семејни вредности Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/semejni-vrednosti/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Jun 2023 10:22:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png семејни вредности Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/semejni-vrednosti/ 32 32 Имаме обврска кон бога и кон својот род: Поглаварот г.г. Стефан лично го повикува народот на протест https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-imame-sveta-dolzhnost-da-go-prodolzhime-ona-shto-sme-go-primile-i-nasledile-od-predtsite/ Tue, 27 Jun 2023 09:00:28 +0000 https://republika.mk/?p=655574

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција.

По тој повод, поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г. Стефан, преку видеообраќање побара поддршка за протестот пред Соборниот храм в четврток, на 29 јуни, против носењето на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција.

Возљубени, секој од нас, но и сите заедно имаме света должност она што сме го примиле и наследиле од нашите предци, и како посебност и како сечовечко наследство и предание, да го продолжиме и да им го оставиме на поколенијата по нас. Со тоа не само што го чуваме минатото туку обезбедуваме и иднина како припадници и на својот народ и на општочовечката заедница. Бранејќи ги и чувајќи ги достоинствено тие придобивки ќе ги исполниме своите обврски и кон бога и кон својот род – рече поглаварот на МПЦ-ОА во видеообраќањето.

Покрај видеоповикот, објавени се плакати за протестот, на кои пишува: „Сенароден собир против Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција“. Хаштагот на најавата за протестот, кој е дел од плакатот, гласи: „Имаме должност за спречиме менување на реалноста“.

Македонската православна црква-Охридска архиепископија првично го најави протестот веднаш по седницата на Синодот на МПЦ-ОА што се одржа на 20 јуни, а како мотив за протестот, како што беше наведено во соопштението по седницата на Синодот, се зачувување на достоинството и слободата и заштита на основните верски права.

Светиот синод на МПЦ-ОА изразува особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорирале соопштението од сите верски заедници, кои претставуваат 95 отсто од населението, и не ги прифатиле сугестиите во однос на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост. Напротив, продолжуваат со постапката во скратена форма за сите собраниски филтри, за целосно носење на овие закони, за кои уште еднаш апелираме да се повлечат од процедура, бидејќи тие претставуваат сериозна закана за општеството, особено за неговата основна клетка – семејството – соопштија пред една недела од САС МПЦ-ОА.

Од Светиот синод велат дека будно ги следат случувањата и активните притисоци за носењето на овие закони и дека се доведени во ситуација да мора да биде заштитено и одбрането семејството, а пред сѐ децата.

The post Имаме обврска кон бога и кон својот род: Поглаварот г.г. Стефан лично го повикува народот на протест appeared first on Република.

]]>

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. По тој повод, поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г. Стефан, преку видеообраќање побара поддршка за протестот пред Соборниот храм в четврток, на 29 јуни, против носењето на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција.
Возљубени, секој од нас, но и сите заедно имаме света должност она што сме го примиле и наследиле од нашите предци, и како посебност и како сечовечко наследство и предание, да го продолжиме и да им го оставиме на поколенијата по нас. Со тоа не само што го чуваме минатото туку обезбедуваме и иднина како припадници и на својот народ и на општочовечката заедница. Бранејќи ги и чувајќи ги достоинствено тие придобивки ќе ги исполниме своите обврски и кон бога и кон својот род – рече поглаварот на МПЦ-ОА во видеообраќањето.
Покрај видеоповикот, објавени се плакати за протестот, на кои пишува: „Сенароден собир против Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција“. Хаштагот на најавата за протестот, кој е дел од плакатот, гласи: „Имаме должност за спречиме менување на реалноста“. Македонската православна црква-Охридска архиепископија првично го најави протестот веднаш по седницата на Синодот на МПЦ-ОА што се одржа на 20 јуни, а како мотив за протестот, како што беше наведено во соопштението по седницата на Синодот, се зачувување на достоинството и слободата и заштита на основните верски права. Светиот синод на МПЦ-ОА изразува особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорирале соопштението од сите верски заедници, кои претставуваат 95 отсто од населението, и не ги прифатиле сугестиите во однос на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост. Напротив, продолжуваат со постапката во скратена форма за сите собраниски филтри, за целосно носење на овие закони, за кои уште еднаш апелираме да се повлечат од процедура, бидејќи тие претставуваат сериозна закана за општеството, особено за неговата основна клетка – семејството – соопштија пред една недела од САС МПЦ-ОА. Од Светиот синод велат дека будно ги следат случувањата и активните притисоци за носењето на овие закони и дека се доведени во ситуација да мора да биде заштитено и одбрането семејството, а пред сѐ децата.

The post Имаме обврска кон бога и кон својот род: Поглаварот г.г. Стефан лично го повикува народот на протест appeared first on Република.

]]>
МПЦ организира сенароден собир против Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mpts-organizira-senaroden-sobir-protiv-zakonot-za-rodova-ednakvost/ Mon, 26 Jun 2023 09:00:18 +0000 https://republika.mk/?p=655173

Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, преку соопштение до јавноста и видео обраќање на поглаварот г.г. Стефан изразува загриженост поради процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција, поради што во четврток ќе организира Сенароден собир пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

https://republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-imame-sveta-dolzhnost-ona-shto-sme-go-primile-i-nasledile-od-predtsite-da-go-prodolzhime/

Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. Во предложените закони се упати на низа спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но тие не се не се земаат во предвид. Напротив, законите се обидуваат да се донесат што побрзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, а аособено на жените и децата.

Поради тоа, Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, повикува на Сенароден собир во четврток, 29.06.2023 од 18.00 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, се наведува во соопштението од САС на МПЦ-ОА кое е проследено и со видео обраќање на Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан.

The post МПЦ организира сенароден собир против Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција appeared first on Република.

]]>

Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, преку соопштение до јавноста и видео обраќање на поглаварот г.г. Стефан изразува загриженост поради процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција, поради што во четврток ќе организира Сенароден собир пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје. https://republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-imame-sveta-dolzhnost-ona-shto-sme-go-primile-i-nasledile-od-predtsite-da-go-prodolzhime/ Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. Во предложените закони се упати на низа спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но тие не се не се земаат во предвид. Напротив, законите се обидуваат да се донесат што побрзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, а аособено на жените и децата. Поради тоа, Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, повикува на Сенароден собир во четврток, 29.06.2023 од 18.00 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, се наведува во соопштението од САС на МПЦ-ОА кое е проследено и со видео обраќање на Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан.

The post МПЦ организира сенароден собир против Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција appeared first on Република.

]]>
Орбан на средба со Папата: Мораме да го заштитиме и зајакнеме семејството како најважна човечка заедница https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/orban-na-sredba-so-papata-morame-da-go-zashtitime-i-zajakneme-semejstvoto-kako-najvazna-chovechka-zaednica/ Sat, 23 Apr 2022 12:44:50 +0000 https://republika.mk/?p=492688

За време на официјалната средба со папата Франциск во Ватикан, унгарскиот премиер Виктор Орбан ја истакна важноста на семејството.

Сите ние овде во Рим, во Ватикан и во Будимпешта мислиме дека семејството е најважната заедница на нашето време. Последното засолниште и најбезбедното пристаниште за човекот во овој модерен свет е семејството. Затоа мораме да ги мобилизираме сите наши напори за да ја заштитиме и зајакнеме оваа најважна човечка заедница во нашата модерна доба и можеме да сметаме на Светиот Отец во овој потфат - порача Орбан по средбата.

Покрај разговорите за напорите за поддршка на семејството, Орбан соопшти дека со Папата разговарале и за заложбите за мир и за маките на бегалците од Украина кои бегаат во Унгарија.

Според унгарската новинска агенција „Хангари тудеј“, по средбата, Орбан зборувал со новинарите за операцијата за помош на 640.000 бегалци кои избегале од Украина.

Ја спроведуваме најголемата хуманитарна операција на сите времиња, за која добиваме признание и почитување низ целиот свет. Папата Франциск нѐ охрабри да не се откажеме од оваа наша добра навика - додаде Орбан.

The post Орбан на средба со Папата: Мораме да го заштитиме и зајакнеме семејството како најважна човечка заедница appeared first on Република.

]]>

За време на официјалната средба со папата Франциск во Ватикан, унгарскиот премиер Виктор Орбан ја истакна важноста на семејството.
Сите ние овде во Рим, во Ватикан и во Будимпешта мислиме дека семејството е најважната заедница на нашето време. Последното засолниште и најбезбедното пристаниште за човекот во овој модерен свет е семејството. Затоа мораме да ги мобилизираме сите наши напори за да ја заштитиме и зајакнеме оваа најважна човечка заедница во нашата модерна доба и можеме да сметаме на Светиот Отец во овој потфат - порача Орбан по средбата.
Покрај разговорите за напорите за поддршка на семејството, Орбан соопшти дека со Папата разговарале и за заложбите за мир и за маките на бегалците од Украина кои бегаат во Унгарија. Според унгарската новинска агенција „Хангари тудеј“, по средбата, Орбан зборувал со новинарите за операцијата за помош на 640.000 бегалци кои избегале од Украина.
Ја спроведуваме најголемата хуманитарна операција на сите времиња, за која добиваме признание и почитување низ целиот свет. Папата Франциск нѐ охрабри да не се откажеме од оваа наша добра навика - додаде Орбан.

The post Орбан на средба со Папата: Мораме да го заштитиме и зајакнеме семејството како најважна човечка заедница appeared first on Република.

]]>