Сашо Мијалков Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sasho-mijalkov/ За подобро да се разбереме Wed, 19 Jul 2023 08:54:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сашо Мијалков Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sasho-mijalkov/ 32 32 Запленетите акции на Мијалков на аукција на берза https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zaplenetite-aktsii-na-mijalkov-na-auktsija-na-berza/ Wed, 19 Jul 2023 08:54:45 +0000 https://republika.mk/?p=663007

Во наредните пет дена ќе бидат ставени на аукција акциите запленети од предметот „Империја“ кои се во сопственост на поранешниот шеф на Управата за контраразузнавање Сашо Мијалков, објави РСЕ.

Акциите денеска ќе бидат ставени за тргување на Македонската берза за хартии од вредност по принципот „се или ништо“.

Тоа значи акциите во „ТТК“ банка, Тутунски Комбинат „Прилеп“, „Акцелор Митал“, Стопанска Банка Битола, „Попова Кула“, „Халк Банка“, Југотур и РЖ Услуги ќе се продаваат во пакет. Нив сегашен сопственик е Агенцијата за конфискуван имот.

The post Запленетите акции на Мијалков на аукција на берза appeared first on Република.

]]>

Во наредните пет дена ќе бидат ставени на аукција акциите запленети од предметот „Империја“ кои се во сопственост на поранешниот шеф на Управата за контраразузнавање Сашо Мијалков, објави РСЕ. Акциите денеска ќе бидат ставени за тргување на Македонската берза за хартии од вредност по принципот „се или ништо“. Тоа значи акциите во „ТТК“ банка, Тутунски Комбинат „Прилеп“, „Акцелор Митал“, Стопанска Банка Битола, „Попова Кула“, „Халк Банка“, Југотур и РЖ Услуги ќе се продаваат во пакет. Нив сегашен сопственик е Агенцијата за конфискуван имот.

The post Запленетите акции на Мијалков на аукција на берза appeared first on Република.

]]>
Mинистерот за правда жали што застарел уште еден случај за Мијалков https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-za-pravda-zhali-shto-zastarel-ushte-eden-sluchaj-za-mijalkov/ Thu, 30 Mar 2023 15:14:21 +0000 https://republika.mk/?p=625555

Министерот за правда Кренар Лога во реакција за случајот „Титаник 2“ изразува  жалење, како што наведува, што се дозволило да застари уште еден предмет и тоа за ист обвинет и повикува сите институциии и организации итно да преземат мерки за брзи реформи.

Лога наведува   дека веднаш по стапувањето на функцијата министер за правда, испратил дописи до Судскиот совет, Советот на јавни обвинители и Јавното обвинителство на 14 март годинава каде,  предупредил  и побарал поефикасно и невремено преземање мерки со цел спречување вакви и слични ситуации на застарување судски предмети преку одложувања на судските процеси.

-Жалам што се дозволи да застари уште еден предмет „Титаник 2 и тоа за ист обвинет. И покрај мојата заложба да не се мешам во независноста на судската власт, принуден сум да реагирам, да ги повикам сите институции и организации итно да преземат мерки за брзи реформи. Ваквите случаи не му одат во прилог на развојот на општеството туку напротив, со штетата која ќе ја предизвикаат уште повеќе ќе ја поткопаат довербата на граѓаните во целиот  систем, вели министерот Лога  во реакцијата. 

Апелацискиот суд Скопје  денеска ја одложи седницата за „Титаник 2“ за 13 април поради отсуство на дел од обвинетите, кои биле неуредно поканети.
На седница во Апелација за жалбите по првостепената пресуда за повторената постапка за случајот „Титаник 2“, присутни беа само Сашо Мијалков и Бедредин Ибраими, кој рече дека не добил покана, но дознал по допрен глас и дошол на седницата. Не беа присутни лидерот на ДПА Мендух Тачи и членовите на ДИК Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев, кои судот констатира дека биле неуредно поканети.
На 23 јануари годинава, Основниот кривичен суд ги прогласи за виновни и им изрече вкупна казна од 12 години затвор на обвинетите во повторената постапка за случајот „Титаник 2“, кој се однесува за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година во Општина Струмица.

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, за стореното кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ судот го осуди на казна затвор во траење од две години, во која се пресметува и времето поминато во притвор. Кривичното дело на Мијалков за „примање награда за противзаконито влијание” застарува на почетокот на април.

Основниот кривичен суд во Скопје на 8 март 2019 година на обвинетите во случајот „Титаник 2“ им изрече вкупно 19 години и осум месеци казна затвор, но Апелациониот суд Скопје во ноември 2019 година, поради суштествени повреди на постапката, ја укина првостепената пресуда и случајот го врати на повторно одлучување

The post Mинистерот за правда жали што застарел уште еден случај за Мијалков appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Кренар Лога во реакција за случајот „Титаник 2“ изразува  жалење, како што наведува, што се дозволило да застари уште еден предмет и тоа за ист обвинет и повикува сите институциии и организации итно да преземат мерки за брзи реформи.

Лога наведува   дека веднаш по стапувањето на функцијата министер за правда, испратил дописи до Судскиот совет, Советот на јавни обвинители и Јавното обвинителство на 14 март годинава каде,  предупредил  и побарал поефикасно и невремено преземање мерки со цел спречување вакви и слични ситуации на застарување судски предмети преку одложувања на судските процеси.

-Жалам што се дозволи да застари уште еден предмет „Титаник 2 и тоа за ист обвинет. И покрај мојата заложба да не се мешам во независноста на судската власт, принуден сум да реагирам, да ги повикам сите институции и организации итно да преземат мерки за брзи реформи. Ваквите случаи не му одат во прилог на развојот на општеството туку напротив, со штетата која ќе ја предизвикаат уште повеќе ќе ја поткопаат довербата на граѓаните во целиот  систем, вели министерот Лога  во реакцијата. 

Апелацискиот суд Скопје  денеска ја одложи седницата за „Титаник 2“ за 13 април поради отсуство на дел од обвинетите, кои биле неуредно поканети.
На седница во Апелација за жалбите по првостепената пресуда за повторената постапка за случајот „Титаник 2“, присутни беа само Сашо Мијалков и Бедредин Ибраими, кој рече дека не добил покана, но дознал по допрен глас и дошол на седницата. Не беа присутни лидерот на ДПА Мендух Тачи и членовите на ДИК Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев, кои судот констатира дека биле неуредно поканети.
На 23 јануари годинава, Основниот кривичен суд ги прогласи за виновни и им изрече вкупна казна од 12 години затвор на обвинетите во повторената постапка за случајот „Титаник 2“, кој се однесува за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година во Општина Струмица.
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, за стореното кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ судот го осуди на казна затвор во траење од две години, во која се пресметува и времето поминато во притвор. Кривичното дело на Мијалков за „примање награда за противзаконито влијание” застарува на почетокот на април. Основниот кривичен суд во Скопје на 8 март 2019 година на обвинетите во случајот „Титаник 2“ им изрече вкупно 19 години и осум месеци казна затвор, но Апелациониот суд Скопје во ноември 2019 година, поради суштествени повреди на постапката, ја укина првостепената пресуда и случајот го врати на повторно одлучување

The post Mинистерот за правда жали што застарел уште еден случај за Мијалков appeared first on Република.

]]>
Застаре делото во случајот „Титаник 2“ за Сашо Мијалков!? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zastare-deloto-vo-sluchajot-titanik-2-za-sasho-mijalkov/ Tue, 28 Mar 2023 09:33:54 +0000 https://republika.mk/?p=624583

Како што неславно започна, така уште понеславно привршува предметот „Титаник 2“, кој се однесуваше на прегласувањето во Струмица на изборите во 2013 година, пишува „Плусинфо“, потсетувајќи дека поминаа точно 10 години од телефонскиот разговор меѓу Мијалков и Тачи и со тоа настапи апсолутна застареност на Кривичното дело за кое се гони Мијалков.

Синоќа, околу полноќ истекоа точно десет години од моментот кога, според СЈО, е извршен спорниот разговор на Мијалков, односно од моментот кога е извршено делото, пишува порталот.

Кривичниот законик, кој во Глава 10 ја третира застареноста на делата, во член 107 предвидува дека едно дело за кое е запретена казна затвор над 3 години, не може да се гони доколку поминат 5 години од извршувањето. Овој член е важен, поради тоа што во следниот член 108, кој се однесува на текот и прекинот на застарувањето на кривичното гонење, децидно се вели:

„Застареност на кривичното гонење настапува во секој случај кога ќе помине двапати онолку време колку што според законот се бара за застареност на кривичното гонење“.

Тоа практично значи дека за ова дело, за кое можноста за кривично гонење застарува за 5 години, апсолутната застареност настапува за 10 години. За Мијалков таа настапила вчера. На Апелациониот суд не му останува ништо друго освен да констатира дека по закон делото за Мијалков е застарено.

Некој во Апелација повторно го злоупотребува угледот на судот и пушта попладневни покани за медиуми, пишува „Плусинфо“.

Вчера доцна попладнето на интернет страницата на Апелациониот суд Скопје, осамна несекојдневно соопштение, во кое што судот ја кани јавноста на јавна седница.

Целата сторија на „Плусинфо

The post Застаре делото во случајот „Титаник 2“ за Сашо Мијалков!? appeared first on Република.

]]>

Како што неславно започна, така уште понеславно привршува предметот „Титаник 2“, кој се однесуваше на прегласувањето во Струмица на изборите во 2013 година, пишува „Плусинфо“, потсетувајќи дека поминаа точно 10 години од телефонскиот разговор меѓу Мијалков и Тачи и со тоа настапи апсолутна застареност на Кривичното дело за кое се гони Мијалков. Синоќа, околу полноќ истекоа точно десет години од моментот кога, според СЈО, е извршен спорниот разговор на Мијалков, односно од моментот кога е извршено делото, пишува порталот. Кривичниот законик, кој во Глава 10 ја третира застареноста на делата, во член 107 предвидува дека едно дело за кое е запретена казна затвор над 3 години, не може да се гони доколку поминат 5 години од извршувањето. Овој член е важен, поради тоа што во следниот член 108, кој се однесува на текот и прекинот на застарувањето на кривичното гонење, децидно се вели:
„Застареност на кривичното гонење настапува во секој случај кога ќе помине двапати онолку време колку што според законот се бара за застареност на кривичното гонење“.
Тоа практично значи дека за ова дело, за кое можноста за кривично гонење застарува за 5 години, апсолутната застареност настапува за 10 години. За Мијалков таа настапила вчера. На Апелациониот суд не му останува ништо друго освен да констатира дека по закон делото за Мијалков е застарено. Некој во Апелација повторно го злоупотребува угледот на судот и пушта попладневни покани за медиуми, пишува „Плусинфо“. Вчера доцна попладнето на интернет страницата на Апелациониот суд Скопје, осамна несекојдневно соопштение, во кое што судот ја кани јавноста на јавна седница. Целата сторија на „Плусинфо

The post Застаре делото во случајот „Титаник 2“ за Сашо Мијалков!? appeared first on Република.

]]>
Мијалков и Тачи добија по две години затвор за „Титаник 2“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mijalkov-i-tachi-dobija-po-dve-godini-zatvor-za-titanik-2/ Mon, 23 Jan 2023 12:28:59 +0000 https://republika.mk/?p=599988

Мендух Тачи и Сашо Мијалков се виновни за случајот „Титаник 2“, предмет што се однесува на изборни нерегуларности, одлучи денеска Кривичниот суд – Скопје.

Судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани одново го пресудија предметот „Титаник 2“ кој се однесува на изборни нерегуларности сторени на изборите во 2013 година.

Судот ги ценел сите олеснителни и отежителни околности и ги огласи сите осомничени за виновни.

Лидерот на ДПА е осуден на затворска казна во траење од две години, додека пак поранешниот директор на УБК исто така доби две години затвор.

The post Мијалков и Тачи добија по две години затвор за „Титаник 2“ appeared first on Република.

]]>

Мендух Тачи и Сашо Мијалков се виновни за случајот „Титаник 2“, предмет што се однесува на изборни нерегуларности, одлучи денеска Кривичниот суд – Скопје. Судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани одново го пресудија предметот „Титаник 2“ кој се однесува на изборни нерегуларности сторени на изборите во 2013 година. Судот ги ценел сите олеснителни и отежителни околности и ги огласи сите осомничени за виновни. Лидерот на ДПА е осуден на затворска казна во траење од две години, додека пак поранешниот директор на УБК исто така доби две години затвор.

The post Мијалков и Тачи добија по две години затвор за „Титаник 2“ appeared first on Република.

]]>
Обвинителот Бубевски побара Мијалков и Тачи да бидат прогласени за виновни во „Титаник 2“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/obvinitelot-bubevski-pobara-mijalkov-i-tachi-da-bidat-proglaseni-za-vinovni-vo-titanik-2/ Tue, 17 Jan 2023 16:16:55 +0000 https://republika.mk/?p=598006

Обвинителот Гаврил Бубевски побара Сашо Мијалков, Мендух Тачи и поранешните членови на Државната изборна комисија да бидат огласени за виновни во случајот „Титаник 2“, предмет што се однесува на изборни нерегуларности.

Како што пренесува А1он, обвинителот посочил отежнувачки и олеснителни околности за секој поединечно. Така, за поранешните членови на ДИК, како олеснителна околност посочил дека не се водат други постапки и не се осудувани, а злоупотребата на нивното знаење и незаконитостите што ги правеле пред очите на јавноста, според него, се отежнувачки околности.

Кај поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како отежнувачки околности Бубевски ги посочил степенот на кривична одговорност, побудите зошто го сторил кривичното дело, фактот што против него се водат други кривични осуди, како и тоа што има правосилна пресуда, а како олеснителни неговото културно однесување и почитувањето на судот.

За Мендух Тачи обвинителот посочил дека Судот треба да цени дека како отежнувачка околност се директната умисла поттикнување и околностите, а, од друга страна, треба да се акцентира неговото почитување на Судот и на Обвинителството.

Обвинителот побарал секој од обвинетите да одговара според степенот на кривичното дело.

Кривичниот суд во 2019 година го осуди поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, а во декември истата година Апелациониот суд ја укина пресудата поради суштествени повреди на постапката и случајот го врати на повторно судење.

Според обвинението на СЈО, Мијалков преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, нарачал да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на тогашниот кандидат за градоначалник, Зоран Заев.

Процесот го води судијата Огнен Ставрев. Датумот за пресудата ќе биде објавен по завршните зборови

The post Обвинителот Бубевски побара Мијалков и Тачи да бидат прогласени за виновни во „Титаник 2“ appeared first on Република.

]]>

Обвинителот Гаврил Бубевски побара Сашо Мијалков, Мендух Тачи и поранешните членови на Државната изборна комисија да бидат огласени за виновни во случајот „Титаник 2“, предмет што се однесува на изборни нерегуларности. Како што пренесува А1он, обвинителот посочил отежнувачки и олеснителни околности за секој поединечно. Така, за поранешните членови на ДИК, како олеснителна околност посочил дека не се водат други постапки и не се осудувани, а злоупотребата на нивното знаење и незаконитостите што ги правеле пред очите на јавноста, според него, се отежнувачки околности. Кај поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како отежнувачки околности Бубевски ги посочил степенот на кривична одговорност, побудите зошто го сторил кривичното дело, фактот што против него се водат други кривични осуди, како и тоа што има правосилна пресуда, а како олеснителни неговото културно однесување и почитувањето на судот. За Мендух Тачи обвинителот посочил дека Судот треба да цени дека како отежнувачка околност се директната умисла поттикнување и околностите, а, од друга страна, треба да се акцентира неговото почитување на Судот и на Обвинителството. Обвинителот побарал секој од обвинетите да одговара според степенот на кривичното дело. Кривичниот суд во 2019 година го осуди поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, а во декември истата година Апелациониот суд ја укина пресудата поради суштествени повреди на постапката и случајот го врати на повторно судење. Според обвинението на СЈО, Мијалков преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, нарачал да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на тогашниот кандидат за градоначалник, Зоран Заев. Процесот го води судијата Огнен Ставрев. Датумот за пресудата ќе биде објавен по завршните зборови

The post Обвинителот Бубевски побара Мијалков и Тачи да бидат прогласени за виновни во „Титаник 2“ appeared first on Република.

]]>
Се судрија Кривичниот суд и затворот во Струга за неспроведувањето на Мијалков ќе се испитува https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-sudrija-krivichniot-sud-i-zatvorot-vo-struga-za-nesproveduvanjeto-na-mijalkov-kje-se-ispituva/ Fri, 23 Dec 2022 07:41:59 +0000 https://republika.mk/?p=588982

Неспроведувањето на обвинетиот Сашо Мијалков од Затворот Струга на вчерашното рочиште за „Титаник 2“ во Основниот кривичен суд Скопје ќе го испитува Управата за извршување на санкции. Додека за Затворот во Струга ова е техничка грешка на Кривичен, од Судот велат дека тој бил уредно поканет.

Управата за извршување на санкции вчера најави дека ќе ги преземе сите активности што се во нејзина надлежност и ќе направи вонреден надзор со цел да се утврди фактичката состојба поради која обвинетиот Сашо Мијалков не е спроведен од затворот Струга на судење за случајот „Титаник 2“.

]Ќе се утврдува одговорност и ќе бидат санкционирани сите кои направиле пропусти, намерни или ненамерни. За извршениот вонреден надзор, јавноста ќе биде дополнително информирана, се наведува во соопштението од Управата за извршување на санкции.

Директорот на затворот во Струга, Ваљон Ќуља, во одговор на МИА, вели дека станува збор за техничка грешка во датумите од страна на Кривичниот суд во Скопје.

Станува збор за техничка грешка од страна на Кривичниот суд. Во нашата институција сме примиле наредба за спровод на осудениот Сашо Мијалков на 28.11.2022 година за одредено судско рочиште на 12.12.2022 година. По оваа наредба ние сме постапиле и сме го испратиле осудениот Мијалков на рочиште. Ова судско рочиште е одложено, и потоа, на 14.12.2022 година во нашата институција пристигна пак барање од Кривичниот суд за истото лице, но, и во ова барање, датумот на судското рочиште е истиот од претходното барање, значи 12.12.2022 година. Значи евидентно е дека станува збор за техничка грешка, рече директорот Куља за МИА.

Од Кривичен, пак, велат дека на 14.12.2022 година затворот во Струга има примено наредба за спровод на обвинетото лице за денешната расправа.

На денешната главна расправа, судечкиот совет пред странките ја прочита повратницата од Затворот Струга на која е наведено дека на 14.12.2022 година имаат примено наредба од Основниот кривичен суд Скопје, за спровод на посоченото лице на денешната расправа, велат од Кривичен суд.

Подоцна Кривичен, во соопштение до медиумите, ја објави повратницата од доставата на наредба за спровод од Затворот Струга.

Од Судот, наведуваат дека од судската пракса по која се постапува, наредбата може да содржи дата за насрочена прва главна расправа, а за сите понатамошни наредби важи Евидентниот број на повратницата која ја добива Затворот.

Во однос на објаснувањето на Затворот Струга дека наредбата се однесува за 12.12.2022 година ( кога се одржала последната расправа), особено е важно да се истакне дека Затворот истата ја примил на 14.12.2022 (евидентно од повратницата) па нејасно е како би ја спровеле наредбата два дена подоцна. Дотолку повеќе што на судењето одржано на 12.12.2022 година во присуство и на обвинетиот, неговите бранители како и спроводната служба од Затворот Струга е нагласено дека следната расправа е насрочена за 22.12.2022 година и сите пристуни се сметаат за уредно повикани, стои во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

За предметот „Титаник 2“, кој се однесува на злоупотреби и влијанија во Државната изборна комисија за изборите во 2013 година, Кривичниот суд во март 2019 година неправосилно го осуди поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков на три години затвор за примање награда за противзаконито влијание.

Според обвинението Мијалков преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, нарачал да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на тогашниот кандидат за градоначалник, Зоран Заев.

Во декември истата година Апелациониот суд ја укина пресудата поради суштествени повреди на постапката и случајот го врати на повторно судење.

Следното рочиште за „Титаник 2“ во Основниот кривичен суд Скопје е закажано на 26.12.2022 година.

Освен за оваа првостепена пресуда, Апелација претходно ги укина и првостепените пресудите против Мијалков за „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“ и ги врати на повторно судење.

The post Се судрија Кривичниот суд и затворот во Струга за неспроведувањето на Мијалков ќе се испитува appeared first on Република.

]]>

Неспроведувањето на обвинетиот Сашо Мијалков од Затворот Струга на вчерашното рочиште за „Титаник 2“ во Основниот кривичен суд Скопје ќе го испитува Управата за извршување на санкции. Додека за Затворот во Струга ова е техничка грешка на Кривичен, од Судот велат дека тој бил уредно поканет. Управата за извршување на санкции вчера најави дека ќе ги преземе сите активности што се во нејзина надлежност и ќе направи вонреден надзор со цел да се утврди фактичката состојба поради која обвинетиот Сашо Мијалков не е спроведен од затворот Струга на судење за случајот „Титаник 2“.
]Ќе се утврдува одговорност и ќе бидат санкционирани сите кои направиле пропусти, намерни или ненамерни. За извршениот вонреден надзор, јавноста ќе биде дополнително информирана, се наведува во соопштението од Управата за извршување на санкции.
Директорот на затворот во Струга, Ваљон Ќуља, во одговор на МИА, вели дека станува збор за техничка грешка во датумите од страна на Кривичниот суд во Скопје.
Станува збор за техничка грешка од страна на Кривичниот суд. Во нашата институција сме примиле наредба за спровод на осудениот Сашо Мијалков на 28.11.2022 година за одредено судско рочиште на 12.12.2022 година. По оваа наредба ние сме постапиле и сме го испратиле осудениот Мијалков на рочиште. Ова судско рочиште е одложено, и потоа, на 14.12.2022 година во нашата институција пристигна пак барање од Кривичниот суд за истото лице, но, и во ова барање, датумот на судското рочиште е истиот од претходното барање, значи 12.12.2022 година. Значи евидентно е дека станува збор за техничка грешка, рече директорот Куља за МИА.
Од Кривичен, пак, велат дека на 14.12.2022 година затворот во Струга има примено наредба за спровод на обвинетото лице за денешната расправа.
На денешната главна расправа, судечкиот совет пред странките ја прочита повратницата од Затворот Струга на која е наведено дека на 14.12.2022 година имаат примено наредба од Основниот кривичен суд Скопје, за спровод на посоченото лице на денешната расправа, велат од Кривичен суд.
Подоцна Кривичен, во соопштение до медиумите, ја објави повратницата од доставата на наредба за спровод од Затворот Струга. Од Судот, наведуваат дека од судската пракса по која се постапува, наредбата може да содржи дата за насрочена прва главна расправа, а за сите понатамошни наредби важи Евидентниот број на повратницата која ја добива Затворот.
Во однос на објаснувањето на Затворот Струга дека наредбата се однесува за 12.12.2022 година ( кога се одржала последната расправа), особено е важно да се истакне дека Затворот истата ја примил на 14.12.2022 (евидентно од повратницата) па нејасно е како би ја спровеле наредбата два дена подоцна. Дотолку повеќе што на судењето одржано на 12.12.2022 година во присуство и на обвинетиот, неговите бранители како и спроводната служба од Затворот Струга е нагласено дека следната расправа е насрочена за 22.12.2022 година и сите пристуни се сметаат за уредно повикани, стои во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.
За предметот „Титаник 2“, кој се однесува на злоупотреби и влијанија во Државната изборна комисија за изборите во 2013 година, Кривичниот суд во март 2019 година неправосилно го осуди поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков на три години затвор за примање награда за противзаконито влијание. Според обвинението Мијалков преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, нарачал да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на тогашниот кандидат за градоначалник, Зоран Заев. Во декември истата година Апелациониот суд ја укина пресудата поради суштествени повреди на постапката и случајот го врати на повторно судење. Следното рочиште за „Титаник 2“ во Основниот кривичен суд Скопје е закажано на 26.12.2022 година. Освен за оваа првостепена пресуда, Апелација претходно ги укина и првостепените пресудите против Мијалков за „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“ и ги врати на повторно судење.

The post Се судрија Кривичниот суд и затворот во Струга за неспроведувањето на Мијалков ќе се испитува appeared first on Република.

]]>
Кривичен ја објави повратницата од доставата на наредба за спровод од Затворот Струга https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/krivichen-ja-objavi-povratnicata-od-dostavata-na-naredba-za-sprovod-od-zatvorot-struga/ Thu, 22 Dec 2022 13:48:41 +0000 https://republika.mk/?p=588887

Судечкиот совет кој постапува по предметот, на денешната главна расправа, по добивање на информацијата дека обвинетиот не е спроведен од Затворот Струга, пред сите присутни странки и јавноста на судењето ја прикажа Повратницата од достава на наредба за спровод, примена во затворот на 14.12.2022 година, а на која под графата Евиденција (ЕВ) за време е наведен датумот 22.12.2022 година, што е показател за денот кога треба да се изврши спроводот, а која ја објавуваме во прилог на соопштението, информираат од Основниот кривиче суд во Скопје, во однос на денешната одложена расправа за предметот „Титаник 2 “ и неспроводувањето на еден од обвинетите кои издржуваат казна затвор во Затвор Струга.

Од Судот, наведуваат дека од судската пракса по која се постапува, наредбата може да содржи датум за насрочена прва главна расправа, а за сите понатамошни наредби важи Евидентниот број на повратницата која ја добива Затворот.

-Во однос на објаснувањето на Затворот Струга дека наредбата се однесува за 12.12.2022 година ( кога се одржала последната расправа), особено е важно да се истакне дека Затворот истата ја примил на 14.12.2022 (евидентно од повратницата) па нејасно е како би ја спровеле наредбата два дена подоцна. Дотолку повеќе што на судењето одржано на 12.12.2022 година во присуство и на обвинетиот, неговите бранители како и спроводната служба од Затворот Струга е нагласено дека следната расправа е насрочена за 22.12.2022 година и сите пристуни се сметаат за уредно повикани, стои во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

За сите овие детали Кривичниот суд ја извести Управата за извршување санкции при Министерството за правда, а со цел одржување на текот на расправата насрочи следно продолжување на 26.12.2022 година.

The post Кривичен ја објави повратницата од доставата на наредба за спровод од Затворот Струга appeared first on Република.

]]>

Судечкиот совет кој постапува по предметот, на денешната главна расправа, по добивање на информацијата дека обвинетиот не е спроведен од Затворот Струга, пред сите присутни странки и јавноста на судењето ја прикажа Повратницата од достава на наредба за спровод, примена во затворот на 14.12.2022 година, а на која под графата Евиденција (ЕВ) за време е наведен датумот 22.12.2022 година, што е показател за денот кога треба да се изврши спроводот, а која ја објавуваме во прилог на соопштението, информираат од Основниот кривиче суд во Скопје, во однос на денешната одложена расправа за предметот „Титаник 2 “ и неспроводувањето на еден од обвинетите кои издржуваат казна затвор во Затвор Струга. Од Судот, наведуваат дека од судската пракса по која се постапува, наредбата може да содржи датум за насрочена прва главна расправа, а за сите понатамошни наредби важи Евидентниот број на повратницата која ја добива Затворот.
-Во однос на објаснувањето на Затворот Струга дека наредбата се однесува за 12.12.2022 година ( кога се одржала последната расправа), особено е важно да се истакне дека Затворот истата ја примил на 14.12.2022 (евидентно од повратницата) па нејасно е како би ја спровеле наредбата два дена подоцна. Дотолку повеќе што на судењето одржано на 12.12.2022 година во присуство и на обвинетиот, неговите бранители како и спроводната служба од Затворот Струга е нагласено дека следната расправа е насрочена за 22.12.2022 година и сите пристуни се сметаат за уредно повикани, стои во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.
За сите овие детали Кривичниот суд ја извести Управата за извршување санкции при Министерството за правда, а со цел одржување на текот на расправата насрочи следно продолжување на 26.12.2022 година.

The post Кривичен ја објави повратницата од доставата на наредба за спровод од Затворот Струга appeared first on Република.

]]>
Ќе се утврдува одговорност кој не го спровел Мијалков на судење? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kje-utvrduva-odgovornost-koj-ne-go-sprovel-mijalkov-na-sudenje/ Thu, 22 Dec 2022 11:55:56 +0000 https://republika.mk/?p=588785

Управата за извршување на санкции ќе ги преземе сите активности што се во нејзина надлежност и ќе направи вонреден надзор со цел да се утврди фактичката состојба поради која обвинетиот Сашо Мијалков денеска не е спроведен од затворот Струга на судење за случајот „Титаник 2“.

– Ќе се утврдува одговорност и ќе бидат санкционирани сите кои направиле пропусти, намерни или ненамерни. За извршениот вонреден надзор, јавноста ќе биде дополнително информирана, се наведува во соопштението од Управата за извршување на санкции.

На денешното рочиште за „Титаник 2“ обвинетиот Сашо Мијалков не беше спроведен од затворот во Струга. Од Основниот кривичен суд потврдија дека Мијалков не се појавил на судењето и покрај тоа што бил уредно поканет за што судијата пред странките ја покажал испратницата со наредба за спроведување.

Претходно, МИА се обиде да стапи во контакт со затворот во Струга, за да ја дознае причината за неспроведувањето, меѓутоа оттаму не доби одговор.

Кривичниот суд во 2019 го осуди поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков за примање награда за противзаконито влијание.

Според обвинението на СЈО, Мијалков преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, нарачал да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на тогашниот кандидат за градоначалник, Зоран Заев.

Во декември истата година Апелациониот суд ја укина пресудата поради суштествени повреди на постапката и случајот го врати на повторно судење

The post Ќе се утврдува одговорност кој не го спровел Мијалков на судење? appeared first on Република.

]]>

Управата за извршување на санкции ќе ги преземе сите активности што се во нејзина надлежност и ќе направи вонреден надзор со цел да се утврди фактичката состојба поради која обвинетиот Сашо Мијалков денеска не е спроведен од затворот Струга на судење за случајот „Титаник 2“.
– Ќе се утврдува одговорност и ќе бидат санкционирани сите кои направиле пропусти, намерни или ненамерни. За извршениот вонреден надзор, јавноста ќе биде дополнително информирана, се наведува во соопштението од Управата за извршување на санкции.
На денешното рочиште за „Титаник 2“ обвинетиот Сашо Мијалков не беше спроведен од затворот во Струга. Од Основниот кривичен суд потврдија дека Мијалков не се појавил на судењето и покрај тоа што бил уредно поканет за што судијата пред странките ја покажал испратницата со наредба за спроведување. Претходно, МИА се обиде да стапи во контакт со затворот во Струга, за да ја дознае причината за неспроведувањето, меѓутоа оттаму не доби одговор. Кривичниот суд во 2019 го осуди поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков за примање награда за противзаконито влијание. Според обвинението на СЈО, Мијалков преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, нарачал да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на тогашниот кандидат за градоначалник, Зоран Заев. Во декември истата година Апелациониот суд ја укина пресудата поради суштествени повреди на постапката и случајот го врати на повторно судење

The post Ќе се утврдува одговорност кој не го спровел Мијалков на судење? appeared first on Република.

]]>
Дали шефица на новиот директор на АНБ е поранешна шефица на Мијалков во УБК? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-shefica-na-noviot-direktor-na-anb-e-poraneshna-shefica-na-mijalkov-vo-ubk/ Wed, 21 Dec 2022 10:21:09 +0000 https://republika.mk/?p=588312

Нова шефица на кабинетот на новиот директор на АНБ Зарко Милошевски е Даниела Божиновска која беше екс шеф на кабинет на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, објави „Хроника.мк“.

Околу изборот на Зарко Миилошевски се крена голема прашина бидејќи тој е потписник и на белешката со која се доделува пасош на контраверзниот украинец Онишченко.

Што се однесува до новиот шеф на кабинет на Зарко Милошевски, Даниела Божиновска нема НАТО безбедносен сертификат иако има само национален.

The post Дали шефица на новиот директор на АНБ е поранешна шефица на Мијалков во УБК? appeared first on Република.

]]>

Нова шефица на кабинетот на новиот директор на АНБ Зарко Милошевски е Даниела Божиновска која беше екс шеф на кабинет на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, објави „Хроника.мк“. Околу изборот на Зарко Миилошевски се крена голема прашина бидејќи тој е потписник и на белешката со која се доделува пасош на контраверзниот украинец Онишченко. Што се однесува до новиот шеф на кабинет на Зарко Милошевски, Даниела Божиновска нема НАТО безбедносен сертификат иако има само национален.

The post Дали шефица на новиот директор на АНБ е поранешна шефица на Мијалков во УБК? appeared first on Република.

]]>
Адвокат на Мијалков ja поздрави одлуката на Апелација: Функционерите да не се мешаат и да не вршат притисок врз судската власт https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/advokat-na-mijalkov-ja-pozdravi-odlukata-na-apelacija-funkcionerite-da-ne-se-meshaat-i-da-ne-vrshat-pritisok-vrz-sudskata-vlast/ Sat, 17 Dec 2022 18:01:18 +0000 https://republika.mk/?p=586975

Одбраната на Сашо Мијалков ја поздравува одлуката на Апелациониот суд во Скопје затоа како што велат е законита и праведна и заснована на доказите и фактите кои се наведени во жалбата поднесена против првостепената пресуда.

Во текот на целата главна расправа одбраната укажуваше на бројните повреди на законот. Повреди кои доведоа до неоснована и правно неиздржана пресуда. Наместо да одговори на сите отворени прашања околу незаконското следење на комуникации, Основниот суд без аргументи и докази донесе осудителна пресуда против нашиот клиент. Пресуда за која беше јасно дека нема да ја издржи проверката во повисокиот суд“, вели адвокатскиот тим на Мијалков.

Од таму додаваат:

Актуелните политички напади врз судскиот совет во Апелациониот суд во Скопје кој одлучуваше по поднесените жалби за предметот се неприфатливи и заслужуваат најсериозна осуда.

Одбраната се уште ја нема добиено пресудата на Апелациониот суд во Скопје и се уште не ги знае аргументите и насоките на второстепениот суд. Знае само дека се изразува „загриженост“ или „згрозување“ од највисоки државни функционери од извршната власт. Тоа е директно мешање и вршење притисок врз судската власт која мора да биде независна. Уште позагрижувачки е дека таквиот притисок е јавен и покажува дека оправдан бил стравот за политичко мешање уште од самиот почеток на постапката и се влијаело да се донесе првостепена пресуда каква што беше донесена.

За ваквите притисоци и мешање во судската власт ќе го информираме и Судот за човекови права во Стразбур бидејќи цениме дека со тоа се нарушуваат правата на нашиот клиент за фер и правично судење кое во ваква атмосфера и хајка врз судиите е невозможно тоа да се добие.

Ниту Претседателот на државата, ниту министрите во владата не се тие кои треба да носат судски одлуки. Тоа право им припаѓа исклучиво на оние кои дале заклетва дека ќе делат правда и биле избрани за тоа, а се останато е недозволено мешање кое го урива интегритетот на судството кој заради политичките влијанија е сериозно разнишан“.

Извор: 4NEWS.Mk

The post Адвокат на Мијалков ja поздрави одлуката на Апелација: Функционерите да не се мешаат и да не вршат притисок врз судската власт appeared first on Република.

]]>

Одбраната на Сашо Мијалков ја поздравува одлуката на Апелациониот суд во Скопје затоа како што велат е законита и праведна и заснована на доказите и фактите кои се наведени во жалбата поднесена против првостепената пресуда.
Во текот на целата главна расправа одбраната укажуваше на бројните повреди на законот. Повреди кои доведоа до неоснована и правно неиздржана пресуда. Наместо да одговори на сите отворени прашања околу незаконското следење на комуникации, Основниот суд без аргументи и докази донесе осудителна пресуда против нашиот клиент. Пресуда за која беше јасно дека нема да ја издржи проверката во повисокиот суд“, вели адвокатскиот тим на Мијалков.
Од таму додаваат:
Актуелните политички напади врз судскиот совет во Апелациониот суд во Скопје кој одлучуваше по поднесените жалби за предметот се неприфатливи и заслужуваат најсериозна осуда.   Одбраната се уште ја нема добиено пресудата на Апелациониот суд во Скопје и се уште не ги знае аргументите и насоките на второстепениот суд. Знае само дека се изразува „загриженост“ или „згрозување“ од највисоки државни функционери од извршната власт. Тоа е директно мешање и вршење притисок врз судската власт која мора да биде независна. Уште позагрижувачки е дека таквиот притисок е јавен и покажува дека оправдан бил стравот за политичко мешање уште од самиот почеток на постапката и се влијаело да се донесе првостепена пресуда каква што беше донесена.   За ваквите притисоци и мешање во судската власт ќе го информираме и Судот за човекови права во Стразбур бидејќи цениме дека со тоа се нарушуваат правата на нашиот клиент за фер и правично судење кое во ваква атмосфера и хајка врз судиите е невозможно тоа да се добие.   Ниту Претседателот на државата, ниту министрите во владата не се тие кои треба да носат судски одлуки. Тоа право им припаѓа исклучиво на оние кои дале заклетва дека ќе делат правда и биле избрани за тоа, а се останато е недозволено мешање кое го урива интегритетот на судството кој заради политичките влијанија е сериозно разнишан“.
Извор: 4NEWS.Mk

The post Адвокат на Мијалков ja поздрави одлуката на Апелација: Функционерите да не се мешаат и да не вршат притисок врз судската власт appeared first on Република.

]]>
Алијанса за Албанците: Не лејте крокодилски солзи за ослободувањето на Мијалков https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/alijansa-za-albancite-ne-lejte-krokodilski-solzi-za-osloboduvanjeto-na-mijalkov/ Sat, 17 Dec 2022 16:13:00 +0000 https://republika.mk/?p=586922

Вчерашниот скандалозен случај со ослободувањето на Сашо Мијалков од казната затвор од 12 години не може да се помине само со изјави и оградување, вели Сурија Рашиди, пратеник на Алијанса за Албанците.

„Реакциите на некои владини претставници кои леат крокодилски солзи за инсталиран систем кој им простува на криминалците се само обид да се збунат и измамат граѓаните. Наместо декларативни реакции, институциите под итно треба да ги најдат виновниците за овој скандал. Тие мора да се бараат меѓу судиите од Кривичниот суд кои јасно се гледа дека намерно направиле процесни пропусти, за да се создаде ситуација Апелација да ја укине одлуката“, вели Рашиди.

Виновниците, додава тој, треба да се бараат во местењето на судските совети, каде што се забележува дека по секое „ослободување“ или одлука за укинување на казните секогаш се појавуваат исти судии.

„Ова е првиот и најитен чекор што мора да се преземе, за да се спречи можноста тие да создаваат слични ситуации во иднина.
После ова мораме сите да пристапиме кон суштинска реформа на правосудниот систем, за да се стави крај на амнестирањето на криминалците, неправедното казнување на невините граѓани и монтираните случаи кои за жал ги претрпеа голем број граѓани воопшто и Албанците особено“, нагласува Рашиди.

The post Алијанса за Албанците: Не лејте крокодилски солзи за ослободувањето на Мијалков appeared first on Република.

]]>

Вчерашниот скандалозен случај со ослободувањето на Сашо Мијалков од казната затвор од 12 години не може да се помине само со изјави и оградување, вели Сурија Рашиди, пратеник на Алијанса за Албанците.
„Реакциите на некои владини претставници кои леат крокодилски солзи за инсталиран систем кој им простува на криминалците се само обид да се збунат и измамат граѓаните. Наместо декларативни реакции, институциите под итно треба да ги најдат виновниците за овој скандал. Тие мора да се бараат меѓу судиите од Кривичниот суд кои јасно се гледа дека намерно направиле процесни пропусти, за да се создаде ситуација Апелација да ја укине одлуката“, вели Рашиди.
Виновниците, додава тој, треба да се бараат во местењето на судските совети, каде што се забележува дека по секое „ослободување“ или одлука за укинување на казните секогаш се појавуваат исти судии.
„Ова е првиот и најитен чекор што мора да се преземе, за да се спречи можноста тие да создаваат слични ситуации во иднина. После ова мораме сите да пристапиме кон суштинска реформа на правосудниот систем, за да се стави крај на амнестирањето на криминалците, неправедното казнување на невините граѓани и монтираните случаи кои за жал ги претрпеа голем број граѓани воопшто и Албанците особено“, нагласува Рашиди.

The post Алијанса за Албанците: Не лејте крокодилски солзи за ослободувањето на Мијалков appeared first on Република.

]]>
Ќе следуваат консултации дали Димовски ќе биде амбасадор, Апелација да ја објасни одлуката за Мијалков, вели Османи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kje-sleduvaat-konsultacii-dali-dimovski-kje-bide-ambasador-apelacija-da-ja-objasni-odlukata-za-mijalkov-veli-osmani/ Sat, 17 Dec 2022 13:19:12 +0000 https://republika.mk/?p=586848

Министерот за надворешни работи Бујар Османи очекува деновиве да се одржи консултација со претседателот на државата Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски и да се донесе одлука дали поранешниот директор на АНБ Виктор Димовски ќе замине на амбасадорското место во Париз, по случајот со државјанството на Олесандр Онишченко.

-Процедурата е до фаза кога треба да помине во Собрание во Комисија за надворешна политика, бидејќи е добиен агреманот, одбранети се тезите и треба да оди во Комисија за надворешна политика. Меѓутоа, како што знаете и претседателот иницираше процес на консултации помеѓу претседателот, премиерот и мене, како министер за надворешни работи, за да ја процениме состојбата после овој развој на настани и после ќе донесеме на одлука. Досега нема донесена одлука по однос на амбасадорот, но верувам наредните денови ќе имаме таква консултација, изјави Османи.

Министерот потенцира дека треба да биде донесена политичка одлука, како и дека нема да се чекаат резултатите од истрагата.

– Сигурно дека резултати од истрагата ќе ни помогнат во нашата одлука, но сепак тука се работи за политичка одлука и за политички консултации, изјави на средбата со новинарите Османи.

Запрашан за случајот со поништувањето на пресудите на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, Османи вели дека не сака да прејудицира за одлуката на Судот, но дека смета оти треба да има објаснување зошто се случило тоа. Судовите, вели Османи, треба да бидат потранспарентни.

-Доколку нема сериозна аргументација Апелација да објасни пред ЕК за одлуката верувајте ќе бидат именувани и засрамени, но можеби имаат аргументи и затоа и јас не сакам да прејудицирам кои биле тие прекршувања во првостепена процедура бидејќи сепак ние треба и човековите права да ги почитуваме. Тоа е важен дел во нашето европеизирање, изјави Османи.

Министерот за надворешни работи предупредува дека фокусот на ЕК во следната година ќе биде поостар бидејќи оваа година „бевме ранливи“.

-Институциите треба да бидат спремни. Медениот месец помина, дека ќе има сериозна проценка и секој посебно ќе даде одговор за својата институција, рече Османи.

The post Ќе следуваат консултации дали Димовски ќе биде амбасадор, Апелација да ја објасни одлуката за Мијалков, вели Османи appeared first on Република.

Заев: Што е следно, Мијалков да стане директор на АНБ? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zaev-shto-e-sledno-mijalkov-da-stane-direktor-na-anb/ Sat, 17 Dec 2022 10:17:45 +0000 https://republika.mk/?p=586787

„Стотици илјади граѓани со години се боревме да ги срушиме алчните арамии од режимот и успеавме. Сега, некој се исмева со таа борба и се обидува да ја ништи освоената правда. Со двете поништени пресуди, директно се упатува на враќање, а со тоа и повторување на грозоморните дејствија на режимската врхушка и секако се мотивираат и други чинители да прават исти вакви грозоморни дејствија со кои се газат масовно човекови права и сите вредности за кои се бореше целиот македонски народ пред само неколку години преку Шарената револуција, сподели поранешниот премиер Зоран Заев на својот фејсбук профил.

Што е следно, Мијалков да стане директор на АНБ, а Груевски да се врати невин на бел коњ? Па и утре да станеме членка на ЕУ тоа нема да го испере овој срам и блам.

Ги повикувам сите надлежни од и околу правосудството, сите со грам одговорност за иднината на нашата земја и нашиот народ, да не дозволат да застарат делата на Мијалков и да направат сѐ виновниците да одговараат бидејќи за нивните злодела има докази чисти како ден, додава Заев.

The post Заев: Што е следно, Мијалков да стане директор на АНБ? appeared first on Република.

]]>

„Стотици илјади граѓани со години се боревме да ги срушиме алчните арамии од режимот и успеавме. Сега, некој се исмева со таа борба и се обидува да ја ништи освоената правда. Со двете поништени пресуди, директно се упатува на враќање, а со тоа и повторување на грозоморните дејствија на режимската врхушка и секако се мотивираат и други чинители да прават исти вакви грозоморни дејствија со кои се газат масовно човекови права и сите вредности за кои се бореше целиот македонски народ пред само неколку години преку Шарената револуција, сподели поранешниот премиер Зоран Заев на својот фејсбук профил.
Што е следно, Мијалков да стане директор на АНБ, а Груевски да се врати невин на бел коњ? Па и утре да станеме членка на ЕУ тоа нема да го испере овој срам и блам. Ги повикувам сите надлежни од и околу правосудството, сите со грам одговорност за иднината на нашата земја и нашиот народ, да не дозволат да застарат делата на Мијалков и да направат сѐ виновниците да одговараат бидејќи за нивните злодела има докази чисти како ден, додава Заев.
 
The post Заев: Што е следно, Мијалков да стане директор на АНБ? appeared first on Република.

]]>
Апелација ја укина пресудата за „Трезор“ според која Мијалков беше обвинет за набавка на британска опрема за следење https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/apelacija-ja-ukina-presudata-za-trezor-spored-koja-mijalkov-beshe-obvinet-za-nabavka-na-britanska-oprema-za-sledenje/ Fri, 25 Nov 2022 12:49:32 +0000 https://republika.mk/?p=578230

Апелациониот суд Скопје донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите во случајот „Трезор“, изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати на повторно постапување и одлучување пред Основниот кривичен суд Скопје.

– Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-100/21, во јавноста познат како „Трезор“, по одржана јавна седница, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите С.М. од С., Г.Г. од С., Н.С. од С. и Т.Ј. од С., изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, се наведува во денешното соопштение од Апелациониот суд.

При разгледување на побивата пресуда, како што се додава во соопштението, Апелациониот суд Скопје констатираше дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка, со што се доведува во прашање фактичката состојба и правилната примена на Кривичниот законик.

Предметот „ Трезор“ се однесува на начинот за набавка на британска опрема за следење на комуникациите преку фирмата посредник „Финзи“ од Скопје.

The post Апелација ја укина пресудата за „Трезор“ според која Мијалков беше обвинет за набавка на британска опрема за следење appeared first on Република.

]]>

Апелациониот суд Скопје донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите во случајот „Трезор“, изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати на повторно постапување и одлучување пред Основниот кривичен суд Скопје.

– Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-100/21, во јавноста познат како „Трезор“, по одржана јавна седница, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите С.М. од С., Г.Г. од С., Н.С. од С. и Т.Ј. од С., изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, се наведува во денешното соопштение од Апелациониот суд. При разгледување на побивата пресуда, како што се додава во соопштението, Апелациониот суд Скопје констатираше дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка, со што се доведува во прашање фактичката состојба и правилната примена на Кривичниот законик. Предметот „ Трезор“ се однесува на начинот за набавка на британска опрема за следење на комуникациите преку фирмата посредник „Финзи“ од Скопје.

The post Апелација ја укина пресудата за „Трезор“ според која Мијалков беше обвинет за набавка на британска опрема за следење appeared first on Република.

]]>
Наместо утре, Мијалков ќе се јави во затворот во Струга на 22 август https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/namesto-utre-mijalkov-kje-se-javi-vo-zatvorot-vo-struga-na-22-avgust/ Sun, 07 Aug 2022 17:11:22 +0000 https://republika.mk/?p=537733

Поранешниот прв човек на тајната полиција, Сашо Мијалков, нема да го почне издржувањето на тригодишната затворска казна во струшкиот затвор утре, бидејќи побарал одложување на издржувањето за две недели, дознава Телма. Наместо утре, тој во затворот ќе треба да се јави на 22 август.

Сашо Мијалков претходно се спогоди со јавното обвинителство и призна вина во случајот „Империја“, по што доби тригодишна затворска казна, а воедно му беа конфискувани 6,1 милиони евра, како и недвижен имот во вредност од околу 30 милиони евра.

По спогодбата, тој ја смени адресата на живеење од Скопје во Охрид, а таму го префрли и седиштето на една од своите фирми.

Покрај Мијалков, во затворот во Струга казната (ќе) ја издржуваат уште тројца обвинети во „Империја“. И тие признаа вина и се спогодија со судот, а пред издржувањто на казната ја променија и адресата на живеење од Скопје во Охрид – Орце Камчев, Ненад Јосифовиќ и Тодор Мирчевски.

The post Наместо утре, Мијалков ќе се јави во затворот во Струга на 22 август appeared first on Република.

]]>

Поранешниот прв човек на тајната полиција, Сашо Мијалков, нема да го почне издржувањето на тригодишната затворска казна во струшкиот затвор утре, бидејќи побарал одложување на издржувањето за две недели, дознава Телма. Наместо утре, тој во затворот ќе треба да се јави на 22 август. Сашо Мијалков претходно се спогоди со јавното обвинителство и призна вина во случајот „Империја“, по што доби тригодишна затворска казна, а воедно му беа конфискувани 6,1 милиони евра, како и недвижен имот во вредност од околу 30 милиони евра. По спогодбата, тој ја смени адресата на живеење од Скопје во Охрид, а таму го префрли и седиштето на една од своите фирми. Покрај Мијалков, во затворот во Струга казната (ќе) ја издржуваат уште тројца обвинети во „Империја“. И тие признаа вина и се спогодија со судот, а пред издржувањто на казната ја променија и адресата на живеење од Скопје во Охрид – Орце Камчев, Ненад Јосифовиќ и Тодор Мирчевски.

The post Наместо утре, Мијалков ќе се јави во затворот во Струга на 22 август appeared first on Република.

]]>
Мијалков сведочи во „Плацеви на Водно“: Груевски не побарал од мене да му прикривам имот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mijalkov-svedochi-vo-placevi-na-vodno-gruevski-ne-pobaral-od-mene-da-mu-prikrivam-imot/ Mon, 28 Mar 2022 12:56:53 +0000 https://republika.mk/?p=479885

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, денеска во Кривичниот суд ја даде својата одбрана како обвинет во случајот “Плацевите на Водно”.

Тој рече дека одговорно тврди дека не е виновен, дека не прикривал имот на Никола Груевски и дека во целата постапка се чувствувал како њабљудувач, бидејќи за него не видел ниту еден материјален или вербален доказ.

На почетокот кажа дека ќе дава одбрана, но апелираше судијата Илија Трпков најголема доверба да поклони на фактичката состојба, а не толку на неговата и на изјавите на останатите обвинети, за кој тој рече дека имало невистини.

На прашање на неговиот адвокат, сепак кажа дека никому не дал ни упатство, ни совет, ни средства за да се исперат пари. Тој рече, ни според досегашната фактичка состојба, никаде нема доказ дека тоа тој го сторил.

Никогаш од мене и не побарал некој да му помогнам да прикрие незаконски имот. Тоа само Александар Ивановски (Алек Теранова) го тврди, а нигде не видовме доказ за тоа, негираше Мијалков.

На следно прашање, дали отстапил офшор компанија за да се поминат паричните средства на Груевски кои се од кривично дело, одговори:

Не сум знаел за нелегални пари. Не сум имал допирна точка до партиската каса. Никој не спомнал дека недостасуваат толку многу пари. Толкав износ да снема, а никој да не забележи? Не ми е верно мене тоа, кажа Мијалков.

За офшор компанијата сувишно е да зборам. Си кажаа тука кој ја отворил, чија била, кај ја однел… мене никој не ме спомна. Да имав јас врска, тука ќе имаше докази дека имам поврзаност со офшор компанијата, додаде Мијалков.

The post Мијалков сведочи во „Плацеви на Водно“: Груевски не побарал од мене да му прикривам имот appeared first on Република.

]]>

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, денеска во Кривичниот суд ја даде својата одбрана како обвинет во случајот “Плацевите на Водно”. Тој рече дека одговорно тврди дека не е виновен, дека не прикривал имот на Никола Груевски и дека во целата постапка се чувствувал како њабљудувач, бидејќи за него не видел ниту еден материјален или вербален доказ. На почетокот кажа дека ќе дава одбрана, но апелираше судијата Илија Трпков најголема доверба да поклони на фактичката состојба, а не толку на неговата и на изјавите на останатите обвинети, за кој тој рече дека имало невистини. На прашање на неговиот адвокат, сепак кажа дека никому не дал ни упатство, ни совет, ни средства за да се исперат пари. Тој рече, ни според досегашната фактичка состојба, никаде нема доказ дека тоа тој го сторил.
Никогаш од мене и не побарал некој да му помогнам да прикрие незаконски имот. Тоа само Александар Ивановски (Алек Теранова) го тврди, а нигде не видовме доказ за тоа, негираше Мијалков.
На следно прашање, дали отстапил офшор компанија за да се поминат паричните средства на Груевски кои се од кривично дело, одговори:
Не сум знаел за нелегални пари. Не сум имал допирна точка до партиската каса. Никој не спомнал дека недостасуваат толку многу пари. Толкав износ да снема, а никој да не забележи? Не ми е верно мене тоа, кажа Мијалков. За офшор компанијата сувишно е да зборам. Си кажаа тука кој ја отворил, чија била, кај ја однел… мене никој не ме спомна. Да имав јас врска, тука ќе имаше докази дека имам поврзаност со офшор компанијата, додаде Мијалков.

The post Мијалков сведочи во „Плацеви на Водно“: Груевски не побарал од мене да му прикривам имот appeared first on Република.

]]>
Мијалков излезе од изолација и дојде на судење: Немам рецепт за милионите https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mijalkov-izleze-od-izolacija-i-dojde-na-sudenje-nemam-recept-za-milionite/ Mon, 24 Jan 2022 11:30:02 +0000 https://republika.mk/?p=448716

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, денеска се појави во Кривичниот суд Скопје за да присустува на  судењето за „Плацевите на Водно”. Тој отсуствуваше на минатото рочиште бидејќи се наоѓаше во изолација по позитивен тест за Ковид-19.

Пред 10 дена, на 14 јануари беше објавено дека Мијалков е позитивен на Ковид-19. Решението за изолација од државниот санитарен инспекторат е издадено на 10 јануари.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mijalkov-i-advokatite-pozitiveni-na-kovid-19-sudenjeto-e-odlozeno/

Пред да влезе во судницата Мијалков беше прашан од новинарите „кој е рецептот за милионите”, алудирајќи на неговата гаранција од 11 милиони евра. Мијалков пак одговори дека нема рецепт.

Немам таков рецепт, рече Мијалков.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mijalkov-se-predade-vo-ojo-bev-bolen-so-temperatura-nad-40-stepeni-nemav-namera-da-begam/

https://republika.mk/vesti/makedonija/sasho-mijalkov-pozitiven-na-kovid-19/

The post Мијалков излезе од изолација и дојде на судење: Немам рецепт за милионите appeared first on Република.

]]>

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, денеска се појави во Кривичниот суд Скопје за да присустува на  судењето за „Плацевите на Водно”. Тој отсуствуваше на минатото рочиште бидејќи се наоѓаше во изолација по позитивен тест за Ковид-19. Пред 10 дена, на 14 јануари беше објавено дека Мијалков е позитивен на Ковид-19. Решението за изолација од државниот санитарен инспекторат е издадено на 10 јануари. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mijalkov-i-advokatite-pozitiveni-na-kovid-19-sudenjeto-e-odlozeno/ Пред да влезе во судницата Мијалков беше прашан од новинарите „кој е рецептот за милионите”, алудирајќи на неговата гаранција од 11 милиони евра. Мијалков пак одговори дека нема рецепт.
Немам таков рецепт, рече Мијалков.
https://republika.mk/vesti/makedonija/mijalkov-se-predade-vo-ojo-bev-bolen-so-temperatura-nad-40-stepeni-nemav-namera-da-begam/ https://republika.mk/vesti/makedonija/sasho-mijalkov-pozitiven-na-kovid-19/

The post Мијалков излезе од изолација и дојде на судење: Немам рецепт за милионите appeared first on Република.

]]>
Мијалков и адвокатите позитивени на ковид-19, судењето е одложено https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mijalkov-i-advokatite-pozitiveni-na-kovid-19-sudenjeto-e-odlozeno/ Fri, 14 Jan 2022 11:20:07 +0000 https://republika.mk/?p=444536

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков е позитивен на Ковид-19. Мијалков е во изолација од 10 дена, која може да се продолжи доколку тој има симптоми на вирусот.

Решението за изолација од државниот санитарен инспекторат е издадено на 10 јануари.

И адвокатите Петар Василевски, Гоце Ристевски и Гордана Нацева се позитивни на вирусот.

Поради ова, денеска во Кривичниот суд се одложи рочиштето за предметот Плацови на Водно. Ова беше прво закажано рочиште откако Мијалков пред нова година беше пуштен на слобода, односно му беше укинат притворот со гаранција од 11 милиони евра, а со слична сума пред Божиќ беше пуштен и бизнисменот Орце Камчев.

И на двајцата им се суди за Плацовите на Водно.

Судијата Илија Трпков наредното судење го закажа за 24 јануари.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sasho-mijalkov-pozitiven-na-kovid-19/

https://republika.mk/vesti/makedonija/mijalkov-se-predade-vo-ojo-bev-bolen-so-temperatura-nad-40-stepeni-nemav-namera-da-begam/

The post Мијалков и адвокатите позитивени на ковид-19, судењето е одложено appeared first on Република.

]]>

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков е позитивен на Ковид-19. Мијалков е во изолација од 10 дена, која може да се продолжи доколку тој има симптоми на вирусот. Решението за изолација од државниот санитарен инспекторат е издадено на 10 јануари. И адвокатите Петар Василевски, Гоце Ристевски и Гордана Нацева се позитивни на вирусот. Поради ова, денеска во Кривичниот суд се одложи рочиштето за предметот Плацови на Водно. Ова беше прво закажано рочиште откако Мијалков пред нова година беше пуштен на слобода, односно му беше укинат притворот со гаранција од 11 милиони евра, а со слична сума пред Божиќ беше пуштен и бизнисменот Орце Камчев. И на двајцата им се суди за Плацовите на Водно. Судијата Илија Трпков наредното судење го закажа за 24 јануари. https://republika.mk/vesti/makedonija/sasho-mijalkov-pozitiven-na-kovid-19/ https://republika.mk/vesti/makedonija/mijalkov-se-predade-vo-ojo-bev-bolen-so-temperatura-nad-40-stepeni-nemav-namera-da-begam/

The post Мијалков и адвокатите позитивени на ковид-19, судењето е одложено appeared first on Република.

]]>