себастијан курц Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sebastijan-kurc/ За подобро да се разбереме Tue, 17 Sep 2024 11:10:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png себастијан курц Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sebastijan-kurc/ 32 32 Латас: Шекеринска се сликаше пред знамето на УЧК, а Курц пред грешното во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/latas-shekekrinska-se-slikashe-pred-znameto-na-uchk-a-kurts-pred-greshnoto-vo-skopje/ Tue, 17 Sep 2024 11:09:30 +0000 https://republika.mk/?p=817085

Соросоидите на СДСМ туркаат скандал било што претседателката Гордана Сиљановска се сликала со бугарскиот претседател а позади имало само бугарско, а не и македонско знаме.
Демек, она е причина за скандалот. Гостинката а не домаќинот, коментира Драган Павловиќ-Латас.

[caption id="attachment_4464" align="alignnone" width="640"] (фото: Влада на РМ)[/caption]

Забораваат колку пати владата на СДСМ ставаше погрешно знаме на странски државници кои се сликаа во нашата влада, како промашеното знаме на Австрија кога премиерот Курц ни беше во посета.Забораваат дека министерката Шеќеринска во македонска општина Кичево се сликаше до знаме на УЧК без знаме на државата Македонија.

The post Латас: Шекеринска се сликаше пред знамето на УЧК, а Курц пред грешното во Скопје appeared first on Република.

]]>

Соросоидите на СДСМ туркаат скандал било што претседателката Гордана Сиљановска се сликала со бугарскиот претседател а позади имало само бугарско, а не и македонско знаме. Демек, она е причина за скандалот. Гостинката а не домаќинот, коментира Драган Павловиќ-Латас. [caption id="attachment_4464" align="alignnone" width="640"] (фото: Влада на РМ)[/caption]
Забораваат колку пати владата на СДСМ ставаше погрешно знаме на странски државници кои се сликаа во нашата влада, како промашеното знаме на Австрија кога премиерот Курц ни беше во посета.Забораваат дека министерката Шеќеринска во македонска општина Кичево се сликаше до знаме на УЧК без знаме на државата Македонија.

The post Латас: Шекеринска се сликаше пред знамето на УЧК, а Курц пред грешното во Скопје appeared first on Република.

]]>
Себастијан Курц доби осум месеци условна казна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sebastijan-kurts-dobi-osum-mesetsi-uslovna-kazna/ Fri, 23 Feb 2024 21:19:11 +0000 https://republika.mk/?p=747626

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц е осуден на условна казна од осум месеци поради давање на лажни изјави во парламентарната истрага за наводна корупција во неговата прва влада.

Пресудата на судот во Виена доаѓа по четиримесечно судење. Курц е првиот поранешен канцелар на кого му се судеше во Австрија во последните три децении. Тој сведочеше во рамки на истрагата за владата на чие чело беше од 2017 година до 2019 година.

Во јуни во 2020 година, Курц беше обвинет за давање на лажни изјави за својата улога при основање на холдинг компанија која извршуваше одредени јавни работи, како и за именување на поранешниот близок соработник Томас Шмид во нејзиното раководство.

Курц стана австриски канцелар во 2017 година, на возраст од 31 година. По отворање на истрагата за корупција во 2021 година, тој поднесе оставка на функцијата канцелар, но и лидер на Народната партија и излезе од политиката.

The post Себастијан Курц доби осум месеци условна казна appeared first on Република.

]]>

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц е осуден на условна казна од осум месеци поради давање на лажни изјави во парламентарната истрага за наводна корупција во неговата прва влада. Пресудата на судот во Виена доаѓа по четиримесечно судење. Курц е првиот поранешен канцелар на кого му се судеше во Австрија во последните три децении. Тој сведочеше во рамки на истрагата за владата на чие чело беше од 2017 година до 2019 година. Во јуни во 2020 година, Курц беше обвинет за давање на лажни изјави за својата улога при основање на холдинг компанија која извршуваше одредени јавни работи, како и за именување на поранешниот близок соработник Томас Шмид во нејзиното раководство. Курц стана австриски канцелар во 2017 година, на возраст од 31 година. По отворање на истрагата за корупција во 2021 година, тој поднесе оставка на функцијата канцелар, но и лидер на Народната партија и излезе од политиката.

The post Себастијан Курц доби осум месеци условна казна appeared first on Република.

]]>
Себастијан Курц обвинет за лажно сведочење пред Парламентот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sebastijan-kurts-obvinet-za-lazhno-svedochene-pred-parlamentot/ Fri, 18 Aug 2023 12:03:46 +0000 https://republika.mk/?p=673412

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц е обвинет за лажно сведочење пред Парламентот, соопшти денеска Обвинителството за економски криминал и корупција (WKStA).

Курц и неговиот поранешен шеф на кабинет, Бернхард Бонели, „се обвинети за лажно сведочење пред таканаречениот истражен комитет „Ибица“ на австрискиот Парламент...поврзано со наводната корупција на неговата влада“, соопшти Обвинителството.

Судењето ќе почне на 18 октомври, а доколку биде прогласен за виновен, на Курц му се закануваат три години затвор, соопшти судот во Виена.

Конзервативниот политичар ја напушти функцијата во 2021 година, откако обвинителите почнаа да го испитуваат него и девет други под сомнение за злоупотреба на довербата, корупција и поткуп со различно ниво на вмешаност.

The post Себастијан Курц обвинет за лажно сведочење пред Парламентот appeared first on Република.

]]>

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц е обвинет за лажно сведочење пред Парламентот, соопшти денеска Обвинителството за економски криминал и корупција (WKStA). Курц и неговиот поранешен шеф на кабинет, Бернхард Бонели, „се обвинети за лажно сведочење пред таканаречениот истражен комитет „Ибица“ на австрискиот Парламент...поврзано со наводната корупција на неговата влада“, соопшти Обвинителството. Судењето ќе почне на 18 октомври, а доколку биде прогласен за виновен, на Курц му се закануваат три години затвор, соопшти судот во Виена. Конзервативниот политичар ја напушти функцијата во 2021 година, откако обвинителите почнаа да го испитуваат него и девет други под сомнение за злоупотреба на довербата, корупција и поткуп со различно ниво на вмешаност.

The post Себастијан Курц обвинет за лажно сведочење пред Парламентот appeared first on Република.

]]>
Нови обвинувања против Себастијан Курц за корупција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/novi-obvinuvana-protiv-sebastijan-kurts-za-koruptsija/ Tue, 13 Jun 2023 12:17:27 +0000 https://republika.mk/?p=650868

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц се соочува со нова серија обвиненија за корупција, пренесува сајтот Еуроактив.

Новите обвинување се дел од актуелната истрага на австрискиот специјален обвинител поврзани со корупција и поткуп што веќе подолг период се водат против Курц.

Курц, кој во два наврати беше канцелар на Австрија, моментално е под истрага на Обвинителството за економски прашања и корупција за наводно поткупување на различни медиуми за да добие поволно известување во замена за промена на законот.

Сега обвинителството го истражува Фондот за австриски интеграции, поради незаконско користење на буџетот за маркетинг на јавната институција, со намера да ја унапреди политичката агенда на Курц, јави магазинот „Профил“.

Портпаролот на поранешниот австриски канцелар изјави дека станува збор за „измислени обвинувања кои немаат основа“.

Курц поднесе оставка од канцеларската функција откако во октомври 2021 година почна истрагата на обвинителството.

Обвинувањата датираат од 2016 година, кога тој се уште беше министер за надворешни работи.

Според обвинителството, Министерството за финансии користело и даночни пари за да плати за анкетите што го прикажувале Курц во позитивно светло.

Ова е една од неколкуте истраги за корупција што ја погодија Австрија во последниве години, почнувајќи од аферата Ибица што доведе до пад на владата во 2019 година.

Како резултат на овие афери, Австрија продолжи да паѓа на индексот на корупција на Транспаренси интернешнал за 2022 година и се наоѓа под 20 место на листата на најмалку корумпирани земји, со најлош резултат од 2014 година, покажува бриселскиот портал Еуроактив.

The post Нови обвинувања против Себастијан Курц за корупција appeared first on Република.

]]>

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц се соочува со нова серија обвиненија за корупција, пренесува сајтот Еуроактив. Новите обвинување се дел од актуелната истрага на австрискиот специјален обвинител поврзани со корупција и поткуп што веќе подолг период се водат против Курц. Курц, кој во два наврати беше канцелар на Австрија, моментално е под истрага на Обвинителството за економски прашања и корупција за наводно поткупување на различни медиуми за да добие поволно известување во замена за промена на законот. Сега обвинителството го истражува Фондот за австриски интеграции, поради незаконско користење на буџетот за маркетинг на јавната институција, со намера да ја унапреди политичката агенда на Курц, јави магазинот „Профил“. Портпаролот на поранешниот австриски канцелар изјави дека станува збор за „измислени обвинувања кои немаат основа“. Курц поднесе оставка од канцеларската функција откако во октомври 2021 година почна истрагата на обвинителството. Обвинувањата датираат од 2016 година, кога тој се уште беше министер за надворешни работи. Според обвинителството, Министерството за финансии користело и даночни пари за да плати за анкетите што го прикажувале Курц во позитивно светло. Ова е една од неколкуте истраги за корупција што ја погодија Австрија во последниве години, почнувајќи од аферата Ибица што доведе до пад на владата во 2019 година. Како резултат на овие афери, Австрија продолжи да паѓа на индексот на корупција на Транспаренси интернешнал за 2022 година и се наоѓа под 20 место на листата на најмалку корумпирани земји, со најлош резултат од 2014 година, покажува бриселскиот портал Еуроактив.

The post Нови обвинувања против Себастијан Курц за корупција appeared first on Република.

]]>
Курц со тајно снимен разговор ги руши сите обвиненија против него https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kurc-so-tajno-snimen-razgovor-gi-rushi-site-obvinenija-protiv-nego/ Thu, 20 Oct 2022 09:38:03 +0000 https://republika.mk/?p=563468

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц се брани од обвинувањата на неговиот поранешен пријател Томас Шмид, кој бара статус на крунски сведок, со снимка од телефонски разговор. Шмид, како што може да се види од протоколот на рочиштето, кој беше објавен во јавноста, го обвини Курц дека барал од него да ја преземе вината за аферата поврзана со проневера на пари во министерството за финансии.

Имено, станува збор за плаќање на лажни истражувања и реклами во корист на Народната партија на Австрија (ОВП) и Курц со пари на министерството за финансии, во кое Шмид беше генерален секретар. Шмид, барајќи статус на крунски сведок, тврдеше дека Курц наредил тоа да се направи на тој начин.

Курц ги отфрли сите тие обвиненија, а откако се огласи во јавноста на Фејсбук, неговиот адвокат му предаде на обвинителството снимка од телефонски разговор со Шмид, по покренатата истрага против нив.

На снимката која е направена на 18 октомври минатата година, ден пред средбата за која Шмид тврди дека Курц го принудил да ја преземе вината, тој вели дека Курц не дал налог за реклами и истражување, односно плаќање од буџетот на Министерството. Во тој разговор, Шмид ја обвинува Сабине Бејншаб, која работела во истражувачкиот институт Кармасин, дека издавала дупликат сметки.

Во тој разговор Курц неколкупати кажал дека не ја разбира приказната за исплата на истражувања и огласи од буџетот на министерството, бидејќи не ја дал како наредба, на што Шмид рече дека е измислена од Обвинителството.

Телефонскиот разговор, кој е сниман тајно, сега ја доведува во прашање изјавата на Шмид, кој упати обвинувања и кон други водечки политичари од редовите на ОВП.

The post Курц со тајно снимен разговор ги руши сите обвиненија против него appeared first on Република.

]]>

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц се брани од обвинувањата на неговиот поранешен пријател Томас Шмид, кој бара статус на крунски сведок, со снимка од телефонски разговор. Шмид, како што може да се види од протоколот на рочиштето, кој беше објавен во јавноста, го обвини Курц дека барал од него да ја преземе вината за аферата поврзана со проневера на пари во министерството за финансии. Имено, станува збор за плаќање на лажни истражувања и реклами во корист на Народната партија на Австрија (ОВП) и Курц со пари на министерството за финансии, во кое Шмид беше генерален секретар. Шмид, барајќи статус на крунски сведок, тврдеше дека Курц наредил тоа да се направи на тој начин. Курц ги отфрли сите тие обвиненија, а откако се огласи во јавноста на Фејсбук, неговиот адвокат му предаде на обвинителството снимка од телефонски разговор со Шмид, по покренатата истрага против нив. На снимката која е направена на 18 октомври минатата година, ден пред средбата за која Шмид тврди дека Курц го принудил да ја преземе вината, тој вели дека Курц не дал налог за реклами и истражување, односно плаќање од буџетот на Министерството. Во тој разговор, Шмид ја обвинува Сабине Бејншаб, која работела во истражувачкиот институт Кармасин, дека издавала дупликат сметки. Во тој разговор Курц неколкупати кажал дека не ја разбира приказната за исплата на истражувања и огласи од буџетот на министерството, бидејќи не ја дал како наредба, на што Шмид рече дека е измислена од Обвинителството. Телефонскиот разговор, кој е сниман тајно, сега ја доведува во прашање изјавата на Шмид, кој упати обвинувања и кон други водечки политичари од редовите на ОВП.

The post Курц со тајно снимен разговор ги руши сите обвиненија против него appeared first on Република.

]]>
Курц никогаш повеќе нема да се врати во политиката https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kurc-nikogash-povekje-nema-da-se-vrati-vo-politikata/ Sun, 08 May 2022 08:40:15 +0000 https://republika.mk/?p=499377

Поранешниот австриски канцелар и поранешен лидер на владејачката Народна партија на Австрија (ОВП), Себастијан Курц во првото интервју по повлекувањето од политичката сцена ја отфрли можноста за враќање во политиката и тоа засекогаш.

За виенскиот дневен весник „Кронен цајтунг“, Курц ги отфрли гласините дека би можел да се врати на политичката сцена на претстојното собрание на ОВП, што е закажано за 14 мај.

Курц истакна дека не се радува на лажните гласини за негово враќање во политиката, на кои не се радувал ниту во текот на неговата политичка кариера.

Можам целосно да го исклучам трајното враќање во политиката. Почнав да се занимавам со политика на 16 години, станав државен секретар на 24 години, а оттогаш бев во владата цели десет години. Имав доволно порции политика - порача тој.

Курц додаде дека е среќен што може да и служи на земјата и дека сега е среќен што може да работи во економијата.

Тој најави дека ќе присуствува на собранието на ОВП со цел да му даде поддршка на канцеларот и лидер на партијата Карл Нехамер и неговиот нов тим.

The post Курц никогаш повеќе нема да се врати во политиката appeared first on Република.

]]>

Поранешниот австриски канцелар и поранешен лидер на владејачката Народна партија на Австрија (ОВП), Себастијан Курц во првото интервју по повлекувањето од политичката сцена ја отфрли можноста за враќање во политиката и тоа засекогаш. За виенскиот дневен весник „Кронен цајтунг“, Курц ги отфрли гласините дека би можел да се врати на политичката сцена на претстојното собрание на ОВП, што е закажано за 14 мај. Курц истакна дека не се радува на лажните гласини за негово враќање во политиката, на кои не се радувал ниту во текот на неговата политичка кариера.
Можам целосно да го исклучам трајното враќање во политиката. Почнав да се занимавам со политика на 16 години, станав државен секретар на 24 години, а оттогаш бев во владата цели десет години. Имав доволно порции политика - порача тој.
Курц додаде дека е среќен што може да и служи на земјата и дека сега е среќен што може да работи во економијата. Тој најави дека ќе присуствува на собранието на ОВП со цел да му даде поддршка на канцеларот и лидер на партијата Карл Нехамер и неговиот нов тим.

The post Курц никогаш повеќе нема да се врати во политиката appeared first on Република.

]]>
Курц станува бизнисмен, основал своја компанија во Австрија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kurc-stanuva-biznismen-osnoval-svoja-kompanija-vo-avstrija/ Tue, 25 Jan 2022 14:50:21 +0000 https://republika.mk/?p=449332

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц основал своја компанија во Австрија, пишува „Кронен Цајтунг“, повикувајќи се на луѓе блиски до поранешниот канцелар.

Компанијата се вика „SK Management GmbH“, а седиштето и е во провинцијата Долна Австрија, област Валдфиртел, со која Курц е тесно поврзан бидејќи неговите баба и дедо се од таму.

Курц е управен директор и единствен акционер на неговата компанија. Капиталниот влог изнесува 35.000 евра. При основањето на компанијата, како нејзина дејност е наведено „поседување и управување со акции, обезбедување услуги за управување и консалтинг за менаџмент“.

Претходно беше објавено дека Курц во февруари ќе почне да работи во САД за соработникот на милијардерот Доналд Трамп и инвеститор Питер Тиел, каде неговиот годишен приход може да надмине 500.000 евра.

Кронен Цајтунг“ наведува дека и покрај работата во САД, на Курц му е потребна сопствена компанија за други деловни потфати, како на пример ако сака да инвестира во стартапи или да заработи пари од платени предавања.

Во октомври 2021 година, Себастијан Курц поднесе оставка како канцелар поради антикорупциска истрага, а во декември го објави своето конечно повлекување од политиката.

The post Курц станува бизнисмен, основал своја компанија во Австрија appeared first on Република.

]]>

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц основал своја компанија во Австрија, пишува „Кронен Цајтунг“, повикувајќи се на луѓе блиски до поранешниот канцелар. Компанијата се вика „SK Management GmbH“, а седиштето и е во провинцијата Долна Австрија, област Валдфиртел, со која Курц е тесно поврзан бидејќи неговите баба и дедо се од таму. Курц е управен директор и единствен акционер на неговата компанија. Капиталниот влог изнесува 35.000 евра. При основањето на компанијата, како нејзина дејност е наведено „поседување и управување со акции, обезбедување услуги за управување и консалтинг за менаџмент“. Претходно беше објавено дека Курц во февруари ќе почне да работи во САД за соработникот на милијардерот Доналд Трамп и инвеститор Питер Тиел, каде неговиот годишен приход може да надмине 500.000 евра. „Кронен Цајтунг“ наведува дека и покрај работата во САД, на Курц му е потребна сопствена компанија за други деловни потфати, како на пример ако сака да инвестира во стартапи или да заработи пари од платени предавања. Во октомври 2021 година, Себастијан Курц поднесе оставка како канцелар поради антикорупциска истрага, а во декември го објави своето конечно повлекување од политиката.

The post Курц станува бизнисмен, основал своја компанија во Австрија appeared first on Република.

]]>