се предадоа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/se-predadoa/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Apr 2022 09:38:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png се предадоа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/se-predadoa/ 32 32 Повеќе од 1.000 украински маринци се предадоа во Мариупол https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/povekje-od-1-000-ukrainski-marinci-se-predadoa-vo-mariupol/ Wed, 13 Apr 2022 09:38:23 +0000 https://republika.mk/?p=487767

Чеченскиот челник Рамзан Кадиров објави дека повеќе од илјада припадници се предале во близина на пристанишниот град Мариупол и ги повика другите украински војници, платеници и паравоени единици се утврдени во челичарницата „Азовстал“.

Информацијата за заробувањето на украинските војници ја потврди подоцна во средата на редовниот брифинг во руското министерство за одбрана, портпаролот генерл-мајорот Игор Конашенков, истакнувајќи дека меѓу заробените се 162 офицери, како и 47 жени војници.

Во градот Мариупол, во областа на металуршкиот погон Илич, како резултат на успешните настапувања на руските вооружени сили и милицијата на Донецката народна република, 1.026 украинските војници на 36-та поморска бригада, доброволно го положија оружјето и се предадоа, рече Конашенков.

Руската државна телевизија во вторникот прикажа предвање на украинските маринци во Железарницата Илич, близу Мариупол, а многумина од нив се повредени. Беа емитувани кадри од украински војници кои одат по улица со рацете во воздух. Еден од нив е прикажен како држи украински пасош.

Во Азовстал во овој момент има околу 200 ранети кои не можета да добијат никаква медицинска помош… За нив и за сите други би било подобро да го прекинат овој бесмислен отпор и да се вратат на своите семејства, порачува Кадиров во својата објава.

Кадиров е познат како голем поддржувач на рускиот претседател Владимир Путин кого повеќепати го повикуваше да не ја запира операцијата во Украина додека не ја „исчисти“ од „бандеровските ѓубриња и нацисти и од чеченскојазичните шејтани“.

The post Повеќе од 1.000 украински маринци се предадоа во Мариупол appeared first on Република.

]]>

Чеченскиот челник Рамзан Кадиров објави дека повеќе од илјада припадници се предале во близина на пристанишниот град Мариупол и ги повика другите украински војници, платеници и паравоени единици се утврдени во челичарницата „Азовстал“. Информацијата за заробувањето на украинските војници ја потврди подоцна во средата на редовниот брифинг во руското министерство за одбрана, портпаролот генерл-мајорот Игор Конашенков, истакнувајќи дека меѓу заробените се 162 офицери, како и 47 жени војници.