сашко тодоровски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sashko-todorovski/ За подобро да се разбереме Tue, 09 May 2023 09:30:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сашко тодоровски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sashko-todorovski/ 32 32 Македонскиот дипломатски синдикат го поздравува отповикување на амбасадорот Тодоровски од Прага https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskiot-diplomatski-sindikat-go-pozdravuva-otpovikuvane-na-ambasadorot-todorovski-od-praga/ Tue, 09 May 2023 09:30:29 +0000 https://republika.mk/?p=638686

Македонскиот дипломатски синдикат топло го поздравува потегот на претседателот Пендаровски и министерот за надворешни работи Османи за предвремено отповикување на амбасадорот Тодоровски од Прага.

Иако сметаме дека отповикувањето е задоцнето и донесено со големи калкулации имајќи го во предвид неговото политичко и непрофесионално делување како претседател на синдикална организација, како и фактот дека именуваниот и претходно е предвремено отповикан за слични нерегуларности. Сепак е добро што најпосле свеста за нужноста од „прочистувањето“ на македонската дипломатија, почнува да резултира со конкретна акција. Акцијата требаше да биде изведена многу потранспарентно и обзнанета изворно и навремено, а не изнудено со повеќемесечно задоцнување, дури откако е направен изборот на кандидат за нов амбасадор, при веќе постоечки амбасадор во Прага, кој е само на половина од својот мандат.

Имајќи ги предвид причините за отповикувањето, ќе констатираме дека непочитувањето на Виенската дипломатска конвенција претставува сериозен проблем за секоја дипломатска служба и дека со такви ситуации Mинистерството треба да е справува брзо и ефикасно, без никакви калкулации.

Со оглед на горенаведеното, го охрабруваме министерот Османи со иста енергија и со ист аршин да продолжи да се справува со секаква недисциплина, неодговорност, малверзации, неспособност и недостатокот на исполнителност и на другинаши амбасадори, за кои има сознанија за вакви и посериозни прекршувања.

Министерот Османи и неговиот претходник Димитров немаа желба да соработуваат со Македонскиот дипломатски синдикат, уште помалку да ги слушнат наши сугестии во однос на лошата кадровска политика во највисокиот ешалон на дипломатијата. Поради тоа, порачуваме дека како Синдикат ќе вложиме голем напор со следниот министер за надворешни работи да воспоставиме силна двонасочна соработка, која ќе биде заснована пред се на професионални стандарди и нема да имаме толеранција за неквалитет, индолентност или неспособност на нашите најважни дипломатски претставници во светот, амбасадори.

The post Македонскиот дипломатски синдикат го поздравува отповикување на амбасадорот Тодоровски од Прага appeared first on Република.

]]>

Македонскиот дипломатски синдикат топло го поздравува потегот на претседателот Пендаровски и министерот за надворешни работи Османи за предвремено отповикување на амбасадорот Тодоровски од Прага. Иако сметаме дека отповикувањето е задоцнето и донесено со големи калкулации имајќи го во предвид неговото политичко и непрофесионално делување како претседател на синдикална организација, како и фактот дека именуваниот и претходно е предвремено отповикан за слични нерегуларности. Сепак е добро што најпосле свеста за нужноста од „прочистувањето“ на македонската дипломатија, почнува да резултира со конкретна акција. Акцијата требаше да биде изведена многу потранспарентно и обзнанета изворно и навремено, а не изнудено со повеќемесечно задоцнување, дури откако е направен изборот на кандидат за нов амбасадор, при веќе постоечки амбасадор во Прага, кој е само на половина од својот мандат. Имајќи ги предвид причините за отповикувањето, ќе констатираме дека непочитувањето на Виенската дипломатска конвенција претставува сериозен проблем за секоја дипломатска служба и дека со такви ситуации Mинистерството треба да е справува брзо и ефикасно, без никакви калкулации. Со оглед на горенаведеното, го охрабруваме министерот Османи со иста енергија и со ист аршин да продолжи да се справува со секаква недисциплина, неодговорност, малверзации, неспособност и недостатокот на исполнителност и на другинаши амбасадори, за кои има сознанија за вакви и посериозни прекршувања. Министерот Османи и неговиот претходник Димитров немаа желба да соработуваат со Македонскиот дипломатски синдикат, уште помалку да ги слушнат наши сугестии во однос на лошата кадровска политика во највисокиот ешалон на дипломатијата. Поради тоа, порачуваме дека како Синдикат ќе вложиме голем напор со следниот министер за надворешни работи да воспоставиме силна двонасочна соработка, која ќе биде заснована пред се на професионални стандарди и нема да имаме толеранција за неквалитет, индолентност или неспособност на нашите најважни дипломатски претставници во светот, амбасадори.

The post Македонскиот дипломатски синдикат го поздравува отповикување на амбасадорот Тодоровски од Прага appeared first on Република.

]]>
МНР со детали за повлекувањето на амбасадорот Тодоровски од Прага https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-so-detali-za-povlekuvaneto-na-ambasadorot-todorovski-od-praga/ Thu, 04 May 2023 16:39:27 +0000 https://republika.mk/?p=636923

Од Министерството за надворешни работи (МНР) попладнево дополнително се огласија околу повлекувањето на амбасадорот од Чешка Сашко Тодоровски и истакнаа дека целиот процес бил долг и воден од Комисијата во рамки на МНР при шти биле констатирани бројни прекршувања на процедурите и дипломатските практики.

Прекршувањата, потенцира МНР, беа поткрепени и со материјални докази и прецизни констатации.

Во рамките на материјалното финансиско работење, при активностите за санирање на објектот на амбасадата, не се испочитувани внатрешните процедури и склучени се договори без согласност на Министерството; по истите Договори подоцна исплатени се финансиски средства без материјално покритие за истите. Без согласност од МНР амбасадорот ангажирал локален персонал и склучил договори за ангажман на локален персонал, што е спротивно на интерните акти на МНР, поточно член 9 и член 10 од Правилникот за ангажирање локален персонал и спроведување практична работа на студенти во дипломатски и конзуларни претставништва. Без претходна соодветна одлука на Министерството, ја претставувал сопругата за „Аташе за наука“ на Република Македонија, иако таа го немала добиено тоа дипломатско звање; прекршувајќи ги сите правила и надминувајќи ги ингеренциите кои ги има, ги довел во заблуда претставниците на научните и образовни институции во земјата на покривање.Ги прекршил правилата на добрата дипломатска практика, и без да најави, не присуствувал на испраќањето на Претседателот на Владата сосе неговата придружна делегација за време на посетата на земјата на покривање, оставајќи непријатен впечаток пред дипломатските претставници на земјата – домаќин, наведува МНР.

Според МНР, во рамките на мандатот амбасадорот бил повикан на консултации во Скопје за да објасни дел од прекршувањата и направените неправилности, но иако ја напуштил земјата на покривање, без дозвола ја напуштил и земјава и подоцна пријавил дека отишол на одмор, за што е потребна посебна дозвола.

Сите овие дејствија, поткрепи со материјални докази и прецизни констатации, се дел од извештајот изготвен од Комисијата во рамките на Министерството за надворешни работи кој подоцна е усвоен од Владата. Констатирајќи ги сите овие неправилност кои се дел од извештајот на Комисијата, Владата донесе одлука за повлекување на Амбасадорот. По веќе донесената одлука на Владата, Амбасадорот поднесе барање за предвремено повлекување, стои во соопштението од МНР.

Претходно министерот Бујар Османи преку видео брифинг информираше дека Тодоровски е вратен од Прага, а како причина за неговото отповикување наведе дека имало констатирано нерегуларности во функционирањето, лажно претставување на сопругата како културен аташе во Прага и оти не се испочитувани инструкции.

Во меѓувреме во објава на социјалните мрежи реагираше Најчевска, која, пак, изнесе тврдење дека нејзиниот сопруг подел оставка истакнувајќи дека не се согласил со барањето на Османи, како што наведува, да го информира само него на дневна основа и во лична комуникација надвор од каналите на министерството, со заобиколување на Владата и на Претседателот на државата за случувањата во државата во која е поставен за амбасадор.

Османи ги прекрши Уставот и законите што дипломат професионалец како мојот сопруг не можеше и не си дозволи да го толерира (за што пред неколку месеци достави претставка до Владата и до Претседателот на државата). Со оглед на тоа дека никој не реагираше на наводите во дописот во кој беа посочени отворени акти на дискриминација од страна на Османи, мобинг и основи за сомневање за направени кривични дела, мојот сопруг поднесе оставка, напиша Најчевска.

The post МНР со детали за повлекувањето на амбасадорот Тодоровски од Прага appeared first on Република.

]]>

Од Министерството за надворешни работи (МНР) попладнево дополнително се огласија околу повлекувањето на амбасадорот од Чешка Сашко Тодоровски и истакнаа дека целиот процес бил долг и воден од Комисијата во рамки на МНР при шти биле констатирани бројни прекршувања на процедурите и дипломатските практики. Прекршувањата, потенцира МНР, беа поткрепени и со материјални докази и прецизни констатации.
Во рамките на материјалното финансиско работење, при активностите за санирање на објектот на амбасадата, не се испочитувани внатрешните процедури и склучени се договори без согласност на Министерството; по истите Договори подоцна исплатени се финансиски средства без материјално покритие за истите. Без согласност од МНР амбасадорот ангажирал локален персонал и склучил договори за ангажман на локален персонал, што е спротивно на интерните акти на МНР, поточно член 9 и член 10 од Правилникот за ангажирање локален персонал и спроведување практична работа на студенти во дипломатски и конзуларни претставништва. Без претходна соодветна одлука на Министерството, ја претставувал сопругата за „Аташе за наука“ на Република Македонија, иако таа го немала добиено тоа дипломатско звање; прекршувајќи ги сите правила и надминувајќи ги ингеренциите кои ги има, ги довел во заблуда претставниците на научните и образовни институции во земјата на покривање.Ги прекршил правилата на добрата дипломатска практика, и без да најави, не присуствувал на испраќањето на Претседателот на Владата сосе неговата придружна делегација за време на посетата на земјата на покривање, оставајќи непријатен впечаток пред дипломатските претставници на земјата – домаќин, наведува МНР.
Според МНР, во рамките на мандатот амбасадорот бил повикан на консултации во Скопје за да објасни дел од прекршувањата и направените неправилности, но иако ја напуштил земјата на покривање, без дозвола ја напуштил и земјава и подоцна пријавил дека отишол на одмор, за што е потребна посебна дозвола.
Сите овие дејствија, поткрепи со материјални докази и прецизни констатации, се дел од извештајот изготвен од Комисијата во рамките на Министерството за надворешни работи кој подоцна е усвоен од Владата. Констатирајќи ги сите овие неправилност кои се дел од извештајот на Комисијата, Владата донесе одлука за повлекување на Амбасадорот. По веќе донесената одлука на Владата, Амбасадорот поднесе барање за предвремено повлекување, стои во соопштението од МНР.
Претходно министерот Бујар Османи преку видео брифинг информираше дека Тодоровски е вратен од Прага, а како причина за неговото отповикување наведе дека имало констатирано нерегуларности во функционирањето, лажно претставување на сопругата како културен аташе во Прага и оти не се испочитувани инструкции. Во меѓувреме во објава на социјалните мрежи реагираше Најчевска, која, пак, изнесе тврдење дека нејзиниот сопруг подел оставка истакнувајќи дека не се согласил со барањето на Османи, како што наведува, да го информира само него на дневна основа и во лична комуникација надвор од каналите на министерството, со заобиколување на Владата и на Претседателот на државата за случувањата во државата во која е поставен за амбасадор.
Османи ги прекрши Уставот и законите што дипломат професионалец како мојот сопруг не можеше и не си дозволи да го толерира (за што пред неколку месеци достави претставка до Владата и до Претседателот на државата). Со оглед на тоа дека никој не реагираше на наводите во дописот во кој беа посочени отворени акти на дискриминација од страна на Османи, мобинг и основи за сомневање за направени кривични дела, мојот сопруг поднесе оставка, напиша Најчевска.

The post МНР со детали за повлекувањето на амбасадорот Тодоровски од Прага appeared first on Република.

]]>
Лажно ја претставувал сопругата Најчевска како аташе: Отповикан амбасадорот во Чешка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lazhno-ja-pretstavuval-soprugata-najchevska-kako-atashe-otpovikan-ambasadorot-vo-cheshka/ Thu, 04 May 2023 12:42:41 +0000 https://republika.mk/?p=636821

Амбасадорот на Македонија во Чешка, Сашко Тодоровски, е отповикан од функцијата на сред мандат, поради, како што рече на деншниот брифинг министерот за надворешни работи Бујар Османи - констатирани нерегуларности во извршувањето на својот мандат.

Да информирам дека имаме отповикан амбасадор на средина на мандатот поради констатирани нерегуларности во рамките на извршувањето на својот мандат, има лажно претставување на сопругата како културен аташе, непочитување на инструкции на Министерството за надворешни работи. Ова е процедура што трае повеќе месеци, рече Османи.

Сопругата на Тодоровски е професорката Мирјана Најчевска.

Тодоровски, кој во Прага функцијата амбасадор ја извршуваше од март 2021 година, во последно време е гласен противник на политиките на власта, а особено јавно негодуваше против премиерот Димитар Ковачевски и самиот министер Османи.

The post Лажно ја претставувал сопругата Најчевска како аташе: Отповикан амбасадорот во Чешка appeared first on Република.

]]>

Амбасадорот на Македонија во Чешка, Сашко Тодоровски, е отповикан од функцијата на сред мандат, поради, како што рече на деншниот брифинг министерот за надворешни работи Бујар Османи - констатирани нерегуларности во извршувањето на својот мандат.
Да информирам дека имаме отповикан амбасадор на средина на мандатот поради констатирани нерегуларности во рамките на извршувањето на својот мандат, има лажно претставување на сопругата како културен аташе, непочитување на инструкции на Министерството за надворешни работи. Ова е процедура што трае повеќе месеци, рече Османи.
Сопругата на Тодоровски е професорката Мирјана Најчевска. Тодоровски, кој во Прага функцијата амбасадор ја извршуваше од март 2021 година, во последно време е гласен противник на политиките на власта, а особено јавно негодуваше против премиерот Димитар Ковачевски и самиот министер Османи.

The post Лажно ја претставувал сопругата Најчевска како аташе: Отповикан амбасадорот во Чешка appeared first on Република.

]]>