Сашко Лафчиски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sashko-lafchiski/ За подобро да се разбереме Wed, 18 Sep 2024 14:59:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сашко Лафчиски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sashko-lafchiski/ 32 32 Началникот на ГШ на Армијата Лафчиски на конференција на САД-Јадранската повелба во Тирана https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nachalnikot-na-gsh-na-armijata-lafchiski-na-konferentsija-na-sad-jadranskata-povelba-vo-tirana/ Wed, 18 Sep 2024 15:55:52 +0000 https://republika.mk/?p=817541

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска учествуваше на 27. конференција на началниците на генералштабовите на Вооружените сили од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5), која се одржува во Тирана, соопшти армискиот ГШ.

На конференција, чиј домаќин е началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Албанија, генерал-мајор Арбен Кинџи, се дискутираше на темата „Војната во Украина и сè поразвиената мрежа на материјална поддршка во Русија ја наметнуваат неопходноста од зголемување на одбранбените трошоци до 2% од БДП и исполнување на НАТО целите на способности, кои се неопходни чекори во процесот на модернизација на одбраната и напорите за интероперабилност во современото безбедносно опкружување“.

Генералот Лафчиски во своето обраќање се заблагодари на нашиот стратешки партнер САД за континуираната поддршка на оваа регионална иницијатива. Во продолжение истакна дека зголемувањето на трошоците за одбрана е од суштинско значење за процесот на модернизација и исполнување на прифатените цели на способности во рамките на НАТО. Во врска со поддршката кон Украина и солидарноста помеѓу сојузниците, генералот нагласи дека покрај зачувувањето на демократските вредности се дава и директен придонес кон стабилноста во регионот.

По завршување на конференцијата потпишана е заедничка изјава со која се потврдува заложбата за натамошно зајакнување и продлабочување на односите, како и проширување на воената соработка со цел зајакнување на регионалната безбедност.

Во рамките на програмата генералот Лафчиски оствари билатерални средби со началниците на генералштабовите од земјите членки на А-5, како и со командантот на Командата на САД за Европа и Африка, воедно и командант на Врховната сојузничка команда за операции, генералот Кристофер Каволи.

Како набљудувачи на конференцијата присуствуваа и воени претставници од ГШ на Вооружените сили на Словенија и од Косовските безбедносни сили, а во улога на гости беа и командантите на Националните гарди од сојузните држави на САД, кои се партнери на земјите членки од А-5.

Ден претходно се одржа конференција на главните подофицери на Вооружените сили на земјите членки  на А-5.

САД-Јадранската повелба датира од 2003 година, со потпишување на договор во која покрај САД како покровител, Република Македонија, Албанија и Хрватска се обврзаа низ институционална рамка да ја развиваат регионалната соработка во областа на одбраната. Подоцна во текот на 2008 година, на иницијативата се приклучија Босна и Херцеговина и Црна Гора, додека Словенија, Србија и Косово имаат статус на земји набљудувачи, се наведува во соопштението од ГШ на Армијата.

The post Началникот на ГШ на Армијата Лафчиски на конференција на САД-Јадранската повелба во Тирана appeared first on Република.

]]>

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска учествуваше на 27. конференција на началниците на генералштабовите на Вооружените сили од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5), која се одржува во Тирана, соопшти армискиот ГШ. На конференција, чиј домаќин е началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Албанија, генерал-мајор Арбен Кинџи, се дискутираше на темата „Војната во Украина и сè поразвиената мрежа на материјална поддршка во Русија ја наметнуваат неопходноста од зголемување на одбранбените трошоци до 2% од БДП и исполнување на НАТО целите на способности, кои се неопходни чекори во процесот на модернизација на одбраната и напорите за интероперабилност во современото безбедносно опкружување“. Генералот Лафчиски во своето обраќање се заблагодари на нашиот стратешки партнер САД за континуираната поддршка на оваа регионална иницијатива. Во продолжение истакна дека зголемувањето на трошоците за одбрана е од суштинско значење за процесот на модернизација и исполнување на прифатените цели на способности во рамките на НАТО. Во врска со поддршката кон Украина и солидарноста помеѓу сојузниците, генералот нагласи дека покрај зачувувањето на демократските вредности се дава и директен придонес кон стабилноста во регионот. По завршување на конференцијата потпишана е заедничка изјава со која се потврдува заложбата за натамошно зајакнување и продлабочување на односите, како и проширување на воената соработка со цел зајакнување на регионалната безбедност. Во рамките на програмата генералот Лафчиски оствари билатерални средби со началниците на генералштабовите од земјите членки на А-5, како и со командантот на Командата на САД за Европа и Африка, воедно и командант на Врховната сојузничка команда за операции, генералот Кристофер Каволи. Како набљудувачи на конференцијата присуствуваа и воени претставници од ГШ на Вооружените сили на Словенија и од Косовските безбедносни сили, а во улога на гости беа и командантите на Националните гарди од сојузните држави на САД, кои се партнери на земјите членки од А-5. Ден претходно се одржа конференција на главните подофицери на Вооружените сили на земјите членки  на А-5. САД-Јадранската повелба датира од 2003 година, со потпишување на договор во која покрај САД како покровител, Република Македонија, Албанија и Хрватска се обврзаа низ институционална рамка да ја развиваат регионалната соработка во областа на одбраната. Подоцна во текот на 2008 година, на иницијативата се приклучија Босна и Херцеговина и Црна Гора, додека Словенија, Србија и Косово имаат статус на земји набљудувачи, се наведува во соопштението од ГШ на Армијата.

The post Началникот на ГШ на Армијата Лафчиски на конференција на САД-Јадранската повелба во Тирана appeared first on Република.

]]>
Лафчиски на редовната конференција на Воениот комитет на НАТО во Прага https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lafchiski-na-redovnata-konferentsija-na-voeniot-komitet-na-nato-vo-praga/ Sat, 14 Sep 2024 16:07:50 +0000 https://republika.mk/?p=816382

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски кој е во тридневна работна посета на Чешката Република, во текот на денешниот ден учествуваше на редовната конференција на Воениот комитет (ВК) на НАТО, која се одржува во Прага.

Во рамки на конференцијата, информираат од Министерството за одбрана, генералот Лафчиски активно учествуваше на дел од сесиите од ова заседание во дискусиите за прашања кои се од стратегиско значење за Алијансата.

На отворањето на коференцијата поздравни обраќања имаа претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер, претседателот на Чешката Република и поранешен претседавач на ВК, Петр Павел и началникот на Генералштабот на Вооружените сили(ВС) на Чешката Република, генерал-потполковник Карел Река.

За време на првата сесија на началниците на генералштабовите беше даден осврт на спроведувањето на одлуките донесени од страна на сојузничките држави на Самитот во Вашингтон во јули оваа година. Додека Алијансата ја прославува 75-годишнината од своето постоење, лидерите на НАТО преземаат големи чекори за дополнително зајакнување на одвраќањето и одбраната, зајакнување на долгорочната поддршка за Украина и продлабочување на глобалните партнерства.

Командантот на Врховната Сојузничка команда за операции, генерал Кристофер Каволи ги брифираше началниците на генералштабовите за напредокот на имплементацијата на плановите, кои Алијансата ја прават посилна во одвраќањето и одбраната од било кој потенцијален противник. Како дел од пакетот за поддршка на НАТО за Украина, се разговараше и за формирањето на нова НАТО команда, која е дизајнирана да планира, координира и организира испорака на безбедносна асистенција.

Во третата сесија, врховниот командант на Сојузничките сили за трансформација,генерал Филип Лавињ, ги информираше учесниците за напредокот на трансформацијата на начинот на војување на Алијансата во согласност со НАТО процесот за одбранбено планирање (NDPP).

Меѓудругото началниците на генералштабовите разговараа за основањето на НАТО- Украина Центарот за заедничка анализа, обука и едукација (JATEC), важен столб на практичната соработка, за да се идентификуваат и применат лекциите од војната на Русија против Украина и да се зголеми интероперабилноста на Украина со НАТО.

Заклучоците од заседанието ќе бидат соопштени на попладневната заедничка прес-конференција на претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмиралот Роб Бауер и началникот на Генералштабот на ВС на Чешката Република, генерал-потполковник Карел Река.

Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови одржува два редовни состанока во текот на годината, а еднаш годишно заседава во една од сојузничките земји членки.

The post Лафчиски на редовната конференција на Воениот комитет на НАТО во Прага appeared first on Република.

]]>

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски кој е во тридневна работна посета на Чешката Република, во текот на денешниот ден учествуваше на редовната конференција на Воениот комитет (ВК) на НАТО, која се одржува во Прага. Во рамки на конференцијата, информираат од Министерството за одбрана, генералот Лафчиски активно учествуваше на дел од сесиите од ова заседание во дискусиите за прашања кои се од стратегиско значење за Алијансата. На отворањето на коференцијата поздравни обраќања имаа претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер, претседателот на Чешката Република и поранешен претседавач на ВК, Петр Павел и началникот на Генералштабот на Вооружените сили(ВС) на Чешката Република, генерал-потполковник Карел Река. За време на првата сесија на началниците на генералштабовите беше даден осврт на спроведувањето на одлуките донесени од страна на сојузничките држави на Самитот во Вашингтон во јули оваа година. Додека Алијансата ја прославува 75-годишнината од своето постоење, лидерите на НАТО преземаат големи чекори за дополнително зајакнување на одвраќањето и одбраната, зајакнување на долгорочната поддршка за Украина и продлабочување на глобалните партнерства. Командантот на Врховната Сојузничка команда за операции, генерал Кристофер Каволи ги брифираше началниците на генералштабовите за напредокот на имплементацијата на плановите, кои Алијансата ја прават посилна во одвраќањето и одбраната од било кој потенцијален противник. Како дел од пакетот за поддршка на НАТО за Украина, се разговараше и за формирањето на нова НАТО команда, која е дизајнирана да планира, координира и организира испорака на безбедносна асистенција. Во третата сесија, врховниот командант на Сојузничките сили за трансформација,генерал Филип Лавињ, ги информираше учесниците за напредокот на трансформацијата на начинот на војување на Алијансата во согласност со НАТО процесот за одбранбено планирање (NDPP). Меѓудругото началниците на генералштабовите разговараа за основањето на НАТО- Украина Центарот за заедничка анализа, обука и едукација (JATEC), важен столб на практичната соработка, за да се идентификуваат и применат лекциите од војната на Русија против Украина и да се зголеми интероперабилноста на Украина со НАТО. Заклучоците од заседанието ќе бидат соопштени на попладневната заедничка прес-конференција на претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмиралот Роб Бауер и началникот на Генералштабот на ВС на Чешката Република, генерал-потполковник Карел Река. Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови одржува два редовни состанока во текот на годината, а еднаш годишно заседава во една од сојузничките земји членки.

The post Лафчиски на редовната конференција на Воениот комитет на НАТО во Прага appeared first on Република.

]]>
Генерал-мајор Сашко Лафчиски поставен за Началник на Генералштабот на Армијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/general-major-sashko-lafchiski-postaven-za-nachalnik-na-generalshtabot-na-armijata/ Fri, 16 Aug 2024 12:42:51 +0000 https://republika.mk/?p=807255

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, потпиша укази за унапредување на бригадниот генерал Сашко Лафчиски во чин генерал-мајор и за негово поставување за Началник на Генералштабот на Армијата.

Со укази на претседателката Сиљановска Давкова, поради истек на мандат, е разрешен досегашниот началник на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и е поставен за Советник на Началникот на Генералштабот на Армијата за борбена готовност и операции.

Свеченото примопредавање на должноста Началник на Генералштабот ќе се одржи на Денот на Армијата, 18 Август.

 

The post Генерал-мајор Сашко Лафчиски поставен за Началник на Генералштабот на Армијата appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, потпиша укази за унапредување на бригадниот генерал Сашко Лафчиски во чин генерал-мајор и за негово поставување за Началник на Генералштабот на Армијата. Со укази на претседателката Сиљановска Давкова, поради истек на мандат, е разрешен досегашниот началник на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и е поставен за Советник на Началникот на Генералштабот на Армијата за борбена готовност и операции. Свеченото примопредавање на должноста Началник на Генералштабот ќе се одржи на Денот на Армијата, 18 Август.  

The post Генерал-мајор Сашко Лафчиски поставен за Началник на Генералштабот на Армијата appeared first on Република.

]]>