Саво Коцарев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/savo-kocarev/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Feb 2022 13:46:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Саво Коцарев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/savo-kocarev/ 32 32 Почина доајенот на македонската адвокатура Саво Коцарев https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/pochina-doajenot-na-makedonskata-advokatura-savo-kocarev/ Wed, 02 Feb 2022 13:46:09 +0000 https://republika.mk/?p=453046

Почина доајенот на македонската адвокатура, Саво Коцарев.

Коцарев, активно, цели 55 години, до крајот на својот живот ја извршуваше адвокатската дејност што претставува една од најдолгите и најплодните адвокатски кариери во Македонија.

Препознавајќи го неговиот ентузијазам и исклучителен придонес во изградбата на македонската адвокатура, минатата година Адвокатската комора му додели плакета за 55 години успешно извршување на адвокатската дејност и за подигнување на угледот на адвокатурата.

Во оваа прилика Коцарев истакна дека да се биде дел од адвокатската фела е голема чест. Адвокатурата, нагласи познатиот адвокат, е една благородна професија чија основна мисија e заштита на човековите права и слободите.

Коцарев е роден на 11 декември 1928 година во Охрид. Основно и средно образование завршува во Охрид. Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по што го положува и правосудниот испит. Својата кариера ја започнал како правен референт во различни организации, а во 1961 година работи како стручен соработник во Општинскиот суд Скопје 1. Во Именикот на адвокати се запишува на 01.07.1967 и оттогаш ја извршува адвокатската дејност. Носител беше на лиценцата со број 31.

Адвокатската комора на РМ, претставувана од претседателот Љубомир Михајловски, изрази сочувство до семејството и најблиските.

The post Почина доајенот на македонската адвокатура Саво Коцарев appeared first on Република.

]]>

Почина доајенот на македонската адвокатура, Саво Коцарев. Коцарев, активно, цели 55 години, до крајот на својот живот ја извршуваше адвокатската дејност што претставува една од најдолгите и најплодните адвокатски кариери во Македонија. Препознавајќи го неговиот ентузијазам и исклучителен придонес во изградбата на македонската адвокатура, минатата година Адвокатската комора му додели плакета за 55 години успешно извршување на адвокатската дејност и за подигнување на угледот на адвокатурата. Во оваа прилика Коцарев истакна дека да се биде дел од адвокатската фела е голема чест. Адвокатурата, нагласи познатиот адвокат, е една благородна професија чија основна мисија e заштита на човековите права и слободите. Коцарев е роден на 11 декември 1928 година во Охрид. Основно и средно образование завршува во Охрид. Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по што го положува и правосудниот испит. Својата кариера ја започнал како правен референт во различни организации, а во 1961 година работи како стручен соработник во Општинскиот суд Скопје 1. Во Именикот на адвокати се запишува на 01.07.1967 и оттогаш ја извршува адвокатската дејност. Носител беше на лиценцата со број 31. Адвокатската комора на РМ, претставувана од претседателот Љубомир Михајловски, изрази сочувство до семејството и најблиските.

The post Почина доајенот на македонската адвокатура Саво Коцарев appeared first on Република.

]]>