секретарка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sekretarka/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Apr 2023 13:03:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png секретарка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sekretarka/ 32 32 Неконзистентност на ниво: Секретарка во регулаторно тело има плата од 90.000 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nekonzistentnost-na-nivo-sekretarka-vo-regulatorno-telo-ima-plata-od-90-000-denari/ Wed, 26 Apr 2023 13:45:44 +0000 https://republika.mk/?p=634324

И по забелешките од Светската банка и препораките за стопирање на огромното покачување на платите на функционерите, премиерот Димитар Ковачевски останува на ставот дека тоа ќе се направи доколку се донесе законот за плати. Потсети дека го предложил уште пред одлуката на Уставниот суд, со која се зголемија платите на функционерите.

Ние сега имаме разни колективни договори, кои на работниците со исто ниво на одговорност во разни области им овозможуваат различно ниво на плата. Или кај функционерите. Имате пратеник во Собранието, кој има, на пример, плата од 60.000 денари, а имате секретарка во одредено регулаторно тело, која има 90.000 денари плата. Тоа е неконзистентност. Едно такво работно место да има поголема плата од претседател на држава. Затоа е подготовката на овој закон за плати - рече Ковачевски по отворањето на самитот „Македонија 2025“ одговарајќи на новинарско прашање дали ќе предложи Собранието да ги смени одредбите со кои им се покачија платите на функционерите.

Посочи дека во многу земји има закон за плати. Како пример ја наведе Белгија, но нагласи дека и земји од регионот имаат закон со кој точно се знае која е највисоката плата што се одвојува од буџетот и кој ја зема.

The post Неконзистентност на ниво: Секретарка во регулаторно тело има плата од 90.000 денари appeared first on Република.

]]>

И по забелешките од Светската банка и препораките за стопирање на огромното покачување на платите на функционерите, премиерот Димитар Ковачевски останува на ставот дека тоа ќе се направи доколку се донесе законот за плати. Потсети дека го предложил уште пред одлуката на Уставниот суд, со која се зголемија платите на функционерите. Ние сега имаме разни колективни договори, кои на работниците со исто ниво на одговорност во разни области им овозможуваат различно ниво на плата. Или кај функционерите. Имате пратеник во Собранието, кој има, на пример, плата од 60.000 денари, а имате секретарка во одредено регулаторно тело, која има 90.000 денари плата. Тоа е неконзистентност. Едно такво работно место да има поголема плата од претседател на држава. Затоа е подготовката на овој закон за плати - рече Ковачевски по отворањето на самитот „Македонија 2025“ одговарајќи на новинарско прашање дали ќе предложи Собранието да ги смени одредбите со кои им се покачија платите на функционерите. Посочи дека во многу земји има закон за плати. Како пример ја наведе Белгија, но нагласи дека и земји од регионот имаат закон со кој точно се знае која е највисоката плата што се одвојува од буџетот и кој ја зема.

The post Неконзистентност на ниво: Секретарка во регулаторно тело има плата од 90.000 денари appeared first on Република.

]]>