Селце Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/selce/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Apr 2024 12:58:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Селце Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/selce/ 32 32 Ставен е под контрола пожарот над тетовско Селце https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/staven-e-pod-kontrola-pozharot-nad-tetovsko-seltse/ Tue, 16 Apr 2024 12:58:59 +0000 https://republika.mk/?p=766766

Шумскиот пожар над тетовско Селце по шест дена е ставен под контрола, информираат од Национален парк Шар Планина. Пресвртот се случил денеска, при што иако пожарот почнал да се проширува кон Ѓермо, ренџерите од паркот и вработени во Дирекција за заштита и спасување успеале да го стават под контрола.

Пожарот над Селце беше проширен и над Ѓермо. До 12 часот е комплетно ставен под контрола и повлечени се екипите на Националниот Парк и Дирекција за заштита и спасување. Денес гаснеа пет луѓе од паркот и четворица од ДЗС, информираат од Национален парк Шар Планина.

Пожарот почна на 11 април. Вчера и на 14 април дејствуваше и хеликоптерска единица на МВР која фрлаше вода од височина. Во текот на овие денови пожарот го гаснеа и пожарникарите од Тетово со вода во цистерни од теренски возила. Првичните процени на вработените во НП Шар Планина се дека изгорела над 100 хектари букова шума, ливади и пасишта.

На подрачјето на национланиот парк вчера било интервениран и на два други пожари.

Потполно е изгасен пожар над селото Горјане, каде изгореле четири хектари, а над Ломница два хектари приватен имот со ниска вегетација од трева, даб, леска и габер.

The post Ставен е под контрола пожарот над тетовско Селце appeared first on Република.

]]>

Шумскиот пожар над тетовско Селце по шест дена е ставен под контрола, информираат од Национален парк Шар Планина. Пресвртот се случил денеска, при што иако пожарот почнал да се проширува кон Ѓермо, ренџерите од паркот и вработени во Дирекција за заштита и спасување успеале да го стават под контрола.
Пожарот над Селце беше проширен и над Ѓермо. До 12 часот е комплетно ставен под контрола и повлечени се екипите на Националниот Парк и Дирекција за заштита и спасување. Денес гаснеа пет луѓе од паркот и четворица од ДЗС, информираат од Национален парк Шар Планина.
Пожарот почна на 11 април. Вчера и на 14 април дејствуваше и хеликоптерска единица на МВР која фрлаше вода од височина. Во текот на овие денови пожарот го гаснеа и пожарникарите од Тетово со вода во цистерни од теренски возила. Првичните процени на вработените во НП Шар Планина се дека изгорела над 100 хектари букова шума, ливади и пасишта. На подрачјето на национланиот парк вчера било интервениран и на два други пожари. Потполно е изгасен пожар над селото Горјане, каде изгореле четири хектари, а над Ломница два хектари приватен имот со ниска вегетација од трева, даб, леска и габер.

The post Ставен е под контрола пожарот над тетовско Селце appeared first on Република.

]]>
Над 50 тони вода исфрлија полициските хеликоптери во гаснењето на пожарот во селото Селце https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nad-50-toni-voda-isfrlija-politsiskite-helikopteri-vo-gasneneto-na-pozharot-vo-seloto-seltse/ Mon, 15 Apr 2024 18:24:07 +0000 https://republika.mk/?p=766425

Над 50 тони вода исфрлија двата полициски хеликоптера врз пожарот во атарот на селото Селце. Во денешната интервенција, која е на барање на Центарот за управување со кризи (ЦУК), како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР) учествуваа хеликоптери од типот Бел-412 и М171.

Тие со прецизно дејствување исфрлија 50 тони вода, во кординација со силите на терен, со цел стопирање на кракот што се движеше кон селото Селце, информираат од МВР.

Претходно денеска, од ЦУК информираа дека во гаснењето на пожарот, кој пред четири дена започнал на Шар Планина во атарот на село Селце, а кој е сè уште активен ангажирани се два полициски хеликоптера. Вчера, покрај ренџерските тимови на Националниот парк „Шар Планина“, во гаснењето помогнале и тимови на Противпожарната единица на Тетово.

https://youtu.be/ZVWqSqbAY0s?si=_LexL-zSN52hYqH4

The post Над 50 тони вода исфрлија полициските хеликоптери во гаснењето на пожарот во селото Селце appeared first on Република.

]]>

Над 50 тони вода исфрлија двата полициски хеликоптера врз пожарот во атарот на селото Селце. Во денешната интервенција, која е на барање на Центарот за управување со кризи (ЦУК), како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР) учествуваа хеликоптери од типот Бел-412 и М171.
Тие со прецизно дејствување исфрлија 50 тони вода, во кординација со силите на терен, со цел стопирање на кракот што се движеше кон селото Селце, информираат од МВР.
Претходно денеска, од ЦУК информираа дека во гаснењето на пожарот, кој пред четири дена започнал на Шар Планина во атарот на село Селце, а кој е сè уште активен ангажирани се два полициски хеликоптера. Вчера, покрај ренџерските тимови на Националниот парк „Шар Планина“, во гаснењето помогнале и тимови на Противпожарната единица на Тетово. https://youtu.be/ZVWqSqbAY0s?si=_LexL-zSN52hYqH4

The post Над 50 тони вода исфрлија полициските хеликоптери во гаснењето на пожарот во селото Селце appeared first on Република.

]]>
Со два полициски хеликоптери се гаси пожарот над тетовско Селце https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/so-dva-politsiski-helikopteri-se-gasi-pozharot-nad-tetovsko-seltse/ Mon, 15 Apr 2024 15:21:38 +0000 https://republika.mk/?p=766361

Од Центарот за управување со кризи соопштија дека во тетовско Селце денеска два полициски хеликоптери учествуваат во гаснењето на големиот шумски пожар.

Авионите на Дирекцијата за заштита и спасување не можат да се користат поради проблеми со пилотите.

Пожарот кој пред четири дена започна на Шар Планина во атарот на село Селце, сè уште е активен поради сериозните димензии што ги доби. Во текот на денешниот ден ангажиравме и втор полициски хеликоптер. Во текот на вчерашниот ден покрај ренџерските тимови на Националниот парк Шар Планина во гаснењето помогнаа и тимови на Територијалната противпожарна единица Тетово, но и еден полициски хеликоптер. Во текот на денешниот ден на самото место гасат два полициски хеликоптери, како и неколку тимови ренџери од Националниот парк Шар Планина но и неколку тимови на ТППЕ Тетово, велат од ЦУК.

Во овој момент нема опасност по куќите од село Селце затоа што густата чад потекнува меѓу другото и од лисјата кои ги има во поголема количина на местото каде што се одвива линијата на огнот. Линијата на огнот е доста широка, повеќе од еден километар, за жал немаме на располагање ниту еден „Ер-трактор“ од Дирекцијата за заштита и спасување поради проблемот со пилотите. Тие значително ќе го олеснат гаснењето на овој на овој шумски планински пожар. Продолжуваме со гаснење со два хеликоптери, се надевам дека попладнево ќе го ставиме под целосна контрола, велат од ЦУК.

Шумскиот пожар зафати површина над 100 хектари информираа денеска од Националниот парк Шар Планина.

The post Со два полициски хеликоптери се гаси пожарот над тетовско Селце appeared first on Република.

]]>

Од Центарот за управување со кризи соопштија дека во тетовско Селце денеска два полициски хеликоптери учествуваат во гаснењето на големиот шумски пожар. Авионите на Дирекцијата за заштита и спасување не можат да се користат поради проблеми со пилотите.
Пожарот кој пред четири дена започна на Шар Планина во атарот на село Селце, сè уште е активен поради сериозните димензии што ги доби. Во текот на денешниот ден ангажиравме и втор полициски хеликоптер. Во текот на вчерашниот ден покрај ренџерските тимови на Националниот парк Шар Планина во гаснењето помогнаа и тимови на Територијалната противпожарна единица Тетово, но и еден полициски хеликоптер. Во текот на денешниот ден на самото место гасат два полициски хеликоптери, како и неколку тимови ренџери од Националниот парк Шар Планина но и неколку тимови на ТППЕ Тетово, велат од ЦУК.
Во овој момент нема опасност по куќите од село Селце затоа што густата чад потекнува меѓу другото и од лисјата кои ги има во поголема количина на местото каде што се одвива линијата на огнот. Линијата на огнот е доста широка, повеќе од еден километар, за жал немаме на располагање ниту еден „Ер-трактор“ од Дирекцијата за заштита и спасување поради проблемот со пилотите. Тие значително ќе го олеснат гаснењето на овој на овој шумски планински пожар. Продолжуваме со гаснење со два хеликоптери, се надевам дека попладнево ќе го ставиме под целосна контрола, велат од ЦУК. Шумскиот пожар зафати површина над 100 хектари информираа денеска од Националниот парк Шар Планина.  

The post Со два полициски хеликоптери се гаси пожарот над тетовско Селце appeared first on Република.

]]>
НП „Шар Планина“: Пожарот над Селце не е локализиран, сè уште се шири https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/np-shar-planina-pozharot-nad-seltse-ne-e-lokaliziran-se-ushte-se-shiri/ Sun, 14 Apr 2024 17:58:43 +0000 https://republika.mk/?p=766013

Национален парк „Шар Планина“ информира дека пожарот над село Селце не е локализиран, како што извести МВР и велат дека сè уште се шири. Тие објавија фотографија од состојбата во 18 часот на која се гледа интензивен чад, а ги повикуваат жителите на Селце на помош.

-Пожарот над село Селце не е локализиран, напротив, тој е и проширен. Четири дена гаснење од страна на ренџерската служба на ЈУНП „Шар Планина“ за жал не вродија со плод, иако денес добивме поддршка и од воздухопловните сили на МВР кои исфрлија 7 ведра вода, а на терен излезе и пожарната единица од Тетово, ова е состојбата со пожариштето во 18:00 часот.

Од НП „Шар Планина“ проценуваат дека поради неповолните временски услови состојбата дополнително да се влоши.

-Ги повикуваме жителите на село Селце да излезат и да ги бранат своите имоти. Уште еднаш потсетуваме дека палење оган е неодговорно однесување и без исклучоци резултира со катастрофи. Напорите за локализирање на пожарот продолжуваат, се вели од ЈП НП „Шар Планина“.

Од МВР во 17 часот соопштија дека Одделот за воздухопловни единици на МВР го упатил хеликоптерот М171 од Хеликоптерската единица за посебни намени, при што исфрлени се 20 тони вода,  а пожарот кај Селце е локализиран.

The post НП „Шар Планина“: Пожарот над Селце не е локализиран, сè уште се шири appeared first on Република.

26-годишен син си го убил таткото во прилепското село Селце https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/26-godishen-sin-si-go-ubil-tatkoto-vo-prilepskoto-selo-selce/ Tue, 20 Dec 2022 14:53:28 +0000 https://republika.mk/?p=588025

Прилепската полиција го приведе 26-годишниот жител на прилепското село Селце со иницијали А.М. кој се сомничи дека по расправија во семејниот дом со остар предмет смртно го повредил татка си кој подоцна починал. Осомничениот е приведен на прилепската улица „Димо Наредникот“.

Како што информираат од СВР Битола, 26-годишникот синоќа околу 20 часот во семејниот дом во прилепското село Селце се расправал со својот татко, 52-годишниот М.М. и со остар предмет го повредил. Подоцна таткото починал по здобиените повреди.

Полицијата извршила увид, а јавен обвинител наредил обдукција на телото на починатиот. Осомничениот, 26-годишниот син, два часа подоцна е приведен од улицата „Димо Наредникот“ во Прилеп.

Обвинителството работи на случајот и побара притвор до 30 дена за осомничениот 26-годишен А.М.

The post 26-годишен син си го убил таткото во прилепското село Селце appeared first on Република.

]]>

Прилепската полиција го приведе 26-годишниот жител на прилепското село Селце со иницијали А.М. кој се сомничи дека по расправија во семејниот дом со остар предмет смртно го повредил татка си кој подоцна починал. Осомничениот е приведен на прилепската улица „Димо Наредникот“. Како што информираат од СВР Битола, 26-годишникот синоќа околу 20 часот во семејниот дом во прилепското село Селце се расправал со својот татко, 52-годишниот М.М. и со остар предмет го повредил. Подоцна таткото починал по здобиените повреди. Полицијата извршила увид, а јавен обвинител наредил обдукција на телото на починатиот. Осомничениот, 26-годишниот син, два часа подоцна е приведен од улицата „Димо Наредникот“ во Прилеп. Обвинителството работи на случајот и побара притвор до 30 дена за осомничениот 26-годишен А.М.  

The post 26-годишен син си го убил таткото во прилепското село Селце appeared first on Република.

]]>
Син уби мајка во тетовско Селце https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sin-ubi-majka-vo-tetovsko-selce/ Fri, 08 Apr 2022 10:30:21 +0000 https://republika.mk/?p=485258

етириесет и петгодишник од тетовското село Селце ја убил мајка си во дворот од нивната куќа користејќи остар предмет. По добиената дојава осомничениот е приведен утрово околу 8 часот и 30 минути, а се уште се утврдува времето кога е направено убиството.

Полициски службеници на СВР Тетово, во тетовско Селце, го лишиле од слобода 45-годишниот У.Д. од ова село, кој се сомничи дека во дворот пред семејната куќа со остар предмет ја усмртил Н.Д. неговата 73-годишна мајка.Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот. Увид извршиле Јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина. По наредба на Јавен обвинител, безживотното тело на Н.Д. предадено е за обдукција, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Во текот на денов осомничениот У.Д. со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

The post Син уби мајка во тетовско Селце appeared first on Република.