секој втор петок Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sekoj-vtor-petok/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Feb 2024 17:33:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png секој втор петок Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sekoj-vtor-petok/ 32 32 Со настанот „Читаме џез“ вечерва почнуваат петочните сесии во кафе „Литература“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/so-nastanot-chitame-dhez-vecherva-pochnuvaat-petochnite-sesii-vo-kafe-literatura/ Fri, 23 Feb 2024 15:47:43 +0000 https://republika.mk/?p=747523

Од вечерва, 23 февраури, со настанот „Читаме џез“ па секој иден петок ќе се одржуваат петочни сесии во кафе „Литература“ во трговскиот центар „Дајмонд мол“ во Скопје. Низата од музучки настани е во организација на издавачката куќа „Литература,мк“ во партнерство со радиото „Џез ФМ“.

Петочните сесии почнуваат со настанот „Читаме џез“ и Џијан Емин, кој е препознатлив по својот автентичен и оригинален музички израз и секогаш забавните и енергични настапи. Посетителите ќе можат да уживаат во неговите добро познати музички интерпретации на редовниот репертоар на музички настани на кафе „Литература“, секој втор петок. Емин е диригент на новооснованиот Национален џез-оркестар, како и композитор, аранжер и оркестратор на повеќе значајни проекти на Националниот џез-оркестар, Македонската филхармонија, неговиот авторски проект „Магичен оркестар“ и многу други, кажаа денеска на средбата со новинарите одговорите од „Литература.мк“.

Свирките ќе почнуваат во 21 часот и ќе бидат од отворен карактер. Вечерва Емин ќе настапи заедно со Гоце Стевковски, Кирил Кузманов и Оливер Јосифовски.

Мисијата е, како што велат од „Литература.мк“, организација на најквалитетните музички настани со врвни музички уметници, како и нови откритија, од домашната и регионалната сцена преку кои сите присутни ќе можат да ја истражуваат еволуцијата и мноштвото начини на кои џезот и книгите влијаат на културата.

Овие музички настани ќе ја слават динамичната врска помеѓу литературата и музиката. Новиот концепт ќе ја слави симбиотската врска помеѓу литературата и музиката, како две од најголемите уметнички форми што ја трансформираат глобалната култура.

Во обид да ја збогатиме градската програма и да ја едуцираме публиката, создадовме квалитетен музички репертоар што ќе го размрда скопското секојдневие. Воодушевени сме што имаме неверојатни музички имиња како што е Џијан Емин, кој настапува на лансирањето на новата мисија на ’Литература.мк‘ и ’Џез ФМ‘, подигнувајќи ја уметничката вредност на музичките сесии. Исклучително ќе се посветиме да ги донесеме сите домашни креативни гении чија дарба ќе живее низ сите нас“, истакнаа од „Литература.мк“.

„Џез ФМ“ е најстарото и единствено радио кај нас за промоција на џез-музиката и сродните жанрови. Ова скопско радио ќе стане достапно и за пошироката публика, на ниво на целата држава, како и интернационално, преку воведување на онлајн-стриминг на пет посебни канали. Секој канал ќе биде внимателно и тематски обработен да ги задоволува аудиторните потреби на љубителите на џез, блуз, фанк и соул.

„Џез ФМ“ е посветено и на едукација на младата публика и претставување на новата музика. Преку емисии и настани посветени кон помладата генерација, ќе се претстави новата џез-сцена и ќе се промовира слободната урбана мисла што е темел на џез-музиката, велат од „Џез ФМ“.

The post Со настанот „Читаме џез“ вечерва почнуваат петочните сесии во кафе „Литература“ appeared first on Република.

]]>

Од вечерва, 23 февраури, со настанот „Читаме џез“ па секој иден петок ќе се одржуваат петочни сесии во кафе „Литература“ во трговскиот центар „Дајмонд мол“ во Скопје. Низата од музучки настани е во организација на издавачката куќа „Литература,мк“ во партнерство со радиото „Џез ФМ“.
Петочните сесии почнуваат со настанот „Читаме џез“ и Џијан Емин, кој е препознатлив по својот автентичен и оригинален музички израз и секогаш забавните и енергични настапи. Посетителите ќе можат да уживаат во неговите добро познати музички интерпретации на редовниот репертоар на музички настани на кафе „Литература“, секој втор петок. Емин е диригент на новооснованиот Национален џез-оркестар, како и композитор, аранжер и оркестратор на повеќе значајни проекти на Националниот џез-оркестар, Македонската филхармонија, неговиот авторски проект „Магичен оркестар“ и многу други, кажаа денеска на средбата со новинарите одговорите од „Литература.мк“.
Свирките ќе почнуваат во 21 часот и ќе бидат од отворен карактер. Вечерва Емин ќе настапи заедно со Гоце Стевковски, Кирил Кузманов и Оливер Јосифовски. Мисијата е, како што велат од „Литература.мк“, организација на најквалитетните музички настани со врвни музички уметници, како и нови откритија, од домашната и регионалната сцена преку кои сите присутни ќе можат да ја истражуваат еволуцијата и мноштвото начини на кои џезот и книгите влијаат на културата. Овие музички настани ќе ја слават динамичната врска помеѓу литературата и музиката. Новиот концепт ќе ја слави симбиотската врска помеѓу литературата и музиката, како две од најголемите уметнички форми што ја трансформираат глобалната култура.