седници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sednici/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Mar 2024 13:16:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png седници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sednici/ 32 32 ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршен и Централен комитет ќе ги потврдува листите за пратеници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-na-sednitsi-na-izvrshen-i-tsentralen-komitet-ke-gi-potvrduva-listite-za-pratenitsi/ Thu, 28 Mar 2024 11:53:50 +0000 https://republika.mk/?p=759748

ВМРО-ДПМНЕ вечер на седници на Извршниот и Централниот комитет на партијата ќе ги потврди листите за пратеници за претстојните парламентарни избори, по што, се очекува, тие ќе бидат објавени во јавноста.

Носителите на листите се веќе познати во јавноста. Во ИЕ 1 носител ќе биде лидерот на партијата Христијан Мицкоски, во Втората Владо Мисајловски, во Третата Драган Ковачки, во Четвртата Александар Николовски, во Петата Ѓоргија Сајкоски и во Шестата Дафина Стојановска.

Според информации на МИА, на листите ќе се најдат најголемиот број од актуелните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

ВМРО-ДПМНЕ се очекува викендов да одржи конвенција за промоција на кандидатите за пратеници.

Учесниците на изборите односно политичките партии и коалициите најдоцна до 2 април треба да ги достават листите за пратеници до Државната изборна комисија, која треба да ги потврди. Изборите се на 8 мај. На 24 април ќе се одржат претседателските избори.

The post ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршен и Централен комитет ќе ги потврдува листите за пратеници appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ вечер на седници на Извршниот и Централниот комитет на партијата ќе ги потврди листите за пратеници за претстојните парламентарни избори, по што, се очекува, тие ќе бидат објавени во јавноста. Носителите на листите се веќе познати во јавноста. Во ИЕ 1 носител ќе биде лидерот на партијата Христијан Мицкоски, во Втората Владо Мисајловски, во Третата Драган Ковачки, во Четвртата Александар Николовски, во Петата Ѓоргија Сајкоски и во Шестата Дафина Стојановска. Според информации на МИА, на листите ќе се најдат најголемиот број од актуелните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. ВМРО-ДПМНЕ се очекува викендов да одржи конвенција за промоција на кандидатите за пратеници. Учесниците на изборите односно политичките партии и коалициите најдоцна до 2 април треба да ги достават листите за пратеници до Државната изборна комисија, која треба да ги потврди. Изборите се на 8 мај. На 24 април ќе се одржат претседателските избори.  

The post ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршен и Централен комитет ќе ги потврдува листите за пратеници appeared first on Република.

]]>
Седниците на Советот на Општина Тетово и понатаму без техничка можност за користење на преводот на македонски јазик при пренесување во живо https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sednitsite-na-sovetot-na-opshtina-tetovo-i-ponatamu-bez-tehnichka-mozhnost-za-koristene-na-prevodot-na-makedonski-jazik-pri-prenesuvane-vo-zhivo/ Tue, 31 Oct 2023 16:58:56 +0000 https://republika.mk/?p=696786

Новиот состав на Советот на Општина Тетово повеќе од една година по формирањето не најде начин при пренесување на седниците на интернет да го има и преводот на македонски јазик што функционира во салата кога се зборува на албански јазик.

На вонредни избори на 20 август 2022 се избраа новите советници, а од 7 септември 2022 се избра и актуелниот претседател Бесар Дурмиши. Со оглед дека превод на македонски немаше и во претходата година од редовните избори Дурмиши тогаш рече дека тоа ќе се направи со ребаланс на буџетот.

Година и два месеци подоцна и понатаму нема техничка можност за избор на превод на македонски и албански јазик. Така беше и на последната вчерашна седница.

-Треба само да видиме колку чини тоа, колку средства па да консултирам со секторот за финансии и со ПР службата и мислам дека ќе ја решиме и оваа проблематика, најави повторно претседателот на Советот, Бесар Дурмиши.

За разлика од Општина Тетово, следење на седниците на Советот на двата јазици има во Општина Брвеница.

Таму имаат два канали на социјалната мрежа Ју-тјуб каде се пренесуваат седниците и на македонски и на албански јазик.

The post Седниците на Советот на Општина Тетово и понатаму без техничка можност за користење на преводот на македонски јазик при пренесување во живо appeared first on Република.

]]>

Новиот состав на Советот на Општина Тетово повеќе од една година по формирањето не најде начин при пренесување на седниците на интернет да го има и преводот на македонски јазик што функционира во салата кога се зборува на албански јазик. На вонредни избори на 20 август 2022 се избраа новите советници, а од 7 септември 2022 се избра и актуелниот претседател Бесар Дурмиши. Со оглед дека превод на македонски немаше и во претходата година од редовните избори Дурмиши тогаш рече дека тоа ќе се направи со ребаланс на буџетот. Година и два месеци подоцна и понатаму нема техничка можност за избор на превод на македонски и албански јазик. Така беше и на последната вчерашна седница. -Треба само да видиме колку чини тоа, колку средства па да консултирам со секторот за финансии и со ПР службата и мислам дека ќе ја решиме и оваа проблематика, најави повторно претседателот на Советот, Бесар Дурмиши. За разлика од Општина Тетово, следење на седниците на Советот на двата јазици има во Општина Брвеница. Таму имаат два канали на социјалната мрежа Ју-тјуб каде се пренесуваат седниците и на македонски и на албански јазик.

The post Седниците на Советот на Општина Тетово и понатаму без техничка можност за користење на преводот на македонски јазик при пренесување во живо appeared first on Република.

]]>
Собранието попладнево работеше на продолженијата на неколку седници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-popladnevo-raboteshe-na-prodolzhenijata-na-nekolku-sednitsi/ Mon, 27 Mar 2023 20:48:40 +0000 https://republika.mk/?p=624409

Собранието попладнево работеше на продолженијата по неколку седници. Во рамки на 71. седница, пратениците дискутираа по Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2021 година.

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Катица Николовска истакна дека покрај новите методи за работа седници онлајн, работа од дома, ДКСК успеа и во текот на 2021 година да ги надмине неколкуте горливи проблеми кои влијаат на исполнувањето на своите надлежности. Таа посочи дека од јуни 2021 година, ДКСК работењето го врши во нови простории, со што се обезбедија максимални услови за работа. Николовска информира дека за 111 планирани активности кои што требаше да бидат реализирани во 2021 година, реализирани се 22.

Во текот на 2021 година до ДКСК беа доставени голем број на пријави од кои 583 пријави од областа на корупцијата, 89 од областа судир на интереси, 48 се поднесуваат пријави за изборниот процес, како и формирани предмети по сопствена иницијатива. ДКСК во 2021 година реши 404 предмети, за кои што донесе 390 одлуки. 162 одлуки се за отфрлање на пријавите поради ненадлежност за постапување или недоволно елементи, шест пријави се доставени до други надлежни органи на надлежно постапување, а 222 пријави се одлуки кои што се однесуваат за запирање на постапките. Во текот на 2021 година беше зголемен бројот на вработените, така што од предвидени 64 работни места пополнети се 34, што претставува 53 отсто од пополнетоста и значи подобрување на состојбата на човечките ресурси, рече Николовска.

Според Николовска, зголемениот број на вработени не е гаранција само по себе дека ќе се подобри работењето, туку посочи дека успешното работење зависи од степенот на квалификации, но и од континуирана едукација.

Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, разгледувањето на овој Извештај нема ниту логика, ниту сенс, освен правната обврска тој да помине преку Собранието.

Жаклина Лазаровска, пратеничка на СДСМ истакна дека од 2019 година наваму имаме извештаи на ДКСК онакви какви што треба да бидат, со посочени забелешки, со критики, со нотирани одредени ситуации, постапувајќи според закони и ингеренциите, а тоа се должи, како што рече, на тоа што ДКСК работи самостојно без никаков притисок , без некој да налага што треба тие да прават како Државна комисија.

Спикерот Талат Џафери ја прекина седницата и извести дека со работа по оваа седница ќе продолжат во четврток.

Претходно, во рамки на 79. седница пратениците расправаа по Предлог на законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за основање Културно-информативни центри во Белград и во Скопје.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петковска рече ја загрижува податокот според кој времето на отворање на центрите се утврдува според расположливиот буџет на секоја од страните.

Спречена сум да имам позитивно излагање во целост затоа што дури и таму каде што има простор да не ве критикуваме си фрлате црна дамка. Зошто? Затоа што спогодбава што се ратификува е потпишана на 25.2.2022 година, буквално точно пред цела една година и како сега да пофалам колеги. А најискрено сакав. Ме загрижува податокот според кој времето на отворање на центрите се утврдува според расположливиот буџет на секоја од страните. Трошоците за ваквите центри се околу 7,5 милиони денари, но можат да ја надминат оваа сума ако има повеќе проекти бидејќи во секторот меѓународна соработка во Министерството за култура може да се аплицира во текот на целата година настрана од предвидената годишна програма. За жал, за една година за аплицирање веќе сме изгубиле. Дополнително, ратификацијата на спогодбата има фискални импликации кои се предвидуваат во редовните буџети на Министерството за култура, рече таа.

Петковска потенцира дека отворањето на културно-информативните центри го гледа и како можност за взаемна промоција и развој на културниот туризам, прифатена од меѓународната практика. Таа очекува со отворањето на овие културно-информативни центри во Белград и во Скопје да се интензивираат културните односи меѓу двете земји, да се зајакне по натамошниот развој на односите меѓу Србија и Македонија , да се зајакне и развие меѓукултурната соработка и да се создадат услови за уметниците од двете држави да ја претставуваат својата работа и сопствената земја.

Спикерот Џафери информира дека Договорот е добиен во Собранието во месец јуни минатата година, споделен до пратениците на 28 јуни, а ставен на дневен ред на 19 јули 2022 година. Посочи дека цела една година не била разгледана на соодветната Комисија за надворешни работи.

И цела една година не била разгледана на соодветната Комисија за надворешни работи, таа се знае кој ја води и е разгледана на 21 март 2023 година.Денешното продолжение е деветто продолжение на оваа седница. Вкупно десет дена се работело, од 19.7 до денеска 27.3. Затоа се доцни. И на недонесен ратификуван договор кој ќе планира финансиски средства, не може да се планира. Треба да се ратификува договор, па по тој договор да се планираат средства во буџетот. А зошто се чекало година дена, прашајте го претседателот на Комисијата, рече Џафери.

Велика Стојкова Серафимовска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека треба вакви работи повеќе да ни се случуваат и повидливи да бидеме особено во областа на културата и упати молба да претставниците на Министерството за култура да внимаваат во изборите на директорите на културните центри.

Секогаш е позитивно кога се случуваат добри работи во културата, а ова е добра вест во културата. Отворање на културни центри ни се потребни многу да ги имаме во светот и во сите центри во светот. Досега ние имаме отворено во Истанбул, Софија, Тирана, Загреб, Њујорк и еве во Белград. Треба вакви работи и повеќе да ни се случуваат и повидливи да бидеме особено во областа на културата, бидејќи навистина имаме што да покажеме. Она што ме мачи е тоа што кој ќе биде назначен директор и ќе замолам претставниците на Министерството за култура да бидете многу внимателни во изборите на директорите на културните центри. Се надевам дека кого и да ставите како директор да го води овој културен центар, ќе биде од областа на културата , значи ќе има поврзаност директно со културата. Бидете внимателни кого ставате за директор, бидејќи ваквите културни центри се од клучно значење за културната дипломатија. Културната дипломатија е една од најсилните алатки кои што може една држава да ги има. Преку културната дипломатија, ние ги решаваме и сите други конфликти, рече Серафимовска.

Расправата по овој предлог-закон заврши, а гласањето дополнително ќе биде закажано.

Во рамки на 86. седница, пратениците расправаа по Предлог на законот за изменување на Законот за финансиска дисциплина, во прво читање.

Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека овие измени на законот ги таргетираат роковите за исплата на доспеаните обврски кои што не се малку и како раководи државата со она што е планирано, што е изведено и кого и како е платено.

Генерално, тие рокови сега согласно постојниот закон во деловните трансакции помеѓу субјектите од јавниот сектор и економскиот оператор од приватниот сектор на еден субјект се јавува должник не може да се договори рок за исполнување на неговите обврски подолг од 60 дена , односно 90 дена со постојниот закон. Сега тие се коригираат и задоцнетото плаќање практично се регулира при трговските трансакции , со самата директива рокот за исполнување на паричните обврски не може да биде подолг од 30 дена, а за субјектите од здравствениот сектор за 60 дена, рече Јаревски.

Џафери констатира дека општата расправа по овој предлог-закон заврши и заклучи дека Предлог на Законот за финансиска дисциплина е прифатлив и треба да се даде на второ читање. Овој заклучок заедно со стенографските белешки да се достави до Комисијата за финансирање и буџет и законодавно-правната комисија. Гласањето за овој предлог-закон дополнително ќе биде закажано.

The post Собранието попладнево работеше на продолженијата на неколку седници appeared first on Република.

]]>

Собранието попладнево работеше на продолженијата по неколку седници. Во рамки на 71. седница, пратениците дискутираа по Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2021 година. Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Катица Николовска истакна дека покрај новите методи за работа седници онлајн, работа од дома, ДКСК успеа и во текот на 2021 година да ги надмине неколкуте горливи проблеми кои влијаат на исполнувањето на своите надлежности. Таа посочи дека од јуни 2021 година, ДКСК работењето го врши во нови простории, со што се обезбедија максимални услови за работа. Николовска информира дека за 111 планирани активности кои што требаше да бидат реализирани во 2021 година, реализирани се 22.
Во текот на 2021 година до ДКСК беа доставени голем број на пријави од кои 583 пријави од областа на корупцијата, 89 од областа судир на интереси, 48 се поднесуваат пријави за изборниот процес, како и формирани предмети по сопствена иницијатива. ДКСК во 2021 година реши 404 предмети, за кои што донесе 390 одлуки. 162 одлуки се за отфрлање на пријавите поради ненадлежност за постапување или недоволно елементи, шест пријави се доставени до други надлежни органи на надлежно постапување, а 222 пријави се одлуки кои што се однесуваат за запирање на постапките. Во текот на 2021 година беше зголемен бројот на вработените, така што од предвидени 64 работни места пополнети се 34, што претставува 53 отсто од пополнетоста и значи подобрување на состојбата на човечките ресурси, рече Николовска.
Според Николовска, зголемениот број на вработени не е гаранција само по себе дека ќе се подобри работењето, туку посочи дека успешното работење зависи од степенот на квалификации, но и од континуирана едукација. Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, разгледувањето на овој Извештај нема ниту логика, ниту сенс, освен правната обврска тој да помине преку Собранието. Жаклина Лазаровска, пратеничка на СДСМ истакна дека од 2019 година наваму имаме извештаи на ДКСК онакви какви што треба да бидат, со посочени забелешки, со критики, со нотирани одредени ситуации, постапувајќи според закони и ингеренциите, а тоа се должи, како што рече, на тоа што ДКСК работи самостојно без никаков притисок , без некој да налага што треба тие да прават како Државна комисија. Спикерот Талат Џафери ја прекина седницата и извести дека со работа по оваа седница ќе продолжат во четврток. Претходно, во рамки на 79. седница пратениците расправаа по Предлог на законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за основање Културно-информативни центри во Белград и во Скопје. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петковска рече ја загрижува податокот според кој времето на отворање на центрите се утврдува според расположливиот буџет на секоја од страните.
Спречена сум да имам позитивно излагање во целост затоа што дури и таму каде што има простор да не ве критикуваме си фрлате црна дамка. Зошто? Затоа што спогодбава што се ратификува е потпишана на 25.2.2022 година, буквално точно пред цела една година и како сега да пофалам колеги. А најискрено сакав. Ме загрижува податокот според кој времето на отворање на центрите се утврдува според расположливиот буџет на секоја од страните. Трошоците за ваквите центри се околу 7,5 милиони денари, но можат да ја надминат оваа сума ако има повеќе проекти бидејќи во секторот меѓународна соработка во Министерството за култура може да се аплицира во текот на целата година настрана од предвидената годишна програма. За жал, за една година за аплицирање веќе сме изгубиле. Дополнително, ратификацијата на спогодбата има фискални импликации кои се предвидуваат во редовните буџети на Министерството за култура, рече таа.
Петковска потенцира дека отворањето на културно-информативните центри го гледа и како можност за взаемна промоција и развој на културниот туризам, прифатена од меѓународната практика. Таа очекува со отворањето на овие културно-информативни центри во Белград и во Скопје да се интензивираат културните односи меѓу двете земји, да се зајакне по натамошниот развој на односите меѓу Србија и Македонија , да се зајакне и развие меѓукултурната соработка и да се создадат услови за уметниците од двете држави да ја претставуваат својата работа и сопствената земја. Спикерот Џафери информира дека Договорот е добиен во Собранието во месец јуни минатата година, споделен до пратениците на 28 јуни, а ставен на дневен ред на 19 јули 2022 година. Посочи дека цела една година не била разгледана на соодветната Комисија за надворешни работи.
И цела една година не била разгледана на соодветната Комисија за надворешни работи, таа се знае кој ја води и е разгледана на 21 март 2023 година.Денешното продолжение е деветто продолжение на оваа седница. Вкупно десет дена се работело, од 19.7 до денеска 27.3. Затоа се доцни. И на недонесен ратификуван договор кој ќе планира финансиски средства, не може да се планира. Треба да се ратификува договор, па по тој договор да се планираат средства во буџетот. А зошто се чекало година дена, прашајте го претседателот на Комисијата, рече Џафери.
Велика Стојкова Серафимовска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека треба вакви работи повеќе да ни се случуваат и повидливи да бидеме особено во областа на културата и упати молба да претставниците на Министерството за култура да внимаваат во изборите на директорите на културните центри.
Секогаш е позитивно кога се случуваат добри работи во културата, а ова е добра вест во културата. Отворање на културни центри ни се потребни многу да ги имаме во светот и во сите центри во светот. Досега ние имаме отворено во Истанбул, Софија, Тирана, Загреб, Њујорк и еве во Белград. Треба вакви работи и повеќе да ни се случуваат и повидливи да бидеме особено во областа на културата, бидејќи навистина имаме што да покажеме. Она што ме мачи е тоа што кој ќе биде назначен директор и ќе замолам претставниците на Министерството за култура да бидете многу внимателни во изборите на директорите на културните центри. Се надевам дека кого и да ставите како директор да го води овој културен центар, ќе биде од областа на културата , значи ќе има поврзаност директно со културата. Бидете внимателни кого ставате за директор, бидејќи ваквите културни центри се од клучно значење за културната дипломатија. Културната дипломатија е една од најсилните алатки кои што може една држава да ги има. Преку културната дипломатија, ние ги решаваме и сите други конфликти, рече Серафимовска.
Расправата по овој предлог-закон заврши, а гласањето дополнително ќе биде закажано. Во рамки на 86. седница, пратениците расправаа по Предлог на законот за изменување на Законот за финансиска дисциплина, во прво читање. Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека овие измени на законот ги таргетираат роковите за исплата на доспеаните обврски кои што не се малку и како раководи државата со она што е планирано, што е изведено и кого и како е платено.