седмо одделение Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sedmo-oddelenie/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Jul 2024 08:54:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png седмо одделение Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sedmo-oddelenie/ 32 32 Јаневска: Ниту еден учебник за седмо одделение не е даден во печат, огромен број од нив не се одобрени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-nitu-eden-uchebnik-za-sedmo-oddelenie-ne-e-daden-vo-pechat-ogromen-broj-od-niv-ne-se-odobreni/ Wed, 03 Jul 2024 08:54:17 +0000 https://republika.mk/?p=792972

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието ќе утврдат по кои учебници ќе учат седмоодделенците во претстојната учебна година бидејќи до 1 септември не ќе може да се отпечатат нови согласно новите наставни од Концепцијата за основно образование.

Министерката Весна Јаневска денеска изјави дека за ден-два ќе биде соопштено во јавноста како ќе учат основците во седмо одделение, посочувајќи дека иако било соопштено дека учебници на 1 септември ќе има и за седмо одделение, „фактичката состојба е сосема различна“.

Волшебно стапче да имаме, ние до септември како Влада не можеме да стигнеме да обезбедиме учебници за во седмо одделение. Ниту еден учебник за седмо одделение не е даден во печат. Не само што не се дадени во печат, огромен број од нив не се одобрени. Некои не се ни напишани, значи не е креиран учебникот. Некои не поминале рецензија, изјави Јаневска пред отворањето на конференција за инклузивно образование организирана од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Поради тоа, неколку дена, рече, имаат разговори со Бирото за развој на образованието за да се надмине проблемот, а решението веројатно е учениците од седмо и наредната година да учат од старите учебници, односно тие што беа досега во употреба. Доколку законот, рече, не дозволува, за одреден период ќе биде одложена примената на Концепцијата за преостанатите одделенија – седмо, осмо и деветто.

Со тоа што мора да провериме дали тие учебници одговараат на наставните програми. Имаме едно образложение од Бирото дека се прилично компатибилни, освен за две до три теми за кои може да се направат наставни материјали. Но, разговорите и дискусиите се уште траат и доколку законското решение не дозволува ништо поинаку, ние ќе ја одложиме концепцијата на извесен период за учениците од седмо, осмо и деветто одделение да имаат учебници, посочи Јаневска.

Додаде дека наставниците ќе треба да бидат спремни да им ги предаваат темите со тоа што ќе обезбедат одредени наставни материјали од кои децата ќе учат, да им посочат друга литература, интернет литература.

Мене ми е многу жал, но во Македонија ниту учениците, ниту наставниците се спремни да работат комплетно без учебници. Но, не е така страшно затоа што некои земји од Западот, на пример Шведска, кои користеле само дигитални учебници или воопшто не користеле, увиделе дека е потребно да им се вратат учебниците на децата од многу причини, додаде министерката.

The post Јаневска: Ниту еден учебник за седмо одделение не е даден во печат, огромен број од нив не се одобрени appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието ќе утврдат по кои учебници ќе учат седмоодделенците во претстојната учебна година бидејќи до 1 септември не ќе може да се отпечатат нови согласно новите наставни од Концепцијата за основно образование. Министерката Весна Јаневска денеска изјави дека за ден-два ќе биде соопштено во јавноста како ќе учат основците во седмо одделение, посочувајќи дека иако било соопштено дека учебници на 1 септември ќе има и за седмо одделение, „фактичката состојба е сосема различна“.
Волшебно стапче да имаме, ние до септември како Влада не можеме да стигнеме да обезбедиме учебници за во седмо одделение. Ниту еден учебник за седмо одделение не е даден во печат. Не само што не се дадени во печат, огромен број од нив не се одобрени. Некои не се ни напишани, значи не е креиран учебникот. Некои не поминале рецензија, изјави Јаневска пред отворањето на конференција за инклузивно образование организирана од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
Поради тоа, неколку дена, рече, имаат разговори со Бирото за развој на образованието за да се надмине проблемот, а решението веројатно е учениците од седмо и наредната година да учат од старите учебници, односно тие што беа досега во употреба. Доколку законот, рече, не дозволува, за одреден период ќе биде одложена примената на Концепцијата за преостанатите одделенија – седмо, осмо и деветто.
Со тоа што мора да провериме дали тие учебници одговараат на наставните програми. Имаме едно образложение од Бирото дека се прилично компатибилни, освен за две до три теми за кои може да се направат наставни материјали. Но, разговорите и дискусиите се уште траат и доколку законското решение не дозволува ништо поинаку, ние ќе ја одложиме концепцијата на извесен период за учениците од седмо, осмо и деветто одделение да имаат учебници, посочи Јаневска.
Додаде дека наставниците ќе треба да бидат спремни да им ги предаваат темите со тоа што ќе обезбедат одредени наставни материјали од кои децата ќе учат, да им посочат друга литература, интернет литература.
Мене ми е многу жал, но во Македонија ниту учениците, ниту наставниците се спремни да работат комплетно без учебници. Но, не е така страшно затоа што некои земји од Западот, на пример Шведска, кои користеле само дигитални учебници или воопшто не користеле, увиделе дека е потребно да им се вратат учебниците на децата од многу причини, додаде министерката.

The post Јаневска: Ниту еден учебник за седмо одделение не е даден во печат, огромен број од нив не се одобрени appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Нема нови учебници за седмо одделение, ќе се учи по старата програма https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-nema-novi-uchebnitsi-za-sedmo-oddelenie-ke-se-uchi-po-starata-programa/ Tue, 02 Jul 2024 08:35:03 +0000 https://republika.mk/?p=792611

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска за 360 степени откри дека нема да има нови учебници за децата од седмо одделение. Таа додава дека овој проблем е само за учениците од седмо одделние додека другите веќе се дистрибуираат.

Уште првиот ден кога влегов во Министерството за образование и наука, прва задача ми беше да видам што се случува со учебниците. Иако имаше информации дека сè е во ред, за жал, тоа не беше така. За седмо одделение нема да печатат ниту еден единствен учебник, ниту еден не е предаден за печат, а колку што разбрав, за одреден број учебници процедурата не е завршена, некои не се напишани, кај некои не е помината рецензијата, не е поминато ниту во БРО, ниту во национална комисија, што значи дека апсолутно никаква, ни минимална шанса нема да се стигне, ниту за еден учебник до 1 септември“, рече Јаневска.

Проблемот според Јаневска ќе се решава со користење на стари учебници откако се потврдило дека има компатибилност помеѓу старата и новата програма.Добила и уверување дека децата нема да имаат никаква штета доколку во седмо одделение продолжат да учат по старата програма, со тоа што, како што вели, можеби ќе треба да се доработат одредени теми кои ги немало претходно.

The post Јаневска: Нема нови учебници за седмо одделение, ќе се учи по старата програма appeared first on Република.

МОН утре ќе почне да објавува повици за автори за нови учебници за седмо одделение за идната учебна година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-utre-ke-pochne-da-objavuva-povitsi-za-avtori-za-novi-uchebnitsi-za-sedmo-oddelenie-za-idnata-uchebna-godina/ Wed, 15 Nov 2023 10:14:55 +0000 https://republika.mk/?p=701758

Министерството за образование и наука утре ќе ја почне постапката за изработка на учебници за седмо одделение кои ќе се користат идната учебна година, откако Бирото за образование и наука (БРО) минатата недела ги достави до МОН наставните програми за седмо според Концепцијата за основно образование која се спроведува етапно.

Министерот Јетон Шаќири соопшти дека утре ќе почне објавувањето повици за автори за учебниците што ќе се изработуваат согласно новите програми. Бидејќи тие до МОН се доставени многу порано отколку што беа доставени програмите за шесто, поради кои годинава доцнеа учебниците, министерот посочи дека сега ќе има доволно долг период да се изработат и да се распределат навреме.

-Во минатиот период имавме проблеми, но сакаме да докажеме дека со навремени повици за автори ќе имаме долг период за изработка и печатење на учебниците за наредната учебна година. Како министер побарав истовремено да се изработат и програмите за осмо и деветто одделение за да имаме континуитет на она што треба целосно да се реализира во основното образование. Затоа што може да произлезат прашања зошто еден дел од материјалот не е предвиден во седмо и да имаме одговор дали тој е предвиден до крајот на основното образование, изјави Шаќири денеска по отворањето на состанокот на Управниот комитет на COST – европска програма за соработка на областа на науката и технологијата.

Учебниците по Историја и општество за петто и за шесто одделение се уште ги нема во наставата затоа што, иако ракописите од авторските тимови се доставени до МОН, не се јавуваат рецензенти на огласите.

Шаќири изјави дека во три до четири обиди нема пријави и МОН со допис се обратило до сите соодветни факултети за да се јават професори што ќе ги рецензираат за потоа да може да продолжи наредната фаза, нивно печатење и дистрибуција.

Но, значајно е тоа што учениците имаат подготвителни материјали за цела година, подготвени од Бирото за развој на образованието според наставната програма. Очекувам дека во наредниот период, најбрзо што може, професори ќе се вклучат како рецензенти и нивните забелешки да бидат земени предвид од Националната комисија за учебници. Затоа ги повикувам сите професори, како што се вклучија за сите други учебници што ги завршивме, да се вклучат и за учебникот по Историја и општество, истакна Шаќири.

The post МОН утре ќе почне да објавува повици за автори за нови учебници за седмо одделение за идната учебна година appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука утре ќе ја почне постапката за изработка на учебници за седмо одделение кои ќе се користат идната учебна година, откако Бирото за образование и наука (БРО) минатата недела ги достави до МОН наставните програми за седмо според Концепцијата за основно образование која се спроведува етапно. Министерот Јетон Шаќири соопшти дека утре ќе почне објавувањето повици за автори за учебниците што ќе се изработуваат согласно новите програми. Бидејќи тие до МОН се доставени многу порано отколку што беа доставени програмите за шесто, поради кои годинава доцнеа учебниците, министерот посочи дека сега ќе има доволно долг период да се изработат и да се распределат навреме.
-Во минатиот период имавме проблеми, но сакаме да докажеме дека со навремени повици за автори ќе имаме долг период за изработка и печатење на учебниците за наредната учебна година. Како министер побарав истовремено да се изработат и програмите за осмо и деветто одделение за да имаме континуитет на она што треба целосно да се реализира во основното образование. Затоа што може да произлезат прашања зошто еден дел од материјалот не е предвиден во седмо и да имаме одговор дали тој е предвиден до крајот на основното образование, изјави Шаќири денеска по отворањето на состанокот на Управниот комитет на COST – европска програма за соработка на областа на науката и технологијата.
Учебниците по Историја и општество за петто и за шесто одделение се уште ги нема во наставата затоа што, иако ракописите од авторските тимови се доставени до МОН, не се јавуваат рецензенти на огласите. Шаќири изјави дека во три до четири обиди нема пријави и МОН со допис се обратило до сите соодветни факултети за да се јават професори што ќе ги рецензираат за потоа да може да продолжи наредната фаза, нивно печатење и дистрибуција.