сексуално злоставувале Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/seksualno-zlostavuvale/ За подобро да се разбереме Wed, 24 May 2023 15:34:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сексуално злоставувале Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/seksualno-zlostavuvale/ 32 32 Во Илиноис католички свештеници сексуално злоставувале околу 2.000 деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-ilinois-katolichki-sveshtenitsi-seksualno-zlostavuvale-okolu-2-000-detsa/ Wed, 24 May 2023 15:34:00 +0000 https://republika.mk/?p=644310

Во американската сојузна држава Илиноис од 1950-тите до 2010-тите свештениците на Римокатоличката црква сексуално злоставувале околу 2.000 деца, соопшти државниот обвинител.

Извештајот на обвинителот се изнесуваат детали дека црковните лидери често пати ја толерирале и прикривале злоупотребата.

Британските медиуми пренесуваат дека во извештајот од 696 страници, јавниот обвинител на Илиноис, Кваме Раул, изнесува наводи за злоупотреба против 451 католички свештеник во шест епархии.

Во него се потенцира дека во последните шест-седум децении најмалку 1.997 деца биле сексуално злоставувани.

Во извештајот за првпат се објавуваат имињата на 149 свештеници против кои има веродостојни обвинувања за сексуална злоупотреба.

Подготовката на извештајот беше нарачана во 2018 година од страна на претходничката на Раул, Лиза Мадиган, која ја обвини Црквата за недоволно пријавување на бројот на случаи, бидејќи првично беа идентификувани само 103 лица како одговорни за злоупотреба во нејзините редови.

Децениските одлуки и политики на католичките лидери им овозможувале на познатите злоставувачи да се кријат, рече Раул.

Извештајот е дел од неколку истраги ширум светот за сексуалната злоупотреба во Католичката црква и честата практика да не се казнуваат одговорните, туку да се префрлаат на други места, со што децата се ставаат во уште поголем ризик.

Сите овие скандали го уништија угледот на црквата и претставуваат голем предизвик за папата Франциск, кој во изминатите 10 години усвои низа мерки со цел да се побара одговорност од што поголем број свештеници, но тие имаа делумни резултати.

 

The post Во Илиноис католички свештеници сексуално злоставувале околу 2.000 деца appeared first on Република.

]]>

Во американската сојузна држава Илиноис од 1950-тите до 2010-тите свештениците на Римокатоличката црква сексуално злоставувале околу 2.000 деца, соопшти државниот обвинител. Извештајот на обвинителот се изнесуваат детали дека црковните лидери често пати ја толерирале и прикривале злоупотребата. Британските медиуми пренесуваат дека во извештајот од 696 страници, јавниот обвинител на Илиноис, Кваме Раул, изнесува наводи за злоупотреба против 451 католички свештеник во шест епархии. Во него се потенцира дека во последните шест-седум децении најмалку 1.997 деца биле сексуално злоставувани. Во извештајот за првпат се објавуваат имињата на 149 свештеници против кои има веродостојни обвинувања за сексуална злоупотреба. Подготовката на извештајот беше нарачана во 2018 година од страна на претходничката на Раул, Лиза Мадиган, која ја обвини Црквата за недоволно пријавување на бројот на случаи, бидејќи првично беа идентификувани само 103 лица како одговорни за злоупотреба во нејзините редови.
Децениските одлуки и политики на католичките лидери им овозможувале на познатите злоставувачи да се кријат, рече Раул.
Извештајот е дел од неколку истраги ширум светот за сексуалната злоупотреба во Католичката црква и честата практика да не се казнуваат одговорните, туку да се префрлаат на други места, со што децата се ставаат во уште поголем ризик. Сите овие скандали го уништија угледот на црквата и претставуваат голем предизвик за папата Франциск, кој во изминатите 10 години усвои низа мерки со цел да се побара одговорност од што поголем број свештеници, но тие имаа делумни резултати.  

The post Во Илиноис католички свештеници сексуално злоставувале околу 2.000 деца appeared first on Република.

]]>