седиште Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sedishte/ За подобро да се разбереме Thu, 09 Jun 2022 08:27:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png седиште Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sedishte/ 32 32 УМС со одговор: Штабот на СДСМ е поранешна зграда на МОН, нека се направи студентски дом https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ums-so-odgovor-shtabot-na-sdsm-e-poraneshna-zgrada-na-mon-neka-se-napravi-studentski-dom/ Thu, 09 Jun 2022 08:27:52 +0000 https://republika.mk/?p=512977

Од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ реагираат на соопштението на Универзитетското студентско собрание - УКИМ во кое велат дека ќе бараат конфискуваниот штаб на ВМРО ДПМНЕ да биде пренаменет во студентски дом.

Пред малку, УСС УКИМ објави соопштение кое искрено се надеваме дека не е пишувано од центарот за комуникации на СДСМ. Во Македонија образованието е урнисано, студентските домови се руинирани, нови не се градат. Да потсетиме што беше ветувано

1. Нови 4 студентски града ( Битола, Штип, Тетово и Скопје)
2. Младинска гаранција
3. Враќање на младите назад во Македонија
4. Студентска платежна картичка за попусти

На ова немаше вака жолчна реакција , немаше реакција ни за
1. За неизградената зграда на ФИНКИ и ФФК
2. За условите во студентските домови
3.За храната во студентските домови
4. За стипендиите кои беа доделени на децата на функционери на СДСМ

За овие состојби и квалитетот на живот на студентите континуирано алармираме и апелираме до надлежните во последните 5 години. За подобрување на оваа ситуација потребна е стратегија, а не популистички мерки и предизборно манипулирање кое е пракса во последните 5 години. Студентите се иднината на нашата држава и нивниот капацитет и потенцијал државата мора да го препознае.

ВМРО ДПМНЕ после следните предвремени парламентарни избори се обврзува дека ќе ги подобри условите во студентските домови, мензите и храната во нив, квалитетот на образованието кое ќе го добиваат студентите и можностите по завршувањето на образованието, ќе се зголемат стипендиите, ќе се стимулираат студентите преку повеќе мерки.

Интересен е фактот дека штабот на СДСМ, познатата Бихачка е поранешна зграда на МОН, па ве повикуваме да почнеме иницијатива за трансформација на овој „простор“ во студентски дом.
И за крај ВМРО ДПМНЕ не е штабот, ние сме постојано во комуникација со студентите по улиците, по дискотеките, кафулињата, парковите, читалните.

The post УМС со одговор: Штабот на СДСМ е поранешна зграда на МОН, нека се направи студентски дом appeared first on Република.

]]>

Од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ реагираат на соопштението на Универзитетското студентско собрание - УКИМ во кое велат дека ќе бараат конфискуваниот штаб на ВМРО ДПМНЕ да биде пренаменет во студентски дом. Пред малку, УСС УКИМ објави соопштение кое искрено се надеваме дека не е пишувано од центарот за комуникации на СДСМ. Во Македонија образованието е урнисано, студентските домови се руинирани, нови не се градат. Да потсетиме што беше ветувано 1. Нови 4 студентски града ( Битола, Штип, Тетово и Скопје) 2. Младинска гаранција 3. Враќање на младите назад во Македонија 4. Студентска платежна картичка за попусти На ова немаше вака жолчна реакција , немаше реакција ни за 1. За неизградената зграда на ФИНКИ и ФФК 2. За условите во студентските домови 3.За храната во студентските домови 4. За стипендиите кои беа доделени на децата на функционери на СДСМ За овие состојби и квалитетот на живот на студентите континуирано алармираме и апелираме до надлежните во последните 5 години. За подобрување на оваа ситуација потребна е стратегија, а не популистички мерки и предизборно манипулирање кое е пракса во последните 5 години. Студентите се иднината на нашата држава и нивниот капацитет и потенцијал државата мора да го препознае. ВМРО ДПМНЕ после следните предвремени парламентарни избори се обврзува дека ќе ги подобри условите во студентските домови, мензите и храната во нив, квалитетот на образованието кое ќе го добиваат студентите и можностите по завршувањето на образованието, ќе се зголемат стипендиите, ќе се стимулираат студентите преку повеќе мерки. Интересен е фактот дека штабот на СДСМ, познатата Бихачка е поранешна зграда на МОН, па ве повикуваме да почнеме иницијатива за трансформација на овој „простор“ во студентски дом. И за крај ВМРО ДПМНЕ не е штабот, ние сме постојано во комуникација со студентите по улиците, по дискотеките, кафулињата, парковите, читалните.

The post УМС со одговор: Штабот на СДСМ е поранешна зграда на МОН, нека се направи студентски дом appeared first on Република.

]]>