Селена Гомез Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/selena-gomez/ За подобро да се разбереме Sat, 07 Sep 2024 14:30:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Селена Гомез Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/selena-gomez/ 32 32 Селена Гомез на листата на славните милијардери https://arhiva3.republika.mk/vesti/selena-gomez-na-listata-na-slavnite-milijarderi/ Sat, 07 Sep 2024 14:30:01 +0000 https://republika.mk/?p=814145

Селена Гомез како дете стана ѕвезда на телевизиски канали Barney и Disney, а нејзината последна улога е – улогата на милијардерка.

Сега 32-годишната актерката и пејачка има богатство проценето на 1,3 милијарди долари, објави Bloomberg, деловната новинска агенција во петокот ја вклучи во својот индекс на милијардери.

Своето богатство во голема мера го заработила преку нејзината козметичка компанија „Rare Beauty“, која ја основаше пред пет години и има удел вреден повеќе од милијарда долари, проценува Bloomberg News. Поради успехот на брендот, таа стана една од „најмладите независни“ богаташи на листата, заедно со Тејлор Свифт и Ријана.

Според проценките, „Rare Beauty“ наводно генерирала 400 милиони долари нето продажба во 12-те месеци до февруари. Според Bloomberg, Селена Гомез заработила и десетици милиони долари од договори со компании како „Louis Vuitton“, „Coach“ и “Puma“. Таа заработува најмалку 6 милиони долари по сезона за нејзината улога во серијата „Only Murders in the building“ која се емитува на Hulu, a којашто ќе добие петта сезона.

И покрај нејзиниот успех на екраните и во музиката, вклучително и повеќекратни номинации за престижните награди Еми и Греми, тие достигнувања сочинуваат релативно мал дел од нејзиното богатство, според Bloomberg.

Селена Гомез, родена во Тексас, е на сцената речиси три децении, а нејзиниот успех доведе до преиспитување за нејзиниот стил, партнерите и здравственире проблеми, вклучително и дијагнози на биполарно растројство и автоимуната болест лупус.

Таа напиша за патувањето на нејзиното семејство во САД од Мексико, кое започнало со нејзината тетка „скриена во задниот дел на камион“ и снимање песни на шпански.

Пејачката минатата година беше жената со најмногу следбеници на Instagram. Таа има повеќе од 424 милиони фанови на социјалната мрежа, надминувајќи ги Тејлор Свифт и Кајли Џенер, што е збунувачка одлика за ѕвезда која зборуваше за негативното влијание на платформата врз нејзиното ментално здравје и понекогаш ја бришеше.

 

The post Селена Гомез на листата на славните милијардери appeared first on Република.

]]>

Селена Гомез како дете стана ѕвезда на телевизиски канали Barney и Disney, а нејзината последна улога е – улогата на милијардерка. Сега 32-годишната актерката и пејачка има богатство проценето на 1,3 милијарди долари, објави Bloomberg, деловната новинска агенција во петокот ја вклучи во својот индекс на милијардери. Своето богатство во голема мера го заработила преку нејзината козметичка компанија „Rare Beauty“, која ја основаше пред пет години и има удел вреден повеќе од милијарда долари, проценува Bloomberg News. Поради успехот на брендот, таа стана една од „најмладите независни“ богаташи на листата, заедно со Тејлор Свифт и Ријана. Според проценките, „Rare Beauty“ наводно генерирала 400 милиони долари нето продажба во 12-те месеци до февруари. Според Bloomberg, Селена Гомез заработила и десетици милиони долари од договори со компании како „Louis Vuitton“, „Coach“ и “Puma“. Таа заработува најмалку 6 милиони долари по сезона за нејзината улога во серијата „Only Murders in the building“ која се емитува на Hulu, a којашто ќе добие петта сезона. И покрај нејзиниот успех на екраните и во музиката, вклучително и повеќекратни номинации за престижните награди Еми и Греми, тие достигнувања сочинуваат релативно мал дел од нејзиното богатство, според Bloomberg. Селена Гомез, родена во Тексас, е на сцената речиси три децении, а нејзиниот успех доведе до преиспитување за нејзиниот стил, партнерите и здравственире проблеми, вклучително и дијагнози на биполарно растројство и автоимуната болест лупус. Таа напиша за патувањето на нејзиното семејство во САД од Мексико, кое започнало со нејзината тетка „скриена во задниот дел на камион“ и снимање песни на шпански. Пејачката минатата година беше жената со најмногу следбеници на Instagram. Таа има повеќе од 424 милиони фанови на социјалната мрежа, надминувајќи ги Тејлор Свифт и Кајли Џенер, што е збунувачка одлика за ѕвезда која зборуваше за негативното влијание на платформата врз нејзиното ментално здравје и понекогаш ја бришеше.  

The post Селена Гомез на листата на славните милијардери appeared first on Република.

]]>
Селена Гомез со прозирен розов фустан на „Версаче“ на 30. роденден https://arhiva3.republika.mk/scena/film/selena-gomez-so-proziren-rozov-fustan-na-versache-na-30-rodenden/ Wed, 27 Jul 2022 13:39:38 +0000 https://republika.mk/?p=533874

Таа го прослави својот 30. роденден изминатиот викенд, приредувајќи голема забава за своите пријатели.

И по тој повод, Селена Гомез го покажа својот најгламурозен изглед во проѕирен розов фустан на „Версаче“.

Таа сподели фотографија на Инстаграм следниот ден. Во описот на објавата, ѕвездата на Spring Breakers, исто така, изрази огромна благодарност за „понекогаш тешките лекции“ од нејзините дваесетти што сигурно ќе ѝ послужат во следната деценија.

Селена е вистинска класа во овој впечатлив фустан, украсен со розов тул што ги открива нејзините облини.

The post Селена Гомез со прозирен розов фустан на „Версаче“ на 30. роденден appeared first on Република.

]]>

Таа го прослави својот 30. роденден изминатиот викенд, приредувајќи голема забава за своите пријатели. И по тој повод, Селена Гомез го покажа својот најгламурозен изглед во проѕирен розов фустан на „Версаче“. Таа сподели фотографија на Инстаграм следниот ден. Во описот на објавата, ѕвездата на Spring Breakers, исто така, изрази огромна благодарност за „понекогаш тешките лекции“ од нејзините дваесетти што сигурно ќе ѝ послужат во следната деценија. Селена е вистинска класа во овој впечатлив фустан, украсен со розов тул што ги открива нејзините облини.

The post Селена Гомез со прозирен розов фустан на „Версаче“ на 30. роденден appeared first on Република.

]]>