Сашо Кузмановски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sasho-kuzmanovski/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Feb 2024 14:14:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сашо Кузмановски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sasho-kuzmanovski/ 32 32 Сашо Кузмановски: За да можат македонските крими-романи да ги надминат физичките граници на државата, првин треба да ги видиме во внатрешните граници https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sasho-kuzmanovski-za-da-mozhat-makedonskite-krimi-romani-da-gi-nadminat-fizichkite-granitsi-na-drzhavata-prvin-treba-da-gi-vidime-vo-vnatreshnite-granitsi/ Mon, 12 Feb 2024 13:59:33 +0000 https://republika.mk/?p=743274

Во исполнетата книжарница на „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, на 9 февруари се одржа промоција на вториот роман на Сашо Кузмановски, крими-трилерот „Бахус“. Романот го промовираше уредничката во издавачката куќа „Арс Ламина“, Бисера Бендевска, која низ разговор со авторот го претстави неговото второ дело, а заедно продискутираа на теми поврзани со жанрот криминалистички трилер, за трендовите во светот и кај нас, за перспективите на македонските писатели на трилери и за пробивот надвор од границите на државата.

„Бахус“ е независен втор дел од предвидената трилогија на авторот, во која централен лик е полицискиот инспектор Јован Ингилизов-Џовани. Станува збор за исклучително интелигентен, аналитичен и реалистичен трилер, поткован со знаења за антиката и за ритуалите што се практикувале во античкиот град Стоби, за окултизмот и псевдонауката, кои вкомпонирани во нашиот контекст, прават еден мајсторски и претставителен криминалистички роман, податлив и за екранизација.

На прашањето каква е неговата писателска постапка, Кузмановски рече: „Секој автор си има свој принцип на работа. Кога почнував да пишувам, мојата идеја беше водена од сознанието дека малкумина од авторите на крими-трилери во Македонија пишуваат на тема што е поврзана со нашево поднебје или барем се случува во нашата околина. Јас тргнав со мислата да направам нешто што би се случувало овде кај нас, а сепак темите да звучат реално и во нашите услови. Така беше со ’Афера во музејот на пари‘, така е и со ’Бахус‘. Многу ме интересираше локалитетот Стоби како една фасцинантна локација со богата историја, а кога почнав да копам по фактите, стигнав до приказни што ми се видоа податливи за во книга. И на сето тоа му додадов една фикциска ’реалност‘, за да изгледа во стилот на новите, модерни крими-трилери што денес главно ги гледаме на екраните во играни филмови или ТВ-серии, иако се надевам дека има многу повеќе луѓе кои сакаат и читателски да ги проследат ваквите приказни. Инаку, во принцип пишувам долго, бидејќи долго истражувам и затоа често му се навраќам на напишаното и го менувам со подобро решение. Откако ќе ја заокружам трилогијата со постојните ликови, сакам да се обидам во поджанрот историски трилер“.

Зборувајќи за „натпреварот“ помеѓу македонските крими-романи и преводните романи од овој жанр што ги има во изобилство во Македонија, и за можноста на домашните автори и нивните дела да излезат од границите на државата, Кузмановски кажа: „За да можат македонските крими-романи да ги надминат физичките граници на државата, првин треба да ги видиме во внатрешните граници. Сметам дека е предност за македонските читатели да читаат романи чиишто дејства се сместени во нашата средина, затоа што секој сака да прочита нешто што е во рамките на она што го опкружува. Приказните што се случуваат некаде далеку, нормално е да звучат поегзотично и да бидат попривлечни. А истовремено, да напишеш приказна што се случува кај нас е многу потешка задача, затоа што приказната е лесно проверлива и на авторот му е потешко да си ’игра‘ со читателот за нешта што тој ги живее: објекти, улици, места, луѓе, ситуации... Тешко е да бидеш реален во ваква ситуација“.

The post Сашо Кузмановски: За да можат македонските крими-романи да ги надминат физичките граници на државата, првин треба да ги видиме во внатрешните граници appeared first on Република.

]]>

Во исполнетата книжарница на „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, на 9 февруари се одржа промоција на вториот роман на Сашо Кузмановски, крими-трилерот „Бахус“. Романот го промовираше уредничката во издавачката куќа „Арс Ламина“, Бисера Бендевска, која низ разговор со авторот го претстави неговото второ дело, а заедно продискутираа на теми поврзани со жанрот криминалистички трилер, за трендовите во светот и кај нас, за перспективите на македонските писатели на трилери и за пробивот надвор од границите на државата. „Бахус“ е независен втор дел од предвидената трилогија на авторот, во која централен лик е полицискиот инспектор Јован Ингилизов-Џовани. Станува збор за исклучително интелигентен, аналитичен и реалистичен трилер, поткован со знаења за антиката и за ритуалите што се практикувале во античкиот град Стоби, за окултизмот и псевдонауката, кои вкомпонирани во нашиот контекст, прават еден мајсторски и претставителен криминалистички роман, податлив и за екранизација. На прашањето каква е неговата писателска постапка, Кузмановски рече: „Секој автор си има свој принцип на работа. Кога почнував да пишувам, мојата идеја беше водена од сознанието дека малкумина од авторите на крими-трилери во Македонија пишуваат на тема што е поврзана со нашево поднебје или барем се случува во нашата околина. Јас тргнав со мислата да направам нешто што би се случувало овде кај нас, а сепак темите да звучат реално и во нашите услови. Така беше со ’Афера во музејот на пари‘, така е и со ’Бахус‘. Многу ме интересираше локалитетот Стоби како една фасцинантна локација со богата историја, а кога почнав да копам по фактите, стигнав до приказни што ми се видоа податливи за во книга. И на сето тоа му додадов една фикциска ’реалност‘, за да изгледа во стилот на новите, модерни крими-трилери што денес главно ги гледаме на екраните во играни филмови или ТВ-серии, иако се надевам дека има многу повеќе луѓе кои сакаат и читателски да ги проследат ваквите приказни. Инаку, во принцип пишувам долго, бидејќи долго истражувам и затоа често му се навраќам на напишаното и го менувам со подобро решение. Откако ќе ја заокружам трилогијата со постојните ликови, сакам да се обидам во поджанрот историски трилер“. Зборувајќи за „натпреварот“ помеѓу македонските крими-романи и преводните романи од овој жанр што ги има во изобилство во Македонија, и за можноста на домашните автори и нивните дела да излезат од границите на државата, Кузмановски кажа: „За да можат македонските крими-романи да ги надминат физичките граници на државата, првин треба да ги видиме во внатрешните граници. Сметам дека е предност за македонските читатели да читаат романи чиишто дејства се сместени во нашата средина, затоа што секој сака да прочита нешто што е во рамките на она што го опкружува. Приказните што се случуваат некаде далеку, нормално е да звучат поегзотично и да бидат попривлечни. А истовремено, да напишеш приказна што се случува кај нас е многу потешка задача, затоа што приказната е лесно проверлива и на авторот му е потешко да си ’игра‘ со читателот за нешта што тој ги живее: објекти, улици, места, луѓе, ситуации... Тешко е да бидеш реален во ваква ситуација“.

The post Сашо Кузмановски: За да можат македонските крими-романи да ги надминат физичките граници на државата, првин треба да ги видиме во внатрешните граници appeared first on Република.

]]>
„Бахус“ – нов трилер на спортскиот новинар Сашо Кузмановски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bahus-nov-triler-na-sportskiot-novinar-sasho-kuzmanovski/ Wed, 07 Feb 2024 09:52:51 +0000 https://republika.mk/?p=741349

На 9 февруари (петок), со почеток во 19 часот, во новата книжарница на „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во рамките на фестивалот Денови на литературата (од 6 до 20 февруари), ќе се одржи промоција на романот „Бахус“ од авторот Сашо Кузмановски, издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Романот ќе го промовира уредничката во издавачката куќа „Арс Ламина“, Бисера Бендевска, низ разговор со авторот.

„Бахус“ е втор, независен дел од предвидената трилогија на Сашо Кузмановски, во која главен лик е полицискиот инспектор Јован Ингилизов-Џовани. Како и во дебитантскиот роман „Афера во музејот на пари“ („Арс Либрис“, 2021), и во „Бахус“ авторот се претставува со своето раскошно познавање од историјата на Македонија, овој пат надградено со исцрпно истражување на обредите и култовите во античкиот град Стоби, поврзани со познатите церемонии „баханалии“ во чест на римскиот бог на виното. „Бахус“ е исклучително интелигентен, аналитичен и реалистичен трилер, поткован со знаења за антиката и за ритуалите што се практикувале, за окултизмот и псевдонауката, кои вкомпонирани во нашиот контекст, прават еден мајсторски и претставителен криминалистички роман, податлив и за екранизација.

Сашо Кузмановски (1979) по професија е дипломиран новинар на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Првите чекори во медиумите му датираат од 1995 година, кога првпат добива своја авторска радиоемисија во некогашното „Радио Оаза“ во Скопје. По 1996 година продолжува како новинар во радио „Канал 4“, кое неколку месеци подоцна се промовира како прво спортско радио. Покрај новинарската и водителската работа, почнува да се занимава и со спортско репортерство. Во периодот 1998-2008 година активно работи како новинар и во единствениот македонски дневен спортски весник „Македонски спорт“. Од 2001 година е програмски уредник на Спортското радио „90,3 ФМ“, каде што работи и денес.

Романот „Бахус“ ќе може да се купи во поголемите книжарници и да се нарача онлајн на интернет-продавницата www.literatura.mk.

The post „Бахус“ – нов трилер на спортскиот новинар Сашо Кузмановски appeared first on Република.

]]>

На 9 февруари (петок), со почеток во 19 часот, во новата книжарница на „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во рамките на фестивалот Денови на литературата (од 6 до 20 февруари), ќе се одржи промоција на романот „Бахус“ од авторот Сашо Кузмановски, издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Романот ќе го промовира уредничката во издавачката куќа „Арс Ламина“, Бисера Бендевска, низ разговор со авторот. „Бахус“ е втор, независен дел од предвидената трилогија на Сашо Кузмановски, во која главен лик е полицискиот инспектор Јован Ингилизов-Џовани. Како и во дебитантскиот роман „Афера во музејот на пари“ („Арс Либрис“, 2021), и во „Бахус“ авторот се претставува со своето раскошно познавање од историјата на Македонија, овој пат надградено со исцрпно истражување на обредите и култовите во античкиот град Стоби, поврзани со познатите церемонии „баханалии“ во чест на римскиот бог на виното. „Бахус“ е исклучително интелигентен, аналитичен и реалистичен трилер, поткован со знаења за антиката и за ритуалите што се практикувале, за окултизмот и псевдонауката, кои вкомпонирани во нашиот контекст, прават еден мајсторски и претставителен криминалистички роман, податлив и за екранизација. Сашо Кузмановски (1979) по професија е дипломиран новинар на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Првите чекори во медиумите му датираат од 1995 година, кога првпат добива своја авторска радиоемисија во некогашното „Радио Оаза“ во Скопје. По 1996 година продолжува како новинар во радио „Канал 4“, кое неколку месеци подоцна се промовира како прво спортско радио. Покрај новинарската и водителската работа, почнува да се занимава и со спортско репортерство. Во периодот 1998-2008 година активно работи како новинар и во единствениот македонски дневен спортски весник „Македонски спорт“. Од 2001 година е програмски уредник на Спортското радио „90,3 ФМ“, каде што работи и денес. Романот „Бахус“ ќе може да се купи во поголемите книжарници и да се нарача онлајн на интернет-продавницата www.literatura.mk.

The post „Бахус“ – нов трилер на спортскиот новинар Сашо Кузмановски appeared first on Република.

]]>