се затвора Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/se-zatvora/ За подобро да се разбереме Wed, 18 Sep 2024 08:10:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png се затвора Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/se-zatvora/ 32 32 Со промоција на публикации се затвора изложбата „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-promotsija-na-publikatsii-se-zatvora-izlozhbata-nema-vreme-za-rabota-nema-vreme-oslobodeno-od-rabota/ Wed, 18 Sep 2024 08:10:26 +0000 https://republika.mk/?p=817325

Со промоција на публикацијата „Прекарно за почетници“ се затвора меѓународната изложба „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“

Промоција на публикацијата „Прекарно за почетници“ ќе се одржи во националната галерија „Мала станица“ на 24 септември со почеток во 19 часот. Со овој настан се затвора меѓународната изложба „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“, којашто беше отворена на 3 септември, годинава.

Уредници на брошурата „Прекарно за почетници“ се Виолета Качакова и Ивана Васева, лектурата и преводот се на Невенка Николиќ, графичкиот дизајн и илустрациите се на Немања Трајковиќ, а продукцијата на „Факултет за работи што не се учат“ (ФРУ).

Оваа публикација „Прекарно за почетници“ се однесува на сите независни уметници, културни работници и оние што раководат со мали уметнички и културни субјекти, кои работат во сферата на субвенционираната култура, која има ограничени ресурси. Во оваа средина, индивидуализацијата и конкуренцијата се главните параметри на доминантниот капиталистичкиот начин на производство, кој е доминантен, а и институционалниот и вонинституционалниот сектор се потопени и потчинети на таа логика. Како резултат на тоа, преовладуваат лошите услови за работа, несигурноста на работата и недостатокот на социјална заштита. Публикацијата ги разгледува работничките права на независните уметници и културните работници, како и напорите за подобрување на нивните услови. Ги истражува овие прашања во поширок контекст на културните политики на земјата, кои ги обликуваат севкупните работни услови во вонинституционалниот културен сектор - објаснуваат организаторите.

Промовирана ќе биде и публикацијата „Острови на сродство: Колективен прирачник за инклузивни и одржливи уметнички институции“, која е резултат на двегодишна соработка во рамките на платформата „Острови на сродство“ (Islands of Kinship), која поврзува шест визуелни уметнички институции од различни региони во Европа (Прага, Братислава, Битола/Скопје, Келн, Хелсинки, Рига).

Во оваа публикација група куратори, уметници и експерти, вклучени во нивните организации како координатори за инклузија и одржливост, размислуваат за социјалната и еколошката одговорност во уметничката и институционалната практика од теоретски, политички и практични перспективи. Публикацијата содржи и уметнички проекти што беа претставени на изложби и јавни програми во рамките на „Острови на сродството, велат организаторите.

Со промоциите се затвора меѓународната изложба „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ на која заземат учество десетина уметници од европската и балканската уметничка сцена: селма баниќ, Ленка Ѓоројевиќ и Матеј Ступица, „Хевит колектив“, Лукаш Хофман, Барбора Клајнхамплова, Доротеј Нешовски, Данило Прњат, Павла Сцеранкова, Јижи Скала, „Стонителерс“.

„Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ е во рамки на „19. АКТО фестивал за современи уметности“. Изложбата е поддржана и од Националната стратегија за ревитализација на Чешка (Chech recovery plan).

Досега „АКТО“ одржа целодневен музички настан „Градот ме тера да пеам“ во Битола во партнерска соработка со платформата „СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ“; серијата на мурали низ Македонија, односно на Националната установа Центар за култура „Кочо Рацин“ во Кичево, на објектот на Националната установа Центар за Култура (НУЦК) „Марко Цепенков“ во Прилеп и два мурали на зградите на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје; и меѓународната изложба и јавна програма „Куќата што се распаѓа“ во Музеј на Македонија во рамките на проектот „Не сакаме да бидеме ѕвезди (туку дел од соѕвездијата)“.

До крајот на годината во рамки на фестивалот „АКТО“ предвидени се уште неколку настани.

The post Со промоција на публикации се затвора изложбата „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ appeared first on Република.

]]>

Со промоција на публикацијата „Прекарно за почетници“ се затвора меѓународната изложба „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ Промоција на публикацијата „Прекарно за почетници“ ќе се одржи во националната галерија „Мала станица“ на 24 септември со почеток во 19 часот. Со овој настан се затвора меѓународната изложба „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“, којашто беше отворена на 3 септември, годинава. Уредници на брошурата „Прекарно за почетници“ се Виолета Качакова и Ивана Васева, лектурата и преводот се на Невенка Николиќ, графичкиот дизајн и илустрациите се на Немања Трајковиќ, а продукцијата на „Факултет за работи што не се учат“ (ФРУ).
Оваа публикација „Прекарно за почетници“ се однесува на сите независни уметници, културни работници и оние што раководат со мали уметнички и културни субјекти, кои работат во сферата на субвенционираната култура, која има ограничени ресурси. Во оваа средина, индивидуализацијата и конкуренцијата се главните параметри на доминантниот капиталистичкиот начин на производство, кој е доминантен, а и институционалниот и вонинституционалниот сектор се потопени и потчинети на таа логика. Како резултат на тоа, преовладуваат лошите услови за работа, несигурноста на работата и недостатокот на социјална заштита. Публикацијата ги разгледува работничките права на независните уметници и културните работници, како и напорите за подобрување на нивните услови. Ги истражува овие прашања во поширок контекст на културните политики на земјата, кои ги обликуваат севкупните работни услови во вонинституционалниот културен сектор - објаснуваат организаторите.
Промовирана ќе биде и публикацијата „Острови на сродство: Колективен прирачник за инклузивни и одржливи уметнички институции“, која е резултат на двегодишна соработка во рамките на платформата „Острови на сродство“ (Islands of Kinship), која поврзува шест визуелни уметнички институции од различни региони во Европа (Прага, Братислава, Битола/Скопје, Келн, Хелсинки, Рига).
Во оваа публикација група куратори, уметници и експерти, вклучени во нивните организации како координатори за инклузија и одржливост, размислуваат за социјалната и еколошката одговорност во уметничката и институционалната практика од теоретски, политички и практични перспективи. Публикацијата содржи и уметнички проекти што беа претставени на изложби и јавни програми во рамките на „Острови на сродството, велат организаторите.
Со промоциите се затвора меѓународната изложба „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ на која заземат учество десетина уметници од европската и балканската уметничка сцена: селма баниќ, Ленка Ѓоројевиќ и Матеј Ступица, „Хевит колектив“, Лукаш Хофман, Барбора Клајнхамплова, Доротеј Нешовски, Данило Прњат, Павла Сцеранкова, Јижи Скала, „Стонителерс“. „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ е во рамки на „19. АКТО фестивал за современи уметности“. Изложбата е поддржана и од Националната стратегија за ревитализација на Чешка (Chech recovery plan). Досега „АКТО“ одржа целодневен музички настан „Градот ме тера да пеам“ во Битола во партнерска соработка со платформата „СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ“; серијата на мурали низ Македонија, односно на Националната установа Центар за култура „Кочо Рацин“ во Кичево, на објектот на Националната установа Центар за Култура (НУЦК) „Марко Цепенков“ во Прилеп и два мурали на зградите на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје; и меѓународната изложба и јавна програма „Куќата што се распаѓа“ во Музеј на Македонија во рамките на проектот „Не сакаме да бидеме ѕвезди (туку дел од соѕвездијата)“. До крајот на годината во рамки на фестивалот „АКТО“ предвидени се уште неколку настани.

The post Со промоција на публикации се затвора изложбата „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ appeared first on Република.

]]>
Се затвора полската фабрика каде се произведуваше легендарната „пегла“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/se-zatvora-polskata-fabrika-kade-se-proizveduvashe-legendarnata-pegla/ Tue, 16 Jan 2024 09:03:48 +0000 https://republika.mk/?p=733503

„Stellantis“ ја затвори традиционалната фабрика на „Fiat“ во полскиот град Биелско Биала, а без работа ќе останат 486 вработени – објави претседателката на синдикатот Солидарност Ванда Стржук, пренесува италијанската новинска агенција „ANSA“.

Станува збор за фабрика на некогашната компанија FSM (Fabryka Samochodów Małolitrażowych) која под договор со „Fiat“ уште во раните 70-ти од минатиот век го произведувала моделот „Fiat 126p“, кај нас познат како „пегла“.

Последните години оваа компанија била главно место за производство на дизелски мотори 1.3 мултиџет, што делумно и објаснува зошто се затвора.

Некои од 486-те отпуштени вработени би можеле да пронајдат работа во другите фабрики на „Stellantis“ во Полска.

 

The post Се затвора полската фабрика каде се произведуваше легендарната „пегла“ appeared first on Република.

]]>

„Stellantis“ ја затвори традиционалната фабрика на „Fiat“ во полскиот град Биелско Биала, а без работа ќе останат 486 вработени – објави претседателката на синдикатот Солидарност Ванда Стржук, пренесува италијанската новинска агенција „ANSA“. Станува збор за фабрика на некогашната компанија FSM (Fabryka Samochodów Małolitrażowych) која под договор со „Fiat“ уште во раните 70-ти од минатиот век го произведувала моделот „Fiat 126p“, кај нас познат како „пегла“. Последните години оваа компанија била главно место за производство на дизелски мотори 1.3 мултиџет, што делумно и објаснува зошто се затвора. Некои од 486-те отпуштени вработени би можеле да пронајдат работа во другите фабрики на „Stellantis“ во Полска.  

The post Се затвора полската фабрика каде се произведуваше легендарната „пегла“ appeared first on Република.

]]>
Се затвора „Нома“, најдобриот ресторан во светот на тетовецот Рене Реџепи https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/se-zatvora-noma-najdobriot-restoran-vo-svetot-na-tetovetsot-rene-redhepi/ Tue, 10 Jan 2023 07:53:19 +0000 https://republika.mk/?p=595167

„Нома“ светски познатиот ресторан во Копенхаген, најави дека ќе ги затвори вратите за посетителите на крајот на 2024 година. Од своето отворање пред 20 години, „Нома“ е лидер во индустријата за фино јадење и привлекува гастро-туристи од целиот свет и е на првото место на сите главни листи на најдобри ресторани во светот.

Основачот на Нома, тетовецот Рене Реџепи, исто така е поздравен како еден од највлијателните готвачи во неговата ера. И покрај успехот, Реџепи за Њујорк Тајмс изјави дека барањата за водење врвен ресторан на највисоко можно ниво се неодржливи.

Реџепи призна дека правичното обештетување за близу 100 вработени со задржување на високи стандарди и цени што може да ги поднесе пазарот не е изводливо.

Како резултат на тоа, „Нома“ ќе стане лабораторија за храна со полно работно време, развивајќи нови јадења и производи за својата продавница за е-трговија, Noma Projects, додека ги отвора своите трпезарии само повремено. Улогата на Реџепи затоа ќе се оддалечи од позицијата извршен готвач и повеќе како главен креативен директор.

Затворањето на Нома веројатно ќе има значително влијание врз кулинарскиот свет. Многу готвачи ја проучуваа работата на Реџепи во Нома и продолжија да го шират неговиот стил во други земји. Сепак, критикувана е и културата на кујната на Нома, а поранешните вработени изјавија дека 16-часовното работно време одамна е рутина во Нома, дури и за неплатените работници.

Програмата за стажирање на Нома, исто така, служеше како извор на труд, при што практикантите извршуваа голем дел од трудоинтензивната работа што ја дефинира храната и естетиката на Нома. До неодамна програмата не нудеше плата, а практикантите зборуваа за токсична работна средина, како и забрана за разговор и смеење.

Одлуката за затворање на Нома повторно ја разгоре дебатата за одржливоста на рестораните со висока класа, при што некои повикуваат на целосна ревизија на индустријата. Готвачот Дејвид Кинч, кој неодамна го затвори својот ресторан со три ѕвезди на Мишелин, рече дека светот на рестораните од високата класа е на крстопат и дека мора да направи големи промени за да преживее.

The post Се затвора „Нома“, најдобриот ресторан во светот на тетовецот Рене Реџепи appeared first on Република.

]]>

„Нома“ светски познатиот ресторан во Копенхаген, најави дека ќе ги затвори вратите за посетителите на крајот на 2024 година. Од своето отворање пред 20 години, „Нома“ е лидер во индустријата за фино јадење и привлекува гастро-туристи од целиот свет и е на првото место на сите главни листи на најдобри ресторани во светот. Основачот на Нома, тетовецот Рене Реџепи, исто така е поздравен како еден од највлијателните готвачи во неговата ера. И покрај успехот, Реџепи за Њујорк Тајмс изјави дека барањата за водење врвен ресторан на највисоко можно ниво се неодржливи. Реџепи призна дека правичното обештетување за близу 100 вработени со задржување на високи стандарди и цени што може да ги поднесе пазарот не е изводливо. Како резултат на тоа, „Нома“ ќе стане лабораторија за храна со полно работно време, развивајќи нови јадења и производи за својата продавница за е-трговија, Noma Projects, додека ги отвора своите трпезарии само повремено. Улогата на Реџепи затоа ќе се оддалечи од позицијата извршен готвач и повеќе како главен креативен директор. Затворањето на Нома веројатно ќе има значително влијание врз кулинарскиот свет. Многу готвачи ја проучуваа работата на Реџепи во Нома и продолжија да го шират неговиот стил во други земји. Сепак, критикувана е и културата на кујната на Нома, а поранешните вработени изјавија дека 16-часовното работно време одамна е рутина во Нома, дури и за неплатените работници. Програмата за стажирање на Нома, исто така, служеше како извор на труд, при што практикантите извршуваа голем дел од трудоинтензивната работа што ја дефинира храната и естетиката на Нома. До неодамна програмата не нудеше плата, а практикантите зборуваа за токсична работна средина, како и забрана за разговор и смеење. Одлуката за затворање на Нома повторно ја разгоре дебатата за одржливоста на рестораните со висока класа, при што некои повикуваат на целосна ревизија на индустријата. Готвачот Дејвид Кинч, кој неодамна го затвори својот ресторан со три ѕвезди на Мишелин, рече дека светот на рестораните од високата класа е на крстопат и дека мора да направи големи промени за да преживее.

The post Се затвора „Нома“, најдобриот ресторан во светот на тетовецот Рене Реџепи appeared first on Република.

]]>
Брисел ги затвора центрите за вакцинација против Ковид до крајот на годината https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/brisel-gi-zatvora-centrite-za-vakcinacija-protiv-kovid-do-krajot-na-godinata/ Fri, 11 Nov 2022 12:55:44 +0000 https://republika.mk/?p=572758

Здравствените власти во Брисел најавија дека се пред затворање на центрите за вакцинација против Ковид во градот. Се прецизира дека луѓето кои сакаат да се имунизираат можат да одат во аптеки или кај лекари и медицински сестри.

Одлуката е поврзана со добрите податоци за морбидитетот и состојбата на здравствениот систем. Се известува дека бројот на луѓе кои сакаат вакцина постојано се намалува. Досега во главниот град функционираа четири центри за вакцинација, а само еден ќе продолжи со работа до март следната година.

The post Брисел ги затвора центрите за вакцинација против Ковид до крајот на годината appeared first on Република.

]]>

Здравствените власти во Брисел најавија дека се пред затворање на центрите за вакцинација против Ковид во градот. Се прецизира дека луѓето кои сакаат да се имунизираат можат да одат во аптеки или кај лекари и медицински сестри. Одлуката е поврзана со добрите податоци за морбидитетот и состојбата на здравствениот систем. Се известува дека бројот на луѓе кои сакаат вакцина постојано се намалува. Досега во главниот град функционираа четири центри за вакцинација, а само еден ќе продолжи со работа до март следната година.

The post Брисел ги затвора центрите за вакцинација против Ковид до крајот на годината appeared first on Република.

]]>