семе од сончоглед Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/seme-od-sonchogled/ За подобро да се разбереме Sun, 30 Oct 2022 21:21:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png семе од сончоглед Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/seme-od-sonchogled/ 32 32 Ем заразно ем здраво: Слободно да си грицкате сончогед https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/em-zarazno-em-zdravo-slobodno-da-si-grickate-sonchoged/ Sun, 30 Oct 2022 21:19:24 +0000 https://republika.mk/?p=567579

Грицкањето сончоглед не е само зараза навика за пред телевизор, според медицинските лица јадењето сончоглед е здраво и полезно за организмот.

Слаткото и крцкаво семе од сончоглед е и одличен извор на калории, есенцијални масни киселини, витамини и минерали.

Овој богат извор на хранливи материи ретко го гледаме како храна која може да не’ засити, и токму поради таквиот третман често знаеме да претераме со ова вкусно семе без да сфатиме дека всушност сме го прејале нашето тело со калории и други материи.

Сепак, во нормални количини сончогледовото семе е многу добро за нашето здравје. Еве неколку причини поради кои е добро да се јаде сончоглед:

Здрави коски

Семките на сончогледот се полни со магнезиум, кој е најдобра гаранција дека вашите коски ќе бидат здрави. Сончогледот ги спречува и грчевите и болките во мускулите, а богат е и со бакар кој обезбедува флексибилност на коските и зглобовите. Со редовно консумирање на овие семки може да се спречи појава на артритис.

Метаболизам

Сончогледот е богат со витамин Б, кој обезбедува обнова на оштетените ќелии и и создава нови. Исто така тој го забрзува и метаболизмот, па доколку имате проблемс ос толицата редовно грицкајте сончоглед.

Кожа

Семките на сончогледот се богати со витамин Е, важен витамин за здравјето и убавината на кожата. Со негова помош може да се спречи стареењето на кожата.

Холестерол

Сончогледот е богат со масти, но токму тие масти успешно го разградуваат холестеролот.

За побрзо варење на храната

Семките се богати со диетални влакна кои го забрзуваат процесот на варење на храната. Доколку почувствувате тегоби од ваков тип, земете еден грс сонгоглед и стапете ви акција.

The post Ем заразно ем здраво: Слободно да си грицкате сончогед appeared first on Република.

]]>

Грицкањето сончоглед не е само зараза навика за пред телевизор, според медицинските лица јадењето сончоглед е здраво и полезно за организмот. Слаткото и крцкаво семе од сончоглед е и одличен извор на калории, есенцијални масни киселини, витамини и минерали. Овој богат извор на хранливи материи ретко го гледаме како храна која може да не’ засити, и токму поради таквиот третман често знаеме да претераме со ова вкусно семе без да сфатиме дека всушност сме го прејале нашето тело со калории и други материи. Сепак, во нормални количини сончогледовото семе е многу добро за нашето здравје. Еве неколку причини поради кои е добро да се јаде сончоглед: Здрави коски Семките на сончогледот се полни со магнезиум, кој е најдобра гаранција дека вашите коски ќе бидат здрави. Сончогледот ги спречува и грчевите и болките во мускулите, а богат е и со бакар кој обезбедува флексибилност на коските и зглобовите. Со редовно консумирање на овие семки може да се спречи појава на артритис. Метаболизам Сончогледот е богат со витамин Б, кој обезбедува обнова на оштетените ќелии и и создава нови. Исто така тој го забрзува и метаболизмот, па доколку имате проблемс ос толицата редовно грицкајте сончоглед. Кожа Семките на сончогледот се богати со витамин Е, важен витамин за здравјето и убавината на кожата. Со негова помош може да се спречи стареењето на кожата. Холестерол Сончогледот е богат со масти, но токму тие масти успешно го разградуваат холестеролот. За побрзо варење на храната Семките се богати со диетални влакна кои го забрзуваат процесот на варење на храната. Доколку почувствувате тегоби од ваков тип, земете еден грс сонгоглед и стапете ви акција.

The post Ем заразно ем здраво: Слободно да си грицкате сончогед appeared first on Република.

]]>
МЗШВ: Се воведува забрана за извоз на семе од сончоглед https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mzshv-se-voveduva-zabrana-za-izvoz-na-seme-od-sonchogled/ Thu, 11 Aug 2022 10:03:00 +0000 https://republika.mk/?p=539020

Владата на денешната седница ја усвои Одлуката за воведување забрана за извоз на семе од сончоглед.

Целта на оваа Одлука, како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), е да се овозможи по завршување на жетвата која треба да почне во втората половина на август, најпрво да се снабдат домашните капацитети за производство на масло од сончоглед за јадење.

Министерството за земјоделство и Минстерството за економија доставија Одлука за дополнување на Одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки, со која предложија до Владата ограничување на извозот на нова тарифна ознака 1206 00- семе од сончоглед, вклучувајќи кршени или дробени. Рокот на примена на овој тарифен број ќе продолжи да важи до 31 декември 2022 година, како што е уредено во Одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки од 20 јули 2022. Причината за дополнување на Одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки со тарифната ознака 1206 00- семе од сончоглед, вклучувајќи кршени или дробени е да се овозможи по завршување на жетвата која треба да почне во втората половина на август, најпрво да се снабдат домашните капацитети за производство на масло од сончоглед за јадење, наведуваат од МЗШВ.

Во изминатиот период во МЗШВ беа одржани состаноци со производители и откупувачи на сончоглед при што беше заклучено дека во државата има доволни количини и финансиски средства за откуп на сончогледот од регистрираните откупни претпријатија.

Во 2022 година очекуваме производство на 11 800 тони сончоглед и имаме доволни количини за покривање на 2 месеци од домашните потреби. Со цел поддршка на производството на сончоглед, МЗШВ креираше неколку мерки. Прв пат оваа година преку интервентната програма се обезбеди финансиска поддршка за вештачко ѓубриво за сончоглед и тоа 40 отсто од цената или 2.500 денари по хектар како дополнителна мерка на основната финансиска поддршка по 11 000 денари на хектар без користење на сертифициран семенски материјал и по 15 000 денари на хектар со користење на сертифициран семенски материјал. Исто така, воведена е дополнителна мерка за произведен и предаден сончоглед со минимум 1 500 килограми за хектар во регистрирано откупно претпријатие, во износ од 5 760 денари за хектар, наведува Министерството.

Целта на овие мерки, потенцира, е домашното производство да се предаде на домашните откупни претпријатија.

Тоа ќе се реализира со оглед дека кај производството на сончоглед од оваа година стартуваше договорно производство, дополнува МЗШВ.

The post МЗШВ: Се воведува забрана за извоз на семе од сончоглед appeared first on Република.

]]>

Владата на денешната седница ја усвои Одлуката за воведување забрана за извоз на семе од сончоглед. Целта на оваа Одлука, како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), е да се овозможи по завршување на жетвата која треба да почне во втората половина на август, најпрво да се снабдат домашните капацитети за производство на масло од сончоглед за јадење.