селфи фотографирање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/selfi-fotografirane/ За подобро да се разбереме Sun, 23 Apr 2023 18:31:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png селфи фотографирање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/selfi-fotografirane/ 32 32 Селфи фотографирање ги раздели засекогаш – другари од детство паднале од Петроварадинска тврдина https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/selfi-fotografirane-gi-razdeli-zasekogash-drugari-od-detstvo-padnale-od-petrovaradinska-tvrdina/ Sun, 23 Apr 2023 18:30:32 +0000 https://republika.mk/?p=633336

„Беа пријатели од рано детство, први соседи. Тоа што се случи е страшно“, вели братучед на Стефан Љ., момчето кое се повреди при пад од познатата Петроварадинска тврдина во Нови Сад. Како што дознава „Блиц“, тој е во тешка состојба, но моментално е стабилен. Неговиот другар, Лазар Ѓ., за жал, го загуби животот.

Тешко повредениот Стефан е оженет и има мало дете.

„Стефан ми е роднина, но го познавам и Лазар. Тие се добри луѓе, никој нема лош збор за нив. Тоа што се случи е страшно. Се знаат од детство, пораснаа во исто маало во Плана кај Параќин. Заедно одеа и во основно училиште“, видно вознемирен сведочи братучедот на Стефан.

Според последните сознанија, Стефан и Лазар биле на организирана ергенска забава. Едниот од нив сакал да се фотографира на работ од тврдината, но изгубил рамнотежа, механички го повлекол и тој до него и заедно паднале во провалија.

Сѐ уште се истражуваат сите околности за случајот со трагични последици.

The post Селфи фотографирање ги раздели засекогаш – другари од детство паднале од Петроварадинска тврдина appeared first on Република.

]]>

„Беа пријатели од рано детство, први соседи. Тоа што се случи е страшно“, вели братучед на Стефан Љ., момчето кое се повреди при пад од познатата Петроварадинска тврдина во Нови Сад. Како што дознава „Блиц“, тој е во тешка состојба, но моментално е стабилен. Неговиот другар, Лазар Ѓ., за жал, го загуби животот.
Тешко повредениот Стефан е оженет и има мало дете.
„Стефан ми е роднина, но го познавам и Лазар. Тие се добри луѓе, никој нема лош збор за нив. Тоа што се случи е страшно. Се знаат од детство, пораснаа во исто маало во Плана кај Параќин. Заедно одеа и во основно училиште“, видно вознемирен сведочи братучедот на Стефан.
Според последните сознанија, Стефан и Лазар биле на организирана ергенска забава. Едниот од нив сакал да се фотографира на работ од тврдината, но изгубил рамнотежа, механички го повлекол и тој до него и заедно паднале во провалија. Сѐ уште се истражуваат сите околности за случајот со трагични последици.

The post Селфи фотографирање ги раздели засекогаш – другари од детство паднале од Петроварадинска тврдина appeared first on Република.

]]>