селин дион Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/selin-dion/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Oct 2024 18:47:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png селин дион Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/selin-dion/ 32 32 Трогателна средба: Адел се расплака на настап во Лас Вегас кога ја виде и прегрна Селин Дион https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/trogatelna-sredba-adel-se-rasplaka-na-nastap-vo-las-vegas-koga-ja-vide-i-pregrna-selin-dion/ Mon, 28 Oct 2024 19:07:13 +0000 https://republika.mk/?p=831813

Адел се расплака на настап во Лас Вегас, откако ја виде и ја прегрна својата легендарна колешка, канадската пејачка Селин Дион, која се повлече од сцената поради болест.

Селин била на концертот заедно со своите синови, 14-годишните близнаци Нелсон и Еди.

Додека ја изведуваше песната „When We Were Young“, британската поп-пејачка ѝ пријде на Канаѓанката и ја прегрна со солзи во очите. Специјалната посетителка, исто така расплакана, го прифати поздравот на својата 20 помлада колешка-музичарка.

Поп-ѕвездите се запознале пред неколку години, токму во американскиот „град на гревот“.

По 10 концерти во Минхен, Германија, Адел се врати во Лас Вегас за да ги заврши обврските, по што следи долга пауза којашто самата Британка ја најави.

Воопшто немам никакви планови за нова музика... Сакам голема пауза после сѐ ова и мислам дека сакам да се занимавам со други креативни работи некое време, изјави таа претходно за „ЗДФ“.

Сѐ тоа, зашто ѝ недостигал животот пред славата, како што вели Адел.

The post Трогателна средба: Адел се расплака на настап во Лас Вегас кога ја виде и прегрна Селин Дион appeared first on Република.

]]>

Адел се расплака на настап во Лас Вегас, откако ја виде и ја прегрна својата легендарна колешка, канадската пејачка Селин Дион, која се повлече од сцената поради болест. Селин била на концертот заедно со своите синови, 14-годишните близнаци Нелсон и Еди. Додека ја изведуваше песната „When We Were Young“, британската поп-пејачка ѝ пријде на Канаѓанката и ја прегрна со солзи во очите. Специјалната посетителка, исто така расплакана, го прифати поздравот на својата 20 помлада колешка-музичарка. Поп-ѕвездите се запознале пред неколку години, токму во американскиот „град на гревот“. По 10 концерти во Минхен, Германија, Адел се врати во Лас Вегас за да ги заврши обврските, по што следи долга пауза којашто самата Британка ја најави.
Воопшто немам никакви планови за нова музика... Сакам голема пауза после сѐ ова и мислам дека сакам да се занимавам со други креативни работи некое време, изјави таа претходно за „ЗДФ“.
Сѐ тоа, зашто ѝ недостигал животот пред славата, како што вели Адел.

The post Трогателна средба: Адел се расплака на настап во Лас Вегас кога ја виде и прегрна Селин Дион appeared first on Република.

]]>
Селин Дион и Лејди Гага ќе настапат на свеченото отварање на Олимпијадата во Париз https://arhiva3.republika.mk/scena/selin-dion-i-lejdi-gaga-ke-nastapat-na-svechenoto-otvarane-na-olimpijadata-vo-pariz/ Tue, 23 Jul 2024 15:46:46 +0000 https://republika.mk/?p=799612

Дион пристигна во Париз во понеделникот во хотелот Ројал Монсо во близина на Елисејските полиња, каде што престојува и Лејди Гага, уште една потенцијална ѕвезда на свеченото отворање.

Конкретни детали за настапот на Дион се чуваат во тајност. Претставниците на Дион не одговорија веднаш на барањето на Variety за коментар.

Церемонијата на отворање ќе се одржи во облик на наутичка парада покрај Сена, која ќе кулминира во близина на Трокадеро, свртена кон Ајфеловата кула. За прв пат во историјата на Олимписките игри, церемонијата ќе се одржи надвор од стадион, ќе ги прикаже легендарните локации на Париз и ќе собере 3.500 актери, танчери и музички изведувачи.

The post Селин Дион и Лејди Гага ќе настапат на свеченото отварање на Олимпијадата во Париз appeared first on Република.

]]>

Дион пристигна во Париз во понеделникот во хотелот Ројал Монсо во близина на Елисејските полиња, каде што престојува и Лејди Гага, уште една потенцијална ѕвезда на свеченото отворање. Конкретни детали за настапот на Дион се чуваат во тајност. Претставниците на Дион не одговорија веднаш на барањето на Variety за коментар. Церемонијата на отворање ќе се одржи во облик на наутичка парада покрај Сена, која ќе кулминира во близина на Трокадеро, свртена кон Ајфеловата кула. За прв пат во историјата на Олимписките игри, церемонијата ќе се одржи надвор од стадион, ќе ги прикаже легендарните локации на Париз и ќе собере 3.500 актери, танчери и музички изведувачи.

The post Селин Дион и Лејди Гага ќе настапат на свеченото отварање на Олимпијадата во Париз appeared first on Република.

]]>
Селин Дион на насловната страница на францускиот „Вог“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/selin-dion-na-naslovnata-stranitsa-na-frantsuskiot-vog/ Tue, 30 Apr 2024 09:26:56 +0000 https://republika.mk/?p=772523

Канадската поп-пејачка Селин Дион се најде на насловната страница на француското издание на „Вог“. Во интервјуто за списанието, таа проговори за своето невролошко заболување наречено Синдром на вкочанета личност. Болеста ѝ беше дијагностицирана есента 2022 година.

Не сум ја победила болеста, таа сѐ уште е во мене и секогаш ќе биде. Се надевам дека ќе се случи чудо, дека ќе најдеме начин да ја излечиме преку научно истражување, но токму сега, морам да научам да живеам со неа. Значи, ова сум јас сега - со синдромот на вкочанета личност, изјави Дион.

Таа потоа раскажува како изгледа нејзиниот живот по дијагнозата.

Во неделата, пет дена одам на атлетска, физичка и гласовна терапија. Работам на прстите на рацете, на нозете, колената, листовите, пеам... Гласот... Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси. На почетокот се прашував: „Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?“, се потсеќа пејачката.

Таа вели дека сега има два избора - да тренира или целосно да се повлече.

Животот не дава никакви одговори. Само треба да го живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина. Како што ја гледам, имам два избора. Или ќе тренирам како спортист и ќе работам напорно, или „се исклучувам“ и останувам дома... Значи, ги слушам моите песни, стоејќи пред огледалото и ги пеам со цело тело и душа, со медицинскиот тим, повторно, нагласи Селин.

Таа има голема поддршка од семејството и децата.

Пред сè, љубовта на моето семејство и моите деца, љубовта на обожавателите и поддршката на мојот тим - сè тоа ме крепи. Луѓето кои страдаат од СПС (кретенка за болеста, з.п.), можеби немаат доволно среќа или имаат средства да имаат добри лекари и добри третмани. Тоа е дар, знам дека ништо нема да ме спречи, појасни таа.

На прашањето дали ќе се врати на сцената, Селин сè уште нема конкретен одговор.

Моето тело ќе ми каже. Од друга страна, не сакам само да чекам. Многу е тешко да се живее од ден за ден. Но, има едно нешто што никогаш нема да запре, а тоа е волјата. Тоа е страста. Тоа е сонот. Тоа е одлучноста!, заклучи поп-ѕвездата.

The post Селин Дион на насловната страница на францускиот „Вог“ appeared first on Република.

Сестрата на Селин Дион откри во каква состојба е славната пејачка https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/sestrata-na-selin-dion-otkri-vo-kakva-sostojba-e-slavnata-pejachka/ Wed, 20 Dec 2023 09:32:25 +0000 https://republika.mk/?p=724784

Сестрата на Селин Дион откри во каква здравствена состојба е светската музичка ѕвезда, која на почетокот на годинава се појави во јавноста со своите деца, по долго време и по одлуката да ја одложи светската турнеја минатиот декември, поради ретка невролошка болест со која се бори.

Работи напорно, но нема контрола над мускулите. Она што ми го кине срцето е тоа што таа секогаш беше дисциплинирана. Таа секогаш работеше напорно. Нашата мајка секогаш ѝ велеше: „Ќе го направиш тоа добро, ќе го направиш правилно“, изјави сестрата на славната музичка дива Селин Дион за „7 Jours“ и додаде:

– Вистина е дека за нас и за неа е сон да се врати на сцената. На кој начин? Не знам – изјавила таа.

Сестрата на Селин Дион нагласи дека ќе биде потребно време за да се направи тој камбек. Познатата пејачка боледува од синдром на вкочанета личност, тоа го објави минатата година.

Гласните жици се мускули, а и срцето е мускул. Со оглед на тоа дека болеста е многу ретка, погодува еден од милион луѓе, научниците се уште многу не ја истражуваат оваа болест, бидејќи од неа заболуваат само исклучително мал број на луѓе, дополнила во интервјуто сестрата на легендарната музичка ѕвезда Селин Дион.

The post Сестрата на Селин Дион откри во каква состојба е славната пејачка appeared first on Република.

]]>

Сестрата на Селин Дион откри во каква здравствена состојба е светската музичка ѕвезда, која на почетокот на годинава се појави во јавноста со своите деца, по долго време и по одлуката да ја одложи светската турнеја минатиот декември, поради ретка невролошка болест со која се бори.
Работи напорно, но нема контрола над мускулите. Она што ми го кине срцето е тоа што таа секогаш беше дисциплинирана. Таа секогаш работеше напорно. Нашата мајка секогаш ѝ велеше: „Ќе го направиш тоа добро, ќе го направиш правилно“, изјави сестрата на славната музичка дива Селин Дион за „7 Jours“ и додаде:
– Вистина е дека за нас и за неа е сон да се врати на сцената. На кој начин? Не знам – изјавила таа. Сестрата на Селин Дион нагласи дека ќе биде потребно време за да се направи тој камбек. Познатата пејачка боледува од синдром на вкочанета личност, тоа го објави минатата година.
Гласните жици се мускули, а и срцето е мускул. Со оглед на тоа дека болеста е многу ретка, погодува еден од милион луѓе, научниците се уште многу не ја истражуваат оваа болест, бидејќи од неа заболуваат само исклучително мал број на луѓе, дополнила во интервјуто сестрата на легендарната музичка ѕвезда Селин Дион.
 
The post Сестрата на Селин Дион откри во каква состојба е славната пејачка appeared first on Република.

]]>
Здравјето на Селин Дион се влошува: „Веќе нема контрола над мускулите…“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/zdravjeto-na-selin-dion-se-vloshuva-veke-nema-kontrola-nad-muskulite/ Tue, 19 Dec 2023 10:44:55 +0000 https://republika.mk/?p=724505

Здравствената состојба на пејачката Селин Дион (55) се влошува. Една година по објавувањето на дијагнозата, пејачката повеќе не може да контролира одредени движења на телото, а тоа го потврди и нејзината сестра Клодет Дион.

- Таа нема контрола над своите мускули. Она што ми го кине срцето е тоа што таа секогаш беше дисциплинирана и се грижеше за се. Таа секогаш работеше напорно. Нашата мајка секогаш ѝ велеше: „Ќе го направиш тоа како што треба, ќе го направиш правилно“ – изјавила Клодет за 7Jours.

- Точно е дека и во нашите и во нејзините соништа целта е да се врати на сцената. Во каква форма? Не знам – додаде таа.

Инаку, Селин на крајот на минатата година откри дека се бори со синдромот на вкочанета личност (СПС), необична болест која предизвикува неконтролирани мускулни грчеви.

Тоа е невролошко нарушување кое доведува до вкочанетост на мускулите. Болеста го заклучува телото во положба од која личноста не може да се движи и предизвикува грчеви кои можат да бидат толку силни што дури и ги кршат коските.

View this post on Instagram

A post shared by Céline Dion (@celinedion)

The post Здравјето на Селин Дион се влошува: „Веќе нема контрола над мускулите…“ appeared first on Република.

]]>

Здравствената состојба на пејачката Селин Дион (55) се влошува. Една година по објавувањето на дијагнозата, пејачката повеќе не може да контролира одредени движења на телото, а тоа го потврди и нејзината сестра Клодет Дион.
- Таа нема контрола над своите мускули. Она што ми го кине срцето е тоа што таа секогаш беше дисциплинирана и се грижеше за се. Таа секогаш работеше напорно. Нашата мајка секогаш ѝ велеше: „Ќе го направиш тоа како што треба, ќе го направиш правилно“ – изјавила Клодет за 7Jours. - Точно е дека и во нашите и во нејзините соништа целта е да се врати на сцената. Во каква форма? Не знам – додаде таа.
Инаку, Селин на крајот на минатата година откри дека се бори со синдромот на вкочанета личност (СПС), необична болест која предизвикува неконтролирани мускулни грчеви. Тоа е невролошко нарушување кое доведува до вкочанетост на мускулите. Болеста го заклучува телото во положба од која личноста не може да се движи и предизвикува грчеви кои можат да бидат толку силни што дури и ги кршат коските.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Céline Dion (@celinedion)

The post Здравјето на Селин Дион се влошува: „Веќе нема контрола над мускулите…“ appeared first on Република.

]]>
Селин Дион за прв пат во јавност по 4 години: „Среќни сме!“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/selin-dion-za-prv-pat-vo-javnost-po-4-godini-srekni-sme/ Thu, 02 Nov 2023 09:55:35 +0000 https://republika.mk/?p=697333

Музичката дива Селин Дион (55) за прв пат се појави во јавноста откако пред четири години и беше дијагностицирана многу ретка болест, т.н. синдром на вкочанета личност. Таа е снимена со членовите на семејството на игра во Лас Вегас.

Пејачката ја посетила играта и навивала за клубот Монтреал Канадиенс, чиј голем фан е. По натпреварот заедно со синовите Рене-Чарлс, Еди и Нелсон отишла во соблекувалната да ги поздрави играчите и да разговара со нив.

На фотографиите пејачката изгледаше многу весело, а клубот беше воодушевен од нејзиното доаѓање.

- Прекрасна посета. Целиот тим е многу среќен што ве запозна вас и вашето семејство. Ти благодарам Селин - напиша на Инстаграм Шантал Машаби, ПР претставник на канадскиот клуб.

Да потсетиме, Селин Дион кон крајот на минатата година објави дека се бори со синдромот на вкочанета личност - Stiff Person  (СПС), необична и предизвикувачка болест која предизвикува неконтролирани мускулни грчеви. Тоа е невролошко нарушување кое доведува до вкочанетост на мускулите. Болеста го заклучува телото во положба од која лицето не може да се движи.

24sata

The post Селин Дион за прв пат во јавност по 4 години: „Среќни сме!“ appeared first on Република.

]]>

Музичката дива Селин Дион (55) за прв пат се појави во јавноста откако пред четири години и беше дијагностицирана многу ретка болест, т.н. синдром на вкочанета личност. Таа е снимена со членовите на семејството на игра во Лас Вегас. Пејачката ја посетила играта и навивала за клубот Монтреал Канадиенс, чиј голем фан е. По натпреварот заедно со синовите Рене-Чарлс, Еди и Нелсон отишла во соблекувалната да ги поздрави играчите и да разговара со нив.
На фотографиите пејачката изгледаше многу весело, а клубот беше воодушевен од нејзиното доаѓање.
- Прекрасна посета. Целиот тим е многу среќен што ве запозна вас и вашето семејство. Ти благодарам Селин - напиша на Инстаграм Шантал Машаби, ПР претставник на канадскиот клуб.
Да потсетиме, Селин Дион кон крајот на минатата година објави дека се бори со синдромот на вкочанета личност - Stiff Person  (СПС), необична и предизвикувачка болест која предизвикува неконтролирани мускулни грчеви. Тоа е невролошко нарушување кое доведува до вкочанетост на мускулите. Болеста го заклучува телото во положба од која лицето не може да се движи. 24sata  

The post Селин Дион за прв пат во јавност по 4 години: „Среќни сме!“ appeared first on Република.

]]>
Сестрата на тешко болната Селин Дион: „Нема лек, но надежта е важна, потребен и е одмор“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/sestrata-na-teshko-bolnata-selin-dion-nema-lek-no-nadezhta-e-vazhna-potreben-i-e-odmor/ Fri, 04 Aug 2023 20:34:00 +0000 https://republika.mk/?p=668784

Клодет Дион, сестрата на популарната пејачка Селин Дион (55), сподели со јавноста информации за здравствената состојба на пејачката. Селин страда од синдром на вкочанетост кој погодува еден од милион луѓе. Тоа е невролошко нарушување кое доведува до вкочанетост на мускулите. Болеста го заклучува телото во положба од која лицето не може да се движи.

Не можеме да најдеме лек кој делува, но надежта е важна. Искрено, мислам дека најмногу и треба одмор. Таа секогаш оди над просекот кога настапува, секогаш се труди да биде најдобра во својата игра. Срцето и телото се обидуваат да кажат нешто и тоа треба да се слуша – изјави сестрата за француските медиуми.

Клодет изјавила дека ги слушаат советите на лекарот и се обидуваат да најдат решение за оваа неизлечива болест.

- Настапот и е вроден, дисциплинирана е во сите области од нејзиниот живот. Кога и се јавувам на Селин и таа е зафатена, разговарам со сестра ми Линда која живее со неа и таа ми вели дека работи напорно. - додаде Клодет.

Во декември Селин објави дека боледува од оваа болест, а нејзините обожаватели и испратија пораки со поддршка.

The post Сестрата на тешко болната Селин Дион: „Нема лек, но надежта е важна, потребен и е одмор“ appeared first on Република.

]]>

Клодет Дион, сестрата на популарната пејачка Селин Дион (55), сподели со јавноста информации за здравствената состојба на пејачката. Селин страда од синдром на вкочанетост кој погодува еден од милион луѓе. Тоа е невролошко нарушување кое доведува до вкочанетост на мускулите. Болеста го заклучува телото во положба од која лицето не може да се движи. Не можеме да најдеме лек кој делува, но надежта е важна. Искрено, мислам дека најмногу и треба одмор. Таа секогаш оди над просекот кога настапува, секогаш се труди да биде најдобра во својата игра. Срцето и телото се обидуваат да кажат нешто и тоа треба да се слуша – изјави сестрата за француските медиуми. Клодет изјавила дека ги слушаат советите на лекарот и се обидуваат да најдат решение за оваа неизлечива болест.
- Настапот и е вроден, дисциплинирана е во сите области од нејзиниот живот. Кога и се јавувам на Селин и таа е зафатена, разговарам со сестра ми Линда која живее со неа и таа ми вели дека работи напорно. - додаде Клодет.
Во декември Селин објави дека боледува од оваа болест, а нејзините обожаватели и испратија пораки со поддршка.

The post Сестрата на тешко болната Селин Дион: „Нема лек, но надежта е важна, потребен и е одмор“ appeared first on Република.

]]>
Селин Дион ги откажа преостанатите концерти од светската турнеја поради здравствени проблеми https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/selin-dion-gi-otkazha-preostanatite-kontserti-od-svetskata-turneja-poradi-zdravstveni-problemi/ Tue, 30 May 2023 08:55:38 +0000 https://republika.mk/?p=646042

Канадската поп-ѕвезда Селин Дион соопшти дека ги откажува концертите во Европа од својата светска турнеја планирана да продолжи ова лето поради здравствена состојба што ѝ го отежнува настапот.

Објавата доаѓа четири месеци откако 55-годишната Селин изјави дека ѝ е дијагностицирано ретко невролошко нарушување наречено синдром на вкочанетост, кое предизвикува грчеви во мускулите. Во тоа време нарушувањето ја принуди да одложи некои европски настапи во рамките на светската турнеја Courage („Храброст“).

Пејачката – најпозната по тематската песна за филмот „Титаник“, My Heart Will Go On, се огласи на „Инстаграм“ викендов за да информира дека ја откажува турнејата.

„Многу ми е жал што уште еднаш ќе ве разочарам“, напиша таа.

„Работам навистина напорно за да си ја вратам силата, но турнеите може да бидат многу тешки, дури и кога сте 100 проценти во форма“.

The post Селин Дион ги откажа преостанатите концерти од светската турнеја поради здравствени проблеми appeared first on Република.

]]>

Канадската поп-ѕвезда Селин Дион соопшти дека ги откажува концертите во Европа од својата светска турнеја планирана да продолжи ова лето поради здравствена состојба што ѝ го отежнува настапот. Објавата доаѓа четири месеци откако 55-годишната Селин изјави дека ѝ е дијагностицирано ретко невролошко нарушување наречено синдром на вкочанетост, кое предизвикува грчеви во мускулите. Во тоа време нарушувањето ја принуди да одложи некои европски настапи во рамките на светската турнеја Courage („Храброст“). Пејачката – најпозната по тематската песна за филмот „Титаник“, My Heart Will Go On, се огласи на „Инстаграм“ викендов за да информира дека ја откажува турнејата. „Многу ми е жал што уште еднаш ќе ве разочарам“, напиша таа. „Работам навистина напорно за да си ја вратам силата, но турнеите може да бидат многу тешки, дури и кога сте 100 проценти во форма“.

The post Селин Дион ги откажа преостанатите концерти од светската турнеја поради здравствени проблеми appeared first on Република.

]]>