седум кандидати Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sedum-kandidati/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Mar 2024 15:47:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png седум кандидати Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sedum-kandidati/ 32 32 Седум кандидати во претседателската трка: Најмногу потписи од граѓаните доби Силјановска Давкова https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sedum-kandidati-vo-pretsedatelskata-trka-najmnogu-potpisi-od-graganite-dobi-siljanovska-davkova/ Sat, 09 Mar 2024 15:47:01 +0000 https://republika.mk/?p=753057

Заврши собирањето потписи за претседателските кандидати. Во битката за претседател на Македонија влегуваат седум кандидати.

Неуспешен обид да влезат во претседателската трка имаа Мерсиха Смаиловиќ, Вело Марковски, Ѓорѓи Манасков, Зорица Цветковска, Господин Попоски, Драган Николовски и Гоце Ристов. Тие не добија поддршка за кандидатура. Томе Николовски се откажа од собирање на потписи.

Според податоците од ДИК, од 15-те пријавени кандидати за собирање потписи за претседателските избори, најмногу има Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ – 28.086.

Стево Пендаровски поддржан од СДСМ кој има 22.412 потписи, , Бујар Османи од ДУИ – 11.085, Арбен Таравари од албанската опозициска коалиција Вреди – 10.710, кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски – 11.290, Максим Димитриевски лидерот на ЗНАМ-За наша Македонија – 11.605 и Билјана Ванковска Цветковска од Левица – 10.559 потписи.

Сите останати кандидати имаат помалку потписи – кандидатката Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Бошњачкиот демократски сојуз има 2.778, Вело Марковски – 1.634 потписи, Ѓорѓи Манасков – 488, Зорица Цветковска – 284, Господин Попоски 145, Гоце Ристов – 6 и Драган Николовски 6 потписи. Досега, според ДИК, ниту еден потпис нема за кандидатот Томе Николоски.

Собирањето потписи се одвиваше во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари.

Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ.

Во четвртокот, без расправа, беше изгласан Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, чија цел, како што претходно образложи пратеникот Мартин Костовски, е да се допрецизира постојната правна рамка и да се доуредат одредбите од постојното законско решение во насока на инклузивен изборен процес за сите учесници на изборите.

Меѓу другото, се допрецизираат одредбите во однос на регистрацијата на гласачите со цел сите гласачи кои ги исполнуваат условите да бидат запишани во избирачките списоци, со отстранување на ограничувањата врз основа на истечени документи за идентификација, како и со разјаснување на процедурите за вклучување во избирачките списоци на лицата кои ќе наполнат 18 години помеѓу двата изборни круга.

Со преодната одредба на законот се уредува правото избирачите да може да гласаат со лична карта или патна исправа чија важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите.

 

The post Седум кандидати во претседателската трка: Најмногу потписи од граѓаните доби Силјановска Давкова appeared first on Република.

]]>

Заврши собирањето потписи за претседателските кандидати. Во битката за претседател на Македонија влегуваат седум кандидати. Неуспешен обид да влезат во претседателската трка имаа Мерсиха Смаиловиќ, Вело Марковски, Ѓорѓи Манасков, Зорица Цветковска, Господин Попоски, Драган Николовски и Гоце Ристов. Тие не добија поддршка за кандидатура. Томе Николовски се откажа од собирање на потписи. Според податоците од ДИК, од 15-те пријавени кандидати за собирање потписи за претседателските избори, најмногу има Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ – 28.086. Стево Пендаровски поддржан од СДСМ кој има 22.412 потписи, , Бујар Османи од ДУИ – 11.085, Арбен Таравари од албанската опозициска коалиција Вреди – 10.710, кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски – 11.290, Максим Димитриевски лидерот на ЗНАМ-За наша Македонија – 11.605 и Билјана Ванковска Цветковска од Левица – 10.559 потписи. Сите останати кандидати имаат помалку потписи – кандидатката Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Бошњачкиот демократски сојуз има 2.778, Вело Марковски – 1.634 потписи, Ѓорѓи Манасков – 488, Зорица Цветковска – 284, Господин Попоски 145, Гоце Ристов – 6 и Драган Николовски 6 потписи. Досега, според ДИК, ниту еден потпис нема за кандидатот Томе Николоски. Собирањето потписи се одвиваше во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари. Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците. Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ. Во четвртокот, без расправа, беше изгласан Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, чија цел, како што претходно образложи пратеникот Мартин Костовски, е да се допрецизира постојната правна рамка и да се доуредат одредбите од постојното законско решение во насока на инклузивен изборен процес за сите учесници на изборите. Меѓу другото, се допрецизираат одредбите во однос на регистрацијата на гласачите со цел сите гласачи кои ги исполнуваат условите да бидат запишани во избирачките списоци, со отстранување на ограничувањата врз основа на истечени документи за идентификација, како и со разјаснување на процедурите за вклучување во избирачките списоци на лицата кои ќе наполнат 18 години помеѓу двата изборни круга. Со преодната одредба на законот се уредува правото избирачите да може да гласаат со лична карта или патна исправа чија важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите.  

The post Седум кандидати во претседателската трка: Најмногу потписи од граѓаните доби Силјановска Давкова appeared first on Република.

]]>