Селска река Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/selska-reka/ За подобро да се разбереме Sun, 21 Aug 2022 20:28:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Селска река Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/selska-reka/ 32 32 Се излеа Селска река во Крива Паланка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-izlea-selska-reka-vo-kriva-palanka/ Sun, 21 Aug 2022 21:01:08 +0000 https://republika.mk/?p=542689

Невремето со пороен дожд, силен ветер и грмотевици што во попладневните часови ја зафати општина Крива Паланка предизвика излевање на Селска река и поплавување на земјоделски поседи.
Од удар на гром запалени се плевна и куќа во Крива Паланка, а пожарникарите се на терен и работат на локализација на пожарите.
Градоначалникот Сашко Митовски вечерва информираше дека се работи на санација на последиците од невремето.
-Вечерва сум на терен заедно со службите на јавното претпријатие „Комуналец” и општинските служби. Се справуваме со последиците од невремето кое траеше повеќе часови откако попладнево ја зафати нашата Крива Паланка. Се излеа Селска Река во Конопница, поплавени се приватни поседи на граѓаните. Заедно сме меѓу нашите сограѓани, се работи на санација на штетите. Во меѓувреме, Територијалната противпожарна единица интервенира на двата пожари предизвикани од гром, информира Митовски.

The post Се излеа Селска река во Крива Паланка appeared first on Република.

]]>