сашо пижески пиже Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sasho-pizeski-pize/ За подобро да се разбереме Wed, 18 May 2022 06:46:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сашо пижески пиже Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sasho-pizeski-pize/ 32 32 На четиригодишнината од смртта на Зеко, почина Пиже https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/na-chetirigodishninata-od-smrtta-na-zeko-pochina-pize/ Wed, 18 May 2022 06:28:06 +0000 https://republika.mk/?p=503187

На 57-годишна возраст почина Сашо Пижевски – Пиже, познат скопски шоумен, пејач и угостител.

Пиже е роден е во Дебар Маало, каде го поминал своето детство, за потоа да се преселил во Влае, каде што и до денеска живееше. Тој е еден од главните творци на ноќниот и забавен живот во Скопје од крајот на 80-тите па со мали паузи сè до денес.

Заедно со Горан Атанасов – Зеко и Игор Џамбазов бил основач и член на култната група Хавана Бенд, која била своевидна атракција на македонската естрада во раните 90-ти, позната по хитовите Шток ми бејби, Нема спас, Дај ми, жити се и др. По нејзиното распаѓање, се посветил на својот бизнис – угостителството и само повремено, како гостин, учествувал во неколку музички проекти.

https://arhiva.republika.mk/917857

Во последно време актуелен беше со повторното обединување на Хавана Бенд и нивниот хит Балада за мајка ти и татко ти, плод на соработката со Александар Митевски и како сопственик на привлечниот кафе-бар Мајка ти и татко ти.

Пиже почина во ист ден со Зеко. Непосредно пред смртта, на социјалните мрежи спродели сеќавање на пријателот.

Тажната вест на социјалните мрежи прв ја објави Игор Џамбазов.

„Каде бе Пиже? Каде бе брате? Само пред пет дена пиевме кафе кај мене у маало. Ми збореше за Скјатос, а во очите ти светкаа тинејџерски искри на радост. Имаше повеќе живот во тебе од сите гости во бавчата. Ми рече: “Џамбаз, уште не и ме се дааме на копиљациве, така? Па шо бе, боље изглеаме од нив”. Довидување, другар мој. И сликни едно селфи од горе. Ја ќе го објавам, ти шерни го. Тага. Збогум брате…“, напиша Џамбазов.

The post На четиригодишнината од смртта на Зеко, почина Пиже appeared first on Република.

]]>

На 57-годишна возраст почина Сашо Пижевски – Пиже, познат скопски шоумен, пејач и угостител. Пиже е роден е во Дебар Маало, каде го поминал своето детство, за потоа да се преселил во Влае, каде што и до денеска живееше. Тој е еден од главните творци на ноќниот и забавен живот во Скопје од крајот на 80-тите па со мали паузи сè до денес. Заедно со Горан Атанасов – Зеко и Игор Џамбазов бил основач и член на култната група Хавана Бенд, која била своевидна атракција на македонската естрада во раните 90-ти, позната по хитовите Шток ми бејби, Нема спас, Дај ми, жити се и др. По нејзиното распаѓање, се посветил на својот бизнис – угостителството и само повремено, како гостин, учествувал во неколку музички проекти. https://arhiva.republika.mk/917857 Во последно време актуелен беше со повторното обединување на Хавана Бенд и нивниот хит Балада за мајка ти и татко ти, плод на соработката со Александар Митевски и како сопственик на привлечниот кафе-бар Мајка ти и татко ти. Пиже почина во ист ден со Зеко. Непосредно пред смртта, на социјалните мрежи спродели сеќавање на пријателот. Тажната вест на социјалните мрежи прв ја објави Игор Џамбазов. „Каде бе Пиже? Каде бе брате? Само пред пет дена пиевме кафе кај мене у маало. Ми збореше за Скјатос, а во очите ти светкаа тинејџерски искри на радост. Имаше повеќе живот во тебе од сите гости во бавчата. Ми рече: “Џамбаз, уште не и ме се дааме на копиљациве, така? Па шо бе, боље изглеаме од нив”. Довидување, другар мој. И сликни едно селфи од горе. Ја ќе го објавам, ти шерни го. Тага. Збогум брате…“, напиша Џамбазов.

The post На четиригодишнината од смртта на Зеко, почина Пиже appeared first on Република.

]]>