Село Гари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/selo-gari/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Aug 2024 12:59:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Село Гари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/selo-gari/ 32 32 50 години од последната свадба во село Гари https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/50-godini-od-poslednata-svadba-vo-selo-gari/ Wed, 28 Aug 2024 12:48:37 +0000 https://republika.mk/?p=810871

За некого може 50 години се многу, но за Љупчо и Софка  Стефановски половината век, како што велат самите минал со брзина на трепкање на окото.

Не пречекуваат во дворот на нивната куќа во Гари, двајцата насмеани и гостопримливи.. опкружени со петте внучиња од двата сина Мартин, Андреа, Павел, Марија, додека  Софка ја држи во рака најмалата  Бисера…

По 50 години заеднички живот Љупчо и Софка не  само  што си ги надополнуваат речениците што другиот ги кажува, туку на моменти во исто време исти зборови употребуваат.

Свадбата во Гари ја направивме најмногу на инсистирање на родителите на Љупчо. Ним им беше посебен мерак и ние прифативме, а демек бевме модерни во 1974 па како млади велевме во Скопје сакаме повеќе да се одржи веселбата. Но тоа што го доживеавме во Гари никогаш неможе да се заборави – вели Софка.

И по 15 години неодржување на ниту една, таа 1974 година на празникот Голема Богородица во Гари повторно свадба. Повторно голема, со над 700 сватови; А Таа традиционално започнува со канење на мртвите со Езгија, продолжува со бричење на зетот па одење по невестата и одржување на сите  мијачки обичаи како што е редот.

Свечената венчавка се одржала во гарскиот храм Црквата Пресвета Богоровица, а  чинот го водел  Протоереј Ефтим.

И  топнале мајовци со своите топани, се слушнал пискотот на зурлите. Гари е живо и радосно, му се случуват свадба. И во тоа време некој донел камера за снимање која работела на струја, па морало да се влече и да се продолжува струен кабел долг безмалку 600 метри. Е зошто толку долг? За да се долови моментот на пречекување на гости на влезот во селото, на Клаенец, на изворот кој до ден дене на гарци и на добронамерниците прв им посакува добредојде. Снимениот филм од камерата... Е тој се развивал во Венеција, со помош на роднини и пријатели.

Знаеш дека од многу луѓе, вели Љупчо со некои дури и неможевме да се поздравиме на свадбата. Ама беше преубаво, беше гордо, јас бев горд. Се женам со онаа што ја сакам, а на гости, на свадба ни дошло цело село. И уште сум горд, на моите два сина, на снаите, на внуците кои знаат да почитуваат вредности и семејство.

Сеуште во куќата на Стефановски постои еден долап со старини, а меѓу нив и стомна со која невестата Софка била на вода на Клаенец како дел од свадбарскиот гарски адет, но и мало бокалче со шест чаши поклон од свадбата. Забележувам во долапот хартии грижливо ставени во фолија.  Ми кажуваат дека тоа се телеграми испратени од  Америка, Канада  и од Белград. Роднини им честитаат на младенците.

Поради младите генерации ги прашуваме „златните“ Софка и Љупчо дали се поткарувале, дали било критично?? Двајцата велат во ист глас НЕ!! Се погледнуваат и велат повторно во ист глас и сега се поткаруваме, ама па еден без друг неможеме. „галиба и тоа се велит љубов“ – во смеење вели Софка.

На муабетите им нема крај.. двајцата разговорливи „младоженци“ со 50 годишен стаж ги оставаме онака како што ги најдовме, насмеани и весели, рекоа 50 – та ќе ја слават дома, со поколенијата. Дома во Гари, бидејќи секој гарец кога доаѓа во селото макар и на викенд вели „одам до дома“.

И да се зноет! За последната гарска свадба во тоа време 1974 –та  на насловна страна објавил големиот „Вечер“, а пишувало и во „Нова Македонија“.

 

The post 50 години од последната свадба во село Гари appeared first on Република.

]]>

За некого може 50 години се многу, но за Љупчо и Софка  Стефановски половината век, како што велат самите минал со брзина на трепкање на окото. Не пречекуваат во дворот на нивната куќа во Гари, двајцата насмеани и гостопримливи.. опкружени со петте внучиња од двата сина Мартин, Андреа, Павел, Марија, додека  Софка ја држи во рака најмалата  Бисера… По 50 години заеднички живот Љупчо и Софка не  само  што си ги надополнуваат речениците што другиот ги кажува, туку на моменти во исто време исти зборови употребуваат.
Свадбата во Гари ја направивме најмногу на инсистирање на родителите на Љупчо. Ним им беше посебен мерак и ние прифативме, а демек бевме модерни во 1974 па како млади велевме во Скопје сакаме повеќе да се одржи веселбата. Но тоа што го доживеавме во Гари никогаш неможе да се заборави – вели Софка.
И по 15 години неодржување на ниту една, таа 1974 година на празникот Голема Богородица во Гари повторно свадба. Повторно голема, со над 700 сватови; А Таа традиционално започнува со канење на мртвите со Езгија, продолжува со бричење на зетот па одење по невестата и одржување на сите  мијачки обичаи како што е редот. Свечената венчавка се одржала во гарскиот храм Црквата Пресвета Богоровица, а  чинот го водел  Протоереј Ефтим. И  топнале мајовци со своите топани, се слушнал пискотот на зурлите. Гари е живо и радосно, му се случуват свадба. И во тоа време некој донел камера за снимање која работела на струја, па морало да се влече и да се продолжува струен кабел долг безмалку 600 метри. Е зошто толку долг? За да се долови моментот на пречекување на гости на влезот во селото, на Клаенец, на изворот кој до ден дене на гарци и на добронамерниците прв им посакува добредојде. Снимениот филм од камерата... Е тој се развивал во Венеција, со помош на роднини и пријатели.
Знаеш дека од многу луѓе, вели Љупчо со некои дури и неможевме да се поздравиме на свадбата. Ама беше преубаво, беше гордо, јас бев горд. Се женам со онаа што ја сакам, а на гости, на свадба ни дошло цело село. И уште сум горд, на моите два сина, на снаите, на внуците кои знаат да почитуваат вредности и семејство.
Сеуште во куќата на Стефановски постои еден долап со старини, а меѓу нив и стомна со која невестата Софка била на вода на Клаенец како дел од свадбарскиот гарски адет, но и мало бокалче со шест чаши поклон од свадбата. Забележувам во долапот хартии грижливо ставени во фолија.  Ми кажуваат дека тоа се телеграми испратени од  Америка, Канада  и од Белград. Роднини им честитаат на младенците. Поради младите генерации ги прашуваме „златните“ Софка и Љупчо дали се поткарувале, дали било критично?? Двајцата велат во ист глас НЕ!! Се погледнуваат и велат повторно во ист глас и сега се поткаруваме, ама па еден без друг неможеме. „галиба и тоа се велит љубов“ – во смеење вели Софка. На муабетите им нема крај.. двајцата разговорливи „младоженци“ со 50 годишен стаж ги оставаме онака како што ги најдовме, насмеани и весели, рекоа 50 – та ќе ја слават дома, со поколенијата. Дома во Гари, бидејќи секој гарец кога доаѓа во селото макар и на викенд вели „одам до дома“. И да се зноет! За последната гарска свадба во тоа време 1974 –та  на насловна страна објавил големиот „Вечер“, а пишувало и во „Нова Македонија“.  

The post 50 години од последната свадба во село Гари appeared first on Република.

]]>
Славното село Гари го прослави празникот Голема Богородица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/slavnoto-selo-gari-go-proslavi-praznikot-golema-bogoroditsa/ Mon, 28 Aug 2023 13:44:49 +0000 https://republika.mk/?p=676617

Христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, меѓу народот познат како Голема Богородица беше традиционално прославен во славното мијачко село Гари.

Жителите на селото,туристи,  но и голем број луѓе кои потекнуваат од тука, се собираа во ова живописно населено место и со музика, зурли и тапани се движеа низ сокаците кон главната селска црква посветена токму на празникот - Успение на пресвета Богородица“.

Девојките ги облекоа своите најубави традиционални носии и  беа дел од поворката кон главната селска црква. Во ова село празникот се прославува два дена.

Селото Гари неофицијално се нарекува и главен град на Западна Македонија.

 

 

 

The post Славното село Гари го прослави празникот Голема Богородица appeared first on Република.

]]>

Христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, меѓу народот познат како Голема Богородица беше традиционално прославен во славното мијачко село Гари. Жителите на селото,туристи,  но и голем број луѓе кои потекнуваат од тука, се собираа во ова живописно населено место и со музика, зурли и тапани се движеа низ сокаците кон главната селска црква посветена токму на празникот - Успение на пресвета Богородица“. Девојките ги облекоа своите најубави традиционални носии и  беа дел од поворката кон главната селска црква. Во ова село празникот се прославува два дена. Селото Гари неофицијално се нарекува и главен град на Западна Македонија.      

The post Славното село Гари го прослави празникот Голема Богородица appeared first on Република.

]]>