селење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/selenje/ За подобро да се разбереме Mon, 20 Feb 2023 10:07:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png селење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/selenje/ 32 32 Германците се селат во предградијата поради можноста за работа од дома https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/germantsite-se-selat-vo-predgradijata-poradi-mozhnosta-za-rabota-od-doma/ Mon, 20 Feb 2023 10:07:47 +0000 https://republika.mk/?p=610993

Можноста за работа од дома мотивирала многу луѓе, особено од големите градови, да го сменат местото на живеење. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето спроведено меѓу 12.000 луѓе во Германија од страна на економскиот институт „Ифо“ и сајтот за недвижнини immowelt, објави „Ифо“ во соопштение за медиумите.

Меѓу оние кои ги напуштиле големите градови, 38 отсто се преселиле во предградијата, 30 отсто избрале помали градови со меѓу 100.000 и 500.000 жители. Само девет отсто избрале мали градови и пет отсто рурални области“, објаснува Матијас Долс, заменик директор на Центарот за макроекономија и истражување во тој интитут.

Запрашани за нивните планови за следните 12 месеци, 10 отсто од анкетираните жители на градовите рекоа дека планираат голем потег. Меѓу нив, 40 отсто имаат намера да се преселат во помал град, а 22 отсто во предградијата. Малите градови и руралните области беа најмала веројатност да бидат наведени како дестинација за нов дом (од 8 и 12 проценти од испитаниците, соодветно).

Спротивно на некои очекувања, пандемијата Ковид-19 не предизвика масовна миграција кон селата. Резултатите од нашето истражување покажуваат дека тоа веројатно нема да се случи во иднина, нагласува Долс.

Финансиските анализи играат се поважна улога во одлуката за преселување. „Испитаниците ги посочуваат зголемените основни трошоци за изнајмување, со исклучок на греењето и енергијата како главни двигатели на цената за нивната одлука“, додава експертот.

Резултатите се засноваат на репрезентативно истражување на 12.000 луѓе спроведено во есента 2022 година.

Во мај 2021 година, 12 отсто од испитаниците тогаш ги сметаа трошоците за домување како голем финансиски товар. Тој процент минатата есен се искачи на 20 отсто меѓу испитаниците. Меѓу луѓето кои планираат да се преселат во следните 12 месеци, 12 отсто го навеле финансискиот товар како најважна причина за нивното преселување.

The post Германците се селат во предградијата поради можноста за работа од дома appeared first on Република.

]]>

Можноста за работа од дома мотивирала многу луѓе, особено од големите градови, да го сменат местото на живеење. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето спроведено меѓу 12.000 луѓе во Германија од страна на економскиот институт „Ифо“ и сајтот за недвижнини immowelt, објави „Ифо“ во соопштение за медиумите.
Меѓу оние кои ги напуштиле големите градови, 38 отсто се преселиле во предградијата, 30 отсто избрале помали градови со меѓу 100.000 и 500.000 жители. Само девет отсто избрале мали градови и пет отсто рурални области“, објаснува Матијас Долс, заменик директор на Центарот за макроекономија и истражување во тој интитут.
Запрашани за нивните планови за следните 12 месеци, 10 отсто од анкетираните жители на градовите рекоа дека планираат голем потег. Меѓу нив, 40 отсто имаат намера да се преселат во помал град, а 22 отсто во предградијата. Малите градови и руралните области беа најмала веројатност да бидат наведени како дестинација за нов дом (од 8 и 12 проценти од испитаниците, соодветно).
Спротивно на некои очекувања, пандемијата Ковид-19 не предизвика масовна миграција кон селата. Резултатите од нашето истражување покажуваат дека тоа веројатно нема да се случи во иднина, нагласува Долс.
Финансиските анализи играат се поважна улога во одлуката за преселување. „Испитаниците ги посочуваат зголемените основни трошоци за изнајмување, со исклучок на греењето и енергијата како главни двигатели на цената за нивната одлука“, додава експертот. Резултатите се засноваат на репрезентативно истражување на 12.000 луѓе спроведено во есента 2022 година. Во мај 2021 година, 12 отсто од испитаниците тогаш ги сметаа трошоците за домување како голем финансиски товар. Тој процент минатата есен се искачи на 20 отсто меѓу испитаниците. Меѓу луѓето кои планираат да се преселат во следните 12 месеци, 12 отсто го навеле финансискиот товар како најважна причина за нивното преселување.  

The post Германците се селат во предградијата поради можноста за работа од дома appeared first on Република.

]]>
Секој четврти македонски граѓанин заминал од државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sekoj-chetvrti-makedonski-gragjanin-zaminal-od-drzavata/ Tue, 27 Sep 2022 13:23:40 +0000 https://republika.mk/?p=554841

Околу 700 илјади Македонци, или околу една четвртина од населението денес живее надвор од државата. Миграцијата од Македонија во последната деценија се зголемила за пет пати во ЕУ и околу четвртина од работоспособното население заминува од земјата, што влијае врз продуктивноста на самата земја, истакна Анита Рихтер, раководител на одделот за Југоисточна Европа на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД на денешната презентација на Извештајот на ОЕЦД „Трудова миграција во Западен Балкан, мапирање на шемите, адресирање на предизвиците и користење на придобивките“.

Рихтер посочи дека големата дијаспора може да донесе значителни ресурси за својата земја на потекло. Посочи и дека потенцијалот на дијаспората на Македонија е доста голем и оти околу три проценти од дознаките одат во земјата, но тоа е под просекот во Западен Балкан, каде што е околу 10 проценти.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, смета дека младите не треба да се задржуваат, туку треба да им се создадат можности што ќе им овозможат да го достигнат својот целосен потенцијал во сопствената земја, но во исто време ќе ги направи доволно конкурентни за светот.

- Речиси секогаш кога зборуваме за миграција ја слушаме и кажуваме реченицата „да ги задржиме младите дома“. Верувам дека секој во оваа просторија кој е родител или некогаш бил млад знае дека да ги задржиш каде било не е никогаш опција - истакна Битиќи.

Според него, тоа што мораме да го направиме како земја е да не ги избегнуваме нашите проблеми, туку да се фокусираме на нив и да зборуваме отворено и најважно во дијалогот да ги вклучиме и младите. Тоа е она што го бараат младите од нас.

Амбасадорката на Швајцарија во Скопје, Вероника Улман, се осврна на пораката на вицепремиерот Битиќи за тоа како да се вратат младите во сопствената земја.

- Студијата прво обезбедува одредени препораки, на пример, идентификација на паметната трансформација на образовниот систем кој ќе обезбеди повеќе можности на македонската работна сила и со тоа ќе го зголеми националниот стандард на живеење. Преку оваа програма Швајцарија веќе зема учество во овие напори - истакна Улман.

Таа изрази поддршка кон Владата за да го усогласи својот стручен образовен систем со пазарот на труд, да воспостави соработка помеѓу образовните институции и иновативниот екосистем и придонес во развојот на мали и средни претпријатија, и стартап бизниси.

– Исто така, голема дијаспора со потекло од Македонија живее во Швајцарија. Поради тоа сме директно заинтересирани да ги идентификуваме заедно со вас точките преку кои ќе можеме да ја поттикнеме оваа дијаспора и протокот на знаење и експертиза. Се надевам дека денешната дискусија ќе донесе конкретни решенија и ќе поттикне нови активности во оваа насока - додаде амбасадорката на Швајцарија.

Амбасадорот на Австрија во Скопје, Георг Вуцас, рече дека Австрија е поддржувач на Македонија и западнобалканската шесторка да се приклучи кон Европската Унија и оти Австрија би сакала овие преговори да завршат без одложување за земјава да се приклучи што поскоро кон ЕУ.

- Австрија и ЕУ сакаат да видат развиен Западен Балкан кој се приклучува, не испразнето општество особено од нивната младина и висококвалификувана работна сила. Австрија не е главната дестинација на миграцијата од Македонија, но и покрај тоа има прилично голема миграција од оваа земја кон Австрија - истакна Вуцас и додаде дека Австрија нуди неколку програми и иницијативи коишто се насочени кон одвраќање на овој тренд на празнење на интелектуалната сила од државава.

The post Секој четврти македонски граѓанин заминал од државата appeared first on Република.

]]>

Околу 700 илјади Македонци, или околу една четвртина од населението денес живее надвор од државата. Миграцијата од Македонија во последната деценија се зголемила за пет пати во ЕУ и околу четвртина од работоспособното население заминува од земјата, што влијае врз продуктивноста на самата земја, истакна Анита Рихтер, раководител на одделот за Југоисточна Европа на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД на денешната презентација на Извештајот на ОЕЦД „Трудова миграција во Западен Балкан, мапирање на шемите, адресирање на предизвиците и користење на придобивките“.
Рихтер посочи дека големата дијаспора може да донесе значителни ресурси за својата земја на потекло. Посочи и дека потенцијалот на дијаспората на Македонија е доста голем и оти околу три проценти од дознаките одат во земјата, но тоа е под просекот во Западен Балкан, каде што е околу 10 проценти. Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, смета дека младите не треба да се задржуваат, туку треба да им се создадат можности што ќе им овозможат да го достигнат својот целосен потенцијал во сопствената земја, но во исто време ќе ги направи доволно конкурентни за светот.
- Речиси секогаш кога зборуваме за миграција ја слушаме и кажуваме реченицата „да ги задржиме младите дома“. Верувам дека секој во оваа просторија кој е родител или некогаш бил млад знае дека да ги задржиш каде било не е никогаш опција - истакна Битиќи.
Според него, тоа што мораме да го направиме како земја е да не ги избегнуваме нашите проблеми, туку да се фокусираме на нив и да зборуваме отворено и најважно во дијалогот да ги вклучиме и младите. Тоа е она што го бараат младите од нас. Амбасадорката на Швајцарија во Скопје, Вероника Улман, се осврна на пораката на вицепремиерот Битиќи за тоа како да се вратат младите во сопствената земја.