седум евра за влез во ЕУ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sedum-evra-za-vlez-vo-eu/ За подобро да се разбереме Mon, 23 Jan 2023 19:58:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png седум евра за влез во ЕУ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sedum-evra-za-vlez-vo-eu/ 32 32 Совет на амбасадори: Воведување дигитални овластувања за патување во Шенген зоната и плаќање влезна такса е сериозен чекор наназад https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sovet-na-ambasadori-voveduvane-digitalni-ovlastuvana-za-patuvane-vo-shengen-zonata-i-plakane-vlezna-taksa-e-seriozen-chekor-nanazad/ Mon, 23 Jan 2023 19:58:59 +0000 https://republika.mk/?p=600157

Советот на амбасадори со голема загриженост ги следи најавите кои што доаѓаат од Брисел и од главните градови на земјите–членки на Шенген Зоната за почеток на применување на Европскиот систем за информации и овластувања за патување (ETIAS) од 23 ноември 2023 година за граѓаните на државите од Западниот Балкан,( вклучувајќи ја тука и Македонија), кои што имаат целосна визна либерализација со земјите од шенгенскиот простор.

Визната либерализација претставуваше и претставува клучна придобивка за граѓаните на Македонија во досегашниот процес на европската интеграција.

Слободата на патување отвори неброени можности за личен развој, деловни врски, студиски патувања и друг вид на размена помеѓу жителите на регионот и граѓаните на Европската Унија. Воведувањето на дигитални овластувања за патување во Шенген зоната и плаќањето влезна такса од седум евра по човек е сериозен чекор наназад и повторно подигнување на нови и непотребни бариери кои ќе го нарушат слободниот проток на луѓе помеѓу Европската Унија и земјите – кандидати.

Советот на амбасадори ги поздравува досегашните напори направени од надлежните институции и надлежните владини ресори за спречување на овој непосакуван развој на настаните токму во овој деликатен момент за иднината на континентот.

Совет на Амбасадори, граѓанско и невладино здружение, кандидатскиот статус како и отворениот процес на преговори со ЕУ го сметаме за разумен аргумент за невоведување рестриктивни шенген мерки кон македонските граѓани

Советот на амбасадори повикува на национален консензус околу ова прашање со иницијатива за заеднички регионален настап на земјите од Западниот Балкан во Брисел и во главните градови на Шенген – зоната.

The post Совет на амбасадори: Воведување дигитални овластувања за патување во Шенген зоната и плаќање влезна такса е сериозен чекор наназад appeared first on Република.

]]>

Советот на амбасадори со голема загриженост ги следи најавите кои што доаѓаат од Брисел и од главните градови на земјите–членки на Шенген Зоната за почеток на применување на Европскиот систем за информации и овластувања за патување (ETIAS) од 23 ноември 2023 година за граѓаните на државите од Западниот Балкан,( вклучувајќи ја тука и Македонија), кои што имаат целосна визна либерализација со земјите од шенгенскиот простор. Визната либерализација претставуваше и претставува клучна придобивка за граѓаните на Македонија во досегашниот процес на европската интеграција. Слободата на патување отвори неброени можности за личен развој, деловни врски, студиски патувања и друг вид на размена помеѓу жителите на регионот и граѓаните на Европската Унија. Воведувањето на дигитални овластувања за патување во Шенген зоната и плаќањето влезна такса од седум евра по човек е сериозен чекор наназад и повторно подигнување на нови и непотребни бариери кои ќе го нарушат слободниот проток на луѓе помеѓу Европската Унија и земјите – кандидати. Советот на амбасадори ги поздравува досегашните напори направени од надлежните институции и надлежните владини ресори за спречување на овој непосакуван развој на настаните токму во овој деликатен момент за иднината на континентот. Совет на Амбасадори, граѓанско и невладино здружение, кандидатскиот статус како и отворениот процес на преговори со ЕУ го сметаме за разумен аргумент за невоведување рестриктивни шенген мерки кон македонските граѓани Советот на амбасадори повикува на национален консензус околу ова прашање со иницијатива за заеднички регионален настап на земјите од Западниот Балкан во Брисел и во главните градови на Шенген – зоната.

The post Совет на амбасадори: Воведување дигитални овластувања за патување во Шенген зоната и плаќање влезна такса е сериозен чекор наназад appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Ќе бараме одлагање на одлуката за плаќање по седум евра за влез во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichik-ke-barame-odlagane-na-odlukata-za-plakane-po-sedum-evra-za-vlez-vo-eu/ Wed, 28 Dec 2022 19:47:41 +0000 https://republika.mk/?p=591168

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ вечерва информираше дека тој и министрите за европски прашања од Западен Балкан ќе бараат од Европската Унија одлагање на одлуката за примена на Европскиот систем за патни информации и одобрување, според која, по седум евра за влез во Унијата ќе плаќаат државјаните од земји кои не се членки на Унијата.

Тоа не е враќање на визите, тоа е една процедура којашто бара регистрација и плаќање на седум евра и важи за три години. Меѓутоа ние сметаме дека не треба да се воведе и можам да ви најавам дека веќе сме во комуникација со министрите за европски прашања од целиот регион за да составиме едно заедничко писмо коешто ќе го испратиме до Европската комисија и државите членки на ЕУ со што ќе бараме одложување на таа одлука или изземање од таа одлука на државите кои преговараат со ЕУ, наведе Маричиќ во дневникот на Сител ТВ, коментирајќи ги реакциите на граѓаните дека таквата одлука подразбира враќање на визите.

Заменик-претседателот на Владата оцени дека е можно Европската комисија да го прифати тоа барање, бидејќи, како што нагласи тој, ЕУ е должна да внимава на овие работи и во таа смисла мислам дека граѓаните имаат вистинско чувство дека е тоа непотребно, но и ние мислиме дека е непотребно во оваа фаза.

Западен Балкан направи многу за Европската Унија и мислам дека треба во најмала рака да се одложи оваа одлука. Ние како Влада на Македонија, со сите влади во регионот ќе направиме се да ја убедиме ЕУ да ја одложи оваа одлука, потенцираше Маричиќ.

Земјите на ЕУ го одложија почетокот на примена на Европскиот систем за патни информации и одобрување (ЕТИАС), кој требаше да се воведе во мај 2023 година, за ноември 2023 година.

Од 2023 година сите државјани на земји што не се членки на ЕУ, а на кои не им треба виза за патување во земја која е членка, ќе треба да поднесат барање за одобрување на патувањето со пополнување на краток онлајн-формулар и да платат седум евра. Меѓу државите што ќе треба да го пријавуваат патувањето во ЕУ е и Македонија.

The post Маричиќ: Ќе бараме одлагање на одлуката за плаќање по седум евра за влез во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ вечерва информираше дека тој и министрите за европски прашања од Западен Балкан ќе бараат од Европската Унија одлагање на одлуката за примена на Европскиот систем за патни информации и одобрување, според која, по седум евра за влез во Унијата ќе плаќаат државјаните од земји кои не се членки на Унијата.
Тоа не е враќање на визите, тоа е една процедура којашто бара регистрација и плаќање на седум евра и важи за три години. Меѓутоа ние сметаме дека не треба да се воведе и можам да ви најавам дека веќе сме во комуникација со министрите за европски прашања од целиот регион за да составиме едно заедничко писмо коешто ќе го испратиме до Европската комисија и државите членки на ЕУ со што ќе бараме одложување на таа одлука или изземање од таа одлука на државите кои преговараат со ЕУ, наведе Маричиќ во дневникот на Сител ТВ, коментирајќи ги реакциите на граѓаните дека таквата одлука подразбира враќање на визите.
Заменик-претседателот на Владата оцени дека е можно Европската комисија да го прифати тоа барање, бидејќи, како што нагласи тој, ЕУ е должна да внимава на овие работи и во таа смисла мислам дека граѓаните имаат вистинско чувство дека е тоа непотребно, но и ние мислиме дека е непотребно во оваа фаза.
Западен Балкан направи многу за Европската Унија и мислам дека треба во најмала рака да се одложи оваа одлука. Ние како Влада на Македонија, со сите влади во регионот ќе направиме се да ја убедиме ЕУ да ја одложи оваа одлука, потенцираше Маричиќ.
Земјите на ЕУ го одложија почетокот на примена на Европскиот систем за патни информации и одобрување (ЕТИАС), кој требаше да се воведе во мај 2023 година, за ноември 2023 година. Од 2023 година сите државјани на земји што не се членки на ЕУ, а на кои не им треба виза за патување во земја која е членка, ќе треба да поднесат барање за одобрување на патувањето со пополнување на краток онлајн-формулар и да платат седум евра. Меѓу државите што ќе треба да го пријавуваат патувањето во ЕУ е и Македонија.

The post Маричиќ: Ќе бараме одлагање на одлуката за плаќање по седум евра за влез во ЕУ appeared first on Република.

]]>