селфи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/selfi/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Oct 2024 10:33:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png селфи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/selfi/ 32 32 По фамозмото селфи СДСМ нѐ оддалечи од ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-famozmoto-selfi-sdsm-n-oddalechi-od-eu/ Tue, 15 Oct 2024 10:33:03 +0000 https://republika.mk/?p=827079

Откако го направија фамозното селфи во авионот од Брисел, Македонија е се подалеку од Европската Унија, а истата уште толку не оддалечи од нејзините врати поради лошите политики на СДС-ДУИ,потсети Миле Лефков.

Криминалната коалиција на СДС-ДУИ, наместо како што ветуваа почеток на преговори со Европската Унија, не дистанцираа од неа. Граѓаните препознаа дека зад памфлетите се кријат манипулации за да можат да крадат. Затоа СДС беше казнета на последните избори, пораз кој станува се поголем, особено ако се погледнат последните анкети каде имаат тенденција на дополнително паѓање.

Откако направија се, за да не понижат како народ, сега СДС вели дека поради ВМРО-ДПМНЕ сме биле изолирани.

Заврши времето на виткање на кичмата и спроведување на диктати. Заврши времето на играње игра со чувствата на граѓаните. Заврши времето на местење тендери, завршува времето на осудени криминалци да шетаат по улиците, завршува времето на корумпирани политичари, корумпирани обвинители, судии.

За разлика од минатата криминална власт на СДС-ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните. Над 450 илјади граѓани  ја дадоа довербата да ја водиме Македонија со нашите јасни политики за управување на државата. А резултатите од доброто владеење секојдневно се гледаат.

Македонија ќе биде повторно исправена и без прифаќање на диктати и уцени, ќе ги отвориме преговорите за членство со Европската Унија

The post По фамозмото селфи СДСМ нѐ оддалечи од ЕУ appeared first on Република.

]]>

Откако го направија фамозното селфи во авионот од Брисел, Македонија е се подалеку од Европската Унија, а истата уште толку не оддалечи од нејзините врати поради лошите политики на СДС-ДУИ,потсети Миле Лефков.
Криминалната коалиција на СДС-ДУИ, наместо како што ветуваа почеток на преговори со Европската Унија, не дистанцираа од неа. Граѓаните препознаа дека зад памфлетите се кријат манипулации за да можат да крадат. Затоа СДС беше казнета на последните избори, пораз кој станува се поголем, особено ако се погледнат последните анкети каде имаат тенденција на дополнително паѓање.
Откако направија се, за да не понижат како народ, сега СДС вели дека поради ВМРО-ДПМНЕ сме биле изолирани.  
Заврши времето на виткање на кичмата и спроведување на диктати. Заврши времето на играње игра со чувствата на граѓаните. Заврши времето на местење тендери, завршува времето на осудени криминалци да шетаат по улиците, завршува времето на корумпирани политичари, корумпирани обвинители, судии.
За разлика од минатата криминална власт на СДС-ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните. Над 450 илјади граѓани  ја дадоа довербата да ја водиме Македонија со нашите јасни политики за управување на државата. А резултатите од доброто владеење секојдневно се гледаат. Македонија ќе биде повторно исправена и без прифаќање на диктати и уцени, ќе ги отвориме преговорите за членство со Европската Унија

The post По фамозмото селфи СДСМ нѐ оддалечи од ЕУ appeared first on Република.

]]>
Сè за селфи: Скопјанка паднала во Заливот на коските и тешко се повредила https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/se-za-selfi-skopjanka-padnala-vo-zalivot-na-koskite-i-teshko-se-povredila/ Sun, 07 Jul 2024 16:23:48 +0000 https://republika.mk/?p=794287

Во СВР Охрид на 06.07 во 21.40 часот било пријавено дека, Е.Р.(32) од Скопје, при фотографирање до металната ограда на паркингот кај туристичкиот комплекс „Залив на коски“ во близина на охридското село Пештани, паднала и се здобила со тешки телесни повреди, информира МВР.

Таа, со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде, е задржана на понатамошно лекување.

The post Сè за селфи: Скопјанка паднала во Заливот на коските и тешко се повредила appeared first on Република.

]]>

Во СВР Охрид на 06.07 во 21.40 часот било пријавено дека, Е.Р.(32) од Скопје, при фотографирање до металната ограда на паркингот кај туристичкиот комплекс „Залив на коски“ во близина на охридското село Пештани, паднала и се здобила со тешки телесни повреди, информира МВР. Таа, со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде, е задржана на понатамошно лекување.  

The post Сè за селфи: Скопјанка паднала во Заливот на коските и тешко се повредила appeared first on Република.

]]>
Девојка загина сакајќи да направи селфи на водопад https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/devojka-zagina-sakajki-da-napravi-selfi-na-vodopad/ Wed, 06 Mar 2024 13:43:29 +0000 https://republika.mk/?p=751927

Дваесетгодишна девојка во Австралија загина паѓајќи од карпа додека се обидувала да направи „совршена фотографија“ за „Инстаграм“. Ујвала Вемуру заедно со пријателите го посетиле Националниот парк Ламингтон во Квинсленд, при што застанале на познатите водопади Јанбакучи, за да направат фотографии. Ујвала сакала да се фотографира пред рајските водопади, но направила фатална грешка: кога ѝ се лизнал мобилниот телефон, се обидела да посегне по него, изгубила рамнотежа и се лизнала по падина висока околу десет метри пред да падне уште десет метри во дупка.

Пријателите викаа по неа, но не добија одговор. Веднаш повикале брза помош. Беше потребно време за итните служби да извршат проценка на ризикот и да ја најдат, изјави полицискиот портпарол на американската телевизија ABC

Спасувачите успеале да ја извлечат девојката дури по неколку часа. Сè што можеа да направат е да констатираат смрт.

Ујвала дошла од Перт да студира медицина на Универзитетот Бонд во близина на Голд Коуст. Во 2018 година, таа била прогласена за една од „најсветлите млади луѓе во Западна Австралија“ поради добрите резултати на факултетот.

Ова не е прв случај да загине млад човек во обид да се фотографира за социјалните мрежи.

The post Девојка загина сакајќи да направи селфи на водопад appeared first on Република.

]]>

Дваесетгодишна девојка во Австралија загина паѓајќи од карпа додека се обидувала да направи „совршена фотографија“ за „Инстаграм“. Ујвала Вемуру заедно со пријателите го посетиле Националниот парк Ламингтон во Квинсленд, при што застанале на познатите водопади Јанбакучи, за да направат фотографии. Ујвала сакала да се фотографира пред рајските водопади, но направила фатална грешка: кога ѝ се лизнал мобилниот телефон, се обидела да посегне по него, изгубила рамнотежа и се лизнала по падина висока околу десет метри пред да падне уште десет метри во дупка.
Пријателите викаа по неа, но не добија одговор. Веднаш повикале брза помош. Беше потребно време за итните служби да извршат проценка на ризикот и да ја најдат, изјави полицискиот портпарол на американската телевизија ABC
Спасувачите успеале да ја извлечат девојката дури по неколку часа. Сè што можеа да направат е да констатираат смрт. Ујвала дошла од Перт да студира медицина на Универзитетот Бонд во близина на Голд Коуст. Во 2018 година, таа била прогласена за една од „најсветлите млади луѓе во Западна Австралија“ поради добрите резултати на факултетот. Ова не е прв случај да загине млад човек во обид да се фотографира за социјалните мрежи.

The post Девојка загина сакајќи да направи селфи на водопад appeared first on Република.

]]>
Лав распарчи маж кој сакаше „селфи“ со него https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lav-rasparchi-mazh-koj-sakashe-selfi-so-nego/ Sun, 18 Feb 2024 15:46:21 +0000 https://republika.mk/?p=744680

Маж од Индија се прекачил на ограда висока седум метри во заградена зоолошка градина во сојузната држава Андра Прадеш, за да се слика со лав, по што животното скокнало и го убило човекот.

Прахлад Гуџар, 38-годишен, вчера влегол во живеалиштето на лавот во Зоолошката градина „Шри Венкатесвара“, занемарувајќи ги предупредувањата од чуварот кој му рекол да не му приоѓа на животното. Лавот Донгалпур тогаш го нападнал Гуџар, пред чуварот да може да го спречи инцидентот.

Во зоолошката градина има уште два лава - Кумар и Сундар.

Надлежните вршат обдукција на телото за да утврдат дали човекот во тој миг бил под дејство на алкохол.

The post Лав распарчи маж кој сакаше „селфи“ со него appeared first on Република.

]]>

Маж од Индија се прекачил на ограда висока седум метри во заградена зоолошка градина во сојузната држава Андра Прадеш, за да се слика со лав, по што животното скокнало и го убило човекот. Прахлад Гуџар, 38-годишен, вчера влегол во живеалиштето на лавот во Зоолошката градина „Шри Венкатесвара“, занемарувајќи ги предупредувањата од чуварот кој му рекол да не му приоѓа на животното. Лавот Донгалпур тогаш го нападнал Гуџар, пред чуварот да може да го спречи инцидентот. Во зоолошката градина има уште два лава - Кумар и Сундар. Надлежните вршат обдукција на телото за да утврдат дали човекот во тој миг бил под дејство на алкохол.

The post Лав распарчи маж кој сакаше „селфи“ со него appeared first on Република.

]]>
Гондола во Венеција се преврте поради туристи кои не сакале да седнат и да престанат да прават селфи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gondola-vo-venetsija-se-prevrte-poradi-turisti-koi-ne-sakale-da-sednat-i-da-prestanat-da-pravat-selfi/ Fri, 08 Dec 2023 10:48:43 +0000 https://republika.mk/?p=720974

Група туристи падналe во канал во Венеција кога гондолата со која се возеле се превртела затоа што не ги послушале наредбите да престанат да прават селфи и да седнат.

Во матната и студена вода завршил и гондолиерот кој се обидувал да маневрира додека пловел со чамецот под мостот кај плоштадот Свети Марко.

Според извештаите на локалниот печат, групата од Кина се возеле во гондола и правеле селфи кога се случил инцидентот.

Маневарот на гондолиерот под мостот барал максимален баланс на тежината на чамецот, но патниците ги игнорирале неговите наредби да седнат и наместо тоа продолжиле да стануваат и да фотографираат, поради што гондолата се превртела.

https://www.youtube.com/watch?v=8AxK1A2LKTQ&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fstrana.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Гондола во Венеција се преврте поради туристи кои не сакале да седнат и да престанат да прават селфи appeared first on Република.

]]>

Група туристи падналe во канал во Венеција кога гондолата со која се возеле се превртела затоа што не ги послушале наредбите да престанат да прават селфи и да седнат. Во матната и студена вода завршил и гондолиерот кој се обидувал да маневрира додека пловел со чамецот под мостот кај плоштадот Свети Марко. Според извештаите на локалниот печат, групата од Кина се возеле во гондола и правеле селфи кога се случил инцидентот. Маневарот на гондолиерот под мостот барал максимален баланс на тежината на чамецот, но патниците ги игнорирале неговите наредби да седнат и наместо тоа продолжиле да стануваат и да фотографираат, поради што гондолата се превртела. https://www.youtube.com/watch?v=8AxK1A2LKTQ&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fstrana.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Гондола во Венеција се преврте поради туристи кои не сакале да седнат и да престанат да прават селфи appeared first on Република.

]]>
Поради грешката што ја призна и Илон Маск, исчезна најпознатото селфи, поттикнат од Елен Деџенерис https://arhiva3.republika.mk/scena/poradi-greshkata-shto-ja-prizna-i-ilon-mask-ischezna-najpoznatoto-selfi-pottiknat-od-elen-dedheneris/ Tue, 22 Aug 2023 19:23:49 +0000 https://republika.mk/?p=674741

Поради грешката којашто ја призна и сопственикот на апликацијата Илон Маск, исчезна најпознатото селфи, поттикнат од Елен Деџенерис.

Поради техничка грешка на платформата „Х“ (поранешен Твитер), којашто ја призна и сопственикот на апликацијата Илон Маск, исчезна и можеби најпознатото селфи, поттикнат од Елен Деџенерис, со повеќе познати личности од свеченоста на Оскарите 2014 година.

Многупати преобјавуваното „селфи“ na Бредли Купер исчезна од „X“ во текот на викендот, што го натера Маск да признае дека тоа можеби е грешка на самата платформа, пишува лондонски „Тајмс“.

На фотографијата објавена од Елен Деџенерис пред девет години, се наоѓаат и Бред Пит, Анџелина Џоли, Џулија Робертс, Кевин Спејси, Џенифер Лоренс и други ѕвезди.

The post Поради грешката што ја призна и Илон Маск, исчезна најпознатото селфи, поттикнат од Елен Деџенерис appeared first on Република.

]]>

Поради грешката којашто ја призна и сопственикот на апликацијата Илон Маск, исчезна најпознатото селфи, поттикнат од Елен Деџенерис. Поради техничка грешка на платформата „Х“ (поранешен Твитер), којашто ја призна и сопственикот на апликацијата Илон Маск, исчезна и можеби најпознатото селфи, поттикнат од Елен Деџенерис, со повеќе познати личности од свеченоста на Оскарите 2014 година. Многупати преобјавуваното „селфи“ na Бредли Купер исчезна од „X“ во текот на викендот, што го натера Маск да признае дека тоа можеби е грешка на самата платформа, пишува лондонски „Тајмс“. На фотографијата објавена од Елен Деџенерис пред девет години, се наоѓаат и Бред Пит, Анџелина Џоли, Џулија Робертс, Кевин Спејси, Џенифер Лоренс и други ѕвезди.

The post Поради грешката што ја призна и Илон Маск, исчезна најпознатото селфи, поттикнат од Елен Деџенерис appeared first on Република.

]]>
Победничка на Вимблдон се мажи за фан кој ѝ побарал селфи на улица https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/pobednichka-na-vimbldon-se-mazhi-za-fan-koj-pobaral-selfi-na-ulitsa/ Fri, 02 Jun 2023 14:13:41 +0000 https://republika.mk/?p=647158

Шпанската тенисерка Габриње Мугуруза се мажи за обожавател кој ѝ побарал „селфи“ на улица. Мугуруза ќе стапи во брак со Артуро Борхес, со кој неодамна сподели заедничка фотографија со натпис: „Веќе ме имавте на „здраво“.

Нејзината приказна е невообичаена од повеќе причини, пред се поради тоа што некогаш најдобрата тенисерка на светот постојано е на пат. Обврските во нејзината професионална кариера бараат таа да не може да се посвети на нешто друго освен на тенисот, за што е потребна голема пожртвуваност и разбирање од партнерот.

Мугуруза сега е на пауза од тенисот, бидејќи нема играно од Австралија опен и Лион, што значи дека е надвор од тенисот веќе подолго време. Шпанскиот весник „Ола“ ги објави деталите за необичната романса која се разви во претходните години и ќе го добие својот убав епилог пред матичар.

„Мојот хотел беше многу блиску до Централ Парк и бидејќи ми беше досадно решив да излезам и да прошетам. Додека одев налетав на него, ми посака среќа на САД Опен и веднаш помислив колку е убав. Ме привлече и тоа што тој не е од светот на тенисот. Ме освои“, откри Мугуруза.

Грен слем шампионката од Ролан Гарос во 2016 година и Вимблдон во 2017 година беше и број еден во светот во 2017 година, а денеска е на 168. место на ВТА листата. Таа во досегашната кариера има освоено десет титули.

The post Победничка на Вимблдон се мажи за фан кој ѝ побарал селфи на улица appeared first on Република.

]]>

Шпанската тенисерка Габриње Мугуруза се мажи за обожавател кој ѝ побарал „селфи“ на улица. Мугуруза ќе стапи во брак со Артуро Борхес, со кој неодамна сподели заедничка фотографија со натпис: „Веќе ме имавте на „здраво“. Нејзината приказна е невообичаена од повеќе причини, пред се поради тоа што некогаш најдобрата тенисерка на светот постојано е на пат. Обврските во нејзината професионална кариера бараат таа да не може да се посвети на нешто друго освен на тенисот, за што е потребна голема пожртвуваност и разбирање од партнерот. Мугуруза сега е на пауза од тенисот, бидејќи нема играно од Австралија опен и Лион, што значи дека е надвор од тенисот веќе подолго време. Шпанскиот весник „Ола“ ги објави деталите за необичната романса која се разви во претходните години и ќе го добие својот убав епилог пред матичар. „Мојот хотел беше многу блиску до Централ Парк и бидејќи ми беше досадно решив да излезам и да прошетам. Додека одев налетав на него, ми посака среќа на САД Опен и веднаш помислив колку е убав. Ме привлече и тоа што тој не е од светот на тенисот. Ме освои“, откри Мугуруза. Грен слем шампионката од Ролан Гарос во 2016 година и Вимблдон во 2017 година беше и број еден во светот во 2017 година, а денеска е на 168. место на ВТА листата. Таа во досегашната кариера има освоено десет титули.

The post Победничка на Вимблдон се мажи за фан кој ѝ побарал селфи на улица appeared first on Република.

]]>
На овие места ширум светот селфито е забрането со закон https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/na-ovie-mesta-shirum-svetot-selfito-e-zabraneto-so-zakon/ Sun, 26 Mar 2023 09:07:12 +0000 https://republika.mk/?p=623742

Селфито одамна е еден од најпопуларните начини луѓето да се изразат себеси. Сепак, има познати туристички места ширум светот, каде што во последнава деценија се воведуваат правила против тоа фамозно „селфи“.

Ова се неколку такви примери.

Без разлика каде ќе се најдете во Њујорк, на пример, забрането е фотографирање со животни, како лавови, тигри и други. Овој закон е донесен во 2014 година, со цел ограничување на „блискоста“ меѓу луѓето и животните, како и спречување повреда или нечија смрт. Иако на многу луѓе им е логично дека не треба да се приближуваат до диви животни, и на другиот брег на САД, за Езерото Тахо во Калифорнија, властите морале да донесат закон за забрана на сликање со мечки.

Во Куќата за накит во Лондонската кула во Велика Британија, посетителите може да го разгледаат скапоцениот накит, којшто се наоѓа близу вооружени стражари. Сепак, тие се само за набљудување, бидејќи сликањето не е дозволено на ова место.

Откако неколку луѓе, извршувајќи верски должности во Мека, Саудиска Арабија, потоа објавуваа и фотографии на својот интернет-простор, саудиските власти го забранија сликањето на двете најпознати свети места - Светата џамија во Мека и Џамијата на Пророкот во Медина.

Во 2015 година, „Железничката компанија на Западна Јапонија“ воведе закон со којшто се забранува селфи со држач. Причината е заштита од паѓање на шините и од заплеткување со надземните кабли што може да предизвикаат струен удар за луѓето.

Од 2014 година, и на плажите „Гаропе“ во Франција има забрана за посетителите да прават селфи. Соопштението гласи дека целта е да се спречат луѓето „да се фалат со својот одмор“. Тука има и полиција којашто би спречила обид за правење селфи.

Селфито е забрането и во Памплона, Шпанија, каде што се одржуваат светски познатите трки со бикови, со цел спречување повреди и нечија смрт. Казната е исфрлање од трката, 3.000 фунти глоба, а може да се оди и в затвор.

The post На овие места ширум светот селфито е забрането со закон appeared first on Република.

]]>

Селфито одамна е еден од најпопуларните начини луѓето да се изразат себеси. Сепак, има познати туристички места ширум светот, каде што во последнава деценија се воведуваат правила против тоа фамозно „селфи“. Ова се неколку такви примери. Без разлика каде ќе се најдете во Њујорк, на пример, забрането е фотографирање со животни, како лавови, тигри и други. Овој закон е донесен во 2014 година, со цел ограничување на „блискоста“ меѓу луѓето и животните, како и спречување повреда или нечија смрт. Иако на многу луѓе им е логично дека не треба да се приближуваат до диви животни, и на другиот брег на САД, за Езерото Тахо во Калифорнија, властите морале да донесат закон за забрана на сликање со мечки. Во Куќата за накит во Лондонската кула во Велика Британија, посетителите може да го разгледаат скапоцениот накит, којшто се наоѓа близу вооружени стражари. Сепак, тие се само за набљудување, бидејќи сликањето не е дозволено на ова место. Откако неколку луѓе, извршувајќи верски должности во Мека, Саудиска Арабија, потоа објавуваа и фотографии на својот интернет-простор, саудиските власти го забранија сликањето на двете најпознати свети места - Светата џамија во Мека и Џамијата на Пророкот во Медина. Во 2015 година, „Железничката компанија на Западна Јапонија“ воведе закон со којшто се забранува селфи со држач. Причината е заштита од паѓање на шините и од заплеткување со надземните кабли што може да предизвикаат струен удар за луѓето. Од 2014 година, и на плажите „Гаропе“ во Франција има забрана за посетителите да прават селфи. Соопштението гласи дека целта е да се спречат луѓето „да се фалат со својот одмор“. Тука има и полиција којашто би спречила обид за правење селфи. Селфито е забрането и во Памплона, Шпанија, каде што се одржуваат светски познатите трки со бикови, со цел спречување повреди и нечија смрт. Казната е исфрлање од трката, 3.000 фунти глоба, а може да се оди и в затвор.

The post На овие места ширум светот селфито е забрането со закон appeared first on Република.

]]>
Кејт го прекрши кралскиот протокол: Направи селфи со обожавател во Лидс https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/kejt-go-prekrshi-kralskiot-protokol-napravi-selfi-so-obozhavatel-vo-lids/ Wed, 01 Feb 2023 11:18:01 +0000 https://republika.mk/?p=603319

Британското кралско семејство има строги правила кои неговите членови мора да ги почитуваат.

Одредени правила често изгледаат бесмислени, а едно од нив е дека членовите на монархијата не смеат да прават селфи. Затоа многумина беа изненадени од она што принцезата од Велс Кејт Мидлтон го направи на неодамнешниот настан.

Имено, таа како дел од својата нова компанија го посетила британскиот град Лидс и еден од неговите маркети, каде разговарала со луѓето кои работат на тој пазар. Во моментот кога минувала низ толпата, маж ја замолил да се фотографира со неа, што таа со задоволство го прифатила и направиле селфи.

Извинете, навистина сум нервозен“, ѝ рекол мажот, што може да се слушне на видеото кое се појави на Твитер.

Ве молам, не грижете се. Во ред е, сите понекогаш сме нервозни“, одговорила Кејт.

Принцезата од Велс веќе еднаш го прекрши правилото за селфи, кога со Вилијам посети болница и направила селфи со медицинските сестри.

The post Кејт го прекрши кралскиот протокол: Направи селфи со обожавател во Лидс appeared first on Република.

]]>

Британското кралско семејство има строги правила кои неговите членови мора да ги почитуваат. Одредени правила често изгледаат бесмислени, а едно од нив е дека членовите на монархијата не смеат да прават селфи. Затоа многумина беа изненадени од она што принцезата од Велс Кејт Мидлтон го направи на неодамнешниот настан. Имено, таа како дел од својата нова компанија го посетила британскиот град Лидс и еден од неговите маркети, каде разговарала со луѓето кои работат на тој пазар. Во моментот кога минувала низ толпата, маж ја замолил да се фотографира со неа, што таа со задоволство го прифатила и направиле селфи.
Извинете, навистина сум нервозен“, ѝ рекол мажот, што може да се слушне на видеото кое се појави на Твитер.   Ве молам, не грижете се. Во ред е, сите понекогаш сме нервозни“, одговорила Кејт.
Принцезата од Велс веќе еднаш го прекрши правилото за селфи, кога со Вилијам посети болница и направила селфи со медицинските сестри.

The post Кејт го прекрши кралскиот протокол: Направи селфи со обожавател во Лидс appeared first on Република.

]]>
Не се само за селфија: Огледалата во лифтовите имаат друга „мисија“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/psihologija/ne-se-samo-za-selfija-ogledalata-vo-liftovite-imaat-druga-misija/ Sun, 30 Jan 2022 09:52:32 +0000 https://republika.mk/?p=451459

Целта е функционална, на почетокот беше само механичка, а потоа психолошка.

  1. Илузијата на брзината

Како што станбените и деловните згради стануваа се повеќе и повеќе, така што качувањето по скали стануваше сè понапорно, инсталацијата на лифтови стана императив. Сепак, и покрај ваквиот напредок, луѓето избегнуваа да се качат со лифтот, и поради страв и делумно поради тоа што изгледаше премногу бавно. Многумина се пожалија, а испадна дека „забрзувањето“ со кое лифтот се движи нагоре-надолу ќе чини многу, па производителите смислија генијален трик – да стават огледало во него. Патниците сега имаа друго хоби, па не обрнуваа внимание на времето поминато во возење. Дури пријавиле дека навистина се движат побрзо, иако дизајнот и брзината воопшто не се промениле.

  1. Клаустрофобија

Клаустрофобијата од лифтот е многу чест проблем. Мал простор, недостаток на воздух, неможност да се разбере како функционира овој „сокол“, страв од височина и други фобии ги вознемируваа луѓето и предизвикуваа вознемиреност. Присуството на огледало во лифтот помага да се решат овие проблеми: ја намалува анксиозноста и создава чувство на повеќе простор. Покрај тоа, патникот во лифтот на потсвесно ниво не се чувствува сам, како во стапица, бидејќи го гледа својот одраз во огледалото.

  1. Безбедност

Огледалото создава чувство на сигурност кога во кабината возат луѓе кои не се познаваат. Ви овозможува беспрекорно да ги следите движењата на другите. Психолозите тврдат дека присуството на огледала позитивно влијае на патниците и придонесува за почитување на општоприфатените норми на однесување. Се покажа дека случаите на вандализам се многу ретки во лифтовите со огледала. Кога човек ќе се види во одразот, тој почнува да се однесува „пристојно“, дури и кога е сосема сам во кабината. Значи, огледалото во лифтот не е само прашање на дизајн, туку еден вид мерка на психолошко влијание врз патникот.

  1. Досада

Не е невообичаено на човек кој се вози на мансарда да му здодее, а огледалото е таму „премногу кратко“. Подобро е да го погледнете вашиот одраз отколку во празен ѕид или под. Така, повеќето луѓе често ја „убиваат“ досадата со фотографирање во лифт, што можете да го забележите на социјалните мрежи. ретко кој човек нема селфи од лифт…

  1. Помош на лицата со попреченост

Огледалото му помага на лице во инвалидска количка да се качи на лифт без да мора да се сврти во него. Димензиите на лифтот не секогаш ви дозволуваат да се свртите во него во инвалидска количка, во овој случај огледалото помага, гледајќи го одразот, можете безбедно да влезете и излезете од кабината наназад без да се вртите.

The post Не се само за селфија: Огледалата во лифтовите имаат друга „мисија“ appeared first on Република.