СДС и ДУИ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sds-i-dui/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Mar 2024 15:49:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png СДС и ДУИ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sds-i-dui/ 32 32 Лефков: Најважното системско решение во моментов е да се тргнат од власт СДСМ и ДУИ затоа што неодговорно се раководат институциите https://arhiva3.republika.mk/vesti/lefkov-najvazhnoto-sistemsko-reshenie-vo-momentov-e-da-se-trgnat-od-vlast-sdsm-i-dui-zatoa-shto-neodgovorno-se-rakovodat-institutsiite/ Sun, 10 Mar 2024 15:49:49 +0000 https://republika.mk/?p=753372

Во денешното гостување во емисијата „Детектор“ на телевизија Сител гостуваше пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков, тој посочи дека со техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски се видел еден реален однос кон граѓаните.

„Конечно со техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски видовме еден реален однос кон граѓаните. Престанаа практично да се манипулираат граѓаните, престанаа оние замајувања на граѓаните дека ќе се менуваат тогаш ќе стигне затоа што дојде денот кога практично се случи крајот на лагата на СДСМ и на нивните тези кои ги пласираа, па по негова иницијатива дојде и предлог законот за измена за исправите за јавниот сообраќај и за измените во изборниот законик кои ги донесовме консензуално, меѓутоа остана уште овој за патните исправи“, кажа Лефков.

Тој продолжи и додаде дека од страна на власта имало фама и лажни изјави и ја потсети јавноста за изјавите на владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

„Ако зборувате за фама и за лажни изјави тогаш ајде да се потсетиме на изјавите на портпаролот на владата Миле Бошњаковски кога застана на официјално место пред сите национални телевизии и ги убедуваше граѓаните дека нема потреба да се прави гужва за промена на документи“, кажа Лефков.

Тој истакна дека најважното системско решение во моментов е да се тргне и промени оваа власт.

„Најважното системско решение во моментов е да се тргне и промени оваа власт затоа што навистина неодговорно се раководат институциите. Гледаме дека над 75% од граѓаните не се задоволни од она како се врши промената од страна на институциите. Апсолутно треба да се воведе систем на одговорност, меѓутоа мора да ги повикаме и оние кои можат тоа да го спроведат. Се покажа дека не може оваа власт предводена од СДСМ и ДУИ дека не може да го стори тоа, самиот однос дека виновни се граѓаните ни прави дополнителни штети. Мораме во фокус да го ставиме граѓанинот и интересите на граѓанинот, никако не смее да бидат обвинувани граѓаните затоа што нешто пропуштила да го направи државата“, заклучи Лефков.

 

The post Лефков: Најважното системско решение во моментов е да се тргнат од власт СДСМ и ДУИ затоа што неодговорно се раководат институциите appeared first on Република.

]]>

Во денешното гостување во емисијата „Детектор“ на телевизија Сител гостуваше пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков, тој посочи дека со техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски се видел еден реален однос кон граѓаните. „Конечно со техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски видовме еден реален однос кон граѓаните. Престанаа практично да се манипулираат граѓаните, престанаа оние замајувања на граѓаните дека ќе се менуваат тогаш ќе стигне затоа што дојде денот кога практично се случи крајот на лагата на СДСМ и на нивните тези кои ги пласираа, па по негова иницијатива дојде и предлог законот за измена за исправите за јавниот сообраќај и за измените во изборниот законик кои ги донесовме консензуално, меѓутоа остана уште овој за патните исправи“, кажа Лефков. Тој продолжи и додаде дека од страна на власта имало фама и лажни изјави и ја потсети јавноста за изјавите на владиниот портпарол Миле Бошњаковски. „Ако зборувате за фама и за лажни изјави тогаш ајде да се потсетиме на изјавите на портпаролот на владата Миле Бошњаковски кога застана на официјално место пред сите национални телевизии и ги убедуваше граѓаните дека нема потреба да се прави гужва за промена на документи“, кажа Лефков. Тој истакна дека најважното системско решение во моментов е да се тргне и промени оваа власт. „Најважното системско решение во моментов е да се тргне и промени оваа власт затоа што навистина неодговорно се раководат институциите. Гледаме дека над 75% од граѓаните не се задоволни од она како се врши промената од страна на институциите. Апсолутно треба да се воведе систем на одговорност, меѓутоа мора да ги повикаме и оние кои можат тоа да го спроведат. Се покажа дека не може оваа власт предводена од СДСМ и ДУИ дека не може да го стори тоа, самиот однос дека виновни се граѓаните ни прави дополнителни штети. Мораме во фокус да го ставиме граѓанинот и интересите на граѓанинот, никако не смее да бидат обвинувани граѓаните затоа што нешто пропуштила да го направи државата“, заклучи Лефков.  

The post Лефков: Најважното системско решение во моментов е да се тргнат од власт СДСМ и ДУИ затоа што неодговорно се раководат институциите appeared first on Република.

]]>
Јаневска: СДС и ДУИ го уништија образованието, Македонија е на дното на ПИСА тестирањето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-sds-i-dui-go-unishtija-obrazovanieto-makedonija-e-na-dnoto-na-pisa-testiraneto/ Wed, 06 Dec 2023 10:45:57 +0000 https://republika.mk/?p=720273

Образовните политики, ако така можат да се наречат, кои ги спроведуваше Владата на СДС и ДУИ во изминатите години, доживеаја целосен крах. Образовниот систем во државата го допре дното и за тоа веќе имаме потврда и од ОЕЦД како најрелевантна меѓународна организација која ги мери знаењата на учениците, кажа на прес-конференција Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

Резултатите од последното ПИСА тестирање спроведено во 2022 година, зажал се катастрофални. Значително намалени во однос на резултатите постигнати на претходното тестирање во 2018 година.

За потсетување, ПИСА го мери нивото на јазична писменост, односно читање со разбирање, математичка писменост и писменост во областа на природните науки кај учениците на 15 годишна возраст, кажа Јаневска.

Македонија е на дното на ранг листата и во конкуренција со земјите од т.н. трет свет. Или поточно, од вкупно 81 земја кои биле дел од тестирањето, се наоѓаме на 71 место во читање со разбирање, на 68 место по знаења од областа на природните науки и на 61 место по постигањата во областа на математиката.

Во сите три области нашите ученици постигнуваат значително потпросечни резултати.

Раководството на Владата и на Министерството за образование и наука овој факт се обидуваат да го релативизираат, препишувајќи ги намалените резултати како последица на пандемијата, што апсолутно не е точно. Пандемија немаше само во Македонија.

Ова е резултат на неспособните кадри на СДС и ДУИ. Ова е исходот на непромислените и насила направени промени во образовниот систем во изминатите 7 години, почнувајќи од Рената Дескоска, Арбер Адеми, Мила Царовска, па се до актуелниот министер Јетон Шаќири.

Секој со свои лични интереси, не водејќи грижа за тоа каде претходниот запрел. И така, постојано се случуваше се да почнува од почеток, со многу нелогичности, но и со рок на важност од околу година и 2 до 5 месеци, на колку и време Владата ги менуваше овие министри, етикетирајќи ги како некорисни, односно неефикасни и неефективни.

Дали некој ќе преземе одговорност за оваа катастрофа во образованието кај нас, е прашањето?

Како ќе ги поправиме образованието и осакатените ученички генерации? Конечно, дали има смисла овие се уште да бидат на власт? Уште колку генерации треба да уништат?

Во името на ВМРО–ДПМНЕ замолувам повеќе да престанете со преземање мерки за подобрување на образованието, за да не продолжиме да тонеме.

Многупати досега апелиравме дека ќе дојдеме до оваа катастрофа.

Предлагавме наши идеи, цела програма со квалитетни системски решенија, но попусто, кога инаетот на властодршците беше поголем и еве до каде нé донесоа.

Оставка веднаш и од премиерот и од министерот за образование и до избори ве молам ништо да не сте чепнале!, изјави Јаневска.

 

The post Јаневска: СДС и ДУИ го уништија образованието, Македонија е на дното на ПИСА тестирањето appeared first on Република.

]]>

Образовните политики, ако така можат да се наречат, кои ги спроведуваше Владата на СДС и ДУИ во изминатите години, доживеаја целосен крах. Образовниот систем во државата го допре дното и за тоа веќе имаме потврда и од ОЕЦД како најрелевантна меѓународна организација која ги мери знаењата на учениците, кажа на прес-конференција Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.
Резултатите од последното ПИСА тестирање спроведено во 2022 година, зажал се катастрофални. Значително намалени во однос на резултатите постигнати на претходното тестирање во 2018 година. За потсетување, ПИСА го мери нивото на јазична писменост, односно читање со разбирање, математичка писменост и писменост во областа на природните науки кај учениците на 15 годишна возраст, кажа Јаневска.
Македонија е на дното на ранг листата и во конкуренција со земјите од т.н. трет свет. Или поточно, од вкупно 81 земја кои биле дел од тестирањето, се наоѓаме на 71 место во читање со разбирање, на 68 место по знаења од областа на природните науки и на 61 место по постигањата во областа на математиката. Во сите три области нашите ученици постигнуваат значително потпросечни резултати.
Раководството на Владата и на Министерството за образование и наука овој факт се обидуваат да го релативизираат, препишувајќи ги намалените резултати како последица на пандемијата, што апсолутно не е точно. Пандемија немаше само во Македонија. Ова е резултат на неспособните кадри на СДС и ДУИ. Ова е исходот на непромислените и насила направени промени во образовниот систем во изминатите 7 години, почнувајќи од Рената Дескоска, Арбер Адеми, Мила Царовска, па се до актуелниот министер Јетон Шаќири. Секој со свои лични интереси, не водејќи грижа за тоа каде претходниот запрел. И така, постојано се случуваше се да почнува од почеток, со многу нелогичности, но и со рок на важност од околу година и 2 до 5 месеци, на колку и време Владата ги менуваше овие министри, етикетирајќи ги како некорисни, односно неефикасни и неефективни. Дали некој ќе преземе одговорност за оваа катастрофа во образованието кај нас, е прашањето? Како ќе ги поправиме образованието и осакатените ученички генерации? Конечно, дали има смисла овие се уште да бидат на власт? Уште колку генерации треба да уништат? Во името на ВМРО–ДПМНЕ замолувам повеќе да престанете со преземање мерки за подобрување на образованието, за да не продолжиме да тонеме.
Многупати досега апелиравме дека ќе дојдеме до оваа катастрофа. Предлагавме наши идеи, цела програма со квалитетни системски решенија, но попусто, кога инаетот на властодршците беше поголем и еве до каде нé донесоа.
Оставка веднаш и од премиерот и од министерот за образование и до избори ве молам ништо да не сте чепнале!, изјави Јаневска.
 

The post Јаневска: СДС и ДУИ го уништија образованието, Македонија е на дното на ПИСА тестирањето appeared first on Република.

]]>