Сашо Огненовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sasho-ognenovski/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Dec 2023 07:59:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сашо Огненовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sasho-ognenovski/ 32 32 Промоција на бугарското издание на романот „Турнеја“ од Сашо Огненовски во КИЦ во Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-bugarskoto-izdanie-na-romanot-turneja-od-sasho-ognenovski-vo-kits-vo-sofija/ Tue, 19 Dec 2023 07:59:22 +0000 https://republika.mk/?p=724422

Денеска, од 18:30 часот, во галеријата на Културно-информативниот центар на Република Македонија, ќе се одржи промоцијата на бугарското издание на романот „Турнеја“ (из. „Изида“) од македонскиот писател Сашо Огненовски. Романот ќе биде претставен од издавачот и книжевен критичар Пламен Тотев, преведувачот Маријан Петров и од самиот автор Сашо Огненовски.

Што се случува кога театар раководен од фатени за гуши медиокритети ќе тргне на светска турнеја?

Романот „Турнеја“ е безмилосна сатира за проблемите во театарската институција. Уметноста е уништувана малку по малку од желните за власт псевдоинтелектуалци.

Брилијантно конструираните ликови на Сашо Огненовски ги доживуваат своите лични трагедии на фонот на непрестаен распад, придружен со многу хумор и иронија. А загатката за тоа кој е мистериозниот Азазел (или Арлекин или Бегемот) којшто потпишува смртни пресуди зад сцената го држи читателот на нокти до последната страница.

Кој ќе преживее последен? Тоа е прашањето.

Сашо Огненовски (1964, Битола) е актер, режисер и писател. Дипломирал на Факултетот за театарска уметност во Скопје 1987 година. Магистер по PR и медиуми. Работел како наставник на Педагошкиот факултет во Битола. Има над 100 улоги во Народниот театар во Битола. Автор е на над 10 книги поезија, проза, драми и истражувања.

 

The post Промоција на бугарското издание на романот „Турнеја“ од Сашо Огненовски во КИЦ во Софија appeared first on Република.

]]>

Денеска, од 18:30 часот, во галеријата на Културно-информативниот центар на Република Македонија, ќе се одржи промоцијата на бугарското издание на романот „Турнеја“ (из. „Изида“) од македонскиот писател Сашо Огненовски. Романот ќе биде претставен од издавачот и книжевен критичар Пламен Тотев, преведувачот Маријан Петров и од самиот автор Сашо Огненовски. Што се случува кога театар раководен од фатени за гуши медиокритети ќе тргне на светска турнеја? Романот „Турнеја“ е безмилосна сатира за проблемите во театарската институција. Уметноста е уништувана малку по малку од желните за власт псевдоинтелектуалци. Брилијантно конструираните ликови на Сашо Огненовски ги доживуваат своите лични трагедии на фонот на непрестаен распад, придружен со многу хумор и иронија. А загатката за тоа кој е мистериозниот Азазел (или Арлекин или Бегемот) којшто потпишува смртни пресуди зад сцената го држи читателот на нокти до последната страница. Кој ќе преживее последен? Тоа е прашањето. Сашо Огненовски (1964, Битола) е актер, режисер и писател. Дипломирал на Факултетот за театарска уметност во Скопје 1987 година. Магистер по PR и медиуми. Работел како наставник на Педагошкиот факултет во Битола. Има над 100 улоги во Народниот театар во Битола. Автор е на над 10 книги поезија, проза, драми и истражувања.  

The post Промоција на бугарското издание на романот „Турнеја“ од Сашо Огненовски во КИЦ во Софија appeared first on Република.

]]>