сексуална злоупотреба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/seksualna-zloupotreba/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Aug 2024 11:52:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сексуална злоупотреба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/seksualna-zloupotreba/ 32 32 Наставничка по математика осудена за сексуална злоупотреба на ученик https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nastavnichka-po-matematika-osudena-za-seksualna-zloupotreba-na-uchenik/ Wed, 14 Aug 2024 11:52:55 +0000 https://republika.mk/?p=806456

Наставничка по математика од Англија доби шестгодишна затворска казна во Крунскиот суд во Нотингем во петокот поради сексуална злоупотреба на момче на кој му држела онлајн предавања, пишува Би-Би-Си.

Полицијата соопшти дека Холи Роус-Свини (37) договорила да се сретне со тинејџерот во нејзиниот поранешен дом и имала сексуален контакт со него во неколку наврати и покрај тоа што знаела дека е малолетен.

Мајката на тинејџерот ги пронашла несоодветните пораки на наставничката на WhatsApp и ја известила полицијата. Наставничката Роус-Свини се изјаснила за виновна по две точки.

The post Наставничка по математика осудена за сексуална злоупотреба на ученик appeared first on Република.

]]>

Наставничка по математика од Англија доби шестгодишна затворска казна во Крунскиот суд во Нотингем во петокот поради сексуална злоупотреба на момче на кој му држела онлајн предавања, пишува Би-Би-Си. Полицијата соопшти дека Холи Роус-Свини (37) договорила да се сретне со тинејџерот во нејзиниот поранешен дом и имала сексуален контакт со него во неколку наврати и покрај тоа што знаела дека е малолетен. Мајката на тинејџерот ги пронашла несоодветните пораки на наставничката на WhatsApp и ја известила полицијата. Наставничката Роус-Свини се изјаснила за виновна по две точки.

The post Наставничка по математика осудена за сексуална злоупотреба на ученик appeared first on Република.

]]>
И Дејвид Коперфилд обвинет за сексуална злоупотреба од повеќе жени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/i-dejvid-koperfild-obvinet-za-seksualna-zloupotreba-od-poveke-zheni/ Fri, 17 May 2024 09:28:55 +0000 https://republika.mk/?p=779110

Повеќе жени го обвинија американскиот илузионист Дејвид Коперфилд за сексуална злоупотреба. Настаните се случувале во распон од неколку десетлетија, објави британски „Гардијан“.

Од 16 жени, некои биле и помлади од 18 години кога наводно се случило она што го тврдат. Коперфилд беше обвинет за недолично однесување и во 2018 година, кога жена по име Бритни Луис тврдеше дека тој ја дрогирал и сексуално ја нападнал три децении претходно. Натаму, три жени тврдат дека Коперфилд ги дрогирал пред секс. Настаните, според можните жртви, го опфаќаат периодот од доцните 1980-ти до 2014 година.

Коперфилд (67) одрекува каква било злоупотреба и „никогаш не постапувал несоодветно кон никого, а не пак, кон малолетник“, нагласуваат неговите адвокати.

Коперфилд претходно беше „под лупа“ и поради неговите врски со обвинетиот сексуален подведувач Џефри Епстин, кој почина во затвор во 2019 година.

„Нашиот клиент не беше свесен за грозоморните злосторства на Епстин... Како и остатокот од светот, и тој дозна за тоа од печатот“, тврдат адвокатите на Коперфилд.

Друга жена, која доби псевдоним во печатот, сведочи дека го запознала илузионистот по еден негов настап, кога имала 15 години. Таа раскажува дека следниве години, тој ѝ се јавувал доцна во ноќта и ѝ испраќал подароци, а кога наполнила 18 години, вели, двајцата имале консензуални односи.

The post И Дејвид Коперфилд обвинет за сексуална злоупотреба од повеќе жени appeared first on Република.

]]>

Повеќе жени го обвинија американскиот илузионист Дејвид Коперфилд за сексуална злоупотреба. Настаните се случувале во распон од неколку десетлетија, објави британски „Гардијан“. Од 16 жени, некои биле и помлади од 18 години кога наводно се случило она што го тврдат. Коперфилд беше обвинет за недолично однесување и во 2018 година, кога жена по име Бритни Луис тврдеше дека тој ја дрогирал и сексуално ја нападнал три децении претходно. Натаму, три жени тврдат дека Коперфилд ги дрогирал пред секс. Настаните, според можните жртви, го опфаќаат периодот од доцните 1980-ти до 2014 година. Коперфилд (67) одрекува каква било злоупотреба и „никогаш не постапувал несоодветно кон никого, а не пак, кон малолетник“, нагласуваат неговите адвокати. Коперфилд претходно беше „под лупа“ и поради неговите врски со обвинетиот сексуален подведувач Џефри Епстин, кој почина во затвор во 2019 година. „Нашиот клиент не беше свесен за грозоморните злосторства на Епстин... Како и остатокот од светот, и тој дозна за тоа од печатот“, тврдат адвокатите на Коперфилд. Друга жена, која доби псевдоним во печатот, сведочи дека го запознала илузионистот по еден негов настап, кога имала 15 години. Таа раскажува дека следниве години, тој ѝ се јавувал доцна во ноќта и ѝ испраќал подароци, а кога наполнила 18 години, вели, двајцата имале консензуални односи.

The post И Дејвид Коперфилд обвинет за сексуална злоупотреба од повеќе жени appeared first on Република.

]]>
Повеќе од 927 малолетници биле сексуално злоставувани во Шпанската католичка црква https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/poveke-od-927-maloletnitsi-bile-seksualno-zlostavuvani-vo-shpanskata-katolichka-tsrkva/ Fri, 02 Jun 2023 15:09:30 +0000 https://republika.mk/?p=647174

Шпанската католичка црква објави дека 728 нејзини членови сексуално злоставувале најмалку 927 малолетници во периодот од 1945 до 2022 година.

Тој број не е конечен бидејќи црковните центри за жртви сѐ уште работат, се вели во извештајот.

Весникот „Ел Паис“ пишува дека тие бројки се однесуваат само на случаи за кои Црквата станала свесна откако отворила канцеларии за пријавување злоупотреба во 2019 година. Бискупите сѐ уште не одговараат на прашањата за колку случаи биле запознаени пред тоа, пишуваат шпанските медиуми.

„Ел Паис“ им нуди можност на жртвите на сексуално насилство во Католичката црква да го пријават тоа преку интернет од 2018 година, а оттогаш тоа го сториле 1 957 луѓе. Во извештајот на Црквата се наведува дека 99 отсто од насилниците се мажи, како и 82,62 отсто од жртвите.

Само една третина од насилниците сѐ уште се живи, а 80 отсто од случаите се случиле пред 2000 година.

 

The post Повеќе од 927 малолетници биле сексуално злоставувани во Шпанската католичка црква appeared first on Република.

]]>

Шпанската католичка црква објави дека 728 нејзини членови сексуално злоставувале најмалку 927 малолетници во периодот од 1945 до 2022 година. Тој број не е конечен бидејќи црковните центри за жртви сѐ уште работат, се вели во извештајот. Весникот „Ел Паис“ пишува дека тие бројки се однесуваат само на случаи за кои Црквата станала свесна откако отворила канцеларии за пријавување злоупотреба во 2019 година. Бискупите сѐ уште не одговараат на прашањата за колку случаи биле запознаени пред тоа, пишуваат шпанските медиуми. „Ел Паис“ им нуди можност на жртвите на сексуално насилство во Католичката црква да го пријават тоа преку интернет од 2018 година, а оттогаш тоа го сториле 1 957 луѓе. Во извештајот на Црквата се наведува дека 99 отсто од насилниците се мажи, како и 82,62 отсто од жртвите. Само една третина од насилниците сѐ уште се живи, а 80 отсто од случаите се случиле пред 2000 година.  

The post Повеќе од 927 малолетници биле сексуално злоставувани во Шпанската католичка црква appeared first on Република.

]]>
Над 150 свештеници од надбискупијата во Балтимор сексуално злоупотребиле повеќе од 600 деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nad-150-sveshtenitsi-od-nadbiskupijata-vo-baltimor-seksualno-zloupotrebile-poveke-od-600-detsa/ Thu, 06 Apr 2023 12:36:46 +0000 https://republika.mk/?p=627975

Повеќе од 150 католички свештеници поврзани со надбискупијата во Балтимор сексуално злоупотребувале над 600 деца и главно не биле повикани на одговорност за злосторството, се наведува во вчера објавениот државниот извештај, со што се открива обемот на злоупотребата во период од 80 години.

Извештајот содржи сериозни обвинувања против надбискупијата, најстарата римокатоличка епархија во САД, која има ингеренции во поголемиот дел од сојузната држава Мериленд. Во некои парохии, училишта и заедници имало неколку активни насилници во исто време. На пример, 11 насилници живееле и работеле во парохијата Свети Марко во Катонсвил помеѓу 1964 и 2004 година. Еден ѓакон признал дека злоупотребувал повеќе од 100 деца.

Балтиморскиот архиепископ Вилијам Лори им се извини на жртвите и рече дека извештајот „опишува историја на надбискупијата, што треба да се осуди; време кое нема да се занемари, игнорира или заборави“.

Мрежата на жртви на злоупотребата од страна на свештениците, позната како СНАП, истакна дека во извештајот се наведени повеќе имиња на злоупотребувачи отколку што биле јавно објавени од страна на претставници на надбискупијата. Организацијата го повика архиепископот да ја објасни недоследноста.

Во извештајот, исто така, се наведува дека претставниците на Католичката црква повеќе биле фокусирани на прикривање на злоупотребата наместо на заштита на жртвите. Во некои ситуации, жртвите пријавиле злоупотреба на свештеници кои и самите биле насилници.

Во извештајот, од речиси 500 страници, наведени се бројни примери на црковни власти кои ги штитат обвинетите свештеници, на пример, дозволувајќи им да се пензионираат предвремено или да се префрлат во други парохии.

Во 1964 година, отец Лоренс Брет призна дека сексуално злоупотребувал тинејџер на католички универзитет во Конектикат. Тој беше испратен во Ново Мексико под маската на лекување од хепатитис, а потоа во Сакраменто каде друг тинејџер пријавил дека бил малтретиран од Брет. Подоцна бил префрлен во Балтимор каде служел како капелан во католичко средно училиште за момчиња и малтретирал повеќе од 20 деца. Откако беше обвинет за малтретирање од неколку студенти во 1973 година, на Брет му беше дозволено да ја напушти функцијата под изговор дека се грижи за својата болна тетка. Училишните службеници не ја пријавиле злоупотребата кај властите. Тој никогаш не се соочи со кривична пријава и почина во 2010 година.

 

The post Над 150 свештеници од надбискупијата во Балтимор сексуално злоупотребиле повеќе од 600 деца appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 150 католички свештеници поврзани со надбискупијата во Балтимор сексуално злоупотребувале над 600 деца и главно не биле повикани на одговорност за злосторството, се наведува во вчера објавениот државниот извештај, со што се открива обемот на злоупотребата во период од 80 години. Извештајот содржи сериозни обвинувања против надбискупијата, најстарата римокатоличка епархија во САД, која има ингеренции во поголемиот дел од сојузната држава Мериленд. Во некои парохии, училишта и заедници имало неколку активни насилници во исто време. На пример, 11 насилници живееле и работеле во парохијата Свети Марко во Катонсвил помеѓу 1964 и 2004 година. Еден ѓакон признал дека злоупотребувал повеќе од 100 деца. Балтиморскиот архиепископ Вилијам Лори им се извини на жртвите и рече дека извештајот „опишува историја на надбискупијата, што треба да се осуди; време кое нема да се занемари, игнорира или заборави“. Мрежата на жртви на злоупотребата од страна на свештениците, позната како СНАП, истакна дека во извештајот се наведени повеќе имиња на злоупотребувачи отколку што биле јавно објавени од страна на претставници на надбискупијата. Организацијата го повика архиепископот да ја објасни недоследноста. Во извештајот, исто така, се наведува дека претставниците на Католичката црква повеќе биле фокусирани на прикривање на злоупотребата наместо на заштита на жртвите. Во некои ситуации, жртвите пријавиле злоупотреба на свештеници кои и самите биле насилници. Во извештајот, од речиси 500 страници, наведени се бројни примери на црковни власти кои ги штитат обвинетите свештеници, на пример, дозволувајќи им да се пензионираат предвремено или да се префрлат во други парохии. Во 1964 година, отец Лоренс Брет призна дека сексуално злоупотребувал тинејџер на католички универзитет во Конектикат. Тој беше испратен во Ново Мексико под маската на лекување од хепатитис, а потоа во Сакраменто каде друг тинејџер пријавил дека бил малтретиран од Брет. Подоцна бил префрлен во Балтимор каде служел како капелан во католичко средно училиште за момчиња и малтретирал повеќе од 20 деца. Откако беше обвинет за малтретирање од неколку студенти во 1973 година, на Брет му беше дозволено да ја напушти функцијата под изговор дека се грижи за својата болна тетка. Училишните службеници не ја пријавиле злоупотребата кај властите. Тој никогаш не се соочи со кривична пријава и почина во 2010 година.  

The post Над 150 свештеници од надбискупијата во Балтимор сексуално злоупотребиле повеќе од 600 деца appeared first on Република.

]]>