се сруши Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/se-srushi/ За подобро да се разбереме Mon, 13 May 2024 18:22:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png се сруши Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/se-srushi/ 32 32 Се сруши џиновски билборд во Мумбаи: Едно лице загина, 50 се повредени https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/se-srushi-dhinovski-bilbord-vo-mumbai-edno-litse-zagina-50-se-povredeni/ Mon, 13 May 2024 18:22:50 +0000 https://republika.mk/?p=777731

Страшна несреќа се случи во Мумбаи кога огромен џиновски билборд беше срушен од бурните ветрови, при што загина најмалку едно лице, а повеќе од 50 беа повредени.

На видеото се гледа како билбордот паѓа на бензинска пумпа и автомобилите на страната на прометниот автопат во Пант Нагар.

Билбордот беше веднаш спроти бензинската пумпа. При падот металната конструкција на билбордот скинала покриви на неколку возила кои биле на пумпата.

Билбордот падна врз автомобили, мотори, луѓе… Им помогнавме на повредените да излезат – изјави за АНИ очевидец.

Дождови и силни ветрови денеска зафатија делови од Мумбаи и соседните градски области, нарушувајќи го нормалниот живот, а неколку луѓе беа повредени во различни инциденти.

Ненадејните дождови и силните ветрови влијаеја на движењето на летовите и возовите. Неколку летови кои доаѓаа до Мумбаи беа пренасочени поради слаба видливост. Патниците се предупредуваат на големи доцнења.

 

The post Се сруши џиновски билборд во Мумбаи: Едно лице загина, 50 се повредени appeared first on Република.

]]>

Страшна несреќа се случи во Мумбаи кога огромен џиновски билборд беше срушен од бурните ветрови, при што загина најмалку едно лице, а повеќе од 50 беа повредени. На видеото се гледа како билбордот паѓа на бензинска пумпа и автомобилите на страната на прометниот автопат во Пант Нагар. Билбордот беше веднаш спроти бензинската пумпа. При падот металната конструкција на билбордот скинала покриви на неколку возила кои биле на пумпата. Билбордот падна врз автомобили, мотори, луѓе… Им помогнавме на повредените да излезат – изјави за АНИ очевидец. Дождови и силни ветрови денеска зафатија делови од Мумбаи и соседните градски области, нарушувајќи го нормалниот живот, а неколку луѓе беа повредени во различни инциденти. Ненадејните дождови и силните ветрови влијаеја на движењето на летовите и возовите. Неколку летови кои доаѓаа до Мумбаи беа пренасочени поради слаба видливост. Патниците се предупредуваат на големи доцнења.  

The post Се сруши џиновски билборд во Мумбаи: Едно лице загина, 50 се повредени appeared first on Република.

]]>