затвор политички затвореници. Сакаме да порачаме дека не само кај нашите најмили, не само кај нас семејствата туку и во МАКЕДОНСКОТО општество засекогаш ќе останат раните од политички монтираниот судски процес. Нашите најмили, прогласените државни непријатели и ПОЛИТИЧКИ ЗАТВОРЕНИЦИ ќе бидат живи споменици на едно историско време за Македонија. И по седум години не прифаќаме дека затворените кои се наши деца, сопрузи и татковци се НЕПРИЈАТЕЛИ НА ДРЖАВАТА, не ја прифаќаме осудата за кривично дело против државата, не прифаќаме дека е нормално во 21 век во Македонија седум години да има ПОЛИТИЧКИ ЗАТВОРЕНИЦИ. Не само ние, речиси секој обичен граѓанин не го прифаќа тоа. Тешко ни е кога сите коментари се сведуваат на погрешна терминологија тероризам, учеството во толпа и физичките напади без докази, го квалификуваа терористичко загрозување. Во Патриотизмот, Русковска и Кацарска видоа непријателска намера со ништо не докажана. Политичкото обвинение и политичката пресуда која воопшто не образложува како тоа ги утврдиле НЕПРИЈАТЕЛСКИТЕ НАМЕРИ на нашите најмили, ДОПОЛНИТЕЛНО ги продлабочува нашите рани и ја зголемува нашата болка. Но, повтораме дека тоа не е само наша болка, тоа е рана од која ќе остане траен белег во целото општество. Зарем не се свесни за тоа и политичарите - оние кои директно и индиректно ја определија нивната и нашата судбина. Зарем не се свесни дека со ПОЛИТИЧКИ МОНТИРАНИОТ судски процес и со политичките пресуди оставија тешки и неизлечиви рани и белези и врз државата и на ОПШТЕСТВОТО во целина. Зарем се согласија, овие рани ТРАЈНО да сведочат за нивнотото владеење, за нивното поигрување со нивните и нашите судбини. Ако се прашувате како ни е? Секој ден, седум години по ред, животите на нашите најмили, но и нашите животи се голгота и пекол. Како може да се прифати политичка квалификација за кривично дело против државата, како да се заборават маратонските судења кои траеа по 12-15 часа, како да се заборави дека биле затворени само за да се обезбеди мнозинство за промена на уставот и името на државата, како да се чувствуваме кога еве СЕДУМ ГОДИНИ единствено тие се по затвори иако БЕА НАЈАВУВАНИ некакви криминали за високи политичари, како да се справуваме со фактот дека од денешна дистанца САМО ТИЕ СЕ ВО ЗАТВОРИ И САМО ТИЕ БИЛЕ ПРОБЛЕМОТ во македонското општество. Овие АПСУРДИ дополнително не болат сите нас а особено нашите кои гнијат во затворите веќе 6 години. Водиме секојдневни битки, битки со самите себе, да ги издржиме апсурдите и неправдите, тоа се тешки и секојдневни битки кои траат една вечност. Секој ден смогнуваме сила да се справуваме со болките од неправдата нанесена на нашите синови, сопрузи, татковци и браќа веќе 6 години затворени. Секој ден смогнуваме сила да го прикриваме нашето страдање и болка и да покажуваме сила и храброст при секоја посета и средба за да останеме единствената нивна потпора. Господ ни ја дава силата заедно да чекориме низ голготата со надеж дека ќе изгрее сонцето на слободата и за нашите и за нас. Укинувањето на првостепената пресуда на таканаречените организатори со која беа осудени на казни затвор по 5 и 6 години затвор што е ЕДНА ТРЕТИНА во однос на ДРАКОНСКИТЕ КАЗНИ на кои беа осудени нашите најмили и враќањето на предметот на повторно судење, ни даде тронка надеж и за нашите, надеж дека и нашите ќе имат можност и право на фер судење, со враќање на предметот на повторно судење и за нив. Не бараме мислост, само бараме правда во фер, правична и непристрасна постапка. Не бараме амнестија, не бараме помилување, бараме шанса за да ја докажат својата невиност. Тоа го заслужуваат особено после аспурдите во многуте судски постапки каде бевме сведоци на политичките пазари за застарувања и укинувања на пресуди и ОСОБЕНО заради селективната амнестија само на дел од првично обвинетите за настаните од 27 април. Тоа го заслужуваат нашите најмили кои веќе по 6 години гнијат во затворите, но длабоко сме убедени дека враќањето на постапката од почеток и судењето во фер постапка е повеќе од потребно на целото општество и особено на обвинителството и судството поради целосната недоверба на граѓаните во овие институции. Недоверба поради тоа што граѓаните беа сведоци на селективна правда во мноогу случаи, беа сведоци на ослободување на криминалци кои со украдени пари од граѓаните на Македонија се спогодија и си ја купија слободата, сведоци на промени на законот за ослободување од гонење на некои што гласаа за промена на уставот, сведоци на постапки кои до денешен ден се водат или воопшто не се водата, конечно сведоци на селективната амнестија за пратениците кои ги отворија што беше докажана причина за можноста граѓаните кои протестираа да влезат во Собранието на Република Македонија. Тие кои со отварање на вратите на Собранието овозможија народот да влезе во Собранието, не само што не беа прашани ЗОШТО ги отворија вратите туку освен тоа што уживаат во слободата, уживааат и во наградите, привилегиите и тендерите што ги добиваат до денеска, само заради гласањето за промената на Уставот. Би сакале да апелираме, како семејства на неправедно осудените кои си ја сакат татковината, Врховниот суд, само темелно да го разгледа нашиот случај, да ги разгледа прекршувањето и повредите на кривичната постапка, темелно да ги разгледа доказите за тоа дали е докажано надвор од разумно сомневање дека нашите најмили имале намера да го загрозат уставниот поредок на Република Македонија. Не бараме мислост, само бараме шанса за фер судење. Со почит семејствата на неправедно осудените за 27 Април“.

The post Секој ден смогнуваме сила да се справуваме со болките од неправдата нанесена на нашите затворени синови, сопрузи, татковци и браќа appeared first on Република.

]]>
Семејствата со три и повеќе деца и оние со ниски примања најмногу засегнати од ценовната криза https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/semejstvata-so-tri-i-poveke-detsa-i-onie-so-niski-primana-najmnogu-zasegnati-od-tsenovnata-kriza/ Tue, 28 Feb 2023 14:45:43 +0000 https://republika.mk/?p=614307

Кризата со храна и енергија предизвикана од конфликтот во Украина предизвика натамошни последици за социјалната кохезија, економскиот развој и фискалниот простор во Македонија. Од континуираниот раст на цените кои достигнаа највисоко ниво досега најмногу се засегнати децата и семејствата, порача претставничката на УНИЦЕФ Патриција ди Џовани на презентацијата на студијата „Ефектите од кризата со храна и енергија врз децата и семејствата во Македонија, изработена од Finance Think во соработка со Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.

Во 2022 година во споредба со 2021 година цените се зголемени за 14 проценти при што цента на храната е зголемена за 22,7 отсто, а кај некои видови на храна зголемувањето е за 36 проценти. Овој ценовен шок најмногу ги засега семејствата со три и повеќе деца и оние со ниски примања кои најголем дел од семејниот буџет го трошат за храна – рече Ди Џовани.

-Во 2022 година зголемените цени на храната и на енергијата во сиромаштија доведоа нови 13.000 граѓани од кои 5.000 се деца. Во 2023 година се очекува да продолжи ценовната криза која ќе предизвика дополнителни 20 илјади луѓе да бидат на работ на сиромаштијата од кои 5.000 ќе бидат деца. Тоа значи дека 10 илјади деца ќе бидат во сиромаштија – посочи таа.

Министерот за економија Крешник Бектеши истакна дека Министерството за економија уште од почетокот на кризата носи континуирани мерки за поддршка на граѓаните.

Покрај тоа што државата субвенционираше 80 отсто од електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи уште минатата година кога започна кризата креиравме посебна програма во Министерството за економија преку која се реализираше мерката за субвенционирање на сметката за електрична енергија за најранливите категории на граѓани. Мерката е продолжена и во текот на оваа година. Ја искористиле повеќе од 8.000 домаќинства кои биле поддржани со 600 до 800 денари за секоја фактура за струја, а доколку имаат заштеда на енергија повеќе од 10 отсто добиваат и дополнителни 200 до 300 денари – рече Бектеши.

-Како институција и Влада, сметаме дека се добредојдени ваквите анализи и конференции. Заклучоците од нив треба да бидат вклопени во владините програми во делот на менаџирање на енергетската и на економската криза. Повеќе од наодите, одржливите препораки и идеи кои ќе излезат од денешните дебати ќе бидат земени во предвид и ќе бидат вметнати во новите мерки за поддршка на најранливите граѓани – изјави Бектеши.

Заменик-министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин посочи дека Министерството за труд и социјална политика уште од време на ковид кризата со наменски и таргетирани финансиски мерки кон најранливите корисници и пензионерите делуваше на намалување или ублажување на ценовните шокови што ги наметнаа пазарите.

Сега во ек на економска криза и најавена криза за храна повторно сме исправени пред уште еден предизвик со кој треба да најдеме и спроведеме најдобри решенија и да обезбедиме заштита за сите. Ја зголемивме висината на посебниот додаток за 15 отсто за сите три подвидови на корисници. Дополнително во јануари се направени усогласувања на правата од социјална и детска заштита со трошоците на живот. Корисниците на правата за јануари добија за 14,2 отсто повисоки исплати на правата. За корисниците на посилен додаток тоа е зголемување на правото за речиси 30 отсто – рече Хусејин.

 

The post Семејствата со три и повеќе деца и оние со ниски примања најмногу засегнати од ценовната криза appeared first on Република.

]]>

Кризата со храна и енергија предизвикана од конфликтот во Украина предизвика натамошни последици за социјалната кохезија, економскиот развој и фискалниот простор во Македонија. Од континуираниот раст на цените кои достигнаа највисоко ниво досега најмногу се засегнати децата и семејствата, порача претставничката на УНИЦЕФ Патриција ди Џовани на презентацијата на студијата „Ефектите од кризата со храна и енергија врз децата и семејствата во Македонија, изработена од Finance Think во соработка со Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.
Во 2022 година во споредба со 2021 година цените се зголемени за 14 проценти при што цента на храната е зголемена за 22,7 отсто, а кај некои видови на храна зголемувањето е за 36 проценти. Овој ценовен шок најмногу ги засега семејствата со три и повеќе деца и оние со ниски примања кои најголем дел од семејниот буџет го трошат за храна – рече Ди Џовани.
-Во 2022 година зголемените цени на храната и на енергијата во сиромаштија доведоа нови 13.000 граѓани од кои 5.000 се деца. Во 2023 година се очекува да продолжи ценовната криза која ќе предизвика дополнителни 20 илјади луѓе да бидат на работ на сиромаштијата од кои 5.000 ќе бидат деца. Тоа значи дека 10 илјади деца ќе бидат во сиромаштија – посочи таа. Министерот за економија Крешник Бектеши истакна дека Министерството за економија уште од почетокот на кризата носи континуирани мерки за поддршка на граѓаните.
Покрај тоа што државата субвенционираше 80 отсто од електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи уште минатата година кога започна кризата креиравме посебна програма во Министерството за економија преку која се реализираше мерката за субвенционирање на сметката за електрична енергија за најранливите категории на граѓани. Мерката е продолжена и во текот на оваа година. Ја искористиле повеќе од 8.000 домаќинства кои биле поддржани со 600 до 800 денари за секоја фактура за струја, а доколку имаат заштеда на енергија повеќе од 10 отсто добиваат и дополнителни 200 до 300 денари – рече Бектеши.
-Како институција и Влада, сметаме дека се добредојдени ваквите анализи и конференции. Заклучоците од нив треба да бидат вклопени во владините програми во делот на менаџирање на енергетската и на економската криза. Повеќе од наодите, одржливите препораки и идеи кои ќе излезат од денешните дебати ќе бидат земени во предвид и ќе бидат вметнати во новите мерки за поддршка на најранливите граѓани – изјави Бектеши. Заменик-министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин посочи дека Министерството за труд и социјална политика уште од време на ковид кризата со наменски и таргетирани финансиски мерки кон најранливите корисници и пензионерите делуваше на намалување или ублажување на ценовните шокови што ги наметнаа пазарите.
Сега во ек на економска криза и најавена криза за храна повторно сме исправени пред уште еден предизвик со кој треба да најдеме и спроведеме најдобри решенија и да обезбедиме заштита за сите. Ја зголемивме висината на посебниот додаток за 15 отсто за сите три подвидови на корисници. Дополнително во јануари се направени усогласувања на правата од социјална и детска заштита со трошоците на живот. Корисниците на правата за јануари добија за 14,2 отсто повисоки исплати на правата. За корисниците на посилен додаток тоа е зголемување на правото за речиси 30 отсто – рече Хусејин.
 

The post Семејствата со три и повеќе деца и оние со ниски примања најмногу засегнати од ценовната криза appeared first on Република.

]]>
Ја бараме вистината и правдата, јавно го прашуваме Талат Џафери кого сака да заштити? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ja-barame-vistinata-i-pravdata-javno-go-prashuvame-talat-dzaferi-kogo-saka-da-zashtiti/ Tue, 05 Apr 2022 14:52:50 +0000 https://republika.mk/?p=483685

Семејствата на жртвите кои ги загубија животите во автобуската трагедија во Бугарија, денеска во допис до медиумите јавно прашуваат кого сака да заштити претседателот на Собранитео, Талат Џафери и зошто не дозволува собраниска истрага за случајот.

„Сега кога веќе ги немаме нашите најблиски, ја бараме само вистината и правдата. За таа цел побаравме Анкетната комисија во Собранието да одржи состанок за човековите права и слободи. Но, денеска добивме одговор дека оваа средба, иако ја свика претседателот на Комисијата, Халил Снопче, претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја откажа“, се наведува во дописот.
Семејствата на жртвите во трагичната несреќа нагласуваат дека пратениците се народни претставници во Собранието и тие треба да бидат глас и поддршка за граѓаните.

„Ние ја бараме само вистината и правдата, а таквите одлуки ги цениме како обид да се сокрие истото. Денес, господинот Џафери уште повеќе ни ја отежна болката и јавно го прашуваме зошто му смета вистината, кого сака да заштити и зошто не дозволува собраниска истрага“, стои во дописот до медиумите.

 

The post Ја бараме вистината и правдата, јавно го прашуваме Талат Џафери кого сака да заштити? appeared first on Република.

]]>

Семејствата на жртвите кои ги загубија животите во автобуската трагедија во Бугарија, денеска во допис до медиумите јавно прашуваат кого сака да заштити претседателот на Собранитео, Талат Џафери и зошто не дозволува собраниска истрага за случајот. „Сега кога веќе ги немаме нашите најблиски, ја бараме само вистината и правдата. За таа цел побаравме Анкетната комисија во Собранието да одржи состанок за човековите права и слободи. Но, денеска добивме одговор дека оваа средба, иако ја свика претседателот на Комисијата, Халил Снопче, претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја откажа“, се наведува во дописот. Семејствата на жртвите во трагичната несреќа нагласуваат дека пратениците се народни претставници во Собранието и тие треба да бидат глас и поддршка за граѓаните. „Ние ја бараме само вистината и правдата, а таквите одлуки ги цениме како обид да се сокрие истото. Денес, господинот Џафери уште повеќе ни ја отежна болката и јавно го прашуваме зошто му смета вистината, кого сака да заштити и зошто не дозволува собраниска истрага“, стои во дописот до медиумите.  

The post Ја бараме вистината и правдата, јавно го прашуваме Талат Џафери кого сака да заштити? appeared first on Република.

]]>
Канада од Украина ги повлекува семејствата на дипломатите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kanada-od-ukraina-gi-povlekuva-semejstvata-na-diplomatite/ Tue, 25 Jan 2022 18:24:17 +0000 https://republika.mk/?p=449392

Канада денеска соопшти дека привремено ги повлекува семејствата на своите дипломати од Украина, поради руската акумулација на војници на границите со оваа источноевропска земја.

Американскиот Стејт департмент пред два дена соопшти дека им наредил на членовите на семејствата на своите дипломак да ја напуштат Украина, кажувајќи дека руската воена акција може да почне во секој момент.

Поради руското воено трупање и дестабилизирачките активности во и околу Украина, решивме привремено да ги повлечеме децата на персоналот на канадската Амбасада на возраст под 18 години и членовите на семејството кои ги придружуваат, изјави канадската министерка за надворешни работи.

Во соопштението нема други детали.

Канада, која има лоши односи со Москва по руската анексија на Крим во 2014 година, минатата недела соопшти дека на Украина ќе и понуди заем до 120 милиони канадски долари.

The post Канада од Украина ги повлекува семејствата на дипломатите appeared first on Република.

]]>

Канада денеска соопшти дека привремено ги повлекува семејствата на своите дипломати од Украина, поради руската акумулација на војници на границите со оваа источноевропска земја. Американскиот Стејт департмент пред два дена соопшти дека им наредил на членовите на семејствата на своите дипломак да ја напуштат Украина, кажувајќи дека руската воена акција може да почне во секој момент.
Поради руското воено трупање и дестабилизирачките активности во и околу Украина, решивме привремено да ги повлечеме децата на персоналот на канадската Амбасада на возраст под 18 години и членовите на семејството кои ги придружуваат, изјави канадската министерка за надворешни работи.
Во соопштението нема други детали. Канада, која има лоши односи со Москва по руската анексија на Крим во 2014 година, минатата недела соопшти дека на Украина ќе и понуди заем до 120 милиони канадски долари.

The post Канада од Украина ги повлекува семејствата на дипломатите appeared first on Република.

]]>