сателити Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sateliti/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Nov 2024 19:52:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сателити Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sateliti/ 32 32 Русија со една ракета лансираше во орбитата рекордни 51 руски, кинески и ирански сателити https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-so-edna-raketa-lansirashe-vo-orbitata-rekordni-51-ruski-kineski-i-iranski-sateliti/ Tue, 05 Nov 2024 20:56:46 +0000 https://republika.mk/?p=834483

Товар, составен од 49 руски, руско-кинески, руско-зимбабвенски и две ирански мали вселенски сателити, бил транспортиран до целните орбити со руска ракета Сојуз-2.1б лансирана од космодромот Восточни.

Имајќи ги предвид хелиогеофизичките сателити „Јоносфера-М“ бр. 1 и бр. 2 лансирани во орбитата, истовременото лансирање на 51 вселенски објект, стана рекорд во историјата на руската космонаутика.

Во интерес на програмата „UniverSat“, која руската дрѓавна компанија Роскосмос ја спроведува заедно со високообразовните институции во земјата, во вселената се испорачани шест сателити „CubeSat“.

The post Русија со една ракета лансираше во орбитата рекордни 51 руски, кинески и ирански сателити appeared first on Република.

]]>

Товар, составен од 49 руски, руско-кинески, руско-зимбабвенски и две ирански мали вселенски сателити, бил транспортиран до целните орбити со руска ракета Сојуз-2.1б лансирана од космодромот Восточни. Имајќи ги предвид хелиогеофизичките сателити „Јоносфера-М“ бр. 1 и бр. 2 лансирани во орбитата, истовременото лансирање на 51 вселенски објект, стана рекорд во историјата на руската космонаутика. Во интерес на програмата „UniverSat“, која руската дрѓавна компанија Роскосмос ја спроведува заедно со високообразовните институции во земјата, во вселената се испорачани шест сателити „CubeSat“.

The post Русија со една ракета лансираше во орбитата рекордни 51 руски, кинески и ирански сателити appeared first on Република.

]]>
Со сателит ќе се контролира кој, што и каде сади, најави Николовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-satelit-ke-se-kontrolira-koj-shto-i-kade-sadi-najavi-nikolovski/ Sun, 19 Feb 2023 17:59:02 +0000 https://republika.mk/?p=610768

Со исплатата на субвенциите по површина обработливо земјиште независно од видот на земјоделската култура, се создадоа можности за воведување нов пристап во спроведувањето на теренските контроли, т.н. мониторинг на парцели.

Мониторингот кој годинава прв пат се воведува во земјите-членки на ЕУ, а кај нас ќе почне на одредена пилот територија, ќе овозможи контроли преку сателитски снимки кои ќе покажат дали на некоја парцела се одгледува земјоделска култура, без притоа физички да се посети самото место.

Станува збор за Сентинел сателитски снимки (нови сателитски снимки на секои 6 - 10 дена и нивна обработка) кои ќе овозможат воспоставување прецизен систем на детекција на обработуваните површини. Дел од мониторингот на парцелите ќе биде и т.н. гео-тагирање на фотографии кое во севкупниот контролен систем ќе ги вклучи и земјоделците.

Овој вид контроли ќе овозможи целосен мониторинг на сите земјоделски парцели, без посета на самото место, со користење т.н. Сентинел сателитски снимки преку кои се утврдува дали на површината се одгледува земјоделска култура. За почеток, ние ќе го примениме системот на одредена пилот територија со тенденција да се прошири на целата територија на државата во следните години, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Од 2012 година во земјава се вршат контроли кај избран примерок, но со посета на самото место. Се користат и далечински методи преку сателистки снимки кои се прават еднаш до двапати годишно по зони во најпогодниот вегетативен период.

Со воведувањето на мониторингот во иднина, ќе се замени контролата на примерок земјоделски површини со целосен мониторинг на сите земјоделски парцели, а за детекција на културите е потребно да се изготват и вегетативни маркери - индекси за државата, потенцира Николовски.

The post Со сателит ќе се контролира кој, што и каде сади, најави Николовски appeared first on Република.

]]>

Со исплатата на субвенциите по површина обработливо земјиште независно од видот на земјоделската култура, се создадоа можности за воведување нов пристап во спроведувањето на теренските контроли, т.н. мониторинг на парцели. Мониторингот кој годинава прв пат се воведува во земјите-членки на ЕУ, а кај нас ќе почне на одредена пилот територија, ќе овозможи контроли преку сателитски снимки кои ќе покажат дали на некоја парцела се одгледува земјоделска култура, без притоа физички да се посети самото место. Станува збор за Сентинел сателитски снимки (нови сателитски снимки на секои 6 - 10 дена и нивна обработка) кои ќе овозможат воспоставување прецизен систем на детекција на обработуваните површини. Дел од мониторингот на парцелите ќе биде и т.н. гео-тагирање на фотографии кое во севкупниот контролен систем ќе ги вклучи и земјоделците.
Овој вид контроли ќе овозможи целосен мониторинг на сите земјоделски парцели, без посета на самото место, со користење т.н. Сентинел сателитски снимки преку кои се утврдува дали на површината се одгледува земјоделска култура. За почеток, ние ќе го примениме системот на одредена пилот територија со тенденција да се прошири на целата територија на државата во следните години, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Од 2012 година во земјава се вршат контроли кај избран примерок, но со посета на самото место. Се користат и далечински методи преку сателистки снимки кои се прават еднаш до двапати годишно по зони во најпогодниот вегетативен период.
Со воведувањето на мониторингот во иднина, ќе се замени контролата на примерок земјоделски површини со целосен мониторинг на сите земјоделски парцели, а за детекција на културите е потребно да се изготват и вегетативни маркери - индекси за државата, потенцира Николовски.

The post Со сателит ќе се контролира кој, што и каде сади, најави Николовски appeared first on Република.

]]>
Сателитите Албанија 1 и 2 лансирани во вселената https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/satelitite-albanija-1-i-2-lansirani-vo-vselenata/ Wed, 04 Jan 2023 16:42:12 +0000 https://republika.mk/?p=593670

Сателитите Албанија 1 и Албанија 2 вчера беа лансирани во вселената од базата Кејп Канаверал на Флорида. Албанскиот премиер Еди Рамана Фејсбук сподели видео на кое се гледа моментот на лансирањето.

Речено, сторено. Лансирана е ракетата Фалкон 9, носејќи ги нашите два сателити Албанија 1 и Албанија 2 во вселената, напиша Рама.

Рама истакна дека Албанија сега има повеќе можности да ја контролира и заштити својата територија.

Албанија од денеска има повеќе високотехнолошки способности за контрола и заштита на територијата, обезбедувајќи во реално време важни податоци за голем број клучни аспекти за одржлив развој, рече албанскиот премиер, пренесува Косово онлајн.

The post Сателитите Албанија 1 и 2 лансирани во вселената appeared first on Република.

Апасиев: Албанија лансираше сателити, а ние уште лансираме топла вода во студентските домови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/apasiev-albanija-lansirashe-sateliti-a-nie-ushte-lansirame-topla-voda-vo-studentskite-domovi/ Mon, 17 Oct 2022 09:26:50 +0000 https://republika.mk/?p=561969

Албанија лансираше сателит у вселената, пишува лидерот на Левица, Димитар Апасиев на Фејбсук, а ние, како што вели, се уште се мачиме да лансираме топла вода во студентските домови.

Албанија лансираше сателит у вселената.

Северџанистан се мачи да лансира топла вода у студентски домови, стои во статусот на Апасиев.

The post Апасиев: Албанија лансираше сателити, а ние уште лансираме топла вода во студентските домови appeared first on Република.

]]>

Албанија лансираше сателит у вселената, пишува лидерот на Левица, Димитар Апасиев на Фејбсук, а ние, како што вели, се уште се мачиме да лансираме топла вода во студентските домови.
Албанија лансираше сателит у вселената. Северџанистан се мачи да лансира топла вода у студентски домови, стои во статусот на Апасиев.

The post Апасиев: Албанија лансираше сателити, а ние уште лансираме топла вода во студентските домови appeared first on Република.

]]>
Подготвени за лансирање сателитите „Албанија 1“ и „Албанија 2“, Рама ќе ги испрати заедно со Илон Маск https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/podgotveni-za-lansiranje-satelitite-albanija-1-i-albanija-2-rama-kje-gi-isprati-zaedno-so-ilon-mask/ Sun, 16 Oct 2022 17:27:09 +0000 https://republika.mk/?p=561773

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека се подготвени за лансирање двата сателита што ќе бидат испратени во вселената.

Рама на социјалните мрежи напиша дека „двете супертехнолошки очи“ што ќе ја следат Албанија од височините, со висока прецизност и целосна јасност на сликата до 75 cm2, сателитите „Албанија 1“ и „Албанија 2“ се подготвени за лансирање во вселената од вселенскиот центар Кенеди во Флорида, САД.

Албанија ќе има нивно ексклузивно право на користење, за обработка на геопросторни информации (ГИС), како и за обезбедување производи за сликање и други негови компоненти, на голем број институции и субјекти, јавни или приватни, чија работа е поврзана со територијата, води, шуми, пожари, урбан отпад, земјоделско производство, урбан развој, имотни листови и така натаму. Дигитална револуција. Албанија нашата иднина. Нема време за одмор, напиша Рама.

Заедно со Илон Маск, се очекува премиерот во декември да го притисне копчето за лансирање на првите два сателита со албанско знаме.

Албанската национална агенција за цивилна заштита и операторот „Satellogic USA Inc“, во владата во Тирана, на крајот на минатиот месец потпишаа договор за сателитска услуга, во областа на одбраната и безбедноста за следење со напредна технологија на територијата на Република Албанија.

Главен инспекторат на небо што ќе има очи на целата територија на државата, кој нема да има ниту партија, ниту братучеди, ниту привилегии. Со сателитите веќе нема да може да се гради без дозвола, бидејќи сателитите ќе можат да го видат секој волумен подигнат на површината на земјата, рече меѓу другото премиерот Еди Рама по потпишувањето на договорот.

Договорот е во вредност од шест милиони долари и се состои од ексклузивна употреба на два сателита за период од три години.

The post Подготвени за лансирање сателитите „Албанија 1“ и „Албанија 2“, Рама ќе ги испрати заедно со Илон Маск appeared first on Република.

]]>

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека се подготвени за лансирање двата сателита што ќе бидат испратени во вселената. Рама на социјалните мрежи напиша дека „двете супертехнолошки очи“ што ќе ја следат Албанија од височините, со висока прецизност и целосна јасност на сликата до 75 cm2, сателитите „Албанија 1“ и „Албанија 2“ се подготвени за лансирање во вселената од вселенскиот центар Кенеди во Флорида, САД.
Албанија ќе има нивно ексклузивно право на користење, за обработка на геопросторни информации (ГИС), како и за обезбедување производи за сликање и други негови компоненти, на голем број институции и субјекти, јавни или приватни, чија работа е поврзана со територијата, води, шуми, пожари, урбан отпад, земјоделско производство, урбан развој, имотни листови и така натаму. Дигитална револуција. Албанија нашата иднина. Нема време за одмор, напиша Рама.
Заедно со Илон Маск, се очекува премиерот во декември да го притисне копчето за лансирање на првите два сателита со албанско знаме. Албанската национална агенција за цивилна заштита и операторот „Satellogic USA Inc“, во владата во Тирана, на крајот на минатиот месец потпишаа договор за сателитска услуга, во областа на одбраната и безбедноста за следење со напредна технологија на територијата на Република Албанија.