сеф Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sef/ За подобро да се разбереме Thu, 31 Oct 2024 12:18:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сеф Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sef/ 32 32 Нова сага со украден сеф во Скопје – кога полицијата ги стигнала го фрлиле по нив https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nova-saga-so-ukraden-sef-vo-skopje-koga-politsijata-gi-stignala-go-frlile-po-niv/ Thu, 31 Oct 2024 12:18:41 +0000 https://republika.mk/?p=832784

Ноќва околу 03 часот во Скопје, на подрачјето на Бутел, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(18) од Скопје, поради тоа што претходно со уште едно лице со тврд предмет искршиле излог од објект- експозитура на правно лице, по што влегле и одзеле сеф, по што со мотоцикл го напуштиле местото на настанот.

Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје презеле соодветни мерки и активности и ги лоцирале двете лица додека се движеле со мотоциклот, а кога им се приближиле, едно од лицата го фрлило сефот кон полициското возило, соопшти МВР.

Додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на другото лице и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Пред неколку месеци вирално беше видео со комична кражба на сеф:

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/filmskiot-grabezh-vo-tsrniche-bil-monti-pajton-sefot-im-ispadnal-dodeka-begale/

The post Нова сага со украден сеф во Скопје – кога полицијата ги стигнала го фрлиле по нив appeared first on Република.

]]>

Ноќва околу 03 часот во Скопје, на подрачјето на Бутел, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(18) од Скопје, поради тоа што претходно со уште едно лице со тврд предмет искршиле излог од објект- експозитура на правно лице, по што влегле и одзеле сеф, по што со мотоцикл го напуштиле местото на настанот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје презеле соодветни мерки и активности и ги лоцирале двете лица додека се движеле со мотоциклот, а кога им се приближиле, едно од лицата го фрлило сефот кон полициското возило, соопшти МВР.
Додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на другото лице и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Пред неколку месеци вирално беше видео со комична кражба на сеф: https://republika.mk/vesti/crna-hronika/filmskiot-grabezh-vo-tsrniche-bil-monti-pajton-sefot-im-ispadnal-dodeka-begale/

The post Нова сага со украден сеф во Скопје – кога полицијата ги стигнала го фрлиле по нив appeared first on Република.

]]>
Фатени „Монти Пајтон“ крадците од грабежот во Црниче https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fateni-monti-pajton-kradtsite-od-grabezhot-vo-tsrniche/ Fri, 19 Apr 2024 10:33:07 +0000 https://republika.mk/?p=767972

Расчистена е кражбата во која крадците среде ноќ украдоа сеф од маркет во Црниче, по што тој им испадна од возилото за бегство.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/filmskiot-grabezh-vo-tsrniche-bil-monti-pajton-sefot-im-ispadnal-dodeka-begale/

Во врска со тешка кражба во маркет „Рептил“ извршена на 1 април 2024 година во населба Црниче, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, Секторот за внатрешни работи Скопје презема оперативно-тактички мерки и истражни дејствија и ги лиши од слобода лицата В.З и В.Т од Скопје.

На ден 18.04.2024 од страна на инспектори од ОКР Кисела Вода заедно со полициски службеници од ЕИП и ПС Ѓорче Петров врз основа на издадена судска наредба од Основен Кривичен Суд Скопје изврши претреси на дом и други простории кај двете лица.
Истиот ден од страна на ЕВР Кисела Вода поднесена е кривична пријава за кривично дело „Тешка кражба” предвидено и казниво по член 236 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка за едното лице определена е мерка притвор, соопшти Тошковски.

Претходно денеска од Основното јавно обвинителство Скопје соопштија дека повеле постапка против 23-годишник осомничен за тешка кражба на сеф во Скопје.

Ноќта меѓу 31 март и 1 април, осомничениот заедно со уште три лица, провалиле во затворен маркет на улицата „Востаничка“ во Скопје, одзеле метален сеф во вредност од 12.000 денари, дневен промет во износ од 228.000 денари и цигари вредни 45.000 денари, или се во вкупна вредност од 285.000 денари, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Како што е наведено во соопштението, со возило пристигнале пред маркетот, со употреба на погоден алат – хебла, клешти и друго делувале врз влезната врата од маркетот, но не успеале да ја отворат. Еден од сторителите го стартувал возилото и удрил со задниот дел, кршејќи ги двете лизгачки врати. Потоа заедно со останатите осомничени ги демонтирале и ги поставиле покрај влезот од маркетот. Преку така направениот отвор сега осомничениот заедно со другите лица влегол во просторијата наменета за вработени, од каде го одзеле металниот сеф со дневен промет и цигарите, па заминале во непознат правец.

Бидејќи постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор на осомничениот. Полицијата работи на откривање на неговите соучесници, велат од Обвинителството.

The post Фатени „Монти Пајтон“ крадците од грабежот во Црниче appeared first on Република.

]]>

Расчистена е кражбата во која крадците среде ноќ украдоа сеф од маркет во Црниче, по што тој им испадна од возилото за бегство. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/filmskiot-grabezh-vo-tsrniche-bil-monti-pajton-sefot-im-ispadnal-dodeka-begale/ Во врска со тешка кражба во маркет „Рептил“ извршена на 1 април 2024 година во населба Црниче, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, Секторот за внатрешни работи Скопје презема оперативно-тактички мерки и истражни дејствија и ги лиши од слобода лицата В.З и В.Т од Скопје.
На ден 18.04.2024 од страна на инспектори од ОКР Кисела Вода заедно со полициски службеници од ЕИП и ПС Ѓорче Петров врз основа на издадена судска наредба од Основен Кривичен Суд Скопје изврши претреси на дом и други простории кај двете лица. Истиот ден од страна на ЕВР Кисела Вода поднесена е кривична пријава за кривично дело „Тешка кражба” предвидено и казниво по член 236 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка за едното лице определена е мерка притвор, соопшти Тошковски.
Претходно денеска од Основното јавно обвинителство Скопје соопштија дека повеле постапка против 23-годишник осомничен за тешка кражба на сеф во Скопје.
Ноќта меѓу 31 март и 1 април, осомничениот заедно со уште три лица, провалиле во затворен маркет на улицата „Востаничка“ во Скопје, одзеле метален сеф во вредност од 12.000 денари, дневен промет во износ од 228.000 денари и цигари вредни 45.000 денари, или се во вкупна вредност од 285.000 денари, соопшти денеска Јавното обвинителство.
Како што е наведено во соопштението, со возило пристигнале пред маркетот, со употреба на погоден алат – хебла, клешти и друго делувале врз влезната врата од маркетот, но не успеале да ја отворат. Еден од сторителите го стартувал возилото и удрил со задниот дел, кршејќи ги двете лизгачки врати. Потоа заедно со останатите осомничени ги демонтирале и ги поставиле покрај влезот од маркетот. Преку така направениот отвор сега осомничениот заедно со другите лица влегол во просторијата наменета за вработени, од каде го одзеле металниот сеф со дневен промет и цигарите, па заминале во непознат правец. Бидејќи постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор на осомничениот. Полицијата работи на откривање на неговите соучесници, велат од Обвинителството.

The post Фатени „Монти Пајтон“ крадците од грабежот во Црниче appeared first on Република.

]]>
Сефот со оружјето не бил проблем за Коста: Два броја биле подесени, третиот го погодил од втор обид https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sefot-so-oruzhjeto-ne-bil-problem-za-kosta-dva-broja-bile-podeseni-tretiot-go-pogodil-od-vtor-obid/ Thu, 20 Jul 2023 08:29:16 +0000 https://republika.mk/?p=663408

При вчерашниот распит, како сведок на 14-годишниот Коста К. кој е осомничен дека извршил масовно злосторство во тоа училиште на 3 мај, кога уби девет ученици и чувар, тој сведочеше во судскиот процес против неговиот татко Владимир Кецмановиќ.

Тој објаснил дека татко му го однел на стрелиште каде инструктор го научил да пука.

Кога решил да го изврши делото, размислувал како да дојде до оружјето што се наоѓало во сефот. Според непотврдени информации, тоа не претставувало голем проблем за него. Сефот имал три броја, го нашол бројчаникот веќе поставен на првите два броја, а третиот го свртел и од втор обид го погодил бројот.

Ова е причината што таткото се смета за одговорен, односно виновен, бидејќи не го обезбедил доволно добро местото каде што го чува оружјето.

The post Сефот со оружјето не бил проблем за Коста: Два броја биле подесени, третиот го погодил од втор обид appeared first on Република.

]]>

При вчерашниот распит, како сведок на 14-годишниот Коста К. кој е осомничен дека извршил масовно злосторство во тоа училиште на 3 мај, кога уби девет ученици и чувар, тој сведочеше во судскиот процес против неговиот татко Владимир Кецмановиќ. Тој објаснил дека татко му го однел на стрелиште каде инструктор го научил да пука. Кога решил да го изврши делото, размислувал како да дојде до оружјето што се наоѓало во сефот. Според непотврдени информации, тоа не претставувало голем проблем за него. Сефот имал три броја, го нашол бројчаникот веќе поставен на првите два броја, а третиот го свртел и од втор обид го погодил бројот. Ова е причината што таткото се смета за одговорен, односно виновен, бидејќи не го обезбедил доволно добро местото каде што го чува оружјето.

The post Сефот со оружјето не бил проблем за Коста: Два броја биле подесени, третиот го погодил од втор обид appeared first on Република.

]]>
Како мистериозно исчезнаа сефот и тестаментот на Тито! https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kako-misteriozno-ischeznaa-sefot-i-testamentot-na-tito/ Sat, 05 Feb 2022 20:13:34 +0000 https://republika.mk/?p=454621

Тајните писма на Јованка Броз, вдовицата на доживотниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито, кој почина на 4 мај 1980 година, кои се чуваат во најголема тајност, откриваат какоо живеела поранешната прва дама од моментот кога и било кажано дека ќе биде избркана.
Интимни белешки

Новинарот на хрватскиот Глобус, истражувајќи ја комплицираната судбина на големото материјално наследство на Јосип Броз Тито, кое во 1984 година беше прогласено за државна тајна, па не се знае колку вреди или на кого законски му припаѓа, доби увид во интимните белешки на неговата вдовица Јованка три години по смртта на југословенскиот претседател.

Дотогаш, чувани во најголема тајност, откриваат што доживеала поранешната прва дама од моментот кога ѝ кажале дека Тито умира до часот кога брутално била избркана од резиденцијата, како и што се случило со бројните вредни предмети на претседателската двојка.

Осум примероци

„Слушнав од еден воен пријател дека Тито напишал тестамент и го размножил во осум примероци. Го предал на другарот Коста Надја (Армиски генерал) кога бил во Игало на конференција на СУБНОР. Тито во тој документ, меѓу другото, определил дека јас лично се грижам за сите работи што ќе останат по него, бидејќи најдобро ќе знам, ќе можам и ќе сакам да го сторам тоа.

Слушнав и дека после тоа кај Наѓа дошол Стане Доланц (началник на југословенската тајна полиција и член на Претседателството на СФРЈ) и му се заканил да не излезе случајно со тој документ бидејќи ќе биде лошо“.

Вака Јованка Броз во јуни 1983 година му пишува на доверливо лице чиј идентитет новинарите го криеле за нејзина безбедност. Јованка потоа моли за помош да се стави на дневен ред прашањето за нејзиното наследство . Не само што проблемот со наследството на Броз не се помести од мртва точка, туку и стравот на наследниците на Тито дека тој нема да доживее задоволство беше целосно оправдан, бидејќи најголемиот дел од вредниот имот беше украден и неповратно изгубен.

Тито не бил нималку наивен

Јосип Броз Тито оставил своевиден политички тестамент во сефот што требало да го отвори неговата сопруга Јованка, но по неговата смрт во 1980 година била исфрлена од куќата, а сефот го отворил шефот на југословенската тајна полиција Стане Доланц и генералот Никола Љубичиќ. Но писмото мистериозно исчезнало.

Тестаментот на Тито никогаш не беше пронајден. Тој како претседател на СФРЈ во своите говори потенцираше дека се што има ќе остави на државата.

Само три месеци по смртта на Тито, луѓе од тајната служба упаднале во нејзиниот стан на улицата Ужичка бр. 15 во Белград, го пребарале, и го конфискувале имотот на Јованка и ја принудиле да се пресели во булевар на мирот бр. 75, каде и е одреден домашен притвор.

Ниту таа, ниту некој од семејството Броз беше присутен кога беше отворен сефот со наследството на Тито, складиран во Народната банка на Србија. Јованка Броз почина на 20 октомври 2013 година на 89-годишна возраст.

The post Како мистериозно исчезнаа сефот и тестаментот на Тито! appeared first on Република.

]]>

Тајните писма на Јованка Броз, вдовицата на доживотниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито, кој почина на 4 мај 1980 година, кои се чуваат во најголема тајност, откриваат какоо живеела поранешната прва дама од моментот кога и било кажано дека ќе биде избркана. Интимни белешки Новинарот на хрватскиот Глобус, истражувајќи ја комплицираната судбина на големото материјално наследство на Јосип Броз Тито, кое во 1984 година беше прогласено за државна тајна, па не се знае колку вреди или на кого законски му припаѓа, доби увид во интимните белешки на неговата вдовица Јованка три години по смртта на југословенскиот претседател. Дотогаш, чувани во најголема тајност, откриваат што доживеала поранешната прва дама од моментот кога ѝ кажале дека Тито умира до часот кога брутално била избркана од резиденцијата, како и што се случило со бројните вредни предмети на претседателската двојка. Осум примероци „Слушнав од еден воен пријател дека Тито напишал тестамент и го размножил во осум примероци. Го предал на другарот Коста Надја (Армиски генерал) кога бил во Игало на конференција на СУБНОР. Тито во тој документ, меѓу другото, определил дека јас лично се грижам за сите работи што ќе останат по него, бидејќи најдобро ќе знам, ќе можам и ќе сакам да го сторам тоа. Слушнав и дека после тоа кај Наѓа дошол Стане Доланц (началник на југословенската тајна полиција и член на Претседателството на СФРЈ) и му се заканил да не излезе случајно со тој документ бидејќи ќе биде лошо“. Вака Јованка Броз во јуни 1983 година му пишува на доверливо лице чиј идентитет новинарите го криеле за нејзина безбедност. Јованка потоа моли за помош да се стави на дневен ред прашањето за нејзиното наследство . Не само што проблемот со наследството на Броз не се помести од мртва точка, туку и стравот на наследниците на Тито дека тој нема да доживее задоволство беше целосно оправдан, бидејќи најголемиот дел од вредниот имот беше украден и неповратно изгубен. Тито не бил нималку наивен Јосип Броз Тито оставил своевиден политички тестамент во сефот што требало да го отвори неговата сопруга Јованка, но по неговата смрт во 1980 година била исфрлена од куќата, а сефот го отворил шефот на југословенската тајна полиција Стане Доланц и генералот Никола Љубичиќ. Но писмото мистериозно исчезнало. Тестаментот на Тито никогаш не беше пронајден. Тој како претседател на СФРЈ во своите говори потенцираше дека се што има ќе остави на државата. Само три месеци по смртта на Тито, луѓе од тајната служба упаднале во нејзиниот стан на улицата Ужичка бр. 15 во Белград, го пребарале, и го конфискувале имотот на Јованка и ја принудиле да се пресели во булевар на мирот бр. 75, каде и е одреден домашен притвор. Ниту таа, ниту некој од семејството Броз беше присутен кога беше отворен сефот со наследството на Тито, складиран во Народната банка на Србија. Јованка Броз почина на 20 октомври 2013 година на 89-годишна возраст.

The post Како мистериозно исчезнаа сефот и тестаментот на Тито! appeared first on Република.

]]>